Обуки за содржини на македонски јазик на Википедија

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска го посети интернет клубот во Скопје, каде што се одржуваат бесплатни обуки за изработка и објава на содржини на Википедија.

Министерството за информатичко општество и администрација ги организира бесплатните  обуки за изработка и објава на содржини на Википедија со цел да се зголеми бројот на статии на македонски јазик на Википедија и промовирање на оваа глобална интернет енциклопедија.

Преку обуката, учесниците  се запознаваат со значењето на Википедија, но и преку практични примери се обучуваат  како може самите да изработуваат и објавуваат статии.

Обуката се реализира од 20-ти мај до 30-ти јуни, во бесплатните интернет клубови, училиштата и факултетите во сите градови во Република Македонија.

На конкурсот за учество на бесплатните обуки за изработка и објава на содржини на Википедија се пријавиле 2.300 лица, од кои 550 лица ги поминале обуките во јуни. Обуките за останатите пријавени лица ќе се реализираат ова лето.