Јавен оглас бр.18/2023 за именување на директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Врз основа на член 11 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2007, 5/2009, 43/2014, 193/2015, 39/2016, 164/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.18/2023
за именување на директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со мандат од четири години.
2. За директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1) да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) има најмалку пет години работно искуство;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
-АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
3. Именувањето на директорот се врши врз основа на неговата стручност и компетентност.
4. За директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следнио линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство;
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
8) доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој “.
7. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022 и 78/2023).
10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
11.Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
12. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.