Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата

Почитувани,

Ве информираме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е г-дин Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е г-дин Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е г-дин Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е г-ѓа Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е г-дин Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е г-ѓа Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е г-ѓа Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е г-дин Агим Нихиу.