Владата го усвои Ивештајот за реализираните активности предвидени со Пристапниот дијалог на високо ниво

Владата го усвои Извештајот за реализацијата на активностите со приоритен рок за постапување кои произлегуваат од вториот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво, одржан на 7-ми, минатиот месец во кој се нотира напредок во областите на слобода на изразување и медиуми, изборна реформа и владеење на правото-подобрување на дијалогот меѓу заедниците.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, по конкретно, во Извештајот во делот на слобода на изразување и медиуми се нотира оставрениот напредок во однос на декриминализацијата на клеветата и навредата и подготвката на нацрт-закон за граѓанска одговрност, кој е доставен на мислење до Советот на Европа.

Во однос на изборната реформа констатирано е дека работните групи за измена на изборното законодавство и за проверка на Избирачкиот список работат согласно утврдената динамика и нивните активности со во напредна фаза на реалзиација.

Во делот на владеењето на правото - подобрување на дијалогот меѓу заедниците, а согласно активностите од Патоказот, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како што се посочува, подготви Извештај за спровредувањето на политиките кои произлгеуваат од Рамковниот договр.

Извештајот за статусот на реализација на активностите од Патоказот со приоритетните цели усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво денеска е доставен до Европската комисија, велат од СЕП.