Министерот Адеми оствари работна средба со државниот секретар во кабинетот на премиерот на Р. Унгарија
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска оставари работна средба со Петер Зијарто, државен секретар во кабинетот на премиерот на Р. Унгарија.
На средбата, во пријатна атмосфера се разменија информации од областа животна средина и се разгледаа можностите за остварување на соработка. Од страна на
г-дин Зијарто, водните ресури беа посочени како базична областа за која постојат сите услови за остварување на соработката мегу двете држави. Имено, според Зијарто, најдобрите унгарски компании кои се занимаваат со третманот на водите се поврзани во кластер и даваат солидна основа за остварување на соработката.
Договорено МЖСПП, преку Унгарската амбасада во Скопје, да дпостави листа на проекти кои планира во иднина да ги реализира, а на кои унгарските компании би имале можност да аплицираат.
Високо оценувајќи ја ваквата соработка како можност за трансфер на унгарски искуства во областа министерот Адеми ги покани унгарските компании да учествуваат и да се претстават со своите технологии на конференцијата која на тема отпад и климатски промени ќе се одржи во Охрид од 19-21 септември годинава. Во областа водени ресурси како можности за соработка беа наведени и изградбата на мали хидроелектрани, потоа големите капацитети од типит на Луково поле и Бошков мост и изградбата на пречистителните станици кои во поголем дел ке бидат финансирани преку ИПА компонентата.
Покрај, третманот на отпадните води, како тема интересна за идна соработка посочен е и проблемот со отпад и отпадот од животинско потекло при што министерот Адеми нагласи дека македонското законодавство е речиси комплетно усогласено со законодавството на ЕУ, а како последни усвоени беа наведени законот за пакување и отпад од пакување , законот за батерии и акумулатори и законот за електрична и електорнска опрема со што комплетно се отвара можност за соработка и во овие домени.