Во Москва ќе се потпише договорот за Јужен тек

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, во чиј состав е и потпретседателот на Владата и министер за финансии на Република Македонија, г-дин Зоран Ставрески, денеска (вторник, 23.07.2013 година) во Москва, Русија ќе присуствува на потпишувањето на договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек - кракот за испорака на гас во Република Македонија.

Во име на Владата на Република Македонија документот ќе го потпише г-дин Зоран Ставрески, заменик на претседателот на Владата и министер за финансии.

Вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен тек“ е од стратешко значење за Република Македонија кое ќе обезбеди вклучување на Македонија во меѓународните транспортни коридори и стабилен извор на гас за идните генерации.