За да се покрие една минимална потрошувачка кошница која ја објавува Сојузот на синдикати на Македонија потребни се две минимални плати. Во методологијата на
пресметка на минималната плата на Сојузот на синдикати , а тоа се податоци на кои се повикуваме и ние при носење на мерки, инфлацијата е пресметана два пати, и затоа сметам дека овој податок не треба да се земе во предвид од месец август, па наваму“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција за анализата на потрошувачката кошница како и движењето на цените на основните прехранбени производи и минималната плата.
„Почнувајќи од август може да се види дека има дополнителна ставка во пресметката на минималната кошница, односно дополнително се пресметува инфлацијата, иако внатре во секој елемент поединечно има пресметано инфлација, посебно во делот на храна и пијалоци, посебно во делот на облека и обувки, посебно во делот на превоз, итн... Но во осмиот месец минатата година може да се види од пресметката на минималната потрошувачка кошница на Соуозот на синдикати има уште еден додаден елемент односно ставка во пресметката, а тоа е инфлација. Тоа јасно покажува дека инфлацијата се пресметува два пати, што значи дека тој податок не треба да се зема во предвид“, појасни министерот.
Како што кажа Бектеши во моментот сме стигнати на 2,1 плата за покривање на миминалната синдикална кошница во однос на тоа што било претходно.
„Ако во 2012 година требале 3,9 плати, во 2013-та и 2014-та четири плати, од 2017 до денес имаме само надолен тренд. Од податоците за март минатата година се гледа дека ќе ни требаат под две минимални плати за да се покрие минималната синдикална кошничка. Тоа покажува дека Владата е целосно посветена на зголемување на платите и на приватниот и на јавниот сектор.
Во април ќе се исплаќаат платите согласно последната одлука, и во делот на минималната плата и во делот на линеарното зголемување во јавниот сектор од 2,175 денари. Споредбените анализи покажуваат дека оваа Влада е целосно посветена на утврдување минимална плата со која граѓаните ќе можат да го покријат месецот“, кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека согласно податоците и мерките кои ги носи Владата за намалување на цените на основните прехранбени производи, како и намалување на цените на енергенсите, инфлацијата во државата континуирано се намалува во изминатите неколку месеци.
„Последните три месеци се намалува инфлацијата. Убеден сум дека ќе ја намалиме на 7,1%, а ако трендот на намалување прдолжи и во наредните месеци, по летото, мислам дека можеме да одиме и под 7,1 отсто“ кажа министерот. Според него , континуирано се намалуваат цените на енергенсите.
„Само за една недела имаме намалување од 4,5 денари на цената на дизелот и трендот на намалување ќе продолжи во текот на оваа недела и се враќаме на цената која што сме ја имале во текот на февруари минатата година, што значи дека цената на дизелот ќе биде под 75 денари.
Исто така има намалување и на цената на електриќната енергија на светските берзи и сега не е под 140 евра за мегават час и сето ова влијае на намалување на инфлацијата“, кажа министерот.
Министерот исто така информираше дека во делот на анализите на основните прехранбени производи кои се утврдени во одлуката за замрзнување на маржата,
Министерството за економија утре ќе достави предлог до Владата за замрзнување на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март, додека цената на оризот и белиот шеќер во моментов нема да се предложи таква одлука.
“Утре ќе се замрзне цената на јајцата од кокошка и македонскиот ориз согласно цените кои биле во текот на март, а во делот на шеќер и брашно во делот на увозните цени и производни цени имаме намалување на цените во изминатиот период и нема да превземеме никавми мерки за овие два производи засега, очекуваме трендот на намалување да продолжи“, кажа министерот и додаде дека одлуката за змарзнување на цените ќе стапи на сила веднаш по објавување во Службен весник.
„Во делот на јајцата, ние имаме најниска цена во регионот и во моментот се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз.
За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од државата“, кажа министерот.
Во наредниот период Министерството за економија ќе продолжи континуирано да следи и да анализира на дневна основа доколку има потреба во наредниот период ќе се донесат и дополнитено одлуки за други производ, кажа Бектеши.