Груевски: Црвенковски да објасни зошто кога беше премиер немаше субвенции за тутунарите

Бранко Црвенковски да им обајсни на митингот вечер на прилепчани зошто кога беше премиер не се даваа субвенции за тутунарите и за 10 те илјади лица кои во транзициојата останаа невработени порача денеска премиерот Никола Груевски.

- Со Бранко Црвенковски во целиот изминат период додека тој беше на власт, додека беше премиер имавме една празна реторика и најчесто лажни ветувања. Тој ќе треба да се изнамачи вечерва да им објасни на прилепчани како тоа сега се дава по едно евро или по 60 денари од килограм тутун, субвенции за земјоделците, за тутунарите во Прилеп, прилепско и во цела Македонија, а во времето кога тој беше премиер не се даваше ништо. Како тоа, во последните три години Владата даде околу 70 милиони евра на тутунарите во Македонија како субвенција во просек околу 23,5 милиони евра секоја година, лани околу 25, оваа година околу 22,5, две години претходно слична сума. Така што само за последните три години се дадени околу 70 милиони евра споредено со нула од другата страна во времето на Бранко Црвенковски, кога тој беше премиер. Така што баш ме интересира како сето тоа ќе им го објасни денеска на митингот. Што ќе им каже зошто кога тој можеше да дава субвенции и да ги помага тутунарите не го правеше тоа, рече Груевски по посетата на Детската клиника во Скопје.

Црвенковски, додава, ќе го следи и за тоа како ќе го објасни тоа што во времето на транзицијата, на приватизацијата во Прилеп околу 10 илјади граѓани останаа без работа, а ги посочи и неостварените ветувања за „октоподот“.

- Трета работа што се надевам ќе најде начин да им објасни како не го оствари ветувањето да се справи со октоподот, а тоа го очекуваат околу 10 илјади штедачи на ТАТ коишто загубија големи пари во времето на ТАТ и на коишто Бранко Црвенковски, јавно од говорницата во Парламентот им вети дека ќе го фати откоподот и ќе се справи со него.

Според него, лидерот на СДСМ треба да објасни и како беше можно сега болницата во Прилеп да се наполни со опрема, да се направи трета лента која што прилепчани ја бараат 30 години, и многу други работи коишто се направија во ова време, а не во времето на Црвенковки кога во Прилеп не е инвестирано ништо.