Македонија ќе и стави на располагање два противпожарни авиони на Бугарија за справување со пожарите во земјата

Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да стави на располагање противпожарни средства (авиони) како потенцијална помош за Република Бугарија за справување со пожарите кои што во овој период се присутни во оваа земја, особено во регионот на Софија и падините на планината Витоша.

Владата на Република Македонија заклучи во случај бугарската страна да побара помош, за период од една недела на нивно располагање да бидат ставени два специјализирани авиони за гасење пожар, како и шестчлен екипаж кој ги управува авионите.