Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 7 (седум) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
12.06.2023

Врз основа на член 17, член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 23 и член 23-а од Статутот на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип  бр.01-351/26 од 20.7.2022 година (пречистен текст) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија објавува: 

 

ЈАВЕН ПОВИК  Бр. 01/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 7 (седум) члена на 
Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип

 

1.    Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, објавува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 7 (седум) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, со мандатот од четири години, со право на уште еден последователен мандат.

2.    Дејноста на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип според Националната класификација на дејности (НКД): 36.00 - Собирање, обработка и снабдување со вода .

3.    Надлежности на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип се:
-    Искористување на водите во земјоделството
-    Вадење на чакал и песок
-    Производство на хидроелектрична енергија
-    Собирање, пречистување, дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода
-    Изградба на хидроградежни објекти
-    Проектирање
-    Инженеринг

4.    За член на управниот одбор на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
-    е државјанин на Република Северна Македонија,
-    има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
-    во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
-    членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

  •  два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
  •  најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
  •  најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

5.    Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1)    Образец за пријавување;
2)    Кратка биографија;
3)    Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира; 
4)    Уверение за државјанство; 
5)    Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
6)    Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7)    Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;  
8)    Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
9)    Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

6.    Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 7 (седум) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип“.  

7.    Членовите на Управниот одбор на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.

8.    Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор. 

9.    Неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 

10.    Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.

11.    Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател.

12.    Членовите на Управниот одбор на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор и тоа: претседател: 8.000,00 денари, заменик претседател: 7.500,00 денари и член: 7.000, 00 денари.

13.    Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

14.    Повикот ќе биде објавен на веб страната на Владата на Република Северна Македонија и на веб страната на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип www.hszletovica.com.mk

15.    Краен датум за пријавување е 12.6.2023 година.

16.    Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. Административната селекција завршува најдоцна 15 работни дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет календарски работни дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).

17.    Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб-страницата на основачот на јавното претпријатие.

18.    Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: