Јавен повик Бр.03/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.09.2023

Врз основа на член 17, член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 17 и член 17 -а од Статутот на Јавното претпријатие за државни патишта бр.02-211/4 од 11.1.2013 година, бр.02-227/11 од 4.2.2015 година, бр.02-2397/9 од 12.3.2015 година, бр. 02-2684/6 од 14.3.2016 година, бр.02-11882/11 од 8.11.2018 година, бр. 02-9336/6 од 29.8.2019 година и бр. 02-11378/5 од 11.11.2022 година и Правилникотза формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК Бр.03/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на 
Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта

1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, објавува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, со мандатот од четири години, со право на уште еден последователен мандат.

2. Назив на јавното претпријатие:Јавно претпријатие за државни патишта.

3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие за државни патишта според Националната класификација на дејности (НКД) е:
     -42.11- Изградба на патишта и автопати.

4. Надлежности на Јавното претпријатие за државни патишта се:
     - Управување со државните патишта;
     - Предлагање на петгодишната програма за развој и одржување на државните патишта;
     - Постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта
     - Преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
     - Вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
     - Наплата на надоместоците за користење на јавните патишта;
     - Задолжување кај домашни странски финансиски институции;
     - Организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон;
     - Давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитацијата и одржување на државните патишта на правни лица во согласност со закон;
     - Предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или други видови на јавно-приватно партнерство;
     - Издавање одобренија одобрувања и мислења во согласност со законот за јавните патишта;
     - Организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци;
     - Применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите PMS и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS); 
     - Поддршка за изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.

5. Веб страна на Јавното претпријатие за државни патишта www.roads.org.mk

6.    За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, може да биде именуванолице кое ги исполнува следниве услови:
     - е државјанин на Република Северна Македонија,
     - има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степенобразование и
     - во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изреченаказна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност илидолжност.
     - членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

  • два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работноискуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно соНационалната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниотзавод за статистика),
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три годиниработно искуство од областа на финансиско работење,
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три годиниработно искуство од областа на правните работи и
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три годиниработно искуство од областа на техничките науки.

7. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
     1) Образаец за пријавување;
     2) Кратка биографија;
     3) Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира; 
     4) Уверение за државјанство;
     5) Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степенобразование, соодветно за местото за кое се пријавува;
     6) Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изреченаказна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност илидолжност;
     7) Историјат за вработување од Агенцијата за вработување наРепублика Северна Македонија со евидентиран стаж; 
     8) Изјава заверена на нотар декакандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува заточноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесенатадокументација
     9) Сертификати, лиценци,уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивноиздавањесогласно закон за бараната позиција.

8. Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик Бр.03/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта“.  

9. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.

10. Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, прекутрето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговскодруштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаатбило какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањетово јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето наваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.

11. Неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на јавнотопретпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 

10. Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.

11. Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател.

12. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор и тоа: претседател: 18.000,00 денари, заменик претседател: 17.000,00 денари и член: 15.000, 00 денари.

13. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

14. Повикот ќе биде објавен на веб страната на Владата на Република Северна Македонија и на веб страната на Јавното претпријатие за државни патишта www.roads.org.mk

15. Краен датум за пријавување е 25.9.2023 година.

16. Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патиштаќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не гиисполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребнитедокази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15дена по истекот нарокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик.Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување наадминистративната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно јапоминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија(„Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).

17. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб-страницата на основачот на јавното претпријатие.

18. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.