Заедничка седница на македонската и бугарската влада во Ќустендил
Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, утре (недела, 28.07.2013 година), ќе оствари работна посета на Република Бугарија, при што ќе се одржат поединечни работни средби, помеѓу македонскиот и бугарскиот премиер, и помеѓу присутните членови на владите на двете земји, како и заедничка работна средба на двете владини делегации
Работните поединечни и заедничката средба ќе се одржат во градот Ќустендил, во седиштето на општинската администрација, со следната агенда:
12:00 часот по бугарско време (11:00 часот по македонско):
-работна средба на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и претседателот на Владата на Република Бугарија, Пламен Орешарски, во придружба на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Попоски и Кристијан Вигенин.
-поединечни работни средби на членовите на владините делегации од двете земји.
Од македонска страна ќе бидат присутни, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
Од бугарска страна ќе бидат присутни, вицепремиерот на Република Бугарија, Зинаида Златанова, министерот за транспорт, информатички технологии и врски, Данаил Папазов, и министерот за земјоделие и храна, Димитар Греков.
13:00 часот по бугарско време (12:00 часот по македонско)
-заедничка пленарна средба помеѓу премиерите на двете земји и членовите на двете владини делегации.
14:30 часот по бугарско време (13:30 часот по македонско)
-изјави за медиумите на премиерите на двете земји, Никола Груевски и Пламен Орешарски.
Покануваме Ваша екипа да ги проследи настаните.