Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градба на новото ОУ „Свети Климент Охридски" во Драчево, Општина Кисела Вода
Денеска со почеток во 10:30 часот во село Драчево, Општина Кисела Вода, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе го означи почетокот на градба на новото ОУ „Свети Климент Охридски“.
На камен темелникот ќе присуствува и министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Новото училиште ќе биде со капацитет од 500 ученици, 19 училници, канцеларии и други придружни простории.
Календар Влада:
E mërkurë, Qershor 26, 2024 - 10:30 to 11:30