Словенечките стопанственици најзаинтересирани за геотермалните извори во Кочанско и за увоз на никел од Македонија

Со средба со словенечките стопанственици организирана од Словенечко-македонскиот бизнис клуб и Стопанската комора на Словенија, министерот за економија Ваљон Сарачини ја заврши еднодневната посета на Слоовенија во рамки на која се сретна со словенечкиот колега Радован Жерјав и државниот секрретар во Министерството за инфраструктура и и простор Игор Шаламон.
 
- Би сакал да ги чујам вашиот интерес, вештини и знаења за искористувањето на геотермалните води во Македонија, им порача Сарачини на словнечките стопанственици.
 
Тој им ги повтори интересите на Македонија за инвестирање на словенечките стопанственици во Македонија покрај во бањскиот туризам и во енергетиката и експлоатацијата на минералните суровини и им ги претстави погодностите и собвенциите што се нудат за тоа.
 
На стопанствениците им се обрати и Гвидо Омладич од Групацијата ЕРА коj воедно е и претседател на Словенечко-макдеонскиот бизнис клуб во кој има 50-тина членки.
 
- Како клуб имаме многу добри информации за Македонија и тука сме за да ги споделиме со вас и да ви помогнеме да почнете свој бизнис тами, рече Омладич.
 
Словенечките стопанственици најголем интерес покажаа за геотермалните извори во Кочанско, но и за увоз на никел од Македонија.
 
Словенија во однос на вкупната трговска размена на Македонија со светот е на 11. место со 280 милиони евра од кои 190 милиони увоз на стоки од Словенија и 90 милиони извоз. Дефицитот на македонска страна е 100 милиона евра.
 
- На средбата со словенечкиот министер за економски развој и технологија Радован Жерјав јавно кажав дека треба да се работи на намалување на трговскиот дисбаланс, да се подобри промоцијата намакедонските рпоизводи во Словенија и на тој начин да се зголеми извозот, нагласи министерот Сарачини.
 
Тој посочи дека Словенија е трета по директни странски инвестиции во Македонија и во последниве 12 години има вложено 420 милиони евра, од кои само во 2011 година 35 милиони евра.
 
Во Словенија дури 40 отсто од приходите од туризмот се добиваат од бањскиот туризам.