Груевски: Утре стартува мерката за бесплатен одмор на 3.000 деца

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека од утре стартува владината мерка за бесплатен одмор од седум дена за 3.000 деца од социјално ранливите семејства.

- Првата група од 300 деца веќе утре ќе заминат во Струга и во Пелистер, а потоа секоја недела ќе оди нова група. Во текот на летото до крајот на август очекуваме да заминат на одмор од 1.800 до 2.000 деца, а околу 1.000 до 1.200 деца ќе заминат на зимување. Така што мерката која ја најавивме ја реализираме и таа е една од многуте мерки што ги спроведуваме, а се однесува за семејствата од ранливите категории на граѓани, изјави Груевски по денешната посета на Клиниката за детски болести во Скопје.