Попоски се сретна со регионалниот директор на СЗО за Европа

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска имаше средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Жужана Јакаб, а по повод денешната инаугурација на Седиштето на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во Скопје.

На средбата беа разменети мислења за активностите на СЗО како специјализирана агенција на ОН, со примарна цел постигнување на највисоко ниво на здравствена заштита за сите луѓе. Беше истакната и позитивната улога на Канцеларијата на СЗО во Македонија во поддршка на реформските процеси во областа на јавното здравство и институционално зајакнување на здравствениот сектор.

Соговорниците искажаа задоволство од отворањето на Седиштето на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во Скопје, што се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната соработка во областа на јавното здравство.