Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

  1. Користење на заштитна опрема, маски од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места. 
  2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата. 
  3. Влез со маски за сите играчи. 
  4. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метри со играчот кој следен чека за уплата. 
  5. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња. 
  6. За играње на ВЛТ апарати се применува една од следниве мерки: - Поставени ВЛТ апаратите на растојание од 2 метри, - Играње на ВЛТ апарати преку еден апарат, - Поставување на стаклени, пластични или платнени бариери (паравани) помеѓу ВЛТ апаратите доколку не може да се обезбеди растојание од 2 метри. 
  7. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците. 
  8. Задолжителна дезинфекција на апаратите после секој играч. 
  9. Шанковите во рамките на уплатните места имаат можност за послужување на пијалаци само на местата каде е дозволено седење. При консумирање на пијалакот не е задолжително носење на заштитна опрема. 
  10. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05°/о натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  11. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

 

  1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа
  2. Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат
  3. Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица
  4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски
  5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
  6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
  7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите
  8. За време на паузите се забранува групирање на присутните
  9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини
  10. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак

Преземи протокол | Shkarko protokollin

ВТОРА ФАЗА

  1. Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м2. 
  2. Учесниците задолжително да носат заштитни маски во текот на целиот настан. 
  3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете 
  4. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо сретство за раце на база на алкохол и одржување на респираторна хигиена) 
  5. Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите. 
  6. За време на паузите да се забрани групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание. 
  7. По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  8. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак    

ТРЕТА ФАЗА

  1. Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м 
  2. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на ба- за на алкохол и одржување на респираторна хигиена) 
  3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете достапно на неколку места 
  4. Просторијата почесто да се проветрува, задолжително во текот на паузите. 
  5. За време на паузите да се забрани групирање на присутните на повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание. 
  6. По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хи- похлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  7. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак
  1. Работното време од 10:00 до 22:00.
  2. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените.
  3. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите.
  4. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 – 2м.
  5. Поставени на јасно видливи места, едукативно - информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки.
  6. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8м² - 10м² продажен простор, по еден купувач.
  7. Задолжително одржување на редот за влез во продавницата.
  8. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете.
  9. Во продавниците за облека, гардеробите за пробување на облека доколку се повеќе на број, да се стават во функција со запазување на физичкото растојание од минимум 1,5м.
  10. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5 2м меѓу касите.
  11. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од од 1,5м меѓу купувачите.
  12. Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  13. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

 

  1. Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило
  2. После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото
  3. Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1,5-2м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
  4. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање
  5. Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото

Преземи протокол | Shkarko protokollin

  1. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
  2. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
  3. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
  5. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци.
  6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржува-ње на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалaци.
  8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости.
  9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое де-лува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алко-хол за дезинфекција на горни површини.
  10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  11. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хар-тиени бришачи за раце за еднократна употреба.
  12. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
  13. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи).
  14. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица.
  15. Се ограничува максималното ниво на бучава во кафетерии на 55 децибели.
  1. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
  2. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.
  3. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  4. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
  5. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци.
  6. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица.
  7. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  8. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржува-ње на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
  9. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
  10. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое де-лува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алко-хол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  11. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хар-тиени бришачи за раце за еднократна употреба.
  12. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) во отворен и зат-ворен дел од објектот.
  13. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи).
  14. Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели.

 

УСТАНОВАТА

  • Пред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опрема и инвентарот (во занималните, кујните, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите); (од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките); 
  • После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите; 
  • Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените; 
  • Установата да има безконтактен термометар за секој влез на установата; 
  • Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот; 
  • На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција; 
  • Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила; 
  • Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да се придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема), на работното место и вон; 
  • Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни места доколку имаат било какви симптоми на болест; 
  • Да се дезинфицираат прекидачите, кваките на вратите умијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот; 
  • Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат; 
  • Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време; 
  • Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период , за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез; 
  • Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска); 
  • 3адолжително мерење температура со безконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција; 
  • 3адолжително мерење температура со безконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете; 
  • Да се обезбеди растојание од 1,5 - 2м меѓу масите за седење на децата; 
  • Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете; 
  • Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места; 
  • Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места; 
  • Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти; 
  • Воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена; 
  • Воспитните групи за деца од 2 до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена;
  • Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете; 
  • Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено во мали групи; 
  • Не дозволувајте собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории; 
  • Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите; 
  • Установата да обезбеди потврда од родителот/ родителите дека се во работен однос; 

 

ВОСПИТНО/ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР

  • Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место; 
  • Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата; 
  • При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други; Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните; 
  • Не мешајте играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Воспоставете јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана" - користена играчка за да го спречите вкрстувањето. Воведете задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миење во тек на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет; 
  • Воведете задолжителен надзор на децата при миење на рацете; 
  • Кога менувате пелени во помалите групи, строго почитувајте ја постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, направете миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката; Кога користите средства за дезинфекција, земете ј а во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт; Средствата за дезинфекција се чуваат надвор од дофат на децата;
  • Редовно, во согласност со временските услови отворајте ги прозорците, особено во просториите за деца. Не користете вештачка вентилација; Пасивен одмор - организирајте го спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе - глава" со препорачано растојание од 1,5 - 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете, и истите да бидат обележени со имe на детето, строго водете грижа да не се мешаат;
  • Спроведувајте засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и стварајте навики кај децата за лична хигиена за важноста на често и правилно миење на рацете (минимyм 20 секунди - на пр. со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за кој а треба да се размислува преку игра на деца - ставете ги да седат на растојание едни од други - на пр. да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не допрат, да избегнуваат да го допираат лицето и др; Контролирајте ги причините за отсуство на деца, контактирајте со родителите а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје; Не спроведувајте организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и сл.) ;
    Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:
    • во случaj на промена во здравствената состојба (зголемена температура)
    • изолирајте го детето во просторијата за изолација, ​веднаш известете го родителот / старателот,
    • доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете.
  • Проверете го здравјето на другите деца во групата и изолирајте ги сите сомнителни случаи; 
  • Во случај на потврда на инфекција COVID 19, не користете го местото каде што престојувало лицето да се извести надлежната епидемиолошка служба во ЦЈ3 која ќе даде понатамошни насоки за функционирање на установата. 
  • Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена на лични предмети играчки и сл.; 
  • Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална; 
  • Се забранува влегување на други возрасни лица освен одговорните лица на групата. 

РОДИТЕЛИ

  • Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска; 
  • Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата како и просторната дистанца при предавање и земање на детето; 
  • Носење и земање на детето од градинка да го врши само еден родител освен во исклучителни ситуации со нај ава да биде друго лице; 
  • Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање, пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар; 
  • Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достават потврда од работодавач дека се во работен однос; 
  • Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.

  • Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути;
  • Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето;
  • Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена;
  • Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата;
  • Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето;
  • Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот на детето задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици;
  • Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
  • Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите;
  • За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето;
  • По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини;
  • Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак;
  • Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Преземи протокол | Shkarko protokollin

  • Запишувањето на ученици во средните училишта да се одвива во период од 07:00 часот до 19:00 часот;
  • Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во средното училиште;
  • Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште;
  • Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето;
  • Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата;
  • Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага училиштето;
  • Овозможување на влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места;
  • Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител/старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето;
  • Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, кој се презема од веб страната на Министерството за образование и наука;
  • Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето;
  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во училиштето со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот;
  • На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини;
  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства;
  • Средните училишта кои имаат два влеза/излеза може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна;
  • Доставувањето на документите од страна на ученикот, односно родителот/ старателот е согласно распоред според азбучен ред од презимето.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето;
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето;
  • Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето;
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Ви благодариме што ги почитувате мерките, затоа што ако се штитите себе си, ги штитите и другите!

Преземи протокол | Shkarko protokollin

  • Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот;
  • Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови;
  • Задолжително вршење на дезинфекција на клупите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот;
  • Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште;
  • Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот,од страна на сите ученици;
  • Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница;
  • Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште;
  • Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето;
  • Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето;
  • Задолжително носење документ за лична идентификација, математички прибор (молив, гума, шестар, линиар, пенкало);
  • Забрането е користење на калкулатор и телефон;
  • Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите
    На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
    Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето;
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи;
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Ви благодариме што ги почитувате мерките, затоа што ако се штитите себе си, ги штитите и другите!

Преземи протокол | Shkarko protokollin

Полагањето на испитите во просториите на високообразовните установи (јавни и приватни), (во натамошниот текст: високообразовни установи) се врши по овие мерки:

  • Секоја високообразовна установа треба да одреди лице или лица, кои вршат дезинфекција на студентите и објектите кои можат да имат контакт;
  • Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од високообразовната установа;
  • Високобразовната установа на влезот на објектот поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена;
  • Доколку испитот се полага усно, помеѓу секој термин, односно распоред за усно полагање на испит потребно е да има пауза во траење од најмалку 10-20 минути;
  • Доколку испитот се полага писмено високообразовната установа постапува или ги реди масите/клупите за полагање во просториите/салите, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата, односно студентите и носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете;
  • Во просторијата каде се изведува испитот високообразовната установа претходно ги означува местата на кои е дозволено седењето со почитување на меѓусебното растојание.

„Присутните задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици“

  • Во просторијата каде што се спроведува испитот задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
  • При испит, доколку се користат определени ресурси, средства и материјали, потребно е задолжително истите да бидат дезинфицирани и при секоја наредна употреба истите повторно да се дезинфицираат;
  • Просторијата во која се спроведува испитот/испитите е потребно почесто да се проветрува, по можност за време испитот и задолжително во текот на паузите
  • За време на паузите се забранува групирање на присутните, односно студентите во високообразовната установа;
  • По завршување на испитите, потребно е просториите да се исчистат (особено работната површина на која се работело) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини;
  • Во просториите на високообразовните установи (внатрешниот дел) за испит и на излезот од објектот потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак;
  • Во високообразовните установи е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Преземи протокол | Shkarko protokollin

СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

  1. Селектирањето на учениците ќе се врши на спортски терени од отворен тип (фудбал, ракомет, кошарка и тенис).

  2. Терените на кои ќе се врши селекцијата, мора да имаат посебен дел за публика на кој ќе бидат распоредени учениците, каде што ќе го чекаат својот ред за настап на теренот. 

  3. Меѓу спортистите да има физичко растојание од 2 метри, согласно препораките за социјално дистанцирање.

  4. Помеѓу тренерот и кандидатот да има растојание од 5 метри.

  5. Пред почетокот на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на кандидатот кој ќе има покачена температура.

  6. Додека учениците го чекаат својот ред, задолжително да имаат на себе лична заштитна опрема (маска).

  7. Да има најмалку два тоалета во употреба, претходно целосно дезинфицирани.

  8. Кандидатите и тренерите доаѓаат на теренот поединечно и веќе облечени во спортска опрема за селективниот тренинг, при што ќе се избегне користењето на соблекувалните.

  9. Движењето на спортскиот терен да се одвива по обележани ознаки и од страна на редари. 

  10. Пред влезот да има поставено средство за дезинфекција на рацете, кое задолжително мора да се употребува од страна на учениците при влез и излез од теренот.

  11. На влезот да биде поставен сунѓер за дезинфекција на обувки.

ПРИЈАВУВАЊЕ

  1. Пред самиот влез на теренот да биде поставена контролна точка за евидентирање на учениците кои ќе бидат дел од селективните тренинзи. Бидејќи во овој случај физичкото растојание помеѓу лицето кое врши идентификација и ученикот може да биде помало од 2 метри, задолжителна е употребата на лична заштитна опрема (заштитна маска). Пред да пристапат на идентификација, учениците мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција, кое ќе биде поставено во близина на местото за идентификација.

  2. Приемот на кандидатите (нивното присуство и идентификација) ќе се врши од одредени лица на определено и обележано место на влезот на теренот со предвиденото растојание помеѓу кандидатите и задолжените лица за прием. 

  3. По пријавувањето (идентификацијата), учениците да се упатуваат кон местото за публика, каде што чекаат да бидат повикани за настап од страна на тренерите коишто се на терен.

ТЕК И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЕЛЕКТИВНИОТ ТРЕНИНГ

  1. За организирање на целиот процес да биде задолжена редарска служба која ќе води сметка за потребното растојание помеѓу кандидатите и присутните од минимум 2 метри во теренот и околу теренот и на местото за публика од каде ќе бидат повикувани кандидатите. Ќе бидат ангажирани минимум 2 редари. 

  2. Ќе бидат поставени ознаки на влезот на теренот и на теренот кои ќе означуваат правец на движење и запазување на минимум растојание при чекањето ред. 

  3. На теренот да бидат присутни најмногу два тренери, кои ќе имаат задача да асистираат во одредени ситуации при демонстрирање на одредени елементи. Истите мора да носат лична заштитна опрема, односно маска и ракавици. 

  4. По секоја измена на терен, тренерите задолжително мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција.

  5. Комисијата од три члена да го следи тренингот од соодветно место, на физичко растојание помеѓу членовите од 2 метри.

  6. Реквизитите кои се користат на тренингот да се дезинфицираат по секоја направена измена на ученик на терен.

  7. Во демонстрирање на одредени елементи, на теренот може да има и два ученика во исто време, но не на растојание помало од 3 метра.

  8. Ученикот, кој го завршува својот настап на теренот, да се упатува кон соблекувалната и потоа да го напушти теренот.

Преземи протокол | Shkarko protokollin

Универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работни места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, ги вклучуваат следниве мерки:

ХИГИЕНА НА РАЦЕТЕ

  • Редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работната смена, особено по контакт со колеги или клиенти, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата.
  • Треба да се постават станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите вработени, договарачи, клиенти или купувачи и посетители, заедно со информативни материјали за промовирање на хигиена на рацете.

РЕСПИРАТОРНА ХИГИЕНА

  • Промовирајте респираторна хигиена од страна на сите луѓе на работното место. Осигурајте дека на работното место има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња за оние вработени на кои им тече носот или кашлаат на работа, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.
  • На видно место истакнете промотивен материјал за носење заштитна маска на лицето, како и упатство за нивна правилна употреба. Известете ги работниците доколку некој е болен дека не треба да доаѓа на работа. Ако некој член на персоналот или работник не се чувствува добро додека е на работа, обезбедете медицинска маска за да може безбедно да се врати дома. 

ФИЗИЧКО ДИСТАНЦИРАЊЕ

  • Воведете мерки за одржување на растојание од најмалку 1 метар помеѓу луѓето и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки и контакти во насока на одржување на ред физичка дистанца (обележување ознаки на подот, прегради и сл.).
  • Намалете ја густината на луѓето во зградата, односно физичкото растојание од најмалку 1 метар помеѓу работните позиции и во заедничкиот простор, како влезови / излези, лифтови, остави / кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени или посетители / клиенти.
  • Намалете ја потребата за физички состаноци, односно да се користи опрема за телеконференции.
  • Избегнувајте групирања со воведување на флексибилно работно време за вработените за да се намали собирањето на вработените во заедничките простори, како што се влезови или излези.
  • Организирајте или зголемете ја работата во смени или поделете ги тимовите, или пак, организирајте работа од далечина доколку е возможно, согласно работниот процес.
  • Одложете или откажете ги настаните на работното место што вклучуваат близок и продолжен контакт меѓу учесниците, вклучително и социјални собири.

НАМАЛУВАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПАТУВАЊА ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

  • Откажете или одложете ги патувањата во региони каде има трансмисија и зголемен број на лица со  КОВИД-19 во заедницата, а кои не се неопходни, обезбедете дезинфициенси за раце за работниците кои мора да патуваат, советувајте ги работниците да се придржуваат на инструкциите во местата каде што патуваат, и дадете им информации со кого да контактираат ако не се чувствуваат добро за време на патувањето.
  • Работниците кои се враќаат од области каде што постои трансмисија  на КОВИД-19 треба самите да ја следат својата здравствена состојба и можна појава на симптоми во тек на 14 дена и да ја мерат телесната температура два пати на ден, ако не се чувствуваат добро, треба да останат дома, да се самоизолираат и веднаш да стапат во контакт со својот матичен лекар и епидемиолог.

РЕДОВНО ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАБОТНАТА СРЕДИНА

  • Редовно чистење со користење на сапун или неутрален детергент со вода, како и механичко чистење  (четкање, стружење) со цел отстранување на нечистотиите, остатоците и другите материјали од површините. По завршувањето на процесот на чистење, се врши дезинфекција за да се деактивираат (т.е. убијат) патогените и другите микроорганизми на површините.
  • Површините што често се допираат треба да се утврдат како приоритет за дезинфекција (делови што често се користат, рачки на врати и прозорци, прекинувачи за светла, кујната и површини каде се подготвува храна, површини во бањи, тоалети и славини, екрани на допир на лични уреди, тастатури на персонални компјутери и работни површини).
  • Растворите за дезинфекција секогаш мора да се подготвуваат и користат според упатствата на производителот, вклучително и упатствата за заштита на безбедноста и здравјето на работниците кои вршат дезинфекција, со употреба на лична заштитна опрема и избегнување на мешање на различни хемиски средства за дезинфекција.
  • За работните места на затворено, генерално не се препорачува рутинска примена на средства за дезинфекција на површините во средината со распрскување или замаглување, бидејќи е неефикасна во отстранување на загадувачи надвор од директните зони на прскање и може да предизвика иритација на очите, респираторните органи и кожата и други токсични ефекти.
  • За работните места на отворено, во моментов нема доволно докази за поддршка на препораките за прскање или фумигација од голем обем.
  • Прскање на лица со средства за дезинфекција (како на пр. во тунел, затворен простор или комора) не се препорачува во никакви околности. 

КОМУНИКАЦИЈА, ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА ЗА РИЗИЦИ

  • Обезбедете промотивни материјали: постери, видеа и електронски табли за прикажување на пораки за зголемување на свеста за КОВИД-19 кај работниците и промовирање на безбедни индивидуални пракси на работното место.
  • Редовно информирајте ја епидемиолошката служба од регионлниот Центар за јавно здравје при појава на ризикот од КОВИД-19.

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЦА СО КОВИД-19 ИЛИ НИВНИ КОНТАКТИ

  • Работниците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
  • Сите работници сами да го следат своето здравје и редовно да ја мерат телесната температура.
  • Мерењето на температурата на работното место треба да се разгледа како опција само во контекст на комбинација на мерки за превенција и контрола на КОВИД-19 на работното место и заедно со комуникација за ризикот.
  • Треба да се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи на работното место, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.
  • Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог и да се води евиденција за присуство на состаноци за да се олесни следењето на контактите.
    Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

Преземи протокол | Shkarko protokollin

  1. Полагањето на учениците, прегледувањето на цртежите, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултати да се одвива во период од 8:00 часот до 17:00 часот.
  2. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
  3. Задолжително вршење на дезинфекција на штафелаите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците и прегледувањето на цртежите, како и разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  4. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
  5. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот,од страна на сите ученици. 
  6. Организирање на просторот во училниците, со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 6 (шест) ученици во една училница. Согласно фактот дека во изминатите 5 години бројот на кандидати за упис во просек е 70, испитот да се спроведе во 14  училници. 
  7. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  8. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  9. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
  10. Задолжително носење документ за лична идентификација.
  11. Забрането е користење на мобилен. За време на испитот забранет е внес на мобилни телефони.
  12. Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на цртежите, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
  13. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  14. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЦА СО КОВИД-19 ИЛИ НИВНИ КОНТАКТИ

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е откако редарот ќе ви дозволи.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Преземи протокол

  1. Полагањето на учениците, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите да се одвива во период од 8:00 часот до 17:00 часот. 
  2. Во кабинетите во кои ќе се реализира полагањето на квалификационите испити ќе биде присутна комисија од три члена и еден ученик. 
  3. После секое полагање се прави пауза од 10 минути за дезинфекција на кабинетот.
  4. Организирање на просторот во кабинетите со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу членовите на комисијата од минимум 2 метри и присуство на еден ученик во еден кабинет. 
  5. Задолжително вршење на дезинфекција на кабинетите каде ќе се врши полагањето на учениците и во просториите во кои ќе се врши разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  6. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
  7. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, од страна на сите ученици. 
  8. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  9. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  10. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
  11. Задолжително носење документ за лична идентификација.
  12. Забрането е користење на мобилен. За време на испитот забранет е внес на мобилни телефони.
  13. Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
  14. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  15. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
  16. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Преземи протокол

ЗАРАДИ ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВЈЕТО, СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ УЧЕНИЦИ НА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е. откако редарот ќе ви дозволи
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето
  1. Иселувањето на студентите - станари вo државните студентски домови во Република Северна Македонија да се спроведе во период од 11.06.2020 до 03.07.2020 година, во работните денови од 08.00 до 16.00 часот.
  2. Пред иселувањето студентите задолжително да се исконтактираат и доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) се препорачува да го одложат иселувањето од домот. 
  3. Средството за дезинфекција на чевлите и рацете задолжително да се постави на влезот во студентскиот дом. Доколку студентот со себе носи дополнителни ресурси (торба, патна торба и слично) потребно е истите да бидат дезинфицирани пред внесувањето во домот.
  4. На влезот во домот да се постават едукативно - информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
  5. Пред влезот на секој студентски дом, претходно да  бидат означени местата за дозволено растојание од 2 метри.
  6. Секој студент задолжително да  носи заштитна опрема, маска и ракавици.
  7. Вработените задолжително да носат заштитна опрема, маски и ракавици.
  8. Задолжително да се одржува физичко растојание помеѓу студентите од 2 метри. 
  9. Со цел спроведување на редот и одржувањето на потребното растојание помеѓу студентите од минимум 2 метри, пред и внатре во студентските домови, да се организира  редарска служба во домот. Редарите да се ангажираат од редот на вработените на домот, за што одлучува директорот на домот.
  10. Иселувањето да се одвива на начин што студентите во парните и непарните броеви на соби да се иселуваат во различни денови во текот на неделата. Доколку има потреба, иселувањето во зградите да се врши и по спратови, во различни денови. Сите студенти да бидат известени лично, преку телефонска комуникација, за денот кога ќе можат да се иселат. Во собите во кои се сместени две или повеќе лица, да може да се исели само еден студент од собата во еден ден. Времетраењето на иселувањето за секој студент поединечно да се ограничи  на најмногу 3 часа. Студентот при влез во собата и напуштање на истата да биде лично придружуван од претставник на редарската служба.
  11. Во заедничките простории на студентските домови да се постави корпа за отпадоци со капак.
  12. Користење на лифтовите во студентските домови да биде дозволено за само едно лице и неговите лични ствари. По секое користење на лифтот да се врши задолжителна комплетна дезинфекција со соодветно средство.
  13. Придружбата на студентот да нема  дозвола за влез во домот. Придружбата на студентот да биде лоцирана на излезот од домот со запазување на задолжителното растојание од 2 метри.
  14. Иселувањето да се врши лично од страна на студентите, а во домот да биде забрането влегување на други лица како придружба.
  15. Во населбите со повеќе објекти (Гоце Делчев и Стив Наумов) влезот на студентите да се организира од посебни влезови, физички одвоени, за да нема контакт помеѓу студентите. Во студентските домови во кои има два влеза/излеза,  да се организираат влез од едната и излез од другата страна.
  16. По завршување на иселувањето, да се спроведе чистење и дезинфекција на собите и заедничките простории во секој дом со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО, СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ НА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред студентскиот дом и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во студентскиот дом
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во студентскиот дом еден по еден т.е. откако редарот ќе ви дозволи
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во студентскиот дом
  1. Во средните училишта каде се реализира државната матура да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови.
  2. Задолжително вршење на дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  3. Сите учесници во реализацијата на државната матура (тестатори, набљудувачи и членови на училишните матурски комисии, редари, хигиеничари) задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитите.
  4. Користење заштитна опрема (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите кандидати кои ќе полагаат државна матура и сите лица вклучени во реализација на државната матура во средното училиште.
  5. Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри и присуство на максимум 12 кандидати во една просторија.
  6. Просториите во кои се реализира државната матура пред почеток на испитите треба да се проветрени (влез на свеж воздух во траење од најмалку 30 минути).
  7. Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред влегувањето и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари за во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  8. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  9. Задолжително носење документ за лична идентификација и прибор за пишување. 
  10. Поставување средство за дезинфекција пред училиштето и задолжителна дезинфекција на рацете на сите кандидати и сите инволвирани во реализација на државната матура пред да влезат во училиштето.
  11. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  12. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ЗАРАДИ ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВЈЕТО, СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ КАНДИДАТИ КОИ ЌЕ ПОЛАГААТ ДРЖАВНА МАТУРА НА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама или шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Преземи протокол

  1. Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средните училишта да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот.
  2. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови.
  3. Задолжително вршење на дезинфекција со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот, на клупите во просториите каде што ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите и разгледувањето на приговорите.
  4. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
  5. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, од страна на сите ученици.
  6. Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница.
  7. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа: двајца (2) редари пред влезот на училиштето и двајца (2) редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  8. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  9. Одобрување на влез во училиштето само на ученикот, не и на неговиот родител,  со задолжително носење заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот.
  10. Задолжително носење документ за лична идентификација. 
  11. Задолжително носење пенкало, молив, гума.
  12. Забрането е користење на телефон.
  13. Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавувањето на конечните резултати.
  14. На крајот на секој ден задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  15. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства.

ЗАРАДИ ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВЈЕТО, СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ УЧЕНИЦИ НА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Преземи протокол

  1. Да се почитува мерката на одржување дистанца од 1,5-2 метри меѓу посетителите на камповите, на целиот простор во кампот (на рецепција, помеѓу масите и столиците во угостителските објекти, на плажа - помеѓу лежалките, во редовите за чекање пред баровите, продавниците, киосците, фрижидерите за сладолед и слично).
  2. Во сите простории каде постојат места за седење или лежалки и чадори, истите треба да се распоредат на растојание од 1,5 метри. Да се почитуваат мерките за максималниот дозволен број на лица во затворени простори (како објекти, камп-приколки, детски клубови, спортско-рекреативни објекти).
  3. На влезот од затворените простории (рецепција, спортско-рекреативни објекти, продавници, киосци, пултови за плаќање) да се постават дезинфекциони средства на алкохолна база, во концентрација не помала од 70% или друго средство со декларирано вируцидно дејство и погодно за користење на кожа.
  4. На видно место на влезот, како и во самиот простор каде одмараат посетителите, потребно е да се постави информативен материјал за мерките на заштита до кои посетителите треба да се придржуваат во самиот простор.
  5. Да се објават на видно место телефонските броеви на здравствените установи каде посетителите треба да се обратат во случај на појава на симптоми слични на КОВИД-19.
  6. Да се почитуваат мерките за максималниот дозволен број на лица во затворени простори согласно дефинираните критериуми за одржување на дистанца од 1,5-2 метри.
  7. Во затворените простори задолжително е носење на маски за лице или марами кои ги прекриваат носот и устата.
  8. Да се обезбеди доволна количина на хартиени бришачи за раце и останати материјали за еднократна употреба, средства и опрема за чистење и дезинфекција во санитарните јазли и тоалети.
  9. Во затворените простори да се поставуваaт канти за отпадоци со капак.
  10. Во камповите при напуштањето на наведените простори од страна на гостите при замена на употребените крпи и постелнини да се почитуваат мерките за одржување на физичка дистанца, односно замената на употребените крпи и постелнини со чисти, да се врши на влезот од објектот, кампот, собата.
  11. Упатство за чистење и дезинфекција на просториите:
    • пред да почне процесот на чистење, задолжително лицето кое чисти да стави маска на лице и ракавици и да избегнува допирање на лицето и очите во тек на чистењето
    • прозорите во просторијата да бидат отворени или да се уклучи вентилација
    • да се исчисти со неутрален детергент, па потоа да се спроведе дезинфекција со препорачано средство
    • тоалетот, вклучувајќи ја и тоалетната шолја, да се исчистат со неутрален детергент, па потоа да се спроведе дезинфекција
    • не се препорачува користење на дезинфекциони средства со пумпица на распрскување, бидејќи тоа може да доведе до дополнително ширење на вирусот
    • постелнината, перниците, ќебињата и другите ткаенини да се перат на температура од минимум 60 степени и да се користи детергент за перење алишта
    • после процесот на чистење, крпите кои биле употребени во истиот да се исперат на температура од минимум 60 степени
    • по завршување на процесот на чистење да се извадат ракавиците и маската и да се диспозираат во пластична ќеса
    • целиот отпад кој е собран во текот на чистењето веднаш да се отстрани и да се фрли во канта за отпадоци со капак
    • препорачливо е лицето кое чистело да се пресоблече и истушира 
    • по завршувањето на процесот, прозорите да останат отворени или вентилацијата вклучена одреден период
    • при користење на средствата за чистење важно е: да се следат упатствата за користење кои се наведени од страна на производителот, да се избегнува контакт на средството со очите и кожата, да не се мешаат различни средства за чистење, да се проветруваат просториите каде се чисти, за дезинфекција на контаминирани површини или материјали да се избегнува користење на средства со пумпица на распрскување, средството да се остави да дејствува
    • согласно упатството на произведувачот, дезинфекцијата да се врши со регистрирани дезинфекциони средства кои дејствуваат против вируси, согласно упатството на произведувачот, алтернативно може да се користи и 0,05% натриум хипохлорид (5% избелувач кој се користи во домаќинствата, да се разреди во сооднос 1:100) или 70% етилен алкохол за осетливи површини.
  12. Чистење и дезинфекција на простории каде престојувало лице сомнително на КОВИД-19:
    • вирусот на КОВИД-19 може да преживее на површина најмалку 2-3 дена, според тоа потенцијално контаминираните површини треба да се исчистат
      после изолирањето на пациентот во друг објект, во просторијата каде што престојувал пациентот претходно не смее да влезат други лица, сѐ додека истата не се исчисти темелно
    • да се избегнува допирање и користење на веќе употребените предмети од страна на лицето сомнително на КОВИД-19 и истите темелно да се исперат со неутрален детергент и многу топла вода
    • во процесот на чистење да се употребуваат ракавици, заштитна маска, работна униформа, пластични ќеси, крпи, детергент, дезинфекционо средство, канта за вода и брисач за подови
    • пред да почне процесот на чистење, задолжително лицето кое чисти да стави маска на лице и ракавици и да избегнува допирање на лицето и очите во тек на чистењето
    • прозорите во просторијата да бидат отворени или да се вклучи вентилација
    • да се исчисти со неутрален детергент, па потоа да се дезинфицира
    • тоалетот, вклучувајќи ја и тоалетната шолја, да се исчистат со неутрален детергент, па после тоа да се дезинфицираат
    • не се препорачува користење на дезинфекциони средства со пумпица на распрскување, бидејќи тоа може да доведе до дополнително ширење на вирусот
    • постелнината, перниците, ќебињата и другите ткаенини да се перат на температура од минимум 60 степени и да се користи детергент за перење алишта, доколку не е возможно, да се перат на или повеќе од 60 степени, врз ткаенините треба да се употребат производи за деконтаминација на ткаенини
    • доколку лицето сомнително за КОВИД-19 е сѐ уште недокажан носител на вирусот, душекот, перниците и постелнината кои истото ги користело, да не се користат повторно додека не се докаже присуството/отсуството на вирусот
    • да се повтори чистењето и дезинфекцијата на подот од едниот до другиот крај на просторијата и да се избегнува преоѓање од неисчистено подрачје на подрачјето кое е исчистено, за да не се контаминира повторно површината
    • целиот отпад и крпите со кои се вршел процесот на чистење да се диспозираат во пластична ќеса
    • да се извадат ракавиците и да се диспозираат во истата пластична ќеса
    • рацете да се измијат темелно со сапун и вода во времетраење од 20 секунди
    • целиот отпад кој настанал во процесот на чистење треба да се одвои од останатиот отпад и да се диспозира што е можно побргу во канта за отпад со капак
    • лицето кое го вршело процесот на чистење веднаш да се пресоблече и истушира
    • прозорите во просторијата да се остават отворени или вентилацијата да се остави вклучена за да се проветри просторијата
    • при користење на средствата за чистење важно е: да се следат упатствата за користење кои се наведени од страна на производителот, да се избегнува контакт на средството со очите и кожата, да не се мешаат различни средства за чистење, да се проветруваат просториите каде се чисти, за дезинфекција на контаминирани површини или материјали да се избегнува користење на средства со пумпица на распрскување, средството да се остави да дејствува согласно упатството на произведувачот, дезинфекцијата да се врши со регистрирани дезинфекциони средства кои дејствуваат против вируси, согласно упатството на произведувачот, алтернативно може да се користи и 0,05% натриум хипохлорид (5% избелувач кој се користи во домаќинствата, да се разреди во сооднос 1:100) или 70% етилен алкохол за осетливи површини.
  13. Рецепција:
    • потребно е одржување на дистанца од 1,5 до 2 метри помеѓу вработениот на рецепција и посетителот, како и меѓу самиот персонал
    • да се скрати времето на пријавување/одјавување на посетителите на времетраење од најмногу 15 минути, или доколку тоа е невозможно, да се постават прегради од плексиглас или сличен материјал кој овозможува потребна санитарна оддалеченост
    • максималниот број на лица во просторијата на рецепција да се регулира и ограничува согласно мерките за физичка дистанца меѓу луѓето од најмалку 1,5 метри
    • треба да се овозможи доволно простор на рецепцијата за почитување на наведената мерка за дистанца
    • персоналот кој работи на рецепција треба да биде доволно информиран за КОВИД-19 со цел во текот на извршувањето на своите работни задачи да спречи можно ширење на вирусот во кампот
    • да постои можност за информирање на посетителите за превентивните мерки или други потреби како медицинска помош која е достапна во кампот, контакт броеви на здравствените установи во близина, итна медицинска помош и слично
    • доколку кампот има технички можности, пријавувањето и резервацијата да се обавуваат преку интернет, бесконтактно плаќање и слично
    • на посетителите да им се советува одјавата од кампот да ја најавуваат однапред, со цел пресметките за плаќање да се спремат на време за да се избегне задржување на рецепција
    • редовно проветрување на просториите на рецепција
    • површините на рецепција да се дезинфицираат на секои 2 часа, а просторот да се дезинфицира после секој посетител
    • да се претпочита плаќање со кредитни картички
    • подигање на готовина од банкомат надвор од рецепцијата, до банкоматот да се постави средство за дезинфекција на раце
    • санитарните чворови да се дезинфицираат и проветруваат на 2 часа, доколку постои можност и почесто, да се ограничи користењето на санитарниот чвор, согласно пропишаните санитарни мерки, да се постави информативен материјал во однос на мерките за заштита
    • да се обезбедат и бидат достапни бесконтактни топломери, маски и ракавици за посетителите
    • да се работи со намален број на вработени во смени со воведување на работа во смени, просторот за одмор на персоналот треба редовно да се проветрува и да се дезинфицира и да нема групирање на вработените во истите без носење на лична заштитна опрема
  14. Општи мерки на заштита:
    • потребно е вработените секое утро да ја измерат својата телесна температура и доколку истата е повисока од 37,2 степени или ако чувствува симптоми слични на КОВИД-19 да се јави во управата на кампот, да остане дома и да го контактира својот матичен доктор
    • да се избегнува ракување и близок респираторен контакт
    • да се одржува физичка дистанца од најмалку 1,5 м
    • да се избегнува допирање на лицето, устата, носот и очите со раце, при кашлање или кивање, устата и носот да се покријат со свиткан лакт или хартиено марамче и истото да се фрли во корпа за отпадоци, а потоа да се измијат рацете
    • редовно да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол
    • да се избегнува близок контакт со лица кои покажуваат симптоми на покачена телесна температура, кашлица или отежнато дишење
    • редовно проветрување на просториите
       

Преземи протокол

  1. Запишувањето на ученици во јавните ученички домови да се одвива во период од 8:00 часот до 14:30 часот. 
  2. Користење на опрема за лична заштита, маски н ракавици од страна па сите вработени во ученичкиот дом. 
  3. Организирање на редарска служба во ученичкиот дом, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците / родителите / старателите од минимум 2 метри, пред и внатре во Домот, и таа еден редар пред влезот и еден редар во Домот. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во ученичкиот дом, за што одучува директорот. 
  4. Поставување на ознака со кои се означува правец на двоење и запазуваме на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во ученичкиот дом. 
  5. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата и надвор од неа. 
  6. Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места, согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага ученичкиот дом. 
  7. Овозможување на влез на ученици во Домот во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места. 
  8. Овозможување на влез само за ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на еден родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата u носот, кога влегуваат во ученичкиот дом. 
  9. Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно пополнета пријава за запишување, која се презема од веб страницата на Министерството за образование и наука. 
  10. Да се постават средства за дезинфекција на влезот во ученичкиот дом, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез и излез.
  11. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во Домот со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатството од производителот.
  12. На крајот на секој ден, задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи на натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  13. Редовно хигиенско одржување на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на претходно наведените дезинфекциони средства. 
  14. Јавните ученички домови кон имаат два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.  

Заради заштита на здравјето, сите вработени, ученици / родители / старатели доследно да ги почитуваат превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија: 

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред Домот и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во ученичкиот дом. 
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во ученичкиот дом еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред вас ќе излезе од Домот. 
  • Не се задржувајте повеќе од потребното време во Домот. 
  • Задолжително носете лична заштитна опрема (маска, марама, шал).
     

 

ПРЕПОРАКИ

  • Да се намали употребата на просториите со намалена вентилација и зголемена влажност како што се соблекувалните и други помали простории, а како алтернатива може да се користат трибините на самите базени и терасите (доколку дозволуваат временските услови) на кои секој од клубовите ќе добие соодветен простор. На самите трибини има добра циркулација на воздух и доволно место за одржување на соодветното социјално растојание.
  • Сите што ќе влегуваат на базен да носат лична заштита на лицето-маска.
  • Мерење на температура на влезот од базенот и дезинфекција на рацете.
  • Да се зголеми употребата на хлор во водата и да се достигне нивото од 2,0 PPM-а.
  • Да се постават видливи ознаки на подот на базенот кои ќе го покажуваат дозволеното физичко растојание.

ПРЕД ПЛИВАЊЕ

  • Пливачите да доаѓаат на базен со веќе облечени костими за капење и пливачка капа на себе со што родителите нема да се задржуваат во базенот.
  • Опремата која се користи во текот на пливањето да се носи од дома.
  • Да се носи шише со вода за да не мора во текот на тренингот пливачот да излегува за да пие вода, со што се избегнува допирање на чешмите.
  • Доколку е возможно да се избегне допирање на кваки, врати, клупи и др.
  • Доколку некој од вашето блиско опкружување не се чувствува добро не е пожелно да се доаѓа на тренинг.

ЗА ВРЕМЕ НА ТРЕНИНГОТ

  • Да се следат препораките за социјално дистанцирање и да се одржува растојание од 1,5-2 метри во самата патека и да се ограничи бројот на пливачи во патеката.
  • За време на тренингот да не се прави физички контакт со другите, односно да нема ракување и прегрнување.
  • Да не се допира лицето.
  • Да не се дели опремата за пливање, пешкирот или шишето со пијалак.
  • Да се намали одењето во тоалет и сите физиолошки потреби да се извршат пред доаѓање на тренинг.
  • Да се држи социјална дистанца од другите пливачи во текот на одморот, за ова ќе се користат маркери кои ќе бидат видливи и ќе се постават на самиот раб од базенот со што секој пливач ќе го знае местото на кое ќе се стои во патеката. 
  • Задржувањето при одмор за пливачите на сите клубови ќе се прави исклучиво на едната страна од патеката (пливачите од сите клубови да стојат на десната страна од патеката со што се задржува пропишаното растојание помеѓу пливачите).
  • Тренерите за време на тренингот ќе носат маски.
  • За време додека тренира една група другата група се подготвува на трибинскиот простор или просторот на терасата или гардеробите како би избегнале контакт едни со други.
     

ПО ТРЕНИНГОТ

  • Да се напушти базенот веднаш после тренинг.
  • Туширањето да се прави дома.
  • Да не се користат соблекувалните, туку базенскиот простор, просторот под трибините и на трибините како и терасите.

Преземи протокол

ПРОЦЕДУРИ ЗА ХОТЕЛСКИОТ ДЕЛ

Прием и сместување

  • Служењето храна на шведска маса не е дозволено.
  • Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат лична заштита на лицето - маска и зачестено одржуваат  хигиена на раце.
  • Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  • Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот.
  • Масите да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи истите да се менуваат и перат после секој послужен гостин.
  • Масите да не се претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не, гостите ќе можат да го користат средството за дезинфекција кое ќе биде поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО) .
  • Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка.
  • Келнерот е должен да води максимална грижа за својата лична хигиена со заштита на лицето-маска, ги послужува гостите со внимавање на растојанието, но поради тоа што келнерот не може да служи храна и пијалак од 2 метри растојание, тој треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. После послужувањето, келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите.
  • Сите апарати за точење на пијалаци (вода, чај, кафе, сок и сл.) да се отстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите.
  • Се забранува користењето на заеднички отворени садови при сервирање на зачини, сосови, масла, сол, шеќер, чаеви и слично, кои се споделуваат на повеќе од една маса.
  • По завршување на оброците, искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП/ХАЛАЛ стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалак и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира. 
  • Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5 до 2 метри.
  • На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
  • Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
  • На крајот на смената, задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  • Редовно одржување на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  • Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
  • Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи).
  • Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителскиот дел за исхрана – ресторант  на угостителски објекти за сместување, на 55 децибели.
     

РЕСТОРАНСКИ ПРОЦЕДУРИ

  • Служењето храна на шведска маса не е дозволено.
  • Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
  • Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  • Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот.
  • Масите да се прекриени со хартиени или најлонски чаршаф за еднократна употреба или ако се користат стандардни чарашави истите да се перат после секој послужен гостин.
  • Масите да не се претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не гостите ќе можат да го користат средството за дезинфекција кое ќе биде поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО.) 
  • Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка.
  • Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојанието, но факт е дека келнерот не може да служи храна и пијалок од 2м растојание, затоа келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување.
  • После послужувањето келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите.
  • Сите апарати за точење на пијалок (вода, чај, кафе, сок и сл.) да се отстранат од употреба и пијалоците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата.
  • Се забранува користењето на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви и слично, кои се споделуваат на повеќе од една маса.
  • По завршување на оброците искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаената процедура која ја налагаат ХАСАП стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалок и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира. 
  • Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5-2м.
  • На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
  • Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
  • На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
    Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

УПОТРЕБА НА САНИТАРНИ ЈАЗЛИ

  • Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и после употреба.
  • Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
  • Да се обезбеди непречен проток, без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребното физичко растојание, со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време.
  • Задолжително е носење лична заштита на лицето-маска при користење на заедничките санитарни јазли, 
  • Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба, како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција. Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини;
  • чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични кеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста и на терасите, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.

ОПШТИ ПРЕПОРАКИ ЗА ГОСТИ

  • Доследно почитување на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање за услуги.
  • Треба да се ограничат големи собири, со доследно почитување на соодветно меѓусебно растојание.
  • Внатре во угостителскиот објект за сместување, покрај одржувањето на соодветно меѓусебно растојание за време на епидемија, употребата на лична заштита на лицето - маска за лице или други облици на заштита што ги покриваат устата и носот (шал, крпа или слични облици на заштита) е исто така задолжително. 
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ ПОЈАВА НА СЛУЧАЈ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19

  • Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
  • Го известува својот претпоставен за својата здравствена состојба. Доколку е позитивен на COVID-19, го известува претпоставениот кој пак веднаш го известува регионалниот центар за јавно здравје за појавата на COVID-19 меѓу вработените.
  • Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај отпочнува со епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти на работното место и предлага мерки за нив.
  • Доколку вработениот бил во контакт со лице коешто покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена и доколку развие симптоми се јавува на матичниот лекар и го известува претпоставениот.
  • Доколку гостин заболи со треска или знаци на акутна респираторна инфекција, давателот на услуги треба да се јави во дежурната служба на најблискиот здравствен дом. Гостинот треба да чека во изолација и треба да носи лична заштита на лицети - маска. Да употребува само одредени тоалети и мијалници. Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај спроведува епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти и предлага мерки за нив.
  • Просториите каде што се движел заболениот гостин од COVID-19 темелно се чистат и дезинфицираат. Исто така, просториите темелно се проветруваат.
     

 

  1. Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултати во средните училишта да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот.
  2. Полагањето на учениците кои се во самоизолација се врши по електронски пат во средното училиште во кое ученикот се пријавил во утврдениот рок и ја  доставил потребната документација согласно конкурсот.
  3. Организирањето на испитот по електронски пат е во истиот временски период како и за останатите ученици. Наставниците кои ќе го спроведат квалификацискиот испит по електронски пат се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  4. Наставниците кои ќе бидат задолжени од страна на директорот на училиштето за спроведување на квалификацискиот испит по електронски пат, потребно е да ги подготват учениците кои ќе полагаат електронски. Подготовката се состои во следното:
    • Инсталирање на соодветен софтвер на мобилниот телефон и компјутерот од ученикот, по предлог на одговорните наставници;
    • Обезбедување на услови мобилниот телефон да го постават учениците  така што да може да се снима и ученикот и екранот од неговиот компјутер (по можност од страна)
    • Мобилниот телефон на ученикот во кој има инсталирано соодветен софтвер (пр. zoom) треба за цело време на испитот ученикот да е приклучен и со камера и со аудио. Не смее да ја исклучат сесијата бидејќи тоа ќе се смета како обид за препис.
    • Мобилниот телефон треба со вклучена камера да го опфаќа ученикот кој полага  и неговиот  екран во исто време. Треба да е добро прицврстен и да обезбедат да има доволно батерија или приклучок кон напојување (ако им се исклучи мобилниот телефон испитот им завршува). Најдобро е мобилниот да е во landscape (хоризонтална) позиција. За виртуелната училница  ќе има  одговорни наставници од вработените во училиштето кои се задолжени за овој вид на полагање на испит и тие цело време ќе ги набљудуваат учениците во соодветната виртуелна училница.
    • За време на испитот не е дозволено користење на било какви дополнителни материјали ниту интернет. Доколку постои било каков сомнеж дека има препис, детално ќе бидат прегледани снимките и логовите кои ги нуди средината во која полагаат и ако се потврди преписот, одговорите во тестот нема да се земаат во предвид.
    • Доколку учениците имаат било какво прашање, проблем во однос на овој начин на полагање на испитот или некој технички проблеми (несоодветен телефон, компјутер и интернет),треба да им пратат e-mail на одговорните наставици за спроведување на квалификацискиот испит по електронски пат, со конкретно објаснување.
  5. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
  6. Задолжително вршење на дезинфекција со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот, на клупите во просториите каде што ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите и разгледувањето на приговорите.
  7. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
  8. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, од страна на сите учениците. 
  9. Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница. 
  10. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа: двајца (2) редари пред влезот на училиштето и двајца (2) редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  11. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  12. Одобрување на влез во училиштето само на ученикот, не и на неговиот родител,  со задолжително носење заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот.
  13. Задолжително носење документ за лична идентификација. 
  14. Задолжително носење пенкало, молив, гума.
  15. Забрането е користење на телефон.
  16. Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавувањето на конечни резултатите.
  17. На крајот на секој ден задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  18. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства.

ЗАРАДИ ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВЈЕТО, СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ УЧЕНИЦИ НА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден  т.е откако редарот ќе ви дозволи.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.
  1. Ограничен број на лица, односно во просторијата можат да бидат присутни истовремено најмогу 1 лице на 5м2.
  2. На влез е задолжително да има редарска служба.
  3. Редарската служба ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот, контрола на заштитна опрема (заштитни маски).
  4. Заштитната опрема е задолжителна при влегување и движење низ објектот.
  5. Доколку лицата не носат заштитна опрема (заштитни маски), не смеат да се пуштаат внатре и да се движат низ објектот.
  6. Вработените задолжително да вршат редовна дезинфекција, миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска). 
  7. Задолжително одржување на дистанца од најмалку 1,5 м. 
  8. Во случај на помало растојание задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.  
  9. На видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.
  10. Задолжително да се врши редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба.
  11. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  12. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  1. Ограничен број на лица, односно во просторијата можат да бидат присутни истовремено најмогу 1 лице на 5м2.
  2. На влез е задолжително да има редарска служба. 
  3. Редарската служба  ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот,  контрола на заштитна опрема (заштитни маски). 
  4. Редарската служба ќе врши контролирано пропуштање на лица во објектот со запазување на дистанца од најмалку 2м до казино рецепцијата. 
  5. Позициите за регистрација на посетители мора да бидат одвоени најмалку 2 м една помеѓу друга.
  6. Доколку лицата не носат заштитна опрема (заштитни маски) не смеат да се пуштаат и да се движат низ објектот.
  7. Вработените задолжително да вршат редовна дезинфекција и миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска). 
  8. Задолжително одржување на дистанца од најмалку 1,5 м. 
  9. Во случај на помало растојание задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.  
  10. Заштитната опрема е задолжителна при движење низ објектот.
  11. Присуството на лица на касите низ објектот е со одржување на дистанца од 2 м растојание.
  12. На видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.
  13. Задолжително да се врши редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба.
  14. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  15. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ЗА ИГРАЊЕ НА АПАРАТИ НА ИГРИ НА СРЕЌА (АИС) СЕ ПРИМЕНУВА ЕДНА ОД СЛЕДНИВЕ МЕРКИ:

  1. Доколку гостите седат на играчкото место на АИС и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.
  2. Доколку гостите седат на играчкото место на АИС со повеќе играчки места (електронски рулет) и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.

ЗА ИГРАЊЕ  НА МАСИТЕ ЗА ЖИВА ИГРА СЕ ПРИМЕНУВААТ СЛЕДНИВЕ МЕРКИ:

  1. Игра на маса за жива игра Американски Рулет се одвива со најмногу 3 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.
  2. Игра на маса за жива игра Блек Џек, Карабиан Покер, Ултимејт Тексас Покер и други казино игри кои се играат на маси со седум играчки места, се одвива со најмногу 3 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.
  3. Игра на маса за жива игра Тексас Холдем Покер се одвива преку едно играчко место со најмногу 5 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.
  1. На видно место да се означат правила за однесување за вработените и корисниците на услугите.
  2. Поставена дезбариера на влез во клубот и бесконтактно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена температура им се забранува влез во клубот. 
  3. На почеток и на крај на работниот ден, задолжително проветрување на сите простории и дезинфекција на простории, сите работни површини, опрема, справи и други реквизити за вежбање и задолжителна дезинфекција на подот. 
  4. Во текот на работниот ден, колку што е можно почесто проветрување на просториите. 
  5. При секој влез на вработени и корисници, да се врши задолжителна дезинфекција на раце со средство кои содржи 70% алкохол. 
  6. Сите вработени задолжително носат заштитна маска и ракавици во текот на целото работно време. 
  7. Корисниците на услуги, задолжително користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена. 
  8. Корисниците на услуги, задолжително однапред закажуваат термин на посета на клубот. 
  9. Користењето на заедничките помошни простории, како туш кабини и соблекувални се дозволува доколку е обезбедено чистење и дезинфекција на просториите по секоја употреба. 
  10. Распоредот на опремата, справите и другите реквизити за вежбање, односно организацијата на вежбањето мора да биде на начин што ќе се одржува физичко растојание од 2м помеѓу секој корисник, односно 10м2 по корисник. 
  11. Опремата, справите и реквизитите задолжително да се дезинфицираат после секој корисник.
  12. Во случај да постои сомнеж некој од вработените да има респираторни симптоми (температура, кашлица и сл.) одговорното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.
  13. Во случај да постои сомнеж некој од корисниците да има респираторни симптоми (температура, кашлица) одговорното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.

ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19  ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:

  • Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;
  • Одржување на потребното физичко растојание;
  • Обезбедување честа дезинфекција на рацете и
  • Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.
  1. Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.

  2. Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри. На влезот да се постави известување за посетителите за задолжително одржување на потребното физичко растојание меѓу посетителите и меѓу посетителите и вработените.

  3. Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).

  4. Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.

  5. Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.

  6. Пред билетарниците, да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорача on-line купување на влезници.

  7. Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.

  8. На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.

  9. Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.

  10. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства. 

 

  1. Спортистите и членовите во спортските сали и центрите за танцување да доаѓаат во однапред определени термини и во групи. Секоја група да вежба/танцува само во термините определени за нив. При влез/излез задолжително да биде употреба на маски, визири и нараквици (опрема за лична заштита). 

  2. Танчерите и лицата кои тренираат, задолжително да дојдат подготвени за тренинг во спортската опрема која ќе ја користат и да не се користат гардероби за пресоблекување.

  3. Обувките кои ќе се користат за тренинг задолжително да се облечат на влез во танцовиот клуб, да се користат наменски во просторот за тренинг и да не се користат гардеробите за пресоблекување.
    Да се обезбеди соодветен простор за обувките и на танчерите и на лицата кои тренираат, кои ги користат надвор и истите задолжително да ги складираат во соодветна торба (кесичка). Задолжително е вршење дезинфекција на просторот за складирање (плакар), по завршување на секој тренинг.

  4. Бројот на лица кои тренираат во една група не смее да надмине од 10 до 12 во просторија од минимум 60-70 м2, со задолжително носење на лична заштита на лицето и дезинфекција на рацете.

  5. Пред теоретската и практичната настава, да се преземат засилени санитарно-хигиенски мерки, просториите и тоалетите да се исчистат зачестено, 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. 
    Во танцовите клубови особено да се внимава на хигиената на површините што често се користат (рачки од врати и прозори, маси, огради на скали и сл.) Кога користат средства за дезинфекција, строго да се следат упатствата на производителот, особено оној за контакт време (времето што е потребно за средството за дезинфекција да ги уништи микробите на предметите).

  6. На видливи места да се постават постери со информативен карактер за заштита од КОВИД-19 (миење раце, отпадок, правилна употреба на заштитни маски, правила на однесување за време на одржување на курсевите и сл.).

  7. Да се обезбедат корпи за отпадоци за маските и ракавиците и истите да бидат поставени надвор од објектот. На влезот од просториите и во тоалетите да се постават средства за дезинфекција на рацете. Истите да се користат на секој половина час и за начинот на употреба на истите да бидат информирани вработените и лицата кои тренираат.

  8. На тренинзите да бидат обезбедени и достапни топломери, течен сапун и средства за дезинфекција.

  9. Во тоалетите задолжително да се обезбеди течен сапун и хартиени бришачи, периодично да се изврши чистењето и истото да се евидентира со потпис.

  10. Во просториите да не се користат клима уреди. Да се обезбеди соодветна вентилација на просториите.

  11. Поставување на сите потребни заштитни средства (дезинфекција на патики на влез, раце и сл.).

  12. Простор за секое дете присутно на час од 1,5м квадратни. (и во нормални услови, танчарите имаат свој простор од минимум 1 м2).

  13. Комплетна дезинфекција на просториите, пред и по часовите.

  14. Временски период помеѓу секој час (од 20 до 30 минути) за комплетна вентилација и чистење на просториите.

  15. Забранет е контакт помеѓу две различни групи помеѓу тренинзите.

  16. Забранет влез за родители/старатели/придружници.

  17. Дезинфекција и миење на раце пред и по секој час, како и едно задолжително дезинфицирање на рацете за време на тренингот.

  18. Тренерите/инструкторите да носат заштитна маска.

  19. Доколку се присутни повеќе од еден тренер во просториите за танц, да нема никаков контакт помеѓу нив, да одржуваат растојание од минимум 2 метри.

  20. Се забранува размена на предмети помеѓу присутните на час (телефони, гардероби, накит и слично). 

  21. При влез во танцовите клубови, членовите да извршат дезинфицирање на обувките со поставените дезинфицирани бришачи пред вратите. На сите членови при доаѓање ќе им се измери температура со далечински термометри и истото ќе се евидентира. Нема да се примаат членовите кои имаат температура над 37 степени и при истото ќе се информираат соодветни здравствени центри. 

  22. Членарините да се подмируваат електронски, со трансакциски сметки и сл. Да не се практикува плаќање во готовина. 

  23. Гардеробите треба да бидат заклучени и да не ги користат учесниците.

  24. Сите реквизити, опрема и уреди што ќе се користат за време на трeнингот, мора да бидат правилно дезинфицирани пред и после тренинзите. 

  25. Не е дозволен директен физички контакт помеѓу учесниците (со исклучок доколку се членови на исто семејство).

  26. Се препорачува отпочнување со работа и тренинзи на отворен простор, со почитување на сите претходно наведени мерки за заштита. 

ОПШТ ДЕЛ

  • Настаните да се организираат и одржуваат на отворено; 
  • задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредба- та со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразна- та болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/20);
  • задолжително одржување на физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, при влез и излез од настаните, а се препорачува физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот; 
  • задолжителна дезинфекција на раце на влез на си- те посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; 
  • препорачана зачестена дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот; 
  • засилени санитарно - хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини; 
  • задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки; 
  • Организаторот има право да го отстрани секој посетител на настанот кој не ги почитува мерките дефинирани во Протоколот. 

ЗА ПУБЛИКАТА

  • Настаните да се организираат со максимум 50% публика од бруто капацитетот на местото предвидено за публика, на локацијата каде што ќе се одржува настанот; 
  • За настаните на отворено да се овозможи соодветен простор за физичко растојание на посетителите; 
  • На настани каде има предвидено седење на публиката, да се овозможи седење на седишта, поставени на соодветно растојание од 1,5 метар помеѓу нив; 
  • Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите; 
  • Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката; 
  • Се препорачува електронска набавка на билети. Доколку е потребно да има билетара и физичко продавање на влезници, се препорачува растојание од 1 м меѓу благајникот и купецот, како и физичко оградување на билетарата со соодветен стаклен (плексиглас) параван. Препораката е плаќањето да се изврши со користење на без контактни платежни картички. Се препорачува бесконтактно набавување на влезници; 
  • Задолжително носење на маска за секој посетител - влезот нема да биде дозволен без маски; 
  • Задолжителна дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител; 
  • Задолжително мерење на температура на влез, за секој посетител.

ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ

  • Сите членови од тимот да бидат опремени со заштитна опрема; 
  • Обезбедување на средства за дезинфекција и нив- но постојано користење за време на настанот; 
  • Задолжително мерење на температура на членови- те на тимот и учесниците; 
  • Намалување на бројот на тимот кој ќе има контакт со изведувачите или учесниците на настанот; 
  • Намалување на бројот на тимот кој ќе циркулира помеѓу посетителите; 
  • Обезбедување на соодветен простор за физичко растојание и престој на учесниците пред, за време и по настанот; 
  • Зголемување на просторот помеѓу бината и првите редови на посетителите; 
  • Зголемување на димензиите на бината за овозможување на доволно физичко растојание на учесниците; 
  • Дезинфекција на микрофони и бинска опрема, ако нема услови секој изведувач да добие свој микрофон; 
  • Обезбедување на поголем простор за миксетата и останата техничка опрема кога треба да биде поставена во делот кај публиката и обезбедување на физичко растојание помеѓу тимот и публиката; 
  • Продажбата на пијалаци и храна е дозволена, но под строго утврдени мерки. Се препорачува продажба на пакувани пијалоци и храна. Засилени санитарно - хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената во продажниот простор, растојание од 1 м меѓу продавачот и купецот, како и физичко оградување 
  • на продажниот простор со соодветен стаклен (плексиглас) параван. 
  • Доколку просторот за организација на настанот овозможува, претставниците на акредитираните медиуми ќе имаат посебен влез и посебно место за лоцирање; Доколку не, за нив важат истите насоки како и за пуб- ликата; 
  • Доколку настанот побарува присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, за нив важат правилата за употреба на заштитна опрема; 
  • Обезбедување на заштитна опрема доколку по- стои физичка продажба на билети на влезот на настанот; 
  • Потсетување на посетителите на мерките на претпазливост и држење растојание пред почеток на настанот на видео бим (доколку има) или со снимен говор преку системот за озвучување; 
  • Сите членови на физичкото обезбедување да бидат опремени со заштитна опрема (маски, ракавици, визири); 
  • Задолжително објавување на мерките на сите ПР и маркетинг материјали за настанот, како и објави на социјалните мрежи; 
  • За филмските продукции доколку настанот се сни- ма или има потреба за пренос во живо: 
    • Поставување на камери и сниматели кои управуваат со истите на точно позиционирани места претходно одредени со најмало растојание од 3 до 5 метри; 
    • Режискиот пулт да биде поставен надвор и независно од сцената за изведба; 
    • Се препорачува при снимање да се користи опрема од типот на кран, како најбезбедна опција за пренос на слика од публика или оркестар.

ВО РАБОТАТА НА КЛУБОВИТЕ УЧЕСТВУВААТ СЛЕДНИТЕ ЛИЦА (ВО ПОНАТАМОШНИОТ ТЕКСТ - УЧЕСНИЦИ):

  1. Фудбалери - 25
  2. Тренери - 5
  3. Медицински персонал - 3 
  4. Администрација – 5

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ДЕЛЕГИРАНИ ОД ЛИЦА ОД ФФМ:

  1. Судии - 4 по натпревар во најголем дел, на дерби има 6 судии
  2. Делегат на натпревар - 1 по натпревар
  3. Контролор на судењето - 1 по натпревар
  4. Комесар за безбедност - 1 по натпревар по потреба.

ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ ВРЗ КОИ СЕ ЗАСНОВА ОВОЈ ПРОТОКОЛ СЕ:

  • Заштита на здравјето на играчите и нивните семејства;
  • Заштита на здравјето на тренерите и нивните семејства и
  • Заштита на здравјето на другите вработени и соработници кои ќе стапат во контакт со играчите по продолжувањето на тренингот како и службените лица на натпреварите.

ПРЕДЛОГ-МЕРКИ

  • Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;
  • Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност, што е услов за учество / учество на натпревар /;
  • Тестирање на КОВИД-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително;
  • мерење на температура на сите учесници при влегување во стадион;
    Напомена: За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со која може слободно да влезе на стадионот. Лице кое при пристигање на стадион има телесна температура од 37.1 до 37.2 оС се изолира во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до стадионот). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе на стадионот, во спротивно на истото не му се дозволува влез на стадионот. Лице кое при пристигање на стадион има телесна температура 37.3 оС и повеќе не му се дозволува влез на стадионот. Се упатува клубот за лицата на кои не им е дозволено да влезат на стадионот, истите да се изолираат од групно патување.
  • поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
  • употребата на заштитни маски е задолжителна освен за фудбалерите кои се на терен во игра;
  • секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
  • секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;
  • зачестено чистење и дезинфекција на сите простории на стадионот, материјалите и опремата;
  • одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт).

ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

Тренажниот процес пред почеток на натпреварувањето пожелно е да се подели во 3 фази, како што следува:

  • почеток на индивидуален тренинг на играчи на стадионот, без физички контакт (3 дена);
  • почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено) (7 дена);
  • колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за подготовка на екипата согласно индивидуална процена на тренерот);

Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот за тренинг. Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготвеност до самиот почеток на самото натпреварување.

Како што е наведено, фазите се следни:

  • Подготвителна фаза и фаза на индивидуален тренинг на играчи;
  • Фаза на тренинг во мали групи;
  • Колективен тренинг.

За да се исполнат овие принципи, треба да се спроведат следните мерки:

  • Секој клуб треба да подготви список на лица вклучени во процесот на тренинг;
  • Сите лица на стадионот мора да бидат идентификувани на соодветен начин;
  • Теренот на кој ќе се организираат тренинзите мора да биде јасно дефиниран; единствените лица кои имаат пристап до овој терен / стадион се: играчи, тренери, доктор и физиотерапевт, економ и минималниот број на персонал задолжен за дезинфекција и чистење;
  • Неопходно е да се изврши набавка на соодветни средства за редовно чистење и дезинфекција на просториите (треба да се посвети посебно внимание на површините кои често се допираат како што се врати, прекинувачи, итн.);
  • Дезинфекција и чистење на материјали и простории мора да се изврши во согласност со важечките препораки на надлежните здравствени органи;
  • Заштитата, хигиената и миењето на рацете мора да бидат на високо ниво ;
  • Сите учесници во тренажниот процес мора да се однесуваат согласно мерките и препораките на надлежните здравствени органи;
  • Сите активности што имаат поголем број учесници мора да се сведат на минимум;
  • Неопходно е да се применуваат и други лични превентивни мерки со цел да се спречи ширењето на инфекцијата поради што сите учесници е потребно да внимаваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од стадионот/теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварувањето;

Пред започнување на тренажниот процес да се обрне внимание на:

  • Учесниците;
  • Состојба на терени / стадиони,
  • Транспорт / превоз.
     

ПЕРСОНАЛ (УЧЕСНИЦИ)

На тренинзите можат да присуствуваат само учесници кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мора да бидат однапред познати и евидентирани на список кој ги содржи следните генералии: име и презиме, опис на работното место (фудбалер, економ, физиотерапевт, секретар и слично) и датум на тренингот.

ТЕРЕНИ/СТАДИОНИ

Cо цел терените / стадионите да бидат што е можно подобро изолирани, се советуваат клубовите доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тренинг камп со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите да престојуваат во своите домови и на тренинг да патуваат поединечно (сам) со автомобил.

Пред да пристигнат на стадионот, сите простории мора темелно да се исчистат и дезинфицираат во согласност со упатствата на надлежните здравствени установи.

Сите критични површини (рачки на врати, прекинувачи, кутии, итн.) Мораат да бидат дезинфицирани.

Целокупната постапка треба да биде во писмена форма (записник дека е направена дезинфекција со датум), а стадионот / теренот обележан со безбедна зона.

Сите лица што влегуваат во стадионот мора да се придржуваат кон строгите хигиенски услови.

Просторот на економот: пристап до економат / магацин и негово управување има само едно лице, кое мора да ги почитува следниве мерки:

  • Економатот мора да биде заклучен доколку никој не престојува / работи во него,
  • Економот редовно ги мие и дезинфицира рацете и мора да носи маска за лице,
  • Секој пат кога ќе добие ново парче опрема, економот мора да ги мие и дезинфицира рацете,
  • Набавката на нова опрема се врши на не помалку од 15 дена.
  • Перална: оваа соба треба да биде затворена. На играчите треба да им се дадат два комплети опрема за тренинг и натпревари за играње, а истата опрема ќе се пере дома после секој тренинг / натпревар.
  • Соблекувалната: бидејќи ова е потенцијално област со висок ризик за пренесување на инфекции, фудбалерите доаѓаат подготвени во спортска опрема и не користат соблекувална пред и по завршување на тренингот и натпреварот.

Лицата одговорни за одржување мора да ги следат следниве упатства:

  • Секогаш мора да носат маска за лице и ракавици;
  • Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и дезинфицирани;
  • Валканите канти за отпадоци мора да бидат поставени колку што е можно подалеку. Просторија за физиотерапија:
  • Во првите две фази (индивидуален и групен тренинг), физичкиот контакт со играчот мора да се минимизира;
  • Во првата фаза се лекуваат само повредени играчи;
  • Физиотерапевтот мора да носи маска за лице во секое време и ако е можно ракавици;
  • Нова маска за лице и нови ракавици мора да се носат за секој нов играч;
  • Масата за масажа мора да биде покриена со чиста прекривка или прекривка за еднократна употреба, кои се менуваат по употреба;
  • Делови од масата за масажа што не се покриени мора редовно да се бришат со средства за дезинфекција;
  • Особено треба да се внимава со хигиената. Затоа, се препорачува редовно чистење, или барем по третманот на секој играч.

Фитнес просторија: употребата на оваа просторија мора да се сведе на минимум, т.е. ограничена исклучиво на повредени играчи, предмет на следниве мерки:

  • Користете на оваа област да се сведе на минимум, и кога е можно, да се прават вежбите на отворен простор;
  • Да се постават уреди со средства за дезинфекција на рака на влезот;
  • Во исто време, може да имам максимум 1-2 играчи, одржувајќи растојание од најмалку 2 метри,
  • Прозорците мора да бидат отворени во секое време или климатизација;
  • По употребата, сите уреди мора да се дезинфицираат;
  • Ако е можно, никој од тренерите не смее да биде присутен; ако е потребно присуство, тогаш тренерот мора да користи маска за лице;
  • На крајот на секој ден, просторијата се чисти и дезинфицира.

ПРЕВОЗ

Да не се организира колективно доаѓање на играчите на тренинг. Играчите да доаѓаат на тренинг поединечно (сам) со автомобил.

Доколку се користи автобус, седењето треба да биде преку две седишта со задолжително носење на заштитна маска за време на превозот.

ИНДИВИДУАЛЕН ТРЕНИНГ (ФАЗА 1)

Оперативната организација за индивидуални тренинзи треба да се заснова на следниве принципи:

  • За време на тренингот на стадионот треба да има минимален број на учесници и персонал (минимум тренери, обезбедување и персонал за чистење и одржување на теренот);
  • На играчите треба да им се обезбеди план за тренингот, еден ден однапред, преку електронски канали за комуникација - интернет, што значи дека не е потребен физички контакт и интеракција со тренерите;
  • Начинот на транспорт / патувањето секогаш треба да биде исто (со истото возило), кое е дезинфицирано;
  • Мора да се направи јасен распоред и план за тренинг на играчите кои ќе бидат на терен;
  • Во исто време, најмногу 2 играчи можат да тренираат на едно поле, кои се на спротивни страни на теренот, со што поголема далечина едни од други;
  • Пристигнувањето на играчите на теренот / стадионот треба да биде одвоено 15 минути, за никогаш да не доаѓа до физички контакт;
  • Играчите доаѓаат на стадионот во опрема за тренинг, која ја носат од дома;
  • Вежбите се одржуваат со минимална опрема (реквизити) или без истата;
  • Ако се користат реквизити, тие мора да се дезинфицираат по употребата на секој играч;
  • До доаѓањето на стадионот и до почетокот на тренинзите, играчите мора да носат маски за лице;
  • На крајот на тренингот, играчот веднаш и директно оди во своето возило;
  • Тренерите можат да го набљудуваат тренингот од далечина.

ГРУПЕН ТРЕНИНГ (ФАЗА 2)

Во оваа фаза, сите играчи се поделени во X групи со максимум 5 играчи, каде групите тренираат одделно и без никаков контакт меѓу нив.

УПОТРЕБА НА СОБЛЕКУВАЛНИ

  • Соблекувалните за тренинг не се употребуваат.
  • Секој играч носи своја опрема на тренинзите, како и шише за пиење.
  • Играчите се тушираат дома.

ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ТРЕТМАН

Bo оваа фаза, секоја група, доколку е можно, треба да има „свој" физиотерапевт. Физиотерапевтскиот третман треба да се сведе на минимум.

Како и во првата фаза, и во оваа не е дозволен третман на играчи кои немаат повреда, пред или по тренинг. Ова се однесува на сите видови на третмани, освен третмани за бандажирање (зглобови, мускули итн.).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ВЕЖБИ

За време на првите две фази на тренинг, употреба на фитнес сала не е дозволена, освен за повредени играчи. Можно е да се одржат два вида дополнителни вежби:

  1. Сесија пред тренинг: акцентот е ставен на превенција на повреди, со следниве услови за изведба:
    - Мора да се спроведе на терен;
    - Секој играч користи свои реквизити и е на оддалеченост од минимум 5 метри од другите играчи,
    - По секоја употреба, реквизитите треба да се дезинфицираат;
  2. Сесија после тренинг: акцентот е ставен на дополнителни вежби, со следниве услови:
    - Дополнителни вежби за тело можат да бидат интегрирани во групниот тренинг;
    - Дополнителни вежби за тело може да се извршат дома

Тренингот го подготвува и контролира тренерот, но со почитување на социјалното растојание.

УЧЕСНИЦИ НА ТРЕНИНГ

За организирање на тренинг потребен е ангажман на:

  • 3 тренери;
  • 1 физиотерапевт; -1 економ;
  • 1 доктор.

КОЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ (ФАЗА 3)

Фазата на колективно тренирање вклучува враќање на целиот тим на тренинг, или со други зборови, враќање во нормала. Во текот на оваа фаза, мора да се продолжи со строго почитување на мерките за хигиена и дезинфекција, со посебен акцент на просториите што претставуваат најголем ризик од инфекција.

Особено, треба да се земе предвид следново:

  • Секој што влегува на стадионот мора да ги користи средствата за дезинфекција и хигиена;
  • Во просторијата за физиотерапија и фитнес не смее да има повеќе од двајца играчи истовремено;
  • Туширањето по тренинг треба да биде дома;
  • Сите простории редовно да се чистат и дезинфицираат.

Во случај играчот, членот на стручниот штаб или друг вработен да биде позитивен на КОВИД-19 за време на тренингот, мора да се следат следниве упатства:

  • Да се изолира лицето веднаш од остатокот од групата;
  • Доколку има лица кои биле со позитивниот во контакт, лицата се упатуваат во домашна самоизолација;
  • Да се информира администрацијата на ФФМ и надлежниот епидемиолог;
  • Да се исчистат и дезинфицираат сите простории.

ОДИГРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИ

Натпреварите ќе се одигруваат без присуство на публика. При елаборирање на овој дел од планот, почетна точка е претпоставката дека на краток и среден рок нема да може да се играат натпревари со присуство на публика. За да може ФФМ да ги исполни своите договорни обврски кон Арена ТВ како пренесувач на натпреварите и да овозможи ТВ-преноси на натпревари неопходно е екипите кои го спроведуваат снимањето да се сведат на неопходниот минимум, бидејќи истите мораат физички да бидат присутни на стадионот. Организирањето на натпревар претпоставува присуство на: играчи, тренери, медицински персонал, помошен персонал, службени лица на ФФМ (судија, контролор на судењето, делегат и други претставници), вработени во ТВ продукцијата, како и други лица вклучени во организацијата на натпреварот.

За успешно организирање натпревар во овие услови, во преден план треба да бидат следниве цели:

  • Намалување на потребниот персонал на минимум,
  • Сеопфатни мерки за најголема можна физичка поделба на присутните лица,
  • Придржување кон сите безбедносни и превентивни мерки (на пр. Одржување на социјално растојание, носење на заштитни маски и дезинфекција).
     

ПОДЕЛБА НА СТАДИОНОТ ВО РАЗЛИЧНИ ЗОНИ

Стадионот за иатпреварите ќе биде поделен во 3 зони, со цел најдобро координирање на различните групи на персонал и успешно спроведување на соодветните безбедносни и превентивни мерки. Во принцип, не е дозволено слободно движење на лица меѓу зоните. Организаторот на натпреварот е одговореи за поделбата на зоните, а предлогот на концептот на поделба треба да се достави до Комисијата за натпревари на ФФМ, не подоцна од 15 дена пред закажаното продолжување со натпреварувањето. ФФМ (Комисија за натпревари на ФФМ) дава конечна согласностза предложените зони.

ЗОНИ ЗОНИ ПРОСТОРИИ/ДЕЛОВИ
1 - Терен за игра и службени простории
  • терен за игра 
  • соблекувални
  • тоалети
  • контрола на допинг
  • технички простор
  • простор околу теренот за играње
2 - Простор на трибините (само главна трибина)
  • тоалети
  • ВИП-дел
  • медиуми
  • просторија за официјалниот спикер
3 - Надворешност на стадионот
  • пристапни патишта
  • простор за ТВ продукција
  • надворешниот периметар на стадионот
  • паркинг

УПРАВУВАЊЕ СО РАЗЛИЧНИ ГРУПИ НА ЛИЦА

Секое лице што влегува во стадионот мора да пополни и потпише изјава за одговорност и мора да има одредена акредитација на ФФМ или личен документ, врз основа на кој ќе се утврди идентитетот. Бројот на потребните лица мора да се сведе на минимум, како што следува:

ЗОНА 1 - Терен за игра и службени простории

  • Играчи на двата тима (11 + 7) 36 
  • Стручен штаб на двата тима (6) 12 
  • Собирачи на топки 4 
  • Фотографи 2 
  • Брза помош 3 
  • Носачи на носилки 2 
  • Обезбедување / полиција 5 
  • Судии 4/6
  • Други претставници на ФФМ 1 
  • Анти-допинг 1
  • Лица за одржување / чистење 2 

Вкупно 74 приближно

ЗОНА 2 - Простор на трибините (само главна трибина)

  • Обезбедување / полиција 7 
  • Противпожарна служба 2 
  • Одговорни лица на стадионот 2 
  • Гостинска делегација 4 
  • Домашна делегација 6 
  • Новинари 6  

Вкупно 25

ЗОНА 3 - Надворешност на стадионот

  • Обезбедување и полиција 7 
  • ТВ продукција 5 
  • Одржување на стадион 5 

Вкупно 17

ПОДГОТОВКИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

Пред секој натпревар, гостинскиот клуб на клубот домаќин има обврска да му достави комплетен список на учесници на натпреварот, како и потпишани изјави за одговорност. Списокот се доставува најдоцна 6 часа пред почетокот на натпреварот а изјавите можат да се достават и по пристигање.

Гостинскиот клуб има обврска да го информира домашниот клуб за времето на пристигнување на стадионот и кои од нив патуваат со автобус или со други возила.

ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ТИМОТ НА СТАДИОНОТ

При патување и пристигнување на стадион, неопходно е да се применат мерки за заштита (носење маски за лице, дезинфекција итн.)
Фудбалерите доаѓаат со сопствен превоз исклучиво почитувајќи ги препораките од надлежните органи за патување со сопствено возило, кои во моментот на подготовка на овој протокол предвидуваат патување на најмногу 3 лица со едно возило.

Кога се користи автобус, секое лице седи само - преку две седишта .

Доколку е можно, екипите и другите службени лица пристигнуваат на стадионот директно, најдоцна 90 минути пред почетокот на натпреварот.

Неопходно е да се избегне пристигнување претходниот ден.

Доколку тимот пристигне еден ден порано, потребно е да се утврдат сите мерки за заштита со персоналот на избраниот хотел, со цел да се заштити здравјето на играчите и другите вработени.

Пред почетокот на натпреварувањето сите учесници имаат обврска да направат тестирање. Учесниците со негативен резултат, можат да бидат присутни на натпреварите.
Доколку за време на натпреварувањето кај учесниците се случи појава на симптоми на КОВИД-19, појава на ситуација на задолжителна самоизолација, контакт со заболен и слично, задолжително е повторно тестирање. Само лицето кое има негативен тест согласно пропишаните процедури може да продолжи да учествува во натпреварувањето.

КОНТРОЛА НА ВЛЕЗОТ НА СТАДИОНОТ

Клубот / организаторот домаќин е одговорен за контролирање на влезот на стадионот, a делегатот на ФФМ или друго овластено лице на ФФМ го надгледува спроведувањето на сите мерки.

Само лицата наведени во овој Протокол и под наведените услови (потпишана изјава за одговорност и документ за лична идентификација) можат да влезат во стадионот.
При влегувањето, сите лица мора да поминат низ процедура за дезинфекција, а нивната телесна температура се мери на ист начин опишан претходно. На лицата со покачена температура не им се дозволува да влезат на стадионот.

Распоредот на влегување во различни делови на стадионот го одредува клубот домаќин.

УПОТРЕБА НА СОБЛЕКУВАЛНИ

Соблекувалните не се употребуваат.

По исклучок, во случај на лоши временски услови ( дожд, снег и ниски температури), клубот домаќин е должен да обезбеди услови за користење на соблекувалните за чување на облеката која не се користи за натпревар а има неопходност од нејзино користење поради временските услови.

Во вакви услови може да има најмногу 3 лица во една соблекувална во исто време. Овој распоред треба да обезбеди одржување на растојание помеѓу играчите (минимум 2 метри).

Дезинфекција на соблекувалните се врши по секоја употреба наведена во став 2;

Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и дезинфицирани;

Кантите за отпадоци мора редовно да се празнат на пропишан начин од надлежните органи.

ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ТЕРЕН НА ИГРАЧИ И СУДИИ

Играчите и судиите до централниот дел на теренот доаѓаат на повик од главниот судија со задолжително почитување на растојание од 2 метри. Ракување не е дозволено.

ТЕХНИЧКИ ПРОСТОР

Седењето во техничкиот простор треба да биде организирано на таков начин што ќе се почитуваат пропишаните мерки за заштита (носење маски и социјално растојание од 1,5 до 2 метри). Доколку е потребно, може да се постават дополнителни столици надвор од техничкиот простор. Во техничкиот простор може да седат резервните играчи, шефот на стручен штаб, докторот и физиотерапевтот. Останатите членови на стручен штаб можат да седат на трибина или на дополнителните седишта поставени надвор од технички простор со пропишано растојание.

Докторот при интервенција задолжително носи маска, ракавици, задолжително користи дезинфекционо средство а доколку се случи потешка повреда со крварење носи мантил за еднократна употреба.

СОБИРАЧИ НА ТОПКИ

Клубот домаќин ќе обезбеди 4 собирачи на топки, кои мора да ги почитуваат правилата за заштита.

ПОЗДРАВ ПО КРАЈОТ НА НАТПРЕВАРОТ И СЛАВЕЊЕ НА ГОЛ

Поздрав (ракување) и групирање по завршувањето на натпреварот не е дозволено. Исто така, кога се прославува гол, мора да се одржи социјално растојание, т.е. не е дозволен физички контакт помеѓу играчите и групирање.

ТВ ПРОДУКЦИЈА

ТВ куќите овластени за пренос мора да достават список на персонал, со потпишани изјави, до клубот домаќин, не подоцна од 24 часа пред натпреварот.

ТВ куќите се одговорни за спроведување на пропишаните мерки за заштита.

МЕДИУМИ

Клубот домаќин е одговорен за акредитирање на претставниците на медиумите. Бројот на лица треба да се сведе на минимум и не смее да го иадминува наведениот број во овој документ (најмногу 6 новинари + 2 фотографи). Клубот домаќин мора да достави список на присутни претставници на медиумите, заедно со потпишаните изјави за одговорност до делегатот на ФФМ.

СООПШТЕНИЕ - ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО НАТПРЕВАРОТ

Одржување на прес конференција по завршување на натпреварот не е задолжителна. Доколку постои потреба од тоа, задолжително да се почитуваат мерките за заштита.

околку тоа не е можно, прес-конференција може да се организира преку видео-врска.

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА НА НАТПРЕВАР

Најдоцна 72 часа пред почетокот на првиот натпревар на кој се делегирани сите службени лица имаат обврска да направат тестирање.

За евиденција и начинот на спроведување на мерката поврзаиа со тестирање се грижи Судискиот одбор на ФФМ.

Службените лица можат да ја вршат својата функција само доколку имаат негативен тест на КОВИД-19 добиен согласно процедурите пропишани од надлежните здравствени органи.

Доколку за време на натпреварувањето кај службените лица се случи појава на симптоми на КОВИД-19, појава на ситуација на задолжителна самоизолација , контакт со заболен и слично, задолжително е повторно тестирање пред наредно делегирање. Само лицето кое има негативен тест согласно пропишаните процедури може да продолжи да ја врши функцијата на службено лице.

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА

Службените лица делегирани од ФФМ- судиите, делегатот, контролорот, комесар за безбедност или лице овластено од Комисијата за безбедност или друго лице назначено од ФФМ имаат обврска да ги почитуваат сите мерки за заштита споменати во овој Протокол и сите мерки за кои обврската за спроведување ја има клубот домаќин (мерење на температура, користење на средства за дезинфекција на раце и нозе, одржување на социјално растојание, движење во определена зона и др.)

Сите службени лица имаат обврска за носење на маски пред, за време и по завршување на натпреварот освен кога на терен активно се вклучени во играта.

ПРЕВОЗ

Службените лица можат да патуваат до местото на одигрување на натпреварот исклучиво почитувајќи ги препораките од надлежните органи за патување со сопствено возило, кои во моментот на подготовка на овој протокол предвидуваат патување на најмногу 3 лица со едно возило.

При патување мора да се почитуваат безбедносните протоколи - носење на маски, користење на средства за дезинфекција од страна на патниците и дезинфицирање на возилото.

ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Службените лица по пристигање на стадионот имаат обврска да достават изјави за одговорноста.

ПОДГОТОВКА НА СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА ЗА НАТПРЕВАР И НАТПРЕВАР

Службените лица на кои функцијата им налага користење на соблекувална, доаѓаат во спортска опрема , подготвени за натпревари и не користат соблекувална.
По исклучок предвиден во овој протокол(лоши временски услови) , службените лица треба да ги почитуваат мерките пропишани за користење на соблекувална за играчи во вакви услови, a клубот домаќин ги спроведува сите мерки за заштита и дезинфекција како и за соблекувалните на фудбалерите.

Просторијата која се користи пред, за време и по завршување на натпреварот за составување на записник од натпреварот, треба да биде дезинфицирана, да содржи средства за дезинфекција, сите присутни задолжително да носат заштитни маски и одржуваат растојание од 1,5 до 2 метри.

Службените лица неопходно е да применуваат и други лични превентивни мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот поради што потребно е да внимаваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од стадионот/теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварувањето.

МАКЕДОНСКИ И СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПРИ ВЛЕЗ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ ДОЛЖНИ ДА СПРОВЕДУВААТ ОДРЕДЕНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВО ПЕРИОД ОД 14 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ДРЖАВАТА И ТОА:

  • Почитување на одредбите за носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице маска не е задолжителна со внимателно избегнување на допирање на лицето со рацете;
  • Да се ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа;
  • При евентуален контакт  со други лица задолжително е носење на заштитна маска;
  • Должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата; 
  • Често миење на рацете или нивна дезинфекција;
  • Избегнување физички контакт и одржување на растојание од најмалку 1,5 - 2 метри при контакт лице-в-лице;
  • Да се избегнува користење на јавен градски и меѓуградски превоз; 
  • Мерење на телесна температурата наутро и доколку е поголема од 37,2 °C или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) го контактира телефонски својот матичен лекар или со сопствено возило и еден придружник се јавува на преглед во најблиската здравствена установа каде врз основа на клиничката слика се одлучува  за понатамошен третман. 
  • Доколку состојбата бара итна хоспитализација се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува  најблиската COVID болница, со претходна најава по телефон.
  • Давање на точни податоци на здравствените власти за престој надвор од Република Северна Македонија во претходниот период од 14 дена.
  1. Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот/ите.
  2. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од  плексиглас  во висина над главата.
  3. На автобуските станици да се означат/обележат  точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри  и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.
  4. Исполнетост на возилото со патници до максимум 50% од вкупниот капацитет.
  5. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).
  6. Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.
  7. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.
  8. Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
  9. Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата.
  10. Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.
  11. Тоалетот редовно да се чисти и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит за што ќе се води редовна дневна евиденција. Во тоалетот задолжително да има средство за дезинфекција на рацете. 
  12. По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.

Овој Протокол се однесува на меѓуградски, градски и општински превоз на патници 

 

  1. Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот.
  2. На автобуските станици да се означат/обележат  точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри  и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.
  3. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од  плексиглас  во висина над главата.
  4. Исполнетост на возилото со патници до максимум 50% од вкупниот капацитет.
  5. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).
  6. Означување на правецот на движење на патници во автобусот.
  7. Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.
  8. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.
  9. Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
  10. Се забранува консумација на секаков вид храна и пијалоци во возилата.
  11. Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.
  12. По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.
     

УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА

Секој вработен кој е директно вклучен во третманот и грижата за децата/лицата треба да ја носи следната заштитна опрема:

  1. Визир 
  2. Маска 
  3. Ракавици
  4. Обувки
  1. Визирот треба да се носи постојано, додека се спроведува индивидуалниот дефектолошкиот/логопедскиот/психолошкиот третман. По секоја употреба, истиот треба да се дезинфицира.
  2. Маската треба да се носи постојано под визирот, само во услови кога проценката бара демонстрирање на начинот на изговор, маската може да се извади. Маската треба да се менува на секои 2 часа.
  3. Заштитните ракавици треба да се носат постојано и да се менуваат после секое дете. Доколку се појави потреба (на пример контакт со плунка на детето) и во тек на проценката, ракавиците се натопуваат со дезинфекционо средство.
  4. Во просториите на Центарот при самиот почеток на работниот ден се облекуваат работни, заштитни обувки (кломпи или папучи), се носат само во Центарот и со нив не смее да се излегува надвор од просториите на Центарот. Истотото важи и за корисниците на Дневниот центар. При влезот во просторијата на Дневниот центар од страна на лица кои не се вработени во истиот задолжителна е употреба на навлаки за обувки (каљачи).
     

ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА И ХИГИЕНА НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР ВО ТЕК НА АКТИВЕН РАБОТЕН ПРОЦЕС

  1. Редовно миење на раце согласно упатството на СЗО, (објавено во секоја работна просторија), пред и по завршен проценка/третман, или друга работна манипулација, како и секогаш кога вработениот ќе процени за потребно и дезинфицирање на рацете пред почеток и по завршување на секој контакт со детето или родителот и по потреба, пред ставање на заштитни ракавици и по вадење на истите. Секој родител и дете мора да ги дезинфицира рацете пред и по завршетокот на проценката/третманот.

  2. Редовно пребришување на работни површини по завршување на проценката/третманот. Задолжение на секој вработен е својот работен простор, работни и манипулативни површини да ги пребришува со дезинфекционо средство.

  3. Подот и заедничките простории, вклучително и просторијата за индивидуални третмани, како и јавните санитарни простори се одржуваат од страна на технички персонал, согласно пропишаните чекори од протоколот за одржување на хигиена во вонредни услови, наложена од комисијата за интрахоспитални инфекции.

  4. Заедничкиот паркинг простор, како и јавниот простор во и околу објектот е во надлежност на менаџментот на самиот објект и истиот треба да биде дезинфициран еднаш дневно во утринските часови и да биде забрането преоптеретување со многу возила на посетители, освен возила на вработени.  

  5. Контрола и дополнување на средства за дезинфекција ќе бидат во надлежност на помошно-техничкиот персонал, а доколку нема од редот на стручните работници.

 

ПАТЕКА НА ДВИЖЕЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ НА ЕПИДЕМИЈА

Протокот на родители и деца во и надвор од дневниот центар се одвива по строго контролиран ред, со минимум време поминато во заедничките простории и ходниците на Центарот. Придружниците на децата/лицата исто така поминуваат минимално време движејќи се низ центарот, притоа самостојно обезбедувајќи си заштитна опрема за себе и за детето. Придружбата има право на престој во чекалната само доколку ги користи овие заштитни средства и при престојот има услови за да обезбеди физичка дистанца од 2 метри со другите лица. Во спротивно, се препорачува придружбата да го чека детето/лицето во јавниот простор на дневниот центар, но надвор од објектот.  

 

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЕМ СЕ ОДВИВА ПО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД:

  1. Родителот покренува барање за прием со јавување на службените телефони на центрите за социјална работа или Дневниот центар. Вработените стручни лица ги прибираат основните податоци за детето и семејството и врши прием на документи. Документите се предаваат на стручните работници од страна на родителите или старателот електронски (секогаш кога родителот има услови за тоа) или директно се испраќаат (на хартија) адресата на центрите за социјална работа.

  2. Два дена пред терминот за прием родителот се контактира телефонски при што се прави интервју за здравствената состојба на детето и семејството и се потполнува прашалник за услови за ризик од заболување со Корона вирус. Доколку нема сомневање за зараза со COVID 19 родителот се информира за постапката за прием и условите за истата.

  3. На денот на приемот родителот/старателот и детето ги прима раководителот на Дневниот центар кој повторно прави анкета за здравствената состојба и ги предава на друг стручен работник кој ќе го врши третманот на детето/лицето. На детето/лицето задолжително му се мери температурата и тоа се повторува секој ден.

  4. Разговорот со родителот се води со задолжително почитување на мерките, а тоа е носење на заштитна маска и минимална дистанца од 2 метри. Во просторијата со родителот може да присуствува само едно стручно лице. Советувањето на родителот во врска со спроведената проценка/третман да се извршува исклучиво по телефон.

  5. Вежбите и третманите во дневните центри се спроведуваат исклучиво со потрошен и дидактички материјал кој може лесно да се дезинфицира. 

  6. Задолжително е  редовно проветрување на просторијата на секои два часа, помеѓу секоја проценка/третман и секогаш кога е неопходно во тек на работата.

  7. Забрана за користење на уреди и дидактички материјали кои тешко се дезинфицираат за време на проценката/третманот во вонредни услови.

 

РАСПОРЕД ЗА РАБОТА 

  1. Сите лица кои се вклучени во работењето во Центарот, ќе бидат поделени во  тимови од страна на раководителот на Дневниот центар, заради обезбедување на физичко дистанцирање и заштита од физички контакт помеѓу корисници и вработенитe.

  2. Се забранува групирање на вработените за време на пауза во простор (кабинети, канцеларии) кој што не обезбедува физичка дистанца од 2 метра.

  3. Се забранува движење и престој на вработените надвор од својот кабинет, во работните простории на објектот и во јавните простории без оправдани потреби. Движењето по ходници треба да биде само кога е тоа неодложно и крајно неопходно.

  4. Комуникацијата помеѓу персоналот со надворешните соработници и родителите на децата да се одвива по телефон.

  5. Стручните состаноци ќе продолжат да се одвиваат on-line.

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ВО ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ 

За Дневниот центар

  • Да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектот, да се направи чистење и дезинфекција на  целата опремата и инвентарот (во заедничките простории, просториите за третман, кујните, собата за изолација, административните простори и другите простори во објектите);
  • После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите;
  • Дневните центри да обезбедат доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените;
  • Дневниот центар да обезбеди безконтактен термометар за секој влез на центарот;
  • Дневниот центар да обезбеди  доволно материјали и додатоци за чистење и дезинфекција;
  • На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција;
  • Вработените пред отпочнување со работа да бидат тестирани со ковид тест и  да обезбедат  потврда за здравствена состојба;
  • Хронично болните да бидат ослободени од работа  (ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44, Астма – J45, Интестицијална фиброза – Ј84, Срцева слабост со EF<40, Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци, Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија, Тешка аортна и митрална стеноза, Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци, Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци, Длабока венска тромбоза до 3 месеци, Диајабетес тип I, Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ, Сите малигни заболувања – C00-C97, Состојба по трансплантација на бубрег – Z94., Хроничен нефротичен синдром – N04, Интермитентна хемодијализа – Z99.2, Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00, Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34);
  • Да им се  укажете  на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата/лицата и да се придржуваат кон процедури во согласност со препораките поврзани со превенцијата на КОВИД-19 (вклучително и почитување на социјалната оддалеченост и употреба на лична заштитна опрема);
  • Веднаш  да се отстранат вработените од своето работно место доколку имаат било какви симптоми на болест;
  • Да се дезинфицираат прекинувачите, кваки на вратите, умивалници, масите, столови;
  • Да се дезинфицираат играчките и дидактичката опрема;
  • Да се направи распоред за прием на децата за да нема групирање на влезот на центарот;
  • Да се одбележи  пред  секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца/лицата;
  • Воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција, како и мерење  температура со безконтактен термометар на вработените и децата/лицата при влегување во центарот;
  • Обезбедете можност децата/лицата да седат на масите на растојание од 2 метри; 
  • Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места; 
  • Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се превезуваат децата (ако е организиран превозот);
  • Групите на деца/лица да имат максимум по 10 деца/лица во една смена;
  • Секој родител/старател да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете не постара од два дена;
  • Организирајте го престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт, активностите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено во мали групи доколку центарот поседува двор;
  • Не дозволувајте собирање и меѓусебни контакти на вработените;

За Стручниот кадар 

  • Секој вработен мора да носи задолжително заштитна опрема (маска, ракавици) кога е на работно место и дополнително визир кога дава индивидуален третман;
  • Посебно внимание треба да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење и слично;
  • При јадење не дозволувајте децата/лицата да споделуваат храна едни со други;
  • Не користете дидактички материјали што не се мијат и дезинфицираат; 
  • Воспоставете јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана“ - користена опрема за да го спречите вкрстувањето;
  • Воведете  задолжително миење на рацете на децата/лицата при прием  и почести миење во тек на денот, а задолжително, особено после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет; 
  • Воведете задолжителен надзор при миење на рацете на децата/лицата;
  • Кога користите средства за дезинфекција, земете ја во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт;
  • Редовно, во согласност со временските услови  отворајте ги  прозорците, особено во просториите за групна работа. Не користете вештачка вентилација;
  • Спроведувајте засилени воспитни активности со децата/лицата, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и создавајте навики кај децата/лицата за лична хигиена за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди - на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата, за просторна дистанца, да избегнуваат  да го допираат лицето и друго;
  • Контролирајте ги причините за отсуство на децата/лицата, контактирајте со родителите, а доколку е потребно и со матичниот лекар од надлежниот здравствен центар;
  • Не спроведувајте организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично);
  • Во случај на здравствени промени кај згрижените деца/лица, треба да се преземе следново:
    • во случај на  промена во здравствената состојба - изолирајте го детето во просторијата за изолација, веднаш известете го родителот/старателот,  доколку детето/лицето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар;
    • по интервенција во вакви случаји што е можно побрзо задолжително да се  јавите кај матичен лекар;
  • Проверете го здравјето на другите деца/лица во групата и објектот и изолирајте ги сите сомнителни случаи;
  • Во случај на потврда на инфекција COVID 19, не користете го местото каде што престојувалo лицето. Отворете ги надворешните врати и прозорци за да го проветрите просторот. Почекајте најмалку 24 часа пред да го исчистите просторот. Детално измијте и дезинфицирајте го просторот, површините, додатоците, опремата и слично со средства за дезинфекција во согласност со упатствата на производителот, со употреба на опрема за лична заштита;

За Родителите

  • Родителите при носење на децата во дневните центри задолжително да имаат заштитна маска и ракавици;
  • Да го  почитуваат  утврденото време за носење на детето во центарот, како и  просторната дистанца при предавање и земање на детето;  
  • Носење  и земање на  детето од дневните центри да го врши само родителот, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице 
  • Доколку детето има симптоми на заболување - респираторни, цревни инфекции, треска итн. или со сомнителен почеток на болест (замор, губење на апетит, итн.), родителите да не ги носат децата/лицата во дневните центри;
  • Родителот/старателот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете не постара од два дена;

НАПОМЕНА:

Протоколот има важност и за сите останати вработени кои имаат редовна комуникација со корисници на дневно ниво. 

За сите дополнителни тековни и вонредни потреби за постапување во рамки на Центарот, продолжуваат да важат пропишаните одредби од државните органи, како и интерните акти на установата. Доколку има неопходна потреба за разрешување на конретна ситуација во вонредна состојба, се задолжува работникот да се обрати на непосредниот раководител, а потоа тој на раководителот на Центарот.

Постапувањето по овој протокол е задолжително и секое непостапување по истиот подразбира неисполнување на работна задача и ќе следат санкции согласно Законот за јавни службеници и Законот за здравствена заштита.

Заради спречување на пренесување и ширење на COVID -19 инфекција предизвикана од коронавирусот во базените, потребно е почитување на основните превентивни мерки:

  • Задолжително носењето на лична заштитна опрема на лицето 
  • Одржување на физичка дистанца 
  • Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба  на средство за дезинфекција на рацете  на база на алкохол 
  • Редовно чистење и дезинфекција на средината

ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ОБЈЕКТОТ

  • Пред билетарниците да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува on-line купување на билети. 
  • Пред влезот на објектот да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбедени средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување. 
  • Средство за дезинфекција на рацете да се постави пред влезот на сите простории во објектот. 

ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.

КОРИСТЕЊЕ НА СОБЛЕКУВАЛНИ

Користење на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто).

ВЛЕЗ ВО БАЗЕНСКИОТ ДЕЛ

  • При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.
  • Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата. 
  • Одржување физичка дистанца меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води. 
  • Ограничување на бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот)  или  еден пливач на 7м² во базенот. 
  • Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките. 
  • Секој посетител треба да носи своја опрема и пешкири, не е дозволено користење на туѓа опрема.
  • На терасата на базенот се поставуваат лежалки на растојание од 1,5-2 метри. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби. Лежалките се дезинфицираат после и пред користење на секој посетител. 
  • Одржување на хигиенските услови на водата во базенот (хлорирањето) се врши на вообичаениот начин со максимално дозволени концентрации на хлор. 

САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ

  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. 
  • Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства. 

ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки. 

Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење  не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар. 

Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.  

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Задолжително да се води евиденција за секој тренинг, организирана спортско-рекреативна активност или слободно користење на базенот од страна на граѓаните со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен со КОВИД-19. За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн. 

УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ

Не се препорачува користење на угостителски услуги.

ПРЕПОРАКИ ЗА БАЗЕНИ ВО СОСТАВ НА ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ

Во однос на отворените базените кои се во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.

Во работата на клубовите учествуваат следните лица (во понатамошниот текст – учесници)

  1. Фудбалери –14  
  2. Тренери – 3
  3. Медицински персонал – 2
  4. Администрација – 3 

Службени лица делегирани  од лица од ФФМ:

  1. Судии – 2 по натпревар во најголем дел
  2. Делегат на натпревар – 1 по натпревар
  3. Мерач на време – 1 по натпревар
  4. Комесар за безбедност – 1 по натпревар по потреба

1. Основните принципи  врз кои се заснова овој протокол се:

  • Заштита на  здравјето на играчите и нивните семејства;
  • Заштита  на  здравјето на тренерите и нивните семејства и
  • Заштита  на  здравјето на другите вработени и соработници кои ќе стапат во контакт со играчите по продолжувањето на тренингот како и службените лица на натпреварите.

2.    Предлог мерки

  • Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;
  • Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност, што е услов за учество / учество на натпревар /;
  • Тестирање на COVID -19 треба да се изврши најдоцна 72 часа  пред почетокот на натпреварувањето, а по потреба и дополнително;
  • мерење на температура на сите учесници при влегување во салата;

Напомена: За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 С֯ со која може слободно да влезе во салата. Лице кое при пристигање во салата има телесна температура од 37.1 до 37.2  С֯се изолира во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до салата. Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во салата,  во спротивно на истото не му се дозволува влез во салата. Лице кое при пристигање во салата има телесна температура 37.3  С֯и повеќе не му се дозволува влез во салата.  Се упатува клубот за лицата на кои не им е дозволено да влезат во салата, истите да се изолираат од групно патување. 

 

  • поставување средства за дезинфекција  кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
  • употребата на заштитни маски е задолжителна освен за фудбалерите кои се на терен во игра;
  • секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
  • секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;
  • зачестено чистење и дезинфекција на сите простории во салата,  материјалите и опремата;
  • одржување на социјално физичко растојание(нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт). 

3. ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС
3.1 Временски распоред
Тренажниот процес пред почеток на натпреварувањето пожелно е  да се подели во 3 фази, како што следува:

  • почеток на индивидуален тренинг на играчи во салата без физички контакт (2 дена);
  • почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 3 играчи истовремено) (3 дена);
  • колективен тренинг со комплетен тим  (доволен број на денови потребен за подготовка на екипата согласно индивидуална процена на тренерот);

Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени.
Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот за тренинг. Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготвеност до самиот почеток на самото натпреварување.
Како што  е наведено, фазите се следни:

  1. Подготвителна фаза и фаза на индивидуален тренинг на играчи;
  2. Фаза на тренинг во мали групи; 
  3. Колективен тренинг.

За да се исполнат овие принципи, треба да се спроведат следните мерки:

  • Секој клуб треба да подготви список на лица вклучени во процесот на тренинг;
  • Сите лица во салата мора да бидат идентификувани на соодветен начин; 
  • Теренот на кој ќе се организираат тренинзите мора да биде јасно дефиниран; единствените лица кои имаат пристап до овој терен / сала се: играчи, тренери, доктор и физиотерапевт, економ и минималниот број на персонал задолжен за дезинфекција и чистење;
  • Неопходно е да се изврши набавка на соодветни средства за редовно чистење и дезинфекција на просториите (треба да се посвети посебно внимание на површините кои често се допираат како што се врати, прекинувачи, итн.);
  • Дезинфекција и чистење на материјали и простории мора да се изврши во согласност со важечките препораки на надлежните здравствени органи; 
  • Заштитата, хигиената и миењето на рацете мора да бидат на високо ниво ;
  • Сите учесници во тренажниот процес мора да се однесуваат согласно мерките и препораките на надлежните здравствени органи;
  • Сите активности што имаат поголем број учесници мора да се сведат на минимум;
  • Неопходно е да се применуваат и други лични превентивни мерки со цел да се спречи ширењето на инфекцијата поради што сите учесници е потребно да внимаваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од салата/теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварувањето;
  • Пред започнување на тренажниот процес  да се обрне внимание на:
    • Учесниците;
    • Состојба на терени / сали,
    • Транспорт / превоз.

3.1.1. Персонал (Учесници)
На тренинзите можат да присуствуваат само учесници кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мора да бидат однапред познати  и  евидентирани на список кој ги содржи следните генералии:  име и презиме, опис на работното место(фудбалер, економ, физиотерапевт, секретар и слично) и датум на тренингот.

3.1.2. Терени / сали
Со цел терените / салите да бидат што е можно подобро изолирани, се советуваат клубовите доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тренинг камп со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите да престојуваат во своите домови и на тренинг да патуваат поединечно (сам) со автомобил.
Пред да пристигнат во салата, сите простории мора темелно да се исчистат и дезинфицираат во согласност со упатствата на надлежните здравствени установи.
Сите критични површини (рачки на врати, прекинувачи, кутии, итн.) мораат да бидат дезинфицирани.
Целокупната постапка треба да биде во писмена форма (записник дека е направена дезинфекција со датум), а салата / теренот обележана со безбедна зона. 
Сите лица што влегуваат во салата мора да се придржуваат кон строгите хигиенски услови.
Просторот на економот (доколку поседува): пристап до економат / магацин и негово управување има само едно лице, кое мора да ги почитува следниве мерки:

  • Економатот мора да биде заклучен доколку никој не престојува / работи во него,
  • Економот редовно ги мие и дезинфицира рацете и мора да носи маска за лице,
  • Секој пат кога ќе добие ново парче опрема, економот мора да ги мие и дезинфицира рацете,
  • Набавката на нова опрема се врши на не помалку од 15 дена.

Перална (доколку постои/поседува): оваа соба треба да биде затворена. На играчите треба да им се дадат два комплети опрема за тренинг и натпревари за играње, а истата опрема ќе се пере дома после секој тренинг / натпревар.
Соблекувалната: бидејќи ова е потенцијално област со висок ризик за пренесување на инфекции, фудбалерите доаѓаат подготвени во спортска опрема и не користат соблекувална пред и по завршување на тренингот.
Лицата одговорни за одржување мора да ги следат следниве упатства:

  • Секогаш мора да носат маска за лице и ракавици;
  • Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и дезинфицирани;
  • Валканите канти за отпадоци мора да бидат поставени колку што е можно подалеку.

Просторија за физиотерапија (доколку постои/поседува): 

  • Во првите две фази (индивидуален и групен тренинг), физичкиот контакт со играчот мора да се минимизира;
  • Во првата фаза се лекуваат само повредени играчи;
  • Физиотерапевтот мора да носи маска за лице во секое време, и ако е можно ракавици;
  • Нова маска за лице и нови ракавици мора да се носат за секој нов играч;
  • Масата за масажа мора да биде покриена со чиста прекривка или прекривка за еднократна употреба, кои се менуваат по употреба;
  • Делови од масата за масажа што не се покриени мора редовно да се бришат со средства за дезинфекција;
  • Особено треба да се внимава со хигиената. Затоа, се препорачува редовно чистење, или барем по третманот на секој играч.

Фитнес просторија (доколку постои/поседува): употребата на оваа просторија мора да се сведе на минимум, т.е. ограничена исклучиво на повредени играчи, предмет на следниве мерки:

  • Користете на оваа област да се сведе на минимум, и кога е можно, да се прават вежбите на отворен простор;
  • Да се постават уреди со средства за дезинфекција на рака на влезот;
  • Во исто време, може да имам максимум 1-2 играчи, одржувајќи растојание од најмалку  2 метри,
  • Прозорците мора да бидат отворени во секое време или климатизација;
  • По употребата, сите уреди мора да се дезинфицираат;
  • Ако е можно, никој од тренерите не смее да биде присутен; ако е потребно присуство, тогаш тренерот мора да користи маска за лице;
  • На крајот на секој ден, просторијата се чисти и дезинфицира.

3.1.3. Превоз
Да не се организира колективно доаѓање на играчите на тренинг.
Играчите да доаѓаат на тренинг најмногу по тројца со автомобил.
Доколку се користи автобус, седењето треба да биде преку две седишта со задолжително носење на заштитна маска за време на превозот.

3.2. Индивидуален тренинг (фаза 1)
Оперативната организација за индивидуални тренинзи треба да се заснова на следниве принципи:

  • За време на тренингот во салата треба да има минимален број на учесници и персонал (минимум тренери, обезбедување и персонал за чистење и одржување на теренот);
  • На играчите треба да им се обезбеди план за тренингот, еден ден однапред, преку електронски канали за комуникација - интернет, што значи дека не е потребен физички контакт и интеракција со тренерите;
  • Начинот на транспорт / патувањето секогаш треба да биде исто (со истото возило), кое е дезинфицирано;
  • Мора да се направи јасен распоред и план за тренинг на играчите кои ќе бидат на терен;
  • Во исто време, најмногу 2 играчи можат да тренираат на едно поле, кои се на спротивни страни на теренот, со што поголема далечина едни од други;
  • Пристигнувањето на играчите на теренот / салата треба да биде одвоено 15 минути, за никогаш да не доаѓа до физички контакт;
  • Играчите доаѓаат во салата во опрема за тренинг, која ја носат од дома;
  • Вежбите се одржуваат со минимална опрема (реквизити) или без истата;
  • Ако се користат реквизити, тие мора да се дезинфицираат по употребата на секој играч;
  • До доаѓањето во салата и до почетокот на тренинзите, играчите мора да носат маски за лице;
  • На крајот на тренингот, играчот веднаш и директно оди во своето возило;
  • Тренерите можат да го набљудуваат тренингот од далечина.

3.3. Групен тренинг (фаза 2)
Во оваа фаза, сите играчи се поделени во Х групи со максимум 3 играчи, каде групите тренираат одделно и без никаков контакт меѓу нив.

3.3.1. Употреба на соблекувални
Соблекувалните  за тренинг не се употребуваат. 
Секој играч носи своја опрема на тренинзите, како и шише за пиење.
Играчите се тушираат дома.

3.3.2. Физиотерапевтски третман
Во оваа фаза, секоја група, доколку е можно, треба да има „свој“ физиотерапевт. Физиотерапевтскиот третман треба да се сведе на минимум.
Како и во првата фаза, и во оваа не е дозволен третман на играчи кои немаат повреда, пред или по тренинг.  Ова се однесува на сите видови на третмани, освен третмани за бандажирање (зглобови, мусклули итн.).

3.3.3. Дополнителни вежби
За време на првите две фази на тренинг, употреба на фитнес сала не е дозволена, освен за повредени играчи. Можно е да се одржат два вида дополнителни вежби:
а) Сесија пред тренинг: акцентот е ставен на превенција на повреди, со следниве услови за изведба:

  • Мора да се спроведе на терен;
  • Секој играч користи свои реквизити и е на оддалеченост од минимум 5 метри од другите играчи,
  • По секоја употреба, реквизитите треба да се дезинфицираат;

б) Сесија после тренинг: акцентот е ставен на дополнителни вежби, со следниве услови:

  • Дополнителни вежби за тело можат да бидат интегрирани во групниот тренинг;
  • Дополнителни вежби за тело може да се извршат дома.

Тренингот го подготвува и контролира тренерот, но со почитување на социјалното физичко растојание.

3.3.4. Учесници на тренинг
За организирање на тренинг потребен е ангажман на најмногу:

  • 3 тренери;
  • 1 физиотерапевт;
  • 1 економ;
  • 1 доктор.

3.4. Колективен тренинг (ФАЗА 3)
Фазата на колективно тренирање вклучува враќање на целиот тим на тренинг, или со други зборови, враќање во нормала. Во текот на оваа фаза, мора да се продолжи со строго почитување на мерките  за хигиена и дезинфекција, со посебен акцент на просториите што претставуваат најголем ризик од инфекција. 
Особено, треба да се земе предвид следново:

  • Секој што влегува во салата мора да ги користи средствата за дезинфекција и хигиена;
  • Во просторијата за физиотерапија и фитнес не смее да има повеќе од двајца играчи истовремено;
  • Туширањето по тренинг треба да биде дома;
  • Сите простории редовно да се чистат и дезинфицираат.

Во случај играчот, членот на стручниот штаб или друг вработен да биде позитивен на COVID-19 за време на тренингот, мора да се следат следниве упатства:

  • Да се изолира лицето веднаш од остатокот од групата;
  • Доколку има лица кои биле со позитивниот во контакт, лицата се упатуваат  во домашна самоизолација;
  • Да се информира администрацијата на ФФМ и надлежниот епидемиолог;
  • Да се исчистат и дезинфицираат сите простории.

4. ОДИГРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИ 
Натпреварите ќе се одигруваат без присуство на публика.
При елаборирање на овој дел од планот, почетна точка е претпоставката дека на краток и среден рок нема да може да се играат натпревари со присуство на публика. 
За да може клубот да ги исполни своите обврски неопходно е снимателот/снимателите кои го спроведуваат снимањето да се сведат на неопходниот минимум, бидејќи истите мораат физички да бидат присутни на стадионот.
Организирањето на натпревар претпоставува присуство на: играчи, тренери, медицински персонал, помошен персонал, службени лица на ФФМ (судија, , делегат, мерач на време и други претставници), сниматели, како и други лица вклучени во организацијата на натпреварот.
За успешно организирање натпревар во овие услови, во преден план треба да бидат следниве цели:

  • Намалување на потребниот персонал на минимум,
  • Сеопфатни мерки за најголема можна физичка поделба на присутните лица,
  • Придржување кон сите безбедносни и превентивни мерки (на пр. Одржување на социјално физичко растојание, носење на заштитни маски и дезинфекција).

4.1. Поделба на салата во различни зони
Салата за футсал натпреварите ќе биде поделена во 3 зони, со цел најдобро координирање на различните групи на персонал и успешно спроведување на соодветните безбедносни и превентивни мерки.
Во принцип, не е дозволено слободно движење на лица меѓу зоните. Организаторот на натпреварот е одговорен за поделбата на зоните, а предлогот на концептот на поделба треба да се достави до Комисијата за футсал на ФФМ, не подоцна од 7 дена пред закажаното продолжување со натпреварувањето. ФФМ (Комисија за футсал на ФФМ) дава конечна согласност за предложените зони.
 

 

Заради спречување на пренесување и ширење на  КОВИД-19 инфекција предизвикана од коронавирусот на плажите, потребно е почитување на основните превентивни мерки:

  • Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето 
  • Сите посетители и вработени да почитуваат  физичка дистанца од 1,5-2 метри 
  • Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба  на средство за дезинфекција на раце на база на алкохол 
  • Редовно чистење и дезинфекција на средината

ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

На видливи места на влезот и на самата плажа да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.

НА ПЛАЖАТА

  • Сите вработени лица и посетителите до влегување во вода задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата. 
  • Да се обезбедат на достапни и видливи  места средства за дезинфекција на рацете (на база на алкохол во концентрација од 60-70% или друго средство со декларирано вируцидно дејство согласно упатството на производителот).

ЛЕЖАЛКИ

  • Сите посетители и вработените лица на плажата да одржуваат физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода. 
  • Ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина. 
  • Помеѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, од кој секој чадор ќе обезбеди сенка за најмногу  две лица – ова не се однесува на семејства со деца. Да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби. 
  • Групни спортови (како одбојка на плажа) се забрануваат.
  • Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на посетители (согласно погоре наведениот норматив) и спроведувањето на мерките.    
  • На достапни места соодветно на просторот да се постават корпи за отпадоци со капак.

САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ

Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење на тоалетите, на секои 2 часа (а по потреба и почесто) во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства Ограничување на бројот на корисници на санитарните јазли согласно големината.

ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки. 

Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење  не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар. 

Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.  

УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ

За користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.

Не се препорачува користење на гардероби на плажа!

  • Поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена

  • При превоз на учесниците до местото на настанот да се почитуваат протоколите за превоз на патници изготвени од Комисјата за заразни болести и усвоени од Владата на Република Северна Македонија,  со максимум 3 лица во патничко возило, осносно 50% од капацитетот на автобус/минибус

  • Задолжително носењето на лична заштита на лицето на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организацијa

  • Задолжително одржување на физичка дистанца од 2 метри на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација

  • Да се огради просторот на локацијата каде ќе се одвива настанот и да се организира редарска служба, со цел да се спречи неовластено влегување и обезбедување на физичката дистанца од 2 метри

  • Бројот на лица да се ограничи на максимум  50% од капацитетот на оградениот простор во кој ќе се постават столчиња за седење на растојание од најмалку 2 метри

  • Да се постават јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите

  • Да се обезбеди редарска служба, која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки во просторот каде се одржува настанот

  • Да се постават дозери со средства за дезинфекција на рацете при влез и излез, како и на неколку места во оградениот простор на настанот

  • Да се обезбедат мобилни хемиски тоалети зависно од бројот на учесници на настанот

  • Да се обезбедат медицински екипи со санитетско возило, согласно бројот на учесници на настанот

  • Се забранува служење и поставување на штандови со храна и пијалоци. Се дозволува само служење на оригинално пакувана вода

  • При полагање на венците и свежо цвеќе да се почитува препорачаното растојание од 2 метри помеѓу членовите на делегацијата. Помеѓу две делегации кои положуваат цвеќе на спомен обележјето да се обезбеди временско растојание од 2 минути

  • Гардистите задолжително да ностат заштитна маска

  • Во културно-уметничкиот дел на одбележување на настанот не се препорачува учество на хорови, играорни групи и дувачки оркестри

  • Државната химна се препорачува да ја отпее едно лице без учество на пропратни вокали

  • По завршување на настанот се препорачува напуштање на локацијата на организиран начин

  • По завршување на настанот се забранува групирање на повеќе лица во угостителски или други објекти 

  • Запишувањето на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување од 08:00 часот до 14:30 часот.

  • Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во ученичкиот дом.

  • Организирање на редарска служба во студентскиот дом, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците / родителите / старателите од минимум 2 метри пред и внатре во Домот, и тоа 1 редар пред влезот и 1 редар во Домот. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во студентскиот дом, за што одлучува директорот.

  • Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во студентскиот дом.

  • Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните студенти во просторијата и надвор од неа.

  • Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага студентскиот дом.

  • Овозможување на влез на студенти во Домот во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на студенти да биде еднаков на бројот на приемните места.

  • Овозможување на влез само на студенти, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку студентот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во студентскиот дом.

  • Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, која се презема од веб страната на Министерството за образование и наука.

  • Да се постават средства за дезинфекција на влезот во студентскиот дом, како и пред просториите каде се врши запишување на студентите, со цел студентите да се дезинфицираат при влез и излез.

  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и  просторот во Домот со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.

  • На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи на триумхипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.

  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

  • Студентските домови кои имаат два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите вработени, студенти / родители / старатели на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред Домот и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во ученичкиот дом.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во студентскиот дом еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од Домот.
  • Не се задржувајте повеќе од потребното време во Домот.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал)

ВОВЕДНИ МЕРКИ:

  • Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;

  • Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност за почитување наопштите мерки за превенција од COVID-19 мерките кои ќе важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, што е услов за учество во системот на натпревари/ учествона натпревар;

  • Тестирање на COVID-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот нанатпреварувањето, a по потреба и дополнително;

  • мерење на температура на сите учесници при влегување во спортска сала.
    За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37°С со која може слободно да влезе во спортската сала. Лице кое при пристигање во сала има телесна температура од 37.1 до 37.2°С се изолира во посебна просторијаи се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до спортската сала). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во салата, во спротивно на истото не му се дозволува влез во салата.
    Лице кое при пристигање во салата има телесна температура 37.3°С и повеќе не му се дозволува влез во салата. Се упатува клубот за лицата на кои не им едозволено да влезат во салата, истите да се изолираат од групно патување.

  • поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака зазадолжително користење пред секој тренинг и натпревар;

  • употребата на заштитни маски е задолжителна освен за кошаркар/ките кои се на терен во игра;

  • секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);

  • секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;

  • зачестено чистење и дезинфекција на сите простории во спортската сала, материјалите и опремата;

  • одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт);

ОПШТИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

  • Да се избегнува јадење во соблекувални;

  • Да сe чуваат личните предмети и облека во своја торба и да се избегнува да се оставаат истите изложени во соблекувалните или во заедничките корпи;

  • Да се фрлаат марамчиња или останати материјали како што се фластер, завои итн. веднаш во соодветни канти кои што се затвараат;

  • Често и темелно да се мијат рацете: миење на рацете и нивно дезинфицирање се есенцијални за да се спречи инфекцијата. Да се мијат рацете со сапун и вода минимум 20 секунди и потоа да се избршат со крпа за една употреба од кога добро ќе се исплакнат. Доколку сапунот и водата не се достапни, може да се употреби средство за дезинфекција кое што содржи минимум 60% алкохол;

  • Кога се користи обичен тоалет, да се избегнува допирање на чешмата пред и по миење на рацете, користете крпа за една употреба за да ја отворите и затворите чешмата;

  • Избегнувајте да ги допирате очите, устата или носот со нечисти раце;

  • Покријте ја устата и носот со марамче или со лактот ако кашлате или кивате;

  • Треба да биде обезбедено редовно дезинфицирање на масите, клупите, столчињата, закачалки, подови, чешми, кваки, тушеви и тоалети со средства за дезинфекција кои што се на основа на белила или хлор, растворувач, 75% етанол, оцетна киселина и хлороформ;

  • Да се намали присуството на луѓе во соблекувалната на неколку специфично овластени лица со цел да се ограничи бројот на луѓе кои што имаат пристап до соблекувалната на минимум;

  • Пристап до теренот треба да биде ограничен на колку што е можно помалку лица кои што се стриктно неопходни за да може да се изведе тренингот или натпреварот;

  • Тимскиот доктор мора да обрати внимание на медицинската историја, медицинската проценка пред натпреварот и телесната температура да се проверува пред секој тренинг и натпревар за сите играчи и официјални лица.
    Тимскиот доктор мора да ги евидентира медицинската забелешки пред секој тренинг и натпревар, да се осигура дека нема заболен човек кој што учествува на тренинг или натпревар или е во околина на тимот;

  • Хигиенските услови на сите соблекувални како и на сите соби кои што се за допинг контроли треба да се проверат претходно;

  • При влегување во салата, на сите треба да им се обезбеди средство за дезинфекција на раце (или да поминат низ sanitizing gate, доколку е возможно) и да им се измери  телесната температура;

  • Салите со поголем капацитет ќе бидат користени за натпревари за да се обезбеди физичка дистанца;

  • За време на натпреварите, телевизиски екипи, претставници на медиуми и волонтери мора да носат заштитни маски цело време при движење во салата;

  • Болници кои што имаат одделенија за COVID-19 ќе бидат потребни за време на натпреварите;

  • Medically trained hygiene officer мора активно да учествува во организација на тимските патувања, проверка на најдобрите можни заштитни уреди за превентивни цели и мора да се осигура дека за нивно постоење за време на патувањето.

 ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

Тренажниот процес пред почеток на натпреварувањето пожелно е да се подели во три (3) фази, како што следува:

  • почеток на индивидуален тренинг на играчи во спортска сала, без физички контакт (3 дена);

  • почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено) (7 дена);

  • колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за подготовка на екипата согласно индивидуална процена на тренерот).
    Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот за тренинг. 

Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготвеност до самиот почеток на самото натпреварување.

Како што е наведено, фазите се следни:

  • Подготвителна фаза и фаза на индивидуален тренинг на играчи;
  • Фаза на тренинг во мали групи;
  • Колективен тренинг;

За да се исполнат овие ФАЗИ, треба да се спроведат следните мерки:

  • Секој клуб треба да подготви список на лица вклучени во процесот на тренинг;
  • Сите лица во спортската сала мора да бидат идентификувани на соодветен начин;
  • Теренот на кој ќе се организираат тренинзите мора да биде јасно дефиниран, а единствените лица кои имаат пристап до овој терен се: играчи, тренери, доктори физиотерапевт, економ и минималниот број на персонал задолжен за дезинфекција и чистење;
  • Неопходно е да се изврши набавка на соодветни средства за редовно чистење и дезинфекција на просториите (треба да се посвети посебно внимание на површините кои често се допираат како што се врати, прекинувачи, итн.);
  • Дезинфекција и чистење на материјали и простории мора да се изврши во согласност со важечките препораки на надлежните здравствени органи;
  • Заштитата, хигиената и миењето на рацете мора да бидат на високо ниво;
  • Сите учесници во тренажниот процес мора да се однесуваат согласно мерките и препораките на надлежните здравствени органи;
  • Сите активности што имаат поголем број учесници мора да се сведат на минимум;
  • Неопходно е да се применуваат и други лични превентивни мерки со цел да сеспречи ширењето на инфекцијата поради што сите учесници е потребно да внимаваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварувањето.
  • Пред започнување на тренажниот процес да се обрне внимание на:
  • Учесниците;
  • Состојба на терени;
  • Транспорт/превоз;

УЧЕСНИЦИ ВО ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

На тренинзите можат да присуствуваат само учесници кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мора да бидат однапред познати и евидентирани на список кој ги содржиследните генералии: 

  • име и презиме, опис на работното место (кошаркар/ка, економ, физиотерапевт, секретар и слично) и датум на тренингот.

КОШАРКАРСКИ САЛИ

Cо цел кошаркарските сали да бидат што е можно подобро изолирани, се советуваат клубовите доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тренинг камп со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите да престојуваат во своите домови и на тренинг да патуваат поединечно (сам) со автомобил.

Пред да пристигнат во салите, сите простории мора темелно да се исчистат и дезинфицираат во согласност со упатствата на надлежните здравствени установи.

Сите критични површини (рачки на врати, прекинувачи, кутии, итн.) мораат да бидат дезинфицирани.

Целокупната постапка треба да биде во писмена форма (записник дека е направена дезинфекција со датум), а кошаркарската сала обележана со безбедна зона.

Сите лица што влегуваат во кошаркарската сала мора да се придржуваат кон строгите хигиенски услови.

Просторот на економот: пристап до економат/магацин и негово управување има само едно лице, кое мора да ги почитува следниве мерки:

  • Економатот мора да биде заклучен доколку никој не престојува/работи во него;

  • Економот редовно ги мие и дезинфицира рацете и мора да носи маска за лице;

  • Секој пат кога ќе добие ново парче опрема, економот мора да ги мие и дезинфицира рацете;

  • Набавката на нова опрема се врши на не помалку од 15 дена;

  • Перална: оваа соба треба да биде затворена. На играчите треба да им се дадат два комплети опрема за тренинг и натпревари за играње, а истата опрема ќе се пере дома после секој тренинг/натпревар;

  • Соблекувалната: бидејќи ова е потенцијално област со висок ризик за пренесување на инфекции, играчите доаѓаат подготвени во спортска опрема и не користат соблекувална пред и по завршување на тренингот и натпреварот.

Лицата одговорни за одржување мора да ги следат следниве упатства:

  • Секогаш мора да носат маска за лице и ракавици;
  • Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и дезинфицирани;
  • Валканите канти за отпадоци мора да бидат поставени колку што е можно подалеку.

Просторија за физиотерапија.

Во првите две фази (индивидуален и групен тренинг), физичкиот контакт со играчот мора да се минимизира;

  • Во првата фаза се лекуваат само повредени играчи;
  • Физиотерапевтот мора да носи маска за лице во секое време и ако е можно ракавици;
  • Нова маска за лице и нови ракавици мора да се носат за секој нов играч;
  • Масата за масажа мора да биде покриена со чиста прекривка или прекривка за еднократна употреба, која се менува по употреба;
  • Делови од масата за масажа што не се покриени мора редовно да се бришат со средства за дезинфекција;
  • Особено треба да се внимава со хигиената. Затоа, се препорачува редовно
  • чистење, или барем по  третманот на секој играч;

Фитнес просторија: употребата на оваа просторија мора да се сведе на минимум, т.е. ограничена исклучиво на повредени играчи, предмет на следниве мерки:

Користете на оваа област да се сведе на минимум, и кога е можно, да се прават вежбите на отворен простор;

  • Да се постават уреди со средства за дезинфекција на рака на влезот;
  • Во исто време, може да имам максимум 1-2 играчи, одржувајќи растојание од најмалку  2 метри;
  • Прозорците мора да бидат отворени во секое време или климатизација;
  • По употребата, сите уреди мора да се дезинфицираат;
  • Ако е можно, никој од тренерите не смее да биде присутен; ако е потребноприсуство, тогаш тренерот мора да користи маска за лице;
  • На крајот на секој ден, просторијата се чисти и дезинфицира.

ПРЕВОЗ

Да не се организира колективно доаѓање на играчите на тренинг. Играчите да доаѓаат на тренинг поединечно (сам) со автомобил.

Доколку се користи автобус, седењето треба да биде преку две седишта со задолжително носење на заштитна маска за време на превозот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРЕД НАТПРЕВАР

  • Да се користат автобуси/комбиња (минимум дистанца од 1,5 метри мора да биде обезбедена) кој што ќе биде соодветно дезинфициран пред влегувањето;
  • Индивидуални пристигнувања на играчите со кола треба да се земат во предвид (no carpooling) или играчите можат да ги користат своите автомобили, индивидуално;
  • Задолжително носење на заштитни маски за време на патувањето;
  • Без преклопување на времето и местото на пристигнување на двата тима во салата. Треба да постои временска разлика помеѓу пристигнувањето на тимовите;
  • Пристигнувањето да биде што поблиску до влезот на салата;
  • Да се носи шише со вода за да се избегне допирање на чешмата;
  • Да се користат соседни слободни простории како соблекувални, доколку е возможно (мора да има минимум 1.5 метри дистанца). Алтернативно, поголеми соби можат да се користат како соблекувални за тимовите;
  • Времето поминато во соблекувалните мора да биде ограничено на минимум (30-40 минути за индивидуални играчи);
  • За време на влегување и излегување на теренот, играчите мора да го одржуваат правилото за минимална дистанца (за време на загревање, натпревар, полувреме и после натпревар);
  • Поголеми влезни зони за влез на терен треба да се земат во предвид;
  • Не смее да има придружба од деца;
  • Не смее да има банкети (не смее да има тимско фотографирање, не смее да има церемонија за отварање на натпреварот со дополнителни ВИП личности, без ракување);
  • Да се прошират тимските клупи за да може да се одржи дистанца.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРЕД НАТПРЕВАР

  • Да се избегнува допирање на лицето по држење на топка или друга опрема;
  • Да се избегнува делење на храна, пијалоци и вода;
  • На клупата, мора да бидат достапни средства за дезинфекција за играчите и тимските официјални лица.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ

  • Да се напушти тереност што е можно побрзо;

  • Да са измијат рацете темелно или да се користи средство за дезинфекција на раце веднаш по напуштањето на теренот;

  • Да се избегне користење на соблекувалната (на пр. да се тушираат дома);

  • Да нема дополнители или социјални активности;

  • Прес собата и mixed zone ќе бидат затворени;

  • Прес конференции ќе се одржуваат само виртуелно;

  • Да се намали локацијата и бројот на интервјуа базирани на задолжителните мерки за хигиена;

  • Втора просторија за допинг контрола треба да се направи за да се одвојат физички играчите на двата тима;

  • Сите играчи треба да ја напуштат салата што е можно побрзо по завршување на натпреварот. Треба да има простор помеѓу заминувањето на двата тимови;

  • Темелно да се измијат крпите, облеките, торбите, шишињата за вода и сите останати предмети што се користеле или допреле.

Обуката во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи ќе се реализира со сите кандидати - во групи и тоа со 25% од кандидатите или 144 кандидати кои ќе бидат во Центарот за обука, додека останатиот број од 75 % од кандидатите или 432 кандидати ќе следат он-лајн настава од дома по однапред утврден план и распоред за обука и за ротација. Ротацијата на групите од основната обука за полицаец ќе се врши на неделно ниво. Во Центарот за обука ќе се работи на развивање на полициски вештини, додека на вештините на знаење (од аспект на ниво на познавање на законските акти) ќе се работи он-лајн.

Во согласност со утврдениот Куќен ред, во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи се спроведуваат следните активности:

  • сместување
  • будење
  • утринска фискултура
  • постројување за појадок (појадок)
  • постројување за смотра
  • настава
  • постројување за ручек (ручек)
  • самонасочено учење со слободни активности
  • постројување за вечера (вечера)
  • слободни активности.

ВЛЕЗ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА

На влезот во Центарот за обука на пријавница секој кандидат ќе мора да поминува на ткаенина со дезинфекциско средство за оувки и ќе врши дезинфекција на рацете.
Дежурниот полицаец на влезот со топломер ќе мери температура на секој кандидат за полицаец што ќе влегува во Центарот за обука.

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Во рамките на сместувачкиот капацитет на Центарот за обука, а врз основа на горе наведеното редуцирање со 25% на кандидати, во сите павиљони ќе бидат сместени по еден кандидат во соба.

На влезот во секој павиљон ќе има поставено ткаенина со средство за дезинфекција каде кандидатите при влез во павиљонот ќе ги дезинфицираат обувките. Покрај наведеното ќе има поставено и дополнително средство за дезинфекција на рацете и заштитни маски.

УТРИНСКА ФИСКУЛТУРА

Утринската фискултура ќе се спроведува на отвореното спортско игралиште на растојание помеѓу кандидатите од 2 метри.

ПОСТРОЈУВАЊА ЗА ДОРУЧЕК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА

Постројување за појадок ќе биде организирано на повеќе локации каде што ќе се почитуваат препораките за држење на растојание.

Доручек, ручек и вечера во трпезаријата во Центарот за обука ќе се организира на следниот начин:

  • Трпезариската сала е со капацитет од 180 места со што почитувајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести кандидатите ќе бидат делени во групи од по 40 луѓе и ќе се менуваат на половина час за јадење со што ќе се исполнат препораките за меѓусебно држење растојание од 2 метри.
  • На влезот на трпезаријата ќе има исто така, ткаенина со дезинфекциско средство  за дезинфекција на обувки, како и средство за дезинфекција на рацете. На кандидатите од кога ќе ја направат соодветната дезинфекција ќе им се дозволи пристап на лента за земање на храна.
  • За време на спроведување на доручек, ручек и вечера ќе бидат ангажирани тројца дисциплински старешини и одговорниот советник на тимот заради внимавање на држење на растојание и одржување на ред во кујната, односно ќе бидат ангажирани на следниот начин: еден старешина на влезот во трпезариската сала каде ќе се врши дезинфекција на обувките, еден старешина на местото каде ќе се врши дезинфекција на рацете и еден старешина кој ќе биде на делот за враќање на приборот за храната, додека одговорниот советник е должен да воспостави ред и растојание помеѓу кандидатите .

ПОСТРОЈУВАЊЕ ЗА СМОТРА

Постројувањето за смотра ќе се врши на отвореното спортско игралиште, каде што исто така, ќе се почитуваат препораките за држење на растојание од 2 метри.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВА

Пред влезот на комплексот училници ќе биде поставена ткаенина со дезинфекциско средство за дезинфекција на обувки и дезинфекциско средство за рацете и заштитни маски.

Наставата ќе се изведува во комплексот училници каде во секоја училница ќе има максимум до 23 кандидати со што ќе биде постапено по препораките за растојание од 2 метри.

Покрај наставата во училница, во зависност од временските прилики истата ќе може и да се реализира и на отворен простор во т.н. летни училници каде советниците ќе ги задолжуваат кандидатите од своите училници да си земаат столови и други потребни надгледни средства за работа и на претходно утврдени повеќе локации во Центарот, ќе ја спроведуваат обуката, а по завршување на наставата сите столови и опремата ќе биде одложувана во Салата за симулации.

Активностите во наставата за одбранбени техники нема да се реализираат, бидејќи при реализација на наставните содржини кандидатите ќе бидат во непосреден контакт (што е во спротивност за постапување со Протоколот за превентивни мерки за сите работни места од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари, како и други протоколи од областа донесени од Владата на Република Северна Македонија). Истите би продолжиле доколку се воспостават услови.

Заради новонастаната состојба за време на обуката кандидатите нема да го напуштаат Центарот за обука на дневна основа, освен во петок кога си заминуваат дома, со цел да се спречи некој од кандидатите да се зарази и да шири Коронавирус COVID-19 во Центарот за обука.

НАПОМЕНА: Сите вклучени во обуката без исклучок ( вработени во Центарот за обука и кандидати) во сите затворени простории ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна маска.

Непочитувањето на горенаведеното повлекува одговорност за кршење на работната дисциплина.

  • Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот.
  • Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и го истакнува на видни места во училиштето. 
  • Протокот на ученици и вработени во и надвор од училиштето се одвива по строго контролиран ред, со поставување на ознаки со кои се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 1,5 метар при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  • За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метар и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.
  • На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце. 
  • Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.
  • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
  • На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки.
  • Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во училиште и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
  • Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  • На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
  • На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
  • Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
  • Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри.
  • Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца од 1.5 метри.
  • Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците. 
  • Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. 
  • Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето. 
  • Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците. 
  • За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците. 
  • Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
  • Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
  • Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот. 
  • Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре). 
  • Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
  • Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
  • Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
  • За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
  • Директорот на основното училиште треба да определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и вооедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
  • Учениците доаѓаат и одат сами на училиште, во придружба на родител/старател/образовен/личен асистент, со организиран или јавен превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
  • Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците. 
  • Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.
  • Учениците оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница. 
  • Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
  • Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
  • Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
  • Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
  • Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за  потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
  • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
  • Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
  • Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
     

Напомена: Заради специфичната дејност на државните основни училишта (училишта со ресурсен центар, училишта со ресурсен центар и интернатско сместување, државното музичко и балетско училиште), во барањето за настава со физичко присуство во училиште доставуваат План со дополнителни мерки за заштита од  КОВИД-19.

 

АЛГОРИТАМ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА УЧЕНИК СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛЕН/ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, во прилог следи алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19. 

Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секоеучилиште да се определи назначено одговорно лицеза контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛНО НА КОВИД-19

Доколку ученик, за време на престој во училиште, развиепокачена телесна температура над 37,5 С° исимптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.) веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето.

Додека ученикоте во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето.

Назначеното одговорно лице од училиштето веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето.

Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на ученикот. 

Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на ученикот.

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во одделението/класот или целотоучилиште.

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА УЧЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на ученикот ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот. 

Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението/класот во кој престојува позитивниот ученик) со цел превземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на ученикот. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот.

Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот на Мој Термин. 

Назначеното одговорното лице во училиштето ги обезбедува следните податоци:

  • Име/презиме, возраст на ученикот, адреса и место на живеење (клас во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите 
  • Список на учениците со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од одделението/класот во кој ученикот престојува во училиштето и податоци за наставникот(име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт)кој го води одделението со истите горенаведени податоци 
  • Дополнително, список на други наставници/вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик

Списокот со контакти на потврдениотученикги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во училиштето (меѓу учениците и вработените), со тоа што учениците од одделението/класот во кој престојува позитивното дете, како блиски контактизадолжителноодат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето и превземените мерки го известува  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ.

Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето.

Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето.

Ученикот позитивен на SARS-CoV-2 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.

Родителите/старателите на детето позитивно на SARS-CoV-2 како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.

ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА УЧЕНИК ЗА КОЈ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВЕН НА SARS-COV-2

Ученикот кој бил сомнителн на КОВИД-19, а за кој е докажано со PCR тестирање дека е негативен на SARS-CoV-2, продолжува да го посетува училиштето и наставатасо приложена потврда од матичениот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште.

НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на училиштата во услови на епидемија со КОВИД-19 ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат на РСМ.

 

  • Наставниот процес во училиштето се реализира во период од 07:00 часот до 20:00 часот.
  • Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја паралелка и го истакнува на видни места во училиштето.
  • На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето. 
  • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство.
  • Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребно растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  • На сите вработени и на сите ученици при влезот во училиштето им се мери телесна температура и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот, односно ученикот се упатува кај матичен лекар.
  • На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобус и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки.
  • Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски/покривка на лицето за сите вработени и ученици во училиштето.
  • Сите вработени и ученици задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку  1,5 метар.
  • На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.
  • Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  • Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
  • Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
  • Учениците доаѓаат и си заминуваат од училиште сами, во придружба на родител/старател/образовен или личен асистент (за учениците со посебни образовни потреби), со организиран и со јавен превоз. 
  • Учениците и вработените во училиштето го почитуваат протоколот за превоз на патници во јавниот сообраќај (линк до протоколот).
  • Забранет е влез за родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително почитување на мерката за физичка дистанца и носење на маска/прекривка за лице.
  • Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците. 
  • Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
  • За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети кој го истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.
  • Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите (во погоните, хигиенско-санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата).
  • Договорите за практична обука и учење преку работа кај работодавачите се дополнуваат со одредени одредби, кои ја регулираат реализацијата на обуката во услови на пандемија од Ковид-19.
  • Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на ученици од различни паралелки за што училиштето однапред подготвува распоред (пр. За време на 1 наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
  • Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре) и тоа за време на наставните часови за што учениците се благовремено информирани.
  • Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.
  • Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.  
  • Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.
  • Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
  • Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
  • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
  • Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и  веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
  • Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
  • Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.

 

АЛГОРИТАМ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА УЧЕНИК СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛЕН/ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, во прилог следи алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19. 

Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секоеучилиште да се определи назначено одговорно лицеза контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛНО НА КОВИД-19

Доколку ученик, за време на престој во училиште, развиепокачена телесна температура над 37,5 С° исимптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.) веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето.

Додека ученикоте во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето.

Назначеното одговорно лице од училиштето веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето.

Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на ученикот. 

Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на ученикот.

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во одделението/класот или целотоучилиште.

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА УЧЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на ученикот ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот. 

Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението/класот во кој престојува позитивниот ученик) со цел превземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на ученикот. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот.

Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот на Мој Термин. 

Назначеното одговорното лице во училиштето ги обезбедува следните податоци:

  • Име/презиме, возраст на ученикот, адреса и место на живеење (клас во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите 
  • Список на учениците со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од одделението/класот во кој ученикот престојува во училиштето и податоци за наставникот(име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт)кој го води одделението со истите горенаведени податоци 
  • Дополнително, список на други наставници/вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик

Списокот со контакти на потврдениотученикги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во училиштето (меѓу учениците и вработените), со тоа што учениците од одделението/класот во кој престојува позитивното дете, како блиски контактизадолжителноодат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето и превземените мерки го известува  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ.

Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето.

Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето.

Ученикот позитивен на SARS-CoV-2 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.

Родителите/старателите на детето позитивно на SARS-CoV-2 како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.

ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА УЧЕНИК ЗА КОЈ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВЕН НА SARS-COV-2

Ученикот кој бил сомнителн на КОВИД-19, а за кој е докажано со PCR тестирање дека е негативен на SARS-CoV-2, продолжува да го посетува училиштето и наставатасо приложена потврда од матичениот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште.

НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на училиштата во услови на епидемија со КОВИД-19 ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат на РСМ.

1. Претходни подготовки:

1.1.    Се поставуваат информативни материјали за општите мерки за спречување ширење на COVID-19 на видни места;
1.2. Во целиот објект се отстрануваат сите места за седење кои се надвор од читалните;
1.3. На јасно видливи места се истакнуваат информации според кои:
1.2.1.    Се забранува присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор);
1.2.2. Предмети  (ташни, ранци) не смеат да се оставаат на подот;
1.2.3.    Вратите и прозорците не смеат да се затворат;
1.2.4.    Храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите;
1.2.5.    Означени насоки за движење 80 објектот каде што се наоѓа читалната;
1.2.6.    Задолжително носење на маска за лице во просториите на читалната;
1.4. Масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метри;
1.5. Вратите и прозорците се оставаат отворени, истите се фиксираат;
1.6. Пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките;
1.7. Пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на раце;
1.8. Секое место за седење се нумерира;
1.9. Автоматите за самопослужување на пијалаци и храна не се во функција.

2. Влез и излез од објектот

2.1. Пред секое влегување се дезинфицираат рацете;
2.2. Лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задол-жително носи ракавици, маска и наочари/везир за заштита;
2.3. Пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот;
2.4. На пријавница се покажува членска карта и:
2.4.1.    Се добива соодветно место за седење
2.4.2. Се евидентираат: време, име, презиме и податоци за контакт
2.4.3. Странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со Ѕагѕ-CoV-2 и да-ли има забележливи симптоми;
2.5. Напуштање на местото за седење се; најавува на пријавница;

3. Одржување на хигиена во објектот

3.1.    Санитарните простории се дезинфицираат секои X часа;
3.2. По напуштање на местото за седење истото:
3.2.1. Се дезинфицира;
3.2.2.     Се распределува по изминати X минути

4. Друго

4.1. Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба;
4.2. Редовно чистење и одржување на индивидуалните клима уреди.
4.3. Се внимава на редот, мирот и одржувањето на дистанца надвор од објектот;
4.4. Се работи според претходно утврдено работно време;
4.5. Списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивни информации за контакт се чува две недели.

ВОВЕДНИ МЕРКИ

  • Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;
  • Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност за почитување на општите мерки за превенција од COVID-19 мерките кои ќе важат во делокругот на одбојкарскиот спорт, што е услов за учество во системот на натпревари/ учество на натпревар;
  • Тестирање на COVID-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително;
  • Мерење на телесната температура на сите учесници при влегување во спортска сала; За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со која може слободно да влезе во спортската сала. Лице кое при пристигнување во сала има телесна температура од 37.1 до 37.2 °С се изолира во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до спортската сала). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во салата, во спротивно на истото не му се дозволува влез во салата. Лице кое при пристигнување во салата има телесна температура 37.3 °С не му се дозволува влез во салата. Се упатува клубот за лицата на кои не им е дозволено да влезат во салата, истите да се изолираат од групно мешање со останатите и заедничко патување;
  • Поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
  • Употребата на заштитни маски е задолжителна освен за  одбојкарите/одбојкарките кои се на терен во игра;
  • Секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
  • Секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;
  • Зачестено чистење и дезинфекција на сите простории во спортската сала, материјалите и опремата;
  • Одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, допирање или кој било друг контакт).

ОПШТИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

  • Да се избегнува јадење во соблекувалните;
  • Да се чуваат личните предмети и облека во своја торба и да се избегнува да се оставаат истите изложени во соблекувалните или во заеднички корпи;
  • Да се фрлаат марамчиња или останати материјали како што се фластер, завои итн. веднаш во соодветни канти кои што се затвараат;
  • Често и темелно да се мијат рацете: миење на рацете и нивно дезинфицирање се есенцијални за да се спречи инфекцијата. Да се мијат рацете со сапун и вода минимум 20 секунди и потоа да се избришат со крпа за една употреба од кога добро ќе се исплакнат. Доколку сапунот и водата не се достапни, може да се употреби средство за дезинфекција кое што содржи минимум 60% алкохол;
  • Кога се користи обичен тоалет, да се избегнува допирање на чешмата пред и по миење на рацете, користете крпа за една употреба за да ја отворите и затворите чешмата;
  • Избегнувајте да ги допирате очите, устата или носот со нечисти раце;
  • Покријте ја устата и носот со марамче или со лактот ако кашлате или кивате;
  • Треба да биде обезбедено редовно дезинфицирање на масите, клупите, столчињата, закачалки, подови, чешми, кваки, тушеви и тоалети со средства за дезинфекција кои што се на основа на белила или хлор, растворувач, 75%  етанол, оцетна киселина и хлороформ;
  • Да се намали присуството на луѓе во соблекувалната на неколку специфично овластени лица со цел да се ограничи бројот на луѓе кои имаат пристап до соблекувалната на минимум;
  • Пристапот до теренот треба да биде ограничен на колку што е можно помалку лица кои што се стриктно неопходни за да може да се изведе тренингот или натпреварот;
  • Тимскиот доктор мора да обрати внимание на медицинската историја, медицинската проценка пред натпреварот и телесната температура да се проверува пред секој тренинг и натпревар за сите играчи и официјални лица. Тимскиот доктор мора да ги евидентира медицинските забелешки пред секој тренинг и натпревар, да се осигура дека нема заболен човек кој што учествува на тренинг или натпревар или е во околина на останатите присутни од тимот;
  • Хигиенските услови на сите соблекувални како и на сите соби кои што се за допинг контроли треба да се проверат претходно;
  • При влегување во салата, на сите треба да им се обезбеди средство за дезинфекција на раце и да им се измери телесната температура;
  • Салите со поголем капацитет ќе бидат користени за натпревари за да се обезбеди физичка дистанца;
  • За време на натпреварите, телевизиски екипи, претставници на медиуми и волонтери, мора да носат заштитни маски цело време при движење во салата;
  • Болници кои имаат одделенија за COVID-19 ќе бидат потребни за време на натпреварите;
  • Medically trained hygiene officer мора активно да учествува во организација на тимските патувања, проверка на најдобрите можни заштитни уреди за превентивни цели и мора да се осигура за нивно постоење за време на патувањето;

ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

Тренажниот процес пред почетокот на натпреварувањето пожелно е да се подели во три фази, според следново:

  • почеток на индивидуален тренинг на играчи во спортска сала, без физички контакт со можност за растојание од 5 метри помеѓу играчите, односно да е обезбеден простор од 20 м2 по спортист со организација на тренинг со најмногу 5 лица вклучително и еден тренер (3 дена);
  • почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено, 7 дена);
  • колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови, потребен за подготовка на екипата согласно индивидуалната проценка на тренерот);
  • Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот на тренинг. Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготвеност до почетокот на самото натпреварување.

Како што е наведено, фазите се следни:

  • Подготвителна фаза / фаза на индивидуален тренинг на играчи;
  • Фаза на тренинг во мали групи;
  • Колективен тренинг;

За да се исполнат овие фази, треба да се спроведат следните мерки:

  • Секој клуб треба да подготви список на лица вклучени во процесот на тренинг;
  • Сите лица во спортската сала мора да бидат идентификувани на соодветен начин од страна на организаторот на тренингот за да се добие на дополнително ефикасно епидемиолошко следење на контактите во случај на појава на COVID-19 помеѓу присутните на тренинг;
  • Теренот на кој ќе се одвиваат тренинзите треба да биде јасно дефиниран;
  • Единствени лица кои имаат пристап до овој терен се: играчите, тренерите, доктор и физиотерапевт, технички персонал и минимален број на персонал задолжен за дезинфекција и чистење;
  • Неопходно е да се изврши набавка на соодветни средства за редовно чистење и дезинфекција на просториите (посебно внимание треба да се обрати на чистење на површините кои често се допираат како што се врати, прекинувачи итн.);
  • Дезинфекција и чистење на материјали и простории мора да се изврши во согласност со важечките препораки на надлежните здравствени органи;
  • Заштитата, хигиената и миењето на раце мора да бидат на високо ниво;
  • Сите учесници во тренажниот процес мора да се однесуваат согласно мерките и препораките на надлежните здравствени органи;
  • Сите активности што имаат поголем број учесници мора да се сведат на минимум;
  • Неопходно е да се применуваат и други лични превентивни мерки со цел да се спречи ширењето и инфекција поради што сите учесници е потребно да внимаваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од теренот односно надвор од тренажниот процес и натпреварување.

Пред започнување на тренажниот процес да се обрне внимание на:

  • Учесниците;
  • Состојба на терените;
  • Транспорт / превоз.

Учесници во тренажен процес

На тренинзите можат да присуствуваат само учесници кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мора да бидат однапред познати и евидентирани на список кој ги сод-ржи следните генералии:

  • име и презиме, опис на работно место (одбојкар/одбојкарка, тренер, економ, физиотерапевт, секретар и слично) и датум на тренингот.
  • заради заштита и превенција од инфекција, загревањето/истегнувањето пред и после тренинг (ако се изведува во парови), да се води грижа истите парови да ги објавуваат овие активности.
  • доколку за време на тренинг се појават одредени симптоми кои укажуваат на инфекција од COVID-19 кај спортистите, тренерот, техничкиот персонал или било која друга личност присутна за време на тренингот, тренингот треба веднаш да се прекине, а личноста со симптоми веднаш да се упати на лекар.

ОДБОЈКАРСКИ САЛИ

Со цел салите да бидат што е можно подобро изолирани, се советуваат клубовите, доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тренинг камп со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите да престојуваат во своите домови и на тренинг да патуваат поединечно (сами) со автомобил.

Пред да пристигнат во сала, сите простории кои се користат од страна на спортистите, тренерите, техничкиот персонал и останати, мора темелно да се исчистат и дезинфицираат во согласност со упатствата на надлежните здравствени органи, сите затворени простории мора да бидат редовно проветрувани по природен пат, отворена врата или прозор, а доколку временските прилики дозволуваат, прозорите можат да бидат постојано отворени, како би се обезбедила природна вентилација. Не се препорачува употреба на централна климатизација. Сите критични површини (рачки на врати, прекинувачи, кутии итн.) мораат да бидат дезинфицирани.

Целокупната постапка треба да биде во писмена форма (записник дека е направена дезинфекција со датум), а салата обележана со безбедна зона. Сите лица што влегуваат во салата мора да се придржуваат кон строгите хигиенски услови.

Соблекувални (туш кабини): бидејќи ова е потенцијално област со висок ризик за пренесување на инфекции, одбојкарите/ките да доаѓаат подготвени во спортска опрема и да не ги користат соблекувалните пред и по завршување на тренингот и натпреварот, единствено ако постои можност по секое нејзино користење да се изврши дезинфекција.

Лицата одговорни за одржување мора да ги следат следните упатства:

  • Секогаш мора да носат маска за лице и ракавици;
  • Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и дезинфицирани;
  • Валканите канти за отпадоци мора да бидат поставени колку што е можно подалеку.

Просторија за физиотерапија:

  • Во првите две фази (индивидуален и групен тренинг), физичкиот контакт со играчот мора да биде сведен на минимум;
  • Во првата фаза се лекуваат само повредени играчи;
  • Физиотерапевтот мора да носи заштитна маска на лице во секое време и ако е можно и ракавици;
  • Нова маска за лице и нови ракавици мора да се носат за секој нов играч;
  • Масата за масажа мора да биде покриена со чиста прекривка или прекривка за еднократна употреба, кои редовно ќе се менуваат после нивната употреба;
  • Делови од масата за масажа што не се покриени, мора редовно да се бришат со средства за дезинфекција;
  • Особено треба да се внимава со хигиената. Затоа се препорачува редовно чистење или барем по извршениот третман на секој играч.

Сала за вежбање (фитнес просторија):
Употребата на оваа просторија мора да се сведе на минимум односно користењето да биде ограничено и исклучиво на повредени играчи, предмет на следните мерки:

  • Користењето на оваа област да се сведе на минимум, и кога е можно, да се прават вежбите на отворен простор;
  • Да се постават уреди со средства за дезинфекција за раце на самиот влез;
  • Во просторијата да има ограничен број на играчи според големината на просторот за да се запази мерката за минимум 2 метри растојание меѓу играчите;
  • Прозорците во просторијата да бидат отворени во секое време или просторијата да биде климатизирана, препорачливо е да се користи проветрување на просторијата по природен пат доколку е тоа можно;
  • По употреба, сите уреди кои се користеле од страна на спортистите, тренерите и сите останати присутни на тренингот, мора да се дезинфицираат;
  • Ако е можно, никој од тренерите не смее да биде присутен, ако е потребно присуство, тогаш тренерот мора да користи маска за лице;
  • На крајот на секој ден, просторијата мора за се чисти и дезинфицира.

ПРЕВОЗ

Да не се организира колективно доаѓање на играчите на тренинг. Играчите да доаѓаат на тренинг поединечно (сами) со автомобил.
Доколку се користи автобус како превозно средство, седењето треба да биде преку две седишта со задолжително носење на заштитна маска за време на превозот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРЕД НАТПРЕВАР

  • Да се користат автобуси/комбиња (минимум дистанца од 1,5 метри мора да биде обезбедена) кои ќе бидат соодветно дезинфицирани пред влегувањето;
  •  Индивидуални пристигнувања на играчите со кола треба да се земат предвид, или играчите можат да ги користат своите автомобили, индивидуално.;
  •  Задолжително носење на заштитни маски за време на патувањето;
  •  Без преклопување на времето и местото на пристигнување на двете екипи во салата. Треба да постои временска разлика помеѓу пристигнувањето на екипите;
  •  Пристигнувањето да биде што поблиску до салата;
  •  Да се носи шише со вода за да се избегне допирање на чешмата;
  •  Да се користат соседни слободни простории како соблекувални, доколку е возможно (мора да има минимум 1,5 метри растојание меѓу играчите). Алтернативно решение, поголеми соби можат да се користат како соблекувални за екипите;
  •  Времето поминато во соблекувалните да се сведе на минимум (30-40 минути за индивидуални играчи);
  •  За време на влегување и излегување на теренот, играчите мора да го почитуваат правилото за одржување на минимално растојание (за време на загревање, натпревар, тајм аути и после натпревар);
  •  Не смее да има банкети (тимско фотографирање, не смее да има церемонија на отворање на натпреварите со дополнителни ВИП личности, без ракување);
  •  Да се прошират клупите за резервни играчи за да може да се запази правилото за растојание меѓу играчите и стручниот тим.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАР

  • Да се избегнува допирање на лицето по допир на топката или друга опрема;
  • На клупата, мора да има достапни средства за дезинфекција за играчите и официјалните лица на екипата;
  • Да се избегнува делење на храна, пијалаци и вода.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА НАТПРЕВАР

  • Да се напушти теренот што е можно побрзо, да нема непотребни задржувања;
  • Да се измијат рацете темелно или да се користи средство за дезинфекција на раце, веднаш по напуштање на теренот;
  • Да се избегне користење на соблекувалната (играчите да се тушираат дома);
  • Да нема дополнителни или социјални активности;
  • Сите играчи треба да ја напуштат салата што е можно побрзо по завршување на натпреварот. Треба да има простор помеѓу заминувањето на двете екипи;
  • Темелно да се измијат крпи, пешкири, торби, шишиња за вода и сите останати предмети што се допирале и користеле.

ВОВЕДНИ МЕРКИ 

  • Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;
  • Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност за почитување на општите мерки за превенција од COVID-19 мерките кои ќе важат во делокругот на ракометниот спорт, што е ус-лов за учество во системот на натпревари/ учество на натпревар;
  • Тестирање на COVID-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварува-њето, a по потреба и дополнително;
  • мерење на температура на сите учесници при влегување во спортска сала; За нормална телес-на температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со која може слободно да влезе во спортската сала. Лице кое при пристигање во сала има телесна температура од 37.1 до 37.2 °С се изолира во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (би-дејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до спортската сала). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во са-лата, во спротивно на истото не му се дозволува влез во салата. Лице кое при пристигање во са-лата има телесна температура 37.3 °С и повеќе не му се дозволува влез во салата. Се упатува клу-бот за лицата на кои не им е дозволено да влезат во салата, истите да се изолираат од групно патување.
  • поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и но-зе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
  • употребата на заштитни маски е задолжителна освен за ракометарите кои се на терен во игра;
  • секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
  • секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезин-фекција кои редовно треба да се надополнуваат;
  • зачестено чистење и дезинфекција на сите простории во спортската сала, материјалите и опре-мата;
  • одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг кон-такт).

ОПШТИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

  • Да се избегнува јадење во соблекувални,
  • Да се чуваат личните предмети и облека во своја торба и да се избегнува да се оставаат истите изложени во соблекувалните или во заедничките корпи,
  • Да се фрлаат марамчиња или останати материјали како што се фластер, завои итн. веднаш во соодветни канти кои што се затвараат,
  • Често и темелно да се мијат рацете: миење на рацете и нивно дезинфицирање се есенцијални за да се спречи инфекцијата. Да се мијат рацете со сапун и вода минимум 20 секунди и потоа да се избришат со крпа за една употреба од кога добро ќе се исплакнат. Доколку сапунот и водата не се достапни , може да се употреби средство за дезинфекција кое што содржи минимум 60% алкохол,
  • Кога се користи обичен тоалет, да се избегнува допирање на чешмата пред и по миење на рацете, користете крпа за една употреба за да ја отворите и затворите чешмата,
  • Избегнувајте да ги допирате очите, устата или носот со нечисти раце,
  • Покријте ја устата и носот со марамче или со лактот ако кашлате или кивате,
  • Треба да биде обезбедено редовно дезинфицирање на масите, клупите, столчињата, зака-чалки,подови, чешми, кваки, тушеви и тоалети со средства за дезинфекција кои што се на основа на белила или хлор, растворувач, 75% етанол, оцетна киселина и хлороформ,
  • Да се намали присуството на луѓе во соблекувалната на неколку специфично овластени лица со цел да се ограничи бројот на луѓе кои што имаат пристап до соблекувалната на минимум,
  • Пристап до теренот треба да биде ограничен на колку што е можно помалку лица кои што се стриктно неопходни за да може да се изведе тренингот или натпреварот,
  • Тимскиот доктор мора да обрати внимание на медицинската историја, медицинската проценка пред натпреварот и телесната температура да се проверува пред секој тренинг и натпревар за сите играчи и официјални лица. Тимскиот доктор мора да ги евидентира медицинската забелеш-ки пред секој тренинг и натпревар, да се осигура дека нема заболен човек кој што учествува на тренинг или натпревар или е во околина на тимот,
  • Хигиенските услови на сите соблекувални како и на сите соби кои што се за допинг контроли треба да се проверат претходно,
  • При влегување во салата, на сите треба да им се обезбеди средство за дезинфекција на раце (или да поминат низ sanitizing gate, доколку е возможно), и да им се измери телесната темпера-тура,
  • Салите со поголем капацитет ќе бидат користени за натпревари за да се обезбеди физичка дис-танца,
  • За време на натпреварите, телевизиски екипи, претставници на медиум и волонтери мора да носат заштитни маски цело време при движење во салата,
  • Болници кои што имаат одделенија за COVID-19 ќе бидат потребни за време на натпреварите,
  • Medically trained hygiene officer мора активно да учествува во организација на тимските патува-ња проверка на најдобрите можни заштитни уреди за превентивни цели и мора да се осигура дека за нивно постоење за време на патувањето.

ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

Тренажниот процес пред почеток на натпреварувањето пожелно е да се подели во 3 фази, како што следува:

  • почеток на индивидуален тренинг на играчи во спортска сала, без физички контакт (3 дена);
  • почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено, 7 дена);
  • колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за подготовка на еки-пата согласно индивидуална процена на тренерот);

Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за отпочнување на процесот за тренинг. Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оп-тимална можна нова физичка подготвеност до самиот почеток на самото натпреварување.

Како што е наведено, фазите се следни:

  • Подготвителна фаза и фаза на индивидуален тренинг на играчи;
  • Фаза на тренинг во мали групи;
  • Колективен тренинг.

 

За да се исполнат овие фази, треба да се спроведат следните мерки:

  • Секој клуб треба да подготви список на лица вклучени во процесот на тренинг;
  • Сите лица во спортската сала мора да бидат идентификувани на соодветен начин;
  • Теренот на кој ќе се организираат тренинзите мора да биде јасно дефиниран; единствените ли-ца кои имаат пристап до овој терен се: играчи, тренери, доктор и физиотерапевт, економ и ми-нималниот број на персонал задолжен за дезинфекција и чистење;
  • Неопходно е да се изврши набавка на соодветни средства за редовно чистење и дезинфекција на просториите (треба да се посвети посебно внимание на површините кои често се допираат како што се врати, прекинувачи, итн.);
  • Дезинфекција и чистење на материјали и простории мора да се изврши во согласност со важеч-ките препораки на надлежните здравствени органи;
  • Заштитата, хигиената и миењето на рацете мора да бидат на високо ниво;
  • Сите учесници во тренажниот процес мора да се однесуваат согласно мерките и препораките на надлежните здравствени органи;
  • Сите активности што имаат поголем број учесници мора да се сведат на минимум;
  • Неопходно е да се применуваат и други лични превентивни мерки со цел да се спречи шире-њето на инфекцијата поради што сите учесници е потребно да внимаваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварува-њето;

Пред започнување на тренажниот процес да се обрне внимание на:

  • Учесниците;
  • Состојба на терени,
  • Транспорт/превоз.

УЧЕСНИЦИ ВО ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

На тренинзите можат да присуствуваат само учесници кои се неопходни за одвивање на тренин-гот. Тие мора да бидат однапред познати и евидентирани на список кој ги содржи следните гене-ралии: име и презиме, опис на работното место (ракометар/ка, економ, физиотерапевт, секре-тар и слично) и датум на тренингот.

РАКОМЕТНИ САЛИ

Co цел ракометните сали да бидат што е можно подобро изолирани, се советуваат клубовите доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тренинг камп со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите да престојуваат во своите домови и на тренинг да патуваат поединечно (сам) со автомобил.

Пред да пристигнат во салите, сите простории мора темелно да се исчистат и дезинфицираат во согласност со упатствата на надлежните здравствени установи.

Сите критични површини (рачки на врати, прекинувачи, кутии, итн.) Мораат да бидат дезинфицирани.

Целокупната постапка треба да биде во писмена форма (записник дека е направена дезинфекција со датум), а ракометната сала обележана со безбедна зона.

Сите лица што влегуваат во ракометната сала мора да се придржуваат кон строгите хигиенски услови.

Просторот на економот: пристап до економат / магацин и негово управување има само едно лице, кое мора да ги почитува следниве мерки:

  • Економатот мора да биде заклучен доколку никој не престојува / работи во него,
  • Економот редовно ги мие и дезинфицира рацете и мора да носи маска за лице,
  • Секој пат кога ќе добие ново парче опрема, економот мора да ги мие и дезинфицира рацете,

Набавката на нова опрема се врши на не помалку од 15 дена.

Перална: оваа соба треба да биде затворена. На играчите треба да им се дадат два комплети опрема за тренинг и натпревари за играње, а истата опрема ќе се пере дома после секој тренинг / натпревар.

Соблекувалната: бидејќи ова е потенцијално област со висок ризик за пренесување на инфекции, ракометарите/ките доаѓаат подготвени во спортска опрема и не користат соблекувална пред и по завршување на тренингот и натпреварот.

Лицата одговорни за одржување мора да ги следат следниве упатства:

  • Секогаш мора да носат маска за лице и ракавици;
  • Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и дезинфицирани;
  • Валканите канти за отпадоци мора да бидат поставени колку што е можно подалеку.
  • Просторија за физиотерапија:
  • Во првите две фази (индивидуален и групен тренинг), физичкиот контакт со играчот мора да се минимизира;
  • Во првата фаза се лекуваат само повредени играчи;
  • Физиотерапевтот мора да носи маска за лице во секое време и ако е можно ракавици;
  • Нова маска за лице и нови ракавици мора да се носат за секој нов играч;
  • Масата за масажа мора да биде покриена со чиста прекривка или прекривка за еднократна употреба, која се менуваат по употреба;
  • Делови од масата за масажа што не се покриени мора редовно да се бришат со средства за дезинфекција;
  • Особено треба да се внимава со хигиената. Затоа, се препорачува редовно чистење, или барем по третманот на секој играч.

ФИТНЕС ПРОСТОРИЈА 

Употребата на оваа просторија мора да се сведе на минимум, т.е. ограничена исклучиво на повредени играчи, предмет на следниве мерки:

  • Користете на оваа област да се сведе на минимум, и кога е можно, да се прават вежбите на отворен простор;
  • Да се постават уреди со средства за дезинфекција на рака на влезот;
  • Во исто време, може да имам максимум 12 играчи, одржувајќи растојание од најмалку 2 метри,
  • Прозорците мора да бидат отворени во секое време или климатизација;
  • По употребата, сите уреди мора да се дезинфицираат;
  • Ако е можно, никој од тренерите не смее да биде присутен; ако е потребно присуство, тогаш тренерот мора да користи маска за лице;
  • На крајот на секој ден, просторијата се чисти и дезинфицира.

ПРЕВОЗ 

Да не се организира колективно доаѓање на играчите на тренинг. Играчите да доаѓаат на тренинг поединечно (сам) со автомобил.

Доколку се користи автобус, седењето треба да биде преку две седишта со задолжително носење на заштитна маска за време на превозот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРЕД НАТПРЕВАР 

  • Да се користат автобуси/комбиња (минимум дистанца од 1,5 метри мора да биде обезбедена) кој што ќе биде соодветно дезинфициран пред влегувањето,
  • Индивидуални пристигнувања на играчите со кола треба да се земат во предвид (no carpooling) или играчите можат да ги користат своите автомобили индивидуално,
  • Задолжително носење на заштитни маски за време на патувањето,
  • Без преклопување на времето и местото на пристигнување на двата тима во салата, треба да постои временска разлика помеѓу пристигнувањето на тимовите,
  • Пристигнувањето да биде што поблиску до влезот на салата,
  • Да се носи шише со вода за да се избегне допирање на чешмата,
  • Да се користат соседни слободни простории како соблекувални, доколку е возможно (мора да има минимум 1,5 метри дистанца). Алтернативно, поголеми соби можат да се користат како соблекувални за тимовите,
  • Времето поминато во соблекувалните мора да биде ограничено на минимум (3040 минути за индивидуални играчи),
  • За време на влегување и излегување на теренот, играчите мора да одржуваат правилото за минимална дистанца (за време на загревање, натпревар, полувреме и после натпревар),
  • Поголеми влезни зони за влез на терен треба да се земат во предвид,
  • Не смее да има придружба од деца,
  • Не смее да има банкети (не смее да има тимско фотографирање, не смее да има церемонија за отворање на натпреварот со дополнителни ВИП личности, без ракување),
  • Да се прошират тимските клупи за да може да се одржи дистанца,

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАР

  • Да се избегнува допирање на лицето по држење на топка или друга опрема,
  • На клупата, мора да бидат достапни средства за дезинфекција за играчите и тимските официјални лица,
  • Да се избегнува делење на храна, пијалаци и вода.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ

  • Да се напушти теренот што е можно побрзо,
  • Да са измијат рацете темелно или да се користи средство за дезинфекција на раце веднаш по напуштањето на теренот,
  • Да се избегне користење на соблекувалната (на пр. да се тушираат дома),
  • Да нема дополнителни или социјални активности,
  • Прес собата и mixed zone ќе бидат затворени,
  • Прес конференции ќе се одржуваат само виртуелно,
  • Да се намали локацијата и бројот на интервјуа базирани на задолжителните мерки за хигиена,
  • Втора просторија за допинг контрола треба да се направи за да се одвојат физички играчите на двата тимови,
  • Сите играчи треба да ја напуштат салата што е можно побрзо по завршување на натпреварот. Треба да има простор помеѓу заминувањето на двата тимови,
  • Темелно да се измијат крпите, облеките, торбите, шишињата за вода и сите останати предмети што се користеле или допреле.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Одлуката на Министерството за образование и наука (МОН) за повторно отворање на училиштата во учебната 2020/2021 година го зема предвид фактот дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците. 

За донесување на одлука за повторно отворање на училиштата се направи општа проценка на ризиците, при што се земаа во предвид епидемиолошките фактори, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.

Планот на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2020/2021 година се базира на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје.

Овој план ги објаснува чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот (КОВИД-19).

Планот за одржување на наставата во учебната 2020/2021 година и Протоколот обезбедуваат рамка за училиштата за начинот на започнување и продолжување на образовниот процес во основното и средното образование. Во овој период училиштата ќе треба да ги прилагодат условите за реализирање на наставата согласно Планот и Протоколот со цел обезбедување непречен воспитно-образовен процес.

1.    ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Во основните училишта во учебната 2020/2021 година воспитно-образовниот процес се реализира согласно Календарот за организација и работа на училиштата, според скратена наставна програма согласно Наставниот план за учебната 2020/2021 година, во група до 20 ученици (во училница со стандардна големина) и физичка дистанца меѓу учениците од најмалку 1.5 метри, како и со задолжително почитување на Протоколот за настава со физичко присуство.

Наставата во основното образование може да се реализира со физичко присуство на учениците во училиште или со учење на далечина.

Наставниот час трае 30 минути во наставата со физичко присуство или 30 минути час со 5 минути приклучување за наставата со учење на далечина. 

Зависно од бројот на часови по наставен план, се препорачува спојување на часовите по одредени наставни предмети (блок часови), со присуство на еден предметен наставник, со цел да се оптимизира престојот на наставникот и учениците во просторијата. 

Во основните училишта во кои има продолжен престој и ќе започнат со настава со физичко присуство на учениците, потребно е истиот да биде организиран во рамките на расположивите просторни капацитети во училиштето и да се реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение (без мешање на децата од различни одделенија и паралелки).

Секое училиште води евиденција на дневна основа за присуство на наставниците.
Реализацијата на наставата, отсуствата на учениците се евидентира во е-дневник и во дневникот на паралелката.
Наставниците во училиштето доаѓаат најмалку половина час пред отпочнување на наставата и учествуваат во организирањето и спроведувањето на влегувањето на учениците согласно распоредот на часови и Протоколот.

Основните училишта согласно просторните можности ја организираат наставата во смени.
Доколку основното училиште работи во две смени, во прва смена се вклучуваат учениците од прво до трето, односно од прво до петто одделение, а во втора смена се вклучуваат учениците од шесто до деветто одделение.

Секое училиште за пристигнувањето, за заминувањето на паралелките во и од училиштетo, за смените, користењето на големиот одмор како и за учење од далечина изготвува распоред.

Училиштата го прилагодуваат и усогласуваат Куќниот ред на училиштето со Планот и Протоколот за настава со физичко присуство.

1.1.    Настава за учениците од првиот период на основното образование (од прво до трето одделение)  

За учениците од прво до трето одделение наставата се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето и со задолжителна примена на сите заштитни епидемиолошки мерки утврдени во Протоколот за настава со физичко присуство и со согласност од родителите/старателите на учениците.
Доколку родителот/старателот, сака неговото дете наставата да ја следи со учење од далечина, поднесува изјава до училиштето дека ученикот ќе следи настава со учење од далечина и ќе биде редовно присутен на наставата со учење од далечина, согласно распоредот за часови на паралелката. 
За учениците чии родители/старатели поднеле изјава до училиштето за следење на наставата со учење на далечина, училиштето за тие учениците организира учење на далечина.
Во паралелките во кои има ученици кои следат настава со учење на далечина, наставникот согласно условите, можностите и специфичностите на наставната единица во рамките на одреден наставен предмет може: 

  • додека го држи часот да ги вклучи и учениците кои следат настава од далечина (за што треба претходно да ги извести), 
  • да го сними реализираниот наставен час и да го испрати на учениците кои следат настава од далечина,
  • да изготви печатени материјали кои ги преземаат родителите во соработка со наставникот/класниот раководител/образовниот асистент,
  • да одржи час само за учениците кои следат настава од далечина,

Во паралелките во кои настава ќе се реализира со физичко присуство и каде бројот на ученици е над 20 ученици и не може да се обезбеди физичка дистанца од најмалку 1.5 метри (во училница со стандардна големина), паралелката се дели на две групи.
Учениците од пониските одделенија на основното образование треба почесто да се потсетуваат на мерките за заштита согласно Протоколот за настава со физичко присуство, со оглед на фактот дека сега се запознаваат и воведуваат во почитување на редовните училишни правила. Треба да им се нагласи дека не треба да ги споделуваат своите работи (моливи, гумички и сл.) согласно околностите и дека другарството може да го изразат на други начини прифатливи за сегашната ситуација, пример преку меѓусебно потсетување да ги почитуваат правилата за заштита и правилата во училница и со други соодветни креативни активности преку кои ќе се работи на развивање на чувството на емпатија.

1.1.1.    Одмор за време на наставата со физичко присуство

Малиот одмор се користи во траење од 5 минути меѓу часовите и голем одмор во траење од 15 до 20 минути, кој е под задолжителен надзор на класниот раководител/наставник. За време на одморите задолжително се почитува физичката дистанца и мерките за заштита согласно Протоколот за настава со физичко присуство, и потребно е да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците.

1.2. Настава за учениците од вториот и третиот период на основно образование (од четврто до деветто одделение) 

Наставата за учениците од четврто до деветто одделение во основното образование се реализира со учење на далечина и со физичко присуство. 

1.2.1. Учење на далечина

Наставата со учење на далечина, наставниците ја реализираат од училница во училиштето со користење на националната платформа од точка 3 од овој План, освен за наставниците од точка 5 став 2 на овој План.
Директорот на училиштето се грижи за целосна покриеност со интернет конеција во сите училници во училиштето. Во исклучителен случај кога во училиштето нема добра интернет конекција и истата не може да се обезбеди, како и во услови на појава на заболен од корона вирусот (КОВИД-19) во училиштето, како и на влошување на епидемиолошката состојба во општината или регионот, наставникот часовите може да ги одржува и од дома, по претходно добиена писмена согласност од страна на директорот на училиштето.
При настава со учење на далечина работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност. 

1.2.2. Настава со физичко присуство

Само училиштата кои ги исполнуваат условите во Протоколот за настава со физичко присуство и Планот, може да побараат од основачот/министерството да достави барање за согласност од Владата да реализираат настава со физичко присуство и за учениците од четврто до деветто одделение.
За реализација на наставата со физичко присуство во училиште за учениците од четврто до деветто одделение, основачот односно Министерството за училиштата чиј основач е Владата, бара согласност од Владата, на начин и постапка утврдена во точка 6 од овој План.
За учениците од четврто до деветто одделение во училиштата во кои наставата се реализира со одобрение за физичко присуство, училиштето максимално ги искористува просторните и кадровските капацитети во училиштето и го применува Протоколот за настава со физичко присуство.
Учениците во наставата со физичко присуство се вклучуваат со согласност од родителот/старателот.
Доколку родителот/старателот не сака неговото дете наставата да ја следи со физичко присуство, поднесува изјава до училиштето дека ученикот ќе следи настава со учење од далечина и ќе биде редовно присутен на наставата со учење од далечина, согласно распоредот за часови на паралелката. 
За учениците чии родители/старатели поднеле изјава до училиштето за следење на наставата со учење на далечина, училиштето за тие учениците организира учење на далечина.
Во паралелките во кои има ученици кои следат настава со учење на далечина, наставникот согласно условите, можностите и специфичностите на наставната единица во рамките на одреден наставен предмет може: 

  • додека го држи часот да ги вклучи и учениците кои следат настава од далечина (за што треба претходно да ги извести), 
  • да го сними реализираниот наставен час и да го испрати на учениците кои следат настава од далечина,
  • да изготви печатени материјали кои ги преземаат родителите во соработка со наставникот/класниот раководител/образовниот асистент,
  • да одржи час само за учениците кои следат настава од далечина

1.2.3.   Ученици со попреченост во општинските основни училишта 

Учениците со попреченост во паралелките од прво до трето одделение треба да бидат вклучени во наставата во училиштата и да им се обезбеди поддршка од страна на наставниците и стручните соработници (специјален едукатор, психолог, педагог и сл.) односно инклузивниот тим. ИОП-от што го изработува инклузивниот тим за учениците со посебни образовни потреби треба да се прилагоди на начинот на реализација на наставата во училиштето за тие ученици.
Родителите/старателите на учениците со попреченост, имаат право да одлучат дали нивните деца ќе следат настава со физичко присуство во училиште или ќе следат настава со учење од далечина - од дома.
Учениците со попреченост кои имаат поддршка од образовен или личен асистент, продолжуваат со поддршката на образовниот процес на учениците во училиштето или во домот на ученикот и треба да бидат во постојана комуникација и координација со инклузивниот тим во училиштето и родителите.
Образовниот асистент начинот на поддршката на образовниот процес на ученикот ја договара во директна соработка со родителот/старателот.
Образовниот или личниот асистент кој се вклучува во паралелката, се придржува на Протоколот за настава со физичко присуство, поттикнува физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик и помага во одржување на хигиената на ученикот. 
Училиштата кои имаат асистивна технологија, ја ставаат на располагање на учениците кои имаат потреба од неа и во домашни услови.

1.2.4.    Ученици со респираторни, хронични, ретки болести и/или други болести во општинските основни училишта 

Учениците кои имаат потврда од матичен лекар/педијатар дека поради својата здравствена состојба не треба да посетуваат настава со физичко присуство следат настава со учење од далечина.
Родителот/старателот до училиштето доставува медицинска документација и потврда од матичен лекар.

1.2.5.    Настава во комбинирани паралелки

Основните училишта кои имаат комбинирани паралелки од прво до петто одделение, може да реализираат настава со физичко присуство на учениците доколку имаат просторни услови, согласност од родителите/старателите, ги исполнуваат условите во Протоколот и добијат согласност од Владата, во утврдената постапка од точка 6 на овој План.

1.3.    Настава во државните основни училишта

Државните училишта (основните училишта со ресурсен центар, основните училишта со ресурсен центар и интернатско сместување, основните музички и балетски училишта), чиј основач е Владата, може да реализираат настава со физичко присуство со почитување на заштитните епидемиолошки мерки во протоколот за настава со физичко присуство и со учење на далечина.
Доколку овие училишта имаат просторни услови, согласност од родителите/старателите и ги исполнуваат условите во Протоколот, потребно е да добијат согласност од Владата за настава со физичко присуство , во утврдената постапка од точка 6 на овој План.
Родителите на учениците со попреченост, учениците со попреченост сместени во интернат во училиштата со ресурсни центри, имаат право да одлучат дали нивните деца ќе следат настава со физичко присуство во училиште, дали ќе бидат интернатски сместени во училиштето или ќе следат настава со учење од далечина - од дома.

2. СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Наставата за учениците од средно образование се реализира со учење на далечина и со физичко присуство. 
Само училиштата кои ги исполнуваат условите во Протоколот за настава со физичко присуство и Планот, може да побараат од основачот/министерството да достави барање за согласност од Владата да реализираат настава со физичко присуство и за учениците од средно образование.
Средните училишта покрај редовната настава за општо образовните предмети, ја организираат и наставата за стручните предмети (за стручно образование, уметничко образование, спортска акдемија и спортска гимназија), индивидуалната настава, практичната настава во училиште и во компанија, учењето преку работа кај работодавач, феријалната практика, ја организираат со физичко присуство согласно усвоените Протоколи.
Во средните училишта во учебната 2020/2021 година воспитно-образовниот процес се реализира согласно Календарот за организација на учебната 2020/2021 година, според скратени наставни планови и програграми, во група до 20 ученици (во училница со стандардна големина) и физичка дистанца меѓу учениците од најмалку 1.5 метри, како и со задолжително почитување на Протоколот за настава со физичко присуство.

2.1. Организација на воспитно – образовниот процес со физичко присуство

Средните училишта согласно просторните можности ја организираат наставата во една или две смени.
Доколку средното училиште работи во две смени, во прва смена се вклучуваат учениците од прва и втора година, а во втора смена се вклучуваат учениците од трета и четврта година.
Секое училиште за пристигнувањето, за заминувањето на паралелките во и од училиштете, за смените, користењето на големиот одмор како и за учење од далечина изготвува распоред.
Наставниците во средното училиште доаѓаат во 7.00 часот за прва смена, односно 13.00 часот за втора смена,за да го организираат влегувањето на учениците согласно распоредот на училиштето.
Половина од паралелките во прва смена пристигнуваат во училиштето најдоцна до 7.15 часот, а втората половина најдоцна до 7.30 часот. Во втората смена првата половина од паралелките пристигнува најдоцна до 13.15 часот,  а втората половина најдоцна до 13.30 часот.
Наставата започнува за прва смена во 7.30 часот, односно во 13.30 часот за втора смена.
Учениците од една паралелка треба да престојуваат во една просторија, да се одбегнува кабинетска настава. 
Зависно од бројот на часови по наставен план, се препорачува спојување на часовите по одредени наставни предмети (блок часови), со присуство на еден предметен наставник, со цел да се оптимизира престојот на наставникот и учениците во просторијата. 
Времетраењето на наставниот час е 35 минути. После секој наставен час се користи мал одмор во траење од 5 минути, а после вториот и третиот наставен час голем одмор во траење од 15 минутикој е под надзор на класниот и предметниот наставник. 
Секоја паралелка може да искористи само еден големиот одмор (15 минути) за излегување надвор од училницата согласно распоредот на училиштето.
За време на одморите треба да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и мерките за заштита, да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт, во училиштата во кои е возможно да се воведе еднонасочно движење по ходниците заради избегнување на мешање помеѓу учениците од другите паралелки.
Наставниците за време на одморите да го сведат на минимум физичкото присуство во наставничката канцеларија.
Да се одржува физичката дистанца меѓу наставник и наставник/друг вработен во училиштето наставник и ученик и наставник и родител/старател на ученикот согласно протоколите.
Задолжително е носење на заштитна маска/прекривка на лицето од страна на учениците и вработените за време на престој во училиштето, освен кога се на отворено во училишниот двор и доколку е возможно одржување на препорачаната дистанца.
Секое училиште води евиденција на дневна основа за присуство на наставниците и на учениците.
Училиштата го прилагодуваат и усогласуваат Куќниот ред на училиштето со Планот и Протоколот за настава со физичко присуство.

2.1.1. Ученици со респираторни, хронични, ретки болести и/или други болести во општинските основни училишта 

Учениците кои имаат потврда од матичен лекар/педијатар дека поради својата здравствена состојба не треба да посетуваат настава со физичко присуство следат настава со учење од далечина.
Родителот/старателот до училиштето доставува медицинска документација и потврда од матичен лекар.

2.2.  Настава со учење од далечина

Училиштето кое согласно епидемиолошката состојба во општината/регионот и кое не ги исполнува условите за реализирање на наставата со физичко присуство во училиштето согласно Протоколот, ја реализира наставата со учење од далечина.
За наставата со учење од далечина се употребува националната платформа за учење на далечина опишана во точка 3 на овој План.
Наставата на далечина се реализира според однапред изготвен распоред на часови, а наставниот час трае 35 минути и 5 минути за приклучување.
Распоредот на часовите задолжително се објавува на веб-страната на училиштето, на националната платформа и се доставува по електронски пат до Државниот просветен инспекторат.
Наставата со учење на далечина, наставниците ја реализираат од училница во училиштето со користење на националната платформа од точка 3 од овој План, освен за наставниците од точка 5 став 2 на овој План.
Директорот на училиштето се грижи за целосна покриеност со интернет конеција во сите училници во училиштето. Во исклучителен случај кога во училиштето нема добра интернет конекција и истата не може да се обезбеди, во услови на појава на заболен од корона вирусот (КОВИД-19) во училиштето, и при влошување на епидемиолошката состојба во општината или регионот, наставникот часовите може да ги одржува и од дома, по претходно добиена писмена согласност од страна на директорот на училиштето.

Предметниот наставник на барање на директорот му доставува линк за приклучување на електронската интерактивна платформа за учење на далечина за да ја следи работата на наставникот во текот на наставниот час.
При реализацијата на наставата по стручните предмети, како и практичната настава  во средното стручно образование потребно е да се почитуваат практичните совети кои се дел од Насоките за реализација на наставата на далечина во стручното образование и обука. (http://csoo.edu.mk/izvestuvanje/upatstvo-za-dalechsko-uchenje/) .
Начинот на реализацијата на практичната обука/практичното образование (УПР, феријалната практика и практичната настава) е опишан во Насоките за реализација на практична обука и учење преку работа за време на пандемија предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 (http://www.csoo.edu.mk/). 
Организирањето на наставата преку учење од далечина може да се однесува на одреден период (пократок или подолг во зависност од епидемиолошката состојба), па дури и доколку состојбата го налага тоа и во текот на целата наставна година. 

2.3.  Реализација на наставата

Наставникот согласно условите, можностите и специфичностите на наставната единица во рамки на одреден наставен предмет за време на реализацијата на наставниот час во училница, може:

  • да ги вклучи и учениците кои се дома (за што треба претходно да ги извести); 
  • да го сними реализираниот наставен час и да го испрати на учениците кои се дома; 
  • да одржи час само за учениците кои се дома; 
  • да им испрати на учениците соодветен видео час.

Предметниот наставник води евиденција за реализацијата на наставниот час и за редовноста на секој ученик и истите ги евидентира во дневникот за работа на паралелката и во е-дневникот.
За учениците кои од оправдани причини, со приложен доказ или изјава од родител/старател, не се во можност да ја следат наставата со физичко присуство во училиштето, училиштето организира настава на далечина за тие ученици.
Учениците кои имаат потврда од матичен лекар/педијатар дека поради својата здравствена состојба не треба да посетуваат настава со физичко присуство следат настава со учење од далечина.
Родителот/старателот до училиштето доставува медицинска документација и потврда од матичен лекар.

2.3.1 Настава во државните средни училишта за ученици со посебни образовни потреби

Во државните средни училишта за ученици со посебни образовни потреби, покрај препораките за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, се применуваат и посебните планови изготвени од страна на секое училиште и одобрени од страна на Владата на Република Северна Македонија. Наставниот час наставникот го реализира по ИОП изготвен според способностите и можностите научениците. Наставникот со секој ученик работи индивидуално согласно однапред изготвен распоред. 
Образовниот или личниот асистент се вклучува во паралелката, при што ги почитува препораките за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, поттикнува физичка дистанца помеѓу учениците и учениците и наставниците и помага во одржување на целокупната хигиена. 

2.3.2. Настава во средните училишта за уметничко образование, спортска гимназија или спортска академија

Во средните училишта во кои се реализира настава за уметничко образование, спортска гимназија или спортска академија, наставата по општо образовните предмети се реализира со учење од далечина. Наставата по стручните предмети за соодветниот вид на образование се реализира согласно Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и индивидуалните протоколи на секое училиште. Во Спортската академија наставата по стручните предмети ќе се реализира согласно протоколите одобрени од Владата на Република Северна Македонија изготвени од академијата во соработка со националните федерации по соодветниот спорт.

2.3.3 Настава во дуално образование

Во училиштата кои имаат паралелки во кои се одвива дуално образование, практичниот дел од наставата, во компаниите, се одвива со физичко присуство на работно место, со почитување на општите протоколи за заштита и на протоколите на компаниите каде се изведува практичната настава.

2.3.4. Стручно образование и настава преку феријална парктика и учење преку работа 

Феријалната практика и учењето преку работа кај работодавач се реализира со физичко присуство во компанија/ работодавач согласно Упатството за феријална практика донесено од страна на Центарот за стручно образование и обука.
Средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука, практичната настава ја реализираат со физичко присуство на учениците во училиштето во кабинети, училишни работилници, лаборатории и други посебни простории за оваа намена.
Средните стручни училишта за успешна реализација на феријалната практика и практичната настава, ги почитуват сите безбедносни протоколи, како и Протоколот за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Mакедонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, Општиот Протокол за превентивни мерки  при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач, како и Протоколите за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство, секторот земјоделие, рибарство и ветерина, секторот хемија и технологија и секторот лични услуги.

3. НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ЗА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

За учениците кои ќе се приклучуваат на настава на далечина, наставниците ja употребуваат националната платформа за учење на далечина која овозможува двонасочна интеракција и комуникација на наставникот и ученикот. 
Во текот на учебната година се поддржува соработката помеѓу наставниците за меѓусебно споделување на материјали и задачи. Споделувањето на материјалите до кој би имале пристап сите наставници е преку снимање на видео лекции согласно наставната програма прикачени на националната платформаили ЕДУИНО.
Националната платформа за учење на далечина ќе овозможи организација на содржините во форма на е-Училници. Секоја е-Училница е поврзана со соодветен наставник и ученици, при што наставникот има можност да:

  • поставува содржини (документи, презентации)
  • поврзува надворешни содржини од ЕДУИНО
  • испраќа соопштенија до учениците
  • врши двонасочна комуникација со користење на форуми
  • дефинира активности кои треба да ги сработат учениците
  • дава повратни информации на испратените домашни задачи од учениците
  • одржува on-line настава со помош на Microsoft Teams
  • креира и одржува тестови
  • креирање на е-Лекции

Националната платформа овозможува изведување на online тестови, кои ќе можат да бидат базирани на банки со прашања. Банките со прашања на почеток ќе бидат локални за секој предмет, со можност да се споделуваат во иднина. Банките на прашања може да содржат прашања од следните видови:

  • Есејски прашања
  • Кратки одговори
  • Избор на еден точен одговор
  • Избор на повеќе точни одговори
  • Пополнување на празни делови од реченици
  • Математички прашања, чиј одговор е едноставна формула
  • и друг видови на прашања кои ќе се овозможат доколку тоа е потребно.

Националната платформа ќе овозможи детално следење на активностите на наставниците и учениците, по што ќе можат да се изработат извештаи.

4. ПРОВЕРКА (ВАЛИДАЦИЈА) НА ЗНАЕЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Проверката (валидацијата) на знаењата на учениците се реализира со физичко присуство во училиште, на секое тромесечие по однапред утврден распоред на паралелки, број на ученици во паралелка и времетраење на проверката, за што Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука ќе подготват посебно упатство за спроведување на проверката на знаењата на учениците.
Во случај на влошување на  епидемиолошката состојба, проверувањето на постигањата на учениците може да се врши и без физичко присуство на учениците, а основните и средните училишта проверувањето на постигањата на учениците го спроведуваат согласно упатствата за спроведување на проверка на постигањата на успехот на учениците без физичко присуство, изготвени од страна на Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.    
По завршување на процесот на проверка на знаењата на учениците, класниот раководител по електронски пат го известува родителот за постигнатиот успех на неговото дете, утврден на класен и наставнички совет.
Доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на настава повеќе од пет дена, наставникот со стручната служба во училиштето реализира посета на ученикот во неговиот дом и спроведува разговор со родителот за неопходноста од задолжително и редовно следење на наставата.
За извршената посета и разговор со родителот/старателот се составува белешка.
За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошките мерки утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование.
Ученикот кој не можел да биде оценет поради отсуство од најмалку една третина од фондот на наставни часови од одредени предмети, има право да полага одделенски испит/ испит на година по предметите по кои не е оценет, согласно Законот за основното образование/ законот за средното образование.

5. ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ХРОНИЧНА И/ИЛИ РЕТКА БОЛЕСТ

Вработените лица во училиштата кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести од страна на Министерството за здравство, продолжуваат со работа на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. 
Исклучок се само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.
     

6. ПОСТАПКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ЗА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Општинското основно, односно средното училиште барањето за настава со физичко присуство (за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците во подрачните училишта во комбинирани паралелки од прво до петто одделение) со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, го доставува до основачот, а иститот најдоцна до 10ти во тековниот месец го проследува до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство.
Државните училишта (основните училишта со ресурсен центар, основните училишта со ресурсен центар и интернатско сместување, основните музички и балетски училишта, средните уметнички училишта, спортската академија, спортска гимназија и средните училишта за ученици со посебни образовни потреби), чиј основач е Владата, заради специфичната воспитно-образовна дејност која ја вршат, начинот на реализирање на наставата го утврдуваат со предлог План и Протокол кој е во согласност со Протоколот за настава со физичко присуство и го доставуваат до Министерството, а истото најдоцна до 10ти во тековниот месец го доставува до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство.
Комисија во рок од 7 (седум) дена врз основа на исполнетоста на критериумите и условите, согласно протоколите за соодветниот вид на училиште, доставува предлог до Владата за давање согласност за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето.

7.    УЧЕНИЦИ КОИ  НЕМААТ ИКТ/СМАРТФОН ИЛИ ИНТЕРНЕТ

За учениците кои немаат пристап до ИКТ или интернет, училиштето организира настава со физичко присуство во училиште, со согласност од родителите/старателите и исклучива согласност од Владата во утврдената постапка од точка 6 од овој План.
Доколку родителите не се согласуваат наставата да биде со физичко присуство, училиштето изготвува печатени материјали кои ги преземаат родителите во соработка со наставникот/класниот раководител/образовниот асистент. Покрај ова во интерес на децата, училиштето во договор со родителите договараат најбезбеден начин за давање и преземање на учебните материјали, домашните задачи и други училишни обврски за учениците.

8.     НАДЗОР ЗА ПРИМЕНАТА НА ПЛАНОТ И ПРОТОКОЛИТЕ

Следењето на реализацијата на наставниот процес согласно Планот и Протоколите (со физичко присуство на учениците и учење од далечина), го врши Државниот просветен инспекторат согласно своите надлежности преку редовен и вонреден надзор, а надзор на примената на Протоколите за одржување на наставата со физичко присуство во учебната 2020/2021 година вршат Државниот просветен инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно нивните надлежности.

Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД19, во прилог следи алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД19. 
Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секое училиште да се определи назначено одговорно лицеза контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ,СОМНИТЕЛНО НА КОВИД19

  • Доколку ученик, за време на престој во училиште, развиепокачена телесна температура над 37,5 С° исимптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.) веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето.
  • Додека ученикот е во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето.
  • Назначеното одговорно лице од училиштето веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето.
  • Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на ученикот. 
  • Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на ученикот.
  • Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во одделението/класот или целото училиште.

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА УЧЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД19

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на ученикот ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот. 
Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението/класот во кој престојува позитивниот ученик) со цел преземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на ученикот. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот.

Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот на Мој Термин. 

Назначеното одговорното лице во училиштетоги обезбедува следните податоци:

  • Име/презиме, возраст на ученикот, адреса и место на живеење (клас во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите 
  • Список на учениците со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од одделението/класот во кој ученикот престојува во училиштето и податоци за наставникот(име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт)кој го води одделението со истите горенаведени податоци 
  • Дополнително, список на други наставници/вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик
  • Списокот со контакти на потврдениотученикги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.
  • Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во училиштето (меѓу учениците и вработените), со тоа што учениците од одделението/класот во кој престојува позитивното дете, како блиски контакти задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ. За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето и преземените мерки го известува  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ.
  • Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето.
  • Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето.
  • Ученикот позитивен на SARS-CoV-2 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.
  • Родителите/старателите на детето позитивно на SARS-CoV-2како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.

ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА УЧЕНИК ЗА КОЈ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВЕН НА SARSCOV2

Ученикот кој бил сомнителн на КОВИД-19, а за кој е докажано со PCR тестирање дека е негативен на SARS-CoV-2, продолжува да го посетува училиштето и наставата со приложена потврда од матичениот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште.

НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на училиштата во услови на епидемија со КОВИД-19 ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат на РСМ.

Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, во прилог следи алгоритам за постапување во градинките во случај на појава на дете со симптоми, сомнително/позитивно на КОВИД-19. 
Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секоја градинка да се определи назначено одговорно лице (по можност медицинско лице) за контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛНО НА КОВИД-19

  • Доколку дете, за време на престој во градинка, развие покачена телесна температура над 37,5 С° и симптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.) веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во градинката. 
  • Додека е во изолација за детето се грижи негователката од неговата група. 
  • Назначено одговорно лице од градинката веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во градинката. 
  • Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на детето. 
  • Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на детето.
  • Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во групата или целата градинка.
     

ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ ПОЗИТИВНО НА КОВИД-19

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на детето ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во градинката за позитивниот резултат на детето. 
Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на детето (особено за локацијата на детската градинка/клон и групата на деца во која престојувало позитивното дете) со цел превземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на детето. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на детето.
Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за детето преку системот на Мој Термин. 
Назначеното одговорното лице во градинката ги обезбедува следните податоци:

  • Име/презиме, возраст на детето, адреса и место на живеење (воспитна група во градинка) на детето потврдено на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите на детето 
  • Список на децата со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од воспитната група во која детето престојува во установата и податоци за воспитувачката и негователката (име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт) на воспитната група со истите горенаведени податоци 
  • Дополнително список на други вработени лица доколку биле во контакт со потврденото дете

Списокот со контакти на потврденото дете ги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.
Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во градинката (меѓу децата и вработените), со тоа што децата, учителката и негувателката од воспитната група во кое престојувало позитивното дете, како блиски контакти задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во градинката и превземените мерки го известува  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ. 

  • Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во градинката.

Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во градинката.
Детето позитивно на SARS-CoV-2 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.
Родителите/старателите на детето позитивно на SARS-CoV-2 како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.

ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА ДЕТЕ ЗА КОЕ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВНО НА SARS-COV-2

Детето кое било сомнително на КОВИД-19, а за кое е докажано со PCR тестирање дека е негативно на SARS-CoV-2, продолжува да ја посетува градинката со приложена потврда од матичениот лекар дека детето е во добра здравствена состојба и може да посетува градинка.

НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на установите за згрижување и воспитание на деца во услови на епидемија со КОВИД-19 ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат на РСМ.

  1. Секое средно училиште за реализација на практичната настава задолжително го применува и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.
  2. Практичната настава во училиштето се реализира во период од 07:00 часот до 20:00 часот.
  3. Практичната настава во училиштето се реализираа во кабинети, училишни работилници, лаборатории и други посебни простории за оваа намена.
  4. Раководителот на паралелката за оправдано отсутните ученици задолжително го известува наставникот по практична настава.
  5. Влегувањето и престојот во училиштето, во кабинетите, работилниците, лабораториите е дозволено само со задолжително користење на заштитна маска/покривка на лицето од страна на  наставниците и учениците.
  6. На влезот во училиштето, пред и/или во кабинетите, работилниците, лабораториите, како и во самите простории, се поставуваат средства за дезинфекција.
  7. Наставниците и учениците при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  8. Наставниците и учениците задолжително ги почитуваат сите безбедности протоколи, општите препораки, известувања и документи за КОВИД – 19.
  9. Практичната настава во кабинетите, работилниците, лабораториите се изведува со најмногу до 17 ученици, во зависност од бројот на работни места и можноста да се обезбеди физичко растојание од 1,5 метри помеѓу сите присутни во просторијата.
  10. Училиштето изготвува посебен распоред за влез/излез на учениците во кабинетите, работилниците, лабораториите (времетраење на практичната настава, број на просторија, одговорен наставник и сл.) за секоја паралелка/група и го истакнува на видно место во училиштето и на веб страната на училиштето.
  11. Распоредот на часови по практична настава се организира така што помеѓу работата на една паралелка/група ученици во кабинетот/работилницата/лабораторијата да најмалку 15 мин. за да може да се спроведе чистење и дезинфекција на /просторијата и опремата. 
  12. Зависно од бројот на часови по наставен план, се препорачува спојување на часовите по практична настава (блок часови), со цел да се оптимизира престојот на учениците во просторијата. 
  13. Чистењето и дезинфекцијата на машините, инструментите, алатите и другата опрема, како и на кабинетите, работилниците, лабораториите се врши пред почетокот на практичната настава, по завршување на една група на ученици и пред отпочнување на друга група, помеѓу часовите, како и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  14. Просториите задолжително се проветруваат после секои поминати 60 минути со иста група ученици најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на друга група на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на реализација на практичната настава.
  15. Се забранува размена и позајмување на личната опрема (работен мантил,  работна униформа, ракавици и друго) меѓу учениците и наставниците. 
  16. Училиштето треба да назначи посебен редар од редот на вработените, во делот на училиштето каде се наоѓаат кабинетите, работилниците и лабораториите (доколку тие се одвоени од главната зграда на училиштето) со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри кога тие се упатени за реализација на практична настава.

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  кај работодавач.

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна и на своите вработени од друга страна.

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19. 

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата/организацијата/работилницата поврзани со актуелните состојби предизвикани од КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/организацијата/работилницата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:

  • Хигиена на рацете, што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работните активности во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги или клиенти, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад) и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
  • Респираторна хигиена, што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визери и хартиени марамчиња, како и заштитини ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и заштитни ракавици на рацете и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги извести учениците дека  доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Ако некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома. 
  • Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 (два) метра и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр.прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки кои може да имаат контакти со учениците, а во насока на одржување на редот-физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца, согласно важечките прописи во заедничките простории, како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени, ученици или посетители/клиенти. 

6. Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети. 

7. Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работната просторија, работилницата, лабораторијата и сл.) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
8. Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. 
Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице. 

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби 

  • Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки,  покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  во компанијата/организацијата/работилницата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, лицето треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици. 
  • Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, канцеларија, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот, треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.
  • Лицата кои работаат во непосредна околина исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар. 
  • Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
  • Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место) 
Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, тогаш ќе го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице за учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него: 

  • дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
  • доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
  • дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
  • доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
  • да остави податоци за контакт.

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.  

Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно одговорниот наставник. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство, погон, лабораторија, работна средина, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.

Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.

Стручното лице за безбедност при работа ќе го информира секторот за човечки ресурси и раководителот на лицето, за инструкциите добиени од службата за епидемиологија, по што ќе донесат одлука како понатаму да се постапи. За одлуката ќе го известат лицето кое претходно ги информирало.

9.    Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот.

10.    За учениците, кои за време на реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот (кантина и сл.), со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. Тоа значи дека личната заштита на лицето треба да се носи додека се мијат рацете, додека се чека во ред, при подигање на оброкот од линијата, се до седнување на избраното место. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето, по што може да се напушти местото. 

11.    Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.

12.    Се воспоставуват безбедни и по мерка на учениците механизми за поплаки и жалби, како и за повратни информации од реализацијата на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19. 

13.    Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално, а доколку треба групна активност потребна е обезбеденост од почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19.

14.    На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните, работната средина, лабораторијата да се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанијата/организацијата.

15.    После завршување на одредена активност на секоја група просторијата се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од КОВИД-19.

16.    Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/ одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот машинство. 

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна. 

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од  КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот.  Секој ментор или претставник од компанијата/работилницата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:

  • Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работната смена во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги, по одење во тоалет, по контакт со секрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби;
  • Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња, како и заштитни ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. 
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. 
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот, исто така,  е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
  • Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување) и контакти во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории  како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени и ученици.

6.    Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети. 

7.    Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работилницата) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8.    Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице. 

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби
 

  • Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/работилницата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавач, да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, ученикот треба да носи заштитни ракавици.
  • Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби /работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, лицата кои имале директен контакт во погонот и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби  со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде  реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.
  • Лицата кои работале во непосредна околина на ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар. 
  • Стручното лице за безбедност при работа/менторот/ одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавачот веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
  • Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршена дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место) 

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавач дека бил во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач треба да ги побара следниве информации од него:

  • дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
  • доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
  • дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
  • доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
  • да остави податоци за контакт

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно одговорниот наставник. Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство, погон, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.

Стручното лице за безбедност при работа/менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.

9.    Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот

10.    За учениците, кои за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука имаат обезбеден оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот (кантина и сл.), со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. Тоа значи дека личната заштита на лицето треба да се носи додека се мијат рацете, додека се чека во ред, при подигање на оброкот од линијата, се до седнување на избраното место. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето, по што може да се напушти местото. 

11.    Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавачот во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки. 

12.    Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално, а доколку треба групна активност потребна е обезбеденост од почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19.

13.    На секој час при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните/работилниците да се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанија. 

14.    После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, погонот/работилницата се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од коронавирусот КОВИД-19.

15.    Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/ одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство. 

1.    Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.

2.    Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од  КОВИД-19.

3.    Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19. 

4.    Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и организацијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/организацијата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5.    Учениците и компаниите во кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:

  • Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, за време на работните активности и потребите, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби;
  • Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визири, хартиени марамчиња и заштитни ракавици, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. 
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/ работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и заштитни ракавици на рацете да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. 
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, работодавачот, исто така,  е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се преземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
  • -    Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување) во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории  како влезови и излези, каде што може да дојде до собирање на вработени и ученици.

6.    Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети. 

7.    Мерење на температура на учениците пред влезот во компанијата или ветеринарната станица и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8.    Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со ученик со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице. 

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

  • Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  во компанијата/организацијата или ветеринарната станица, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во работна просторија, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби или работодавачот, да замине директно дома, да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, ученикот треба да носи заштитни ракавици. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
  • Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби или  работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата биле во негова непосредна околина (работна просторија) и да ги информира: училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби за состојбата на ученикот и службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација. Наставникот  веднаш треба да ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
  • Лицата кои биле во непосредна околина со ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар. 
  • Процесот на работа, доколку е во ветеринарна станица, ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место) 

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби работодавачот треба да ги побара следниве информации од него:

  • дали лицето  било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
  • доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
  • дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
  • доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и 
  • да остави податоци за контакт

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

9.    Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  и работодавачот кај кого се реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

10.    За учениците, кои за време на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк или носат оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот, со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето.
11.    Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична  обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
12.    Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

13.    На секој час при реализација учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, доколку е во ветеринарна станица се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста. 

14.    После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбита, ветеринарната станица се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од коронавирусот КОВИД-19. 

15.    Работодавачот воспоставува ефективни канали за комуникација и размена на информации со наставникот, родителот/старателот водејќи сметка да се намали физичкиот контакт меѓу учесниците во обуката.

16.    Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот хемија и технологија. 
1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна. 

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат Договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од  КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19. 

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите во кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:

  • Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода и дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работните активности и по завршување на истите во текот на работната смена во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука  и вежби;
  • Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визири, хартиени марамчиња и заштитни ракавици, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. 
  • Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/ работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и везири и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. 
  • Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/ работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се преземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
  • -    Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), и контакти во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории  како влезови/излези, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени и ученици.

6.    Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети. 

7.    Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работната просторија) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8.    Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице. 

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.
Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, лицата кои имале директен контакт во погонот и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот, треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
Лицата кои работале во непосредна околина на ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар. 
Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место) 

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:

  • дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
  • доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
  • дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
  • доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
  • да остави податоци за контакт.

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.
Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство,погон, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.
Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.

9.    Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот кај кого се реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

10.    За учениците, кои за време на реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот (кантина и сл.), со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. Тоа значи дека личната заштита на лицето треба да се носи додека се мијат рацете, додека се чека во ред, при подигање на оброкот од линијата, се до седнување на избраното место. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето, по што може да се напушти местото. 

11.    Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична  обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки. 

12.    Се воспоставуват безбедни и по мерка на учениците механизми за поплаки и жалби, како и за повратни информации од реализацијата на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19. 

13.    Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

14.    На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните, работната средина или при реализација на вежбите во лабораторија се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанија. 

15.    После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, просторијата или погонот се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од Коронавирусот КОВИД-19.

16.    Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и менторот/ одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби од компанијата. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  кај работодавач во секторот лични услуги.

1.    Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.
2.    Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
3.    Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19. 
4.    Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции поврзани со актуелните состојби предизвикани од КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или одговорно лице за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.
5.    Учениците и работодавачите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:

  • Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода и дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа или некоја работна активност, често пати за време на секоја работна активност и по завршување на работната активност и во зависност од потребите, а особено по контакт со колеги или клиенти, пред јадење, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
  • Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визери и хартиени марамчиња, како и заштитини ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. Пред почетокот на работните активности менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска и визир на лицето и заштитни ракавици на рацете и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. Менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги извести учениците дека  доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот. Ако некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома. 
  • Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 (два) метра и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки/клиенти кои може да имаат контакти со учениците, а во насока на одржување на редот-физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, остави, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени, ученици или посетители/клиенти. 

6.    Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети. 
7.     Мерење на температура на учениците пред влезот на работната просторија (салонот, студиото, работилницата, лабораторијата и сл.) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
8.    Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. 
Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице. 

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби 

  • Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки,  покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби  во салонот/студиото/работилницата треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот и да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, лицето треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици. 
  • Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
  • Менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата биле во неговата непосредна околина (колегите и лицата кои имале директен контакт и сл.) и да ги информира: училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби за состојбата на ученикот, и службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.
  • Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација. 
  • Лицата кои работаат во непосредна околина исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар. 
  • Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење на работната просторија и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место) 

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, тогаш ќе го информира својот ментор/одговорното лице од салонот/студиот/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби/работодавачот дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице за учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него: 

  • дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
  • доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
  • дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
  • доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
  • да остави податоци за контакт.

Потоа менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.  

9.    Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот.
10.    За учениците, кои за време на реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк или носат оброк од дома, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот, со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. По завршување со оброкот, маската и визирот треба веднаш да се стави на лицето.
11.    Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
12.    Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално.
13.    На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, како и по влегување на нов клиент и по излегување на клиент, работната просторија (салонот, студиото, работилницата) треба да се проветрува, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и да дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од Коронавирусот КОВИД-19.
14.    Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/ одговорното лице надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

1. Задолжително носењето на лична заштитна опрема

  • Задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација,  согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20).

2. Одржување на физичка дистанца 

  • Престојот на публиката на настанот задолжително се регулира со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 м, не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката;
  • Задолжително одржување на физичка дистанца од два метри на сите членови на тимовите задолжени за организација;
  • Ограничување на капацитетот на посетители:
    - Настаните на отворено да се организираат со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители;
    - Настаните на затворено да се организираат со 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители;

3. Обезбедување честа дезинфекција на рацете:

  • Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
  • Задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.

4. Редовно чистење и дезинфекција на средината:

  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.

5. Поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена

6. Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки:  

  • На влезот 
  • Во просторот каде се одржува настанот

7. Се препорачува електронска продажба на билети, но доколку е потребно да има билетара: 

  • Пред билетарата да се обележи растојание односно место за чекање од 1,5 до 2 метри;
  • Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 метри или заштитна бариера;
  • Персонализирање на продадените билети, односно регистрација при купување на билетите (име и презиме, контакт телефонски број).

Врз основа на горенаведените општи препораки секој организатор на настан потребно е да изготви протокол за реализација на планираниот настан кој ќе го објави јавно со цел навремено информирање на посетителите и учесниците во настанот за правилно следење на протоколот.

НАПОМЕНА: 
СО ДАДЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ СЕ ОПФАТЕНИ КИНАТА, ТЕАТРИТЕ,  БАЛЕТСКИТЕ ПРЕТСТАВИ, ОПЕРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ, ФИЛМСКИТЕ ПРОЕКЦИИ, КОНЦЕРТИТЕ, МУЛТИМЕДИСКИТЕ ПРОЕКТИ, ФЕСТИВАЛИТЕ И МАНИФЕСТАЦИИТЕ ОД ДЕЈНОСТА НА КУЛТУРАТА, А НЕ СЕ ОПФАТЕНИ ПРИВАТНИТЕ ВЕСЕЛБИ!

  1. Сите вработени во центарот се известуваат да не доаѓаат на работа доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).
  2. Учениците се известуваат да не доаѓаат на часови во едукативниот центар доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).
  3. На сите вработени и ученици им се мери телесна температура пред влезот на центарот/училиштето и во случај на зголемена температура (≥ 37,5°C) не им се дозволува влез. Истите  се упатуваат за понатамошна консултација кај матичен лекар.
  4. Центарот/училиштето, за влез и излез на учениците, ги става во функција сите влезови на објектот и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја група и го истакнува на видни места во центарот.
  5. На родителите/старателите кои ги испраќаат децата до назначениот влез на центарот им се забранува нивно влегување во центарот.
  6. Пред влезот на центарот/училиштето се поставува дезо-бариера за дезинфекција на обувките која редовно се одржува натопена со дезинфекционо  средство. 
  7. На влез од центарот/училиштето, учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи учениците да ги дезинфицираат обувките и рацете.
  8. Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во центарот.
  9. На влезот од центар/училиштето, во ходниците и просториите за настава се поставуваат едукативно-информативни материјали со насоки за заштита на здравјето и безбедност во центарот.  
  10. Сите вработени во центарот/училиштето и учениците при влегување во центарот/училиштето и за време на престојот во центарот задолжително носат заштитна маска/покривка на лице (заштитна маска не носат деца од претшколска возраст) и ја почитуваат мерката за физичко растојание од најмалку 1,5 метри. 
  11. Се ограничува бројот на ученици во една училницата согласно капацитетот на просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учениците и наставникот од 1,5-2 метри. Дозволен максимален број на ученици во една училница е 6.
  12. Времето на престој на учениците во центарот/училиштето се ограничува на 2 часа.
  13. Наставата се одвива со обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. 
  14. Училниците задолжително се обезбедени со дезинфекционо средство и се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците. За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец.
  15. Се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол). 
  16. Се забрануваат поздравувања со физички контакт на вработените во центарот и меѓу учениците. 
  17. За време на наставата и паузите, со учениците задолжително е присутен наставникот кој се грижи за почитување на физичко растојание меѓу учениците со цел да се спречи нивно групирање како и носењето на заштитна маска. 
  18. Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во центарот треба да се изведуваат со употреба на видео-конференциска врска. 
  19. Пренесување на информации и состаноци со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја он-лајн апликација, којашто ќе ја договори центарот/училиштето. 
  20. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, завршување на активностите на секоја одделна група на ученици, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот. 
  21. Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во центарот и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на часот за секоја група на ученици. Центарот/училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени и дезинфицирани.
  22. Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазено физичко растојание (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре). 
  23. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  24. Во центарот/училиштето како и во училниците (доколку има) клима уредите редовно се сервисираат, се менуваат и дезинфицираат филтрите. 
  25. Менаџерот на центарот/училиштето треба да определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и воедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита. 
  26. Во тоалетите и во училниците да се обезбедат корпи за отпадоци со капак.
  27. Ако ученик развие симптоми на COVID-19 додека е во центарот/училиштето, наставникот го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето и се упатуваат за натамошна консултација со матичниот лекар на ученикот.
  28. Доколку се потврди дека ученик е заболен од COVID-19, центарот/училиштето врши консултација со епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје за натамошно постапување со групата на која припаѓа ученикот и доследно се спроведуваат добиените насоки.

Сите вработени лица во природните лекувалишта и пациентите кои ќе бидат третирани или сместени во истите потребно е да се придржуваат и да ги почитуваат основните превентивни мерки за превенција од COVID-19, препорачани од Комисјата за заразни болести и Мистерството за здравство: 

  • Задолжително носење на лична заштитна опрема за време на престој во објектот
  • Одржување на физичко растојание 
  • Обезбедување често миење/дезинфекција на рацете
  • Редовно чистење и дезинфекција на средината

Пред влезот во објектот:

  • Да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на обувките на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
  • На влез во објектот се препорачува мерење на телесна температура на вработените и пациентите со бесконтактен тепломер. За лицата со покачена температура над 37,5°С да не се дозволи влегување во објектот.
  • Поставување на дезинфекциони средства за раце на видливи и достапни места во ходниците и чекалните, за честа дезинфекција на рацете. 

Информирање на пациентите:

  • На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно-едукативен материјал за пациентите во однос на почитување на превентивни мерки и начинот на однесување за време на престојот во бањата.

Препораки за персоналот:

  • Вработените секојдневно задолжително да ја следат својата здравствена состојба и во случај на појава на респираторни симптоми: треска, зголемена телесна температура, кашлица или отежнато дишење, не доаѓаат на работа. При влез на работа, се препорачува мерење на телесна температура на вработените со бесконтактен топломер, а лицата со повишена температура над 37,5°С да се вратат дома. Во случај на појава на потврден случај на COVID-19 во блиската фамилија, вработениот не доаѓа на работа и веднаш телефонскиго известува претпоставениот. 
  • На работното место сите вработени задолжително се придржуваат до базичните мерки на заштита.
  • Спроведување хигиена на рацете со миење на рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Ако нема можност за миење со сапун и вода тогаш задолжително рацете да се дезинфицираат со средство за дезинфекција на раце базирано на алкохол.
  • Задолжителна употреба налична заштитна опрема: медицински ракавици, заштитни маски, наочари или визири и мантили за еднократна употреба зависно од тераписката процедура и ризикот од инфекција.
  • Ракавиците да бидат за една употреба. Да се внимава кога се вадат ракавиците, да се фаќаат од внатрешната страна и да се фрлаат во корпа за медицински отпад.
  • Маските да се менуваат често, бидејќи нема да овозможуваат потребна заштита. Кога ќе се вадат да се внимава да не се допре лицето.
  • Почеста дезинфекција на наочарите и визирите по потреба со средство за дезинфекција. Внимателно постапување по нивно вадење и внимавање да не се контаминираат од внатрешната страна. Де се оставаат на чиста и заштитена површина.
  • Работната облека по работниот ден или по потреба да се пере или во зависност од составот да се дезинфицира соодветно.
  • Избегнување допир на очи, нос и уста.
  • Изведување респираторна хигиена при кашлање и кивање во свиткан лакт или марамче кое потоа веднаш треба да се фрли во корпата за медицински отпад.
  • Да се одржува физичко растојание од 1,5-2 метри.
  • Во текот на паузите да се избегнува групирање и заеднички оброк на повеќе лица, и по можност времето за пауза на персоналот да се организира во различни временски интервали.

Хигиена на просторот

  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
  • Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  • Затворениот простор неопходно е редовно да се проветрува со природно проветрување на просториите. При користење на клима уреди, редовно да се менуваат и дезинфицираат филтрите. Не се препорачува користење на централна климатизација од затворен тип.

Посета на лекувалиштето се обавува по претходно закажан термин на телефон!

При јавување на пациентот на телефон да закаже термин, се поставуваат следните прашања: 
1.    Неодамнешно патување во места каде има позната трансмисија на COVID-19 во заедницата?
2.    Неодамнешен контакт со лице со потврдено присуство на COVID-19?
3.    Неодамнешна посета или работа во здравствена институција каде се третираат пациенти со потврден COVID-19?

Ако одговорот е НЕ на сите горенаведени прашања, можат да продолжат да закажат и да ја посетат установата.

Ако одговорот е ДА на некое од горенаведените прашања, лицето треба да се праша дали има некој од следниве симптоми: треска, кашлица, отежнато дишење, друг симптом или некоја друга карактеристика на горно-респираторна инфекција како назален секрет или често кивање. Ако лицето потврди присутво на некои од овие симптоми тогаш не треба да се закаже термин, а лицето се советува да побара консултација со матичен лекар.

Постапки и прашања кои се поставуваат при прием на пациентите во лекувалиштето од страна на медицинска сестра

  • На влезот од установата се мери телесна температура на пациентите со безконтактен термометар

Доколку пациентот нема покачена телесна температура се поставуваат следните прашања и се пополнува анкетен лист на кој пациентот треба да се потпише:
1.    Неодамнешно патување во места каде има позната трансмисија на COVID-19 во заедницата?
2.    Неодамнешен контакт со лице со потврдено присуство на COVID-19? 
3.    Неодамнешна посета или работа во здравствена институција каде се третираат пациенти со потврден COVID-19?
4.    Ако имаат некои од следниве симптоми – треска, кашлица, отежнато дишење, друг симптом или некоја друга карактеристика на горно-респираторна инфекција како назален секрет или често кивање?

  • Ако се сомневаме на можна инфекција со COVID-19 во тек на консултацијата, пациентот не се прима, се упатува на консултација со матичен лекар и закажување на термин за тестирање за COVID-19. Пациентот веднаш се изолира во посебна просторија за изолација додека се организира превоз до дома

По заминување на пациентот од просторијата, се следат на упатствата по протокол за чистење и дезинфекција на просторот.

  • Доколку пациентот одговори негативно на сите наведени прашања се упатува кон приемниот пулт со предходна задолжителна дезинфекција на рацете и задолжителна заштитна маска, а потоа се отвара медицинска историја и се испраќа на преглед кај специјалист физијатар.

Во чекалната пациентите да бидат распределени од редар (одговорна медицинска сестра) коj ќе ги упати кон обележани места на соодветно растојание и кој ќе го контролира спроведувањето на превентивните мерки (носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, дезинфекција на рацете).

Спроведување на физикална терапија кај лежечки пациенти

  • Прегледите да се одвиваат во термин од времетраење од 20 минути со 15 минути време помеѓу два прегледа за да може да се дезинфицира ординацијата.
  • Потребно е приемното одделение и одговорната сестра да го организираат начинот на испраќање на пациентите кон ординациите со цел да не се создава метеж пред ординациите и докторите непречено да го извршуваат прегледот.
  • Пациентите кои го реализираат своето лекување со престој во установата да бидат упатени кон одделна кабина за електротерапија. По излезот на предходните пациенти, работните површини и апаратите да бидат дезинфицирани.
  • Мануелна масажа. Пред почеток на масажата кабината се дезинфицира. На кревет се поставува навлака за еднократна употреба или нов чаршав за секој пациент. Масерите задолжително да носат заштитни ракавици и да ги менуваат со промена за секој пациент.
  • Кинезитерапија да се спроведува во кинезисала во посебни термини за лежечки пациенти, со распределување на пациентите на растојание од 2 метри, со задолжителна заштитна опрема на пациентите и физиотерпевтите. Задолжителна дезинфекција на работните површини и реквизитите во кинезисалата по завршување на вежбите. При индивидуални потпомогнати вежби физиотерапевтите задолжително да носат заштитни маски, визири и заштитни ракавици.
  • Хидрокинезитерапија и хидротерапија. Во делот на хидротерапијата, да се обезбеди растојание меѓу пациентите во базен, односно да се води сметка за бројот на лицата кои во исто време ќе го користат базенот. Во базенот да се постави табла со инструкции за одржување на растојание од минимум 1,5 метри од секој клиент, како и лежечките кревети да имаат растојание од 1,5 метри, освен ако истите не се користат од членови на исто семејство.
  • Користењето на базените со термо-минерална вода се спроведува со почитување и согласно Протокол за работа на базените во тек на пандемија со COVID-19 усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus  (Прилог бр.39).

Предлог за спроведување на физикална терапија за пациенти на Мој термин

  • Посебен пулт за прием на пациенти кои своето лекување ќе го реализираат преку Мој термин.
  • На самиот влез пациентите ќе бидат анкетирани со истиот анкетен лист наведен погоре и ќе им биде измерена телесна температура. На пултот по издавање на медицински картон ќе бидат упатени кон лекарска ординација посебна за пациентите на Мој термин.
  • Прегледите ќе се одвиваат во 15 минутен термин и 5 минути помеѓу секој преглед за да може да се дезинфицира ординацијата.
  • Електротерапија, медицинска масажа и термотерапија ќе им биде аплицирана во соодветните простории. По завршување на третманите се спроведува задолжителна дезинфекција на кабината/креветот за третман.
  • Кинези терапијата и хидро терапијата кај пациентите со Мој термин да се спроведе на посебен термин, односно да не се вкрстуваат со пациентите кои се лежечки во природното лекувалиште.

Работа на ресторантот

Работата на ресторантот во природните лекувалишта се спроведува со почитување и согласно Протоколот отварање и работа на угостителските објекти за исхрана усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр.8).

Сместување на лежечки пациенти

Сместувањето во болничките капацитети се спроведува со почитување и согласно Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување) усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus  (Прилог бр.24), со напомена дека се сместува по еден пациент во соба, освен ако пациентот е во придружба на член од семејството или со придружник по своја волја.

Работа на спа центар

  • Надворешни клиенти за користење на големиот базен и спа центарот да не се примаат до стабилизација на епидемијата и целосно укинување на рестриктивните мерки.
  • Надворешни клиенти за користење на масажа да бидат примени после спроведување на епидемиолошка анкета на приемен пулт и потпис од клиент. Задолжителна заштитна опрема на клиенти и персонал при изведување на третман. Помеѓу третманите да има период од 30 минути за дезинфекција на собите за масажа. 

Наставниот процес во Заводот ,,Кочо Рацин,, ќе се одвива во две смени. Првата смена во период од 08:00 часот до 13.00 часот, додека втората смена од 14:00 до 19:00 часот.
Продолжениот престој за учениците од одделенска настава  ќе се реализира од 10.30 – 13.00 часот, а ќе бидат опфатени 2 ученици со уредно потпишани изјави, во една училница со соодветно растојание меѓу нив.

Во училиштето ќе продолжи да функционира интернатот кој што работи седум дена во неделата 24часа. Во него ќе бидат опфатени само нашите штитеници. Во него поради подобра заштита на учениците ќе бидат сместени вкупно 9 ученици во девет спални соби, односно во еднокреветна соба може да биде сместен еден ученик, а во собите со над два кревети можат да бидат сместени максимум два ученици.  Секоја од спалните соби е со површина над 30 м2 и во секоја од спалните ќе бидат сместени по  еден ученик.

Интернатот (машки оддел и женски оддел) располагаат со неколку тоалети, што овозможува да нема блиски контакти помеѓу децата за време на одржување на личната хигиена. Во текот на денот ќе се врши повеќе пати проветрување, а дезинфекција на просториите ќе се врши кога децата ги напуштаат собите односно за време на доручекот во 07:20 часот, за време на ручекот во 13:00 часот и за време на вечерата во 19:00 часот. Давање на редовна терапија  и бањање се врши индивидуално за секое дете од страна на негувателот. При постојаната контрола на децата од страна на негувателот мери температура четири часа во текот на ноќта и се води евиденција.

Родителот/старателот ќе има обврска кон училиштето да достави изјава:

  • За избор на Модел на настава кој ќе ја следи неговото дете во учебната 2020/21 година. 
  • За придржување до планот и протоколите за одржување на настава во училиштето во учебната година 2020/2021

Доколку член од семејството има симптоми кои се карактеристични за Ковид 19, во најбрз можен рок ќе го извести училиштето и ученикот ќе го продолжи воспитно – образовниот процес од домашни услови (електронско учење)

Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција двата влезови на училишната зграда и изготви распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и ќе го истакне на видни места во училиштето.  

На влезот од училиштето, во ходниците и училниците ќе се постават едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце и сунгер за дезинфекција на обувки.

Родителите/старателите заедно со учениците со организираниот такси превоз или сопствен превоз ги носат до влезовите на училиштето. 
На влезовите од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, одделенски наставник, негувател и воспитувач, кој се грижат за ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство.

Медицинската сестра и негователот во училиштето при влез на учениците во училишната зграда ја мeри телесната температура на учениците со безконтактен топломер, а во случај на покачена телесна температура (над 37.4°). Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и  веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот. Доколку родителот не се јави при повикот, го информираме центарот за јавно здравје.

Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште и време на престојот во училиште задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице и/или визир, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца. Вработените во училишптето задолжително носат работна облека.

Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37,4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

Наставата во училница се изведува со најмногу до 2–5 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од најмалку 2 метри помеѓу учениците наставникот во училници со над 30м2.
Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето од страна на наставниците и медицинската сестра.. 

При настава со учење на далечина работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност.

Доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на настава повеќе од пет дена, наставникот со стручната служба во училиштето реализира посета на ученикот во неговиот дом и спроведува разговор со родителот за неопходноста од задолжително и редовно следење на наставата.

За извршената посета и разговор со родителот/старателот се составува белешка.
За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошките мерки утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование.

За учениците според ИОП и согласно наставните планови и програми се изработуваат едукативни материјали кои ќе се достават до родителите на индивидуални средби во училиштето каде и родителите ќе добијат насоки и упатства за изработка на материјалите, по верификацита на училиштето како основно училиште со ресурсен центар и интернатско сместување
За учениците од подалечните места на живеење чии што родители нема да можат да доаѓаат во училиштето, наставниците едукатвните материјали ќе ги копираат и принтаат во училиштето, а уредно спакувани во плик ќе им бидат испратени по пошта или ќе бидат пренесени со превоз во нивниот дом.

Поради специфичноста на учениците ќе се изработуваат и ресурси со развојно – едукативни содржини.
Активностите на училиштето се објавуваат и на веб страната на училиштето согласно изработениот распоред за развојно-едукативни содржини за учениците од ЗРДОСГГДПР ,,Кочо Рацин”.  Освен за учениците и нивните родители ресурсите се достапни и за пошироката јавност.  

Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците. 
За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците. 
Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето ќе се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, ќе се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето располага со листа за сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

Секој ученик ќе има свој прибор за работа и наставно дидактички материјали, кои во текот на денот нема да ги разменува со друго дете.
Секој ученик ќе има свои дидактички материјали и нема да биде дозволена размена се додека не се изврши дезинфекција на истите. Дидактичкиот материјал ќе се дезинфицира во кофи со дезинфекционо средство во секоја училница посебно. 

При следење на едукативна програма на ТВ децата во интернатот седат на растојание најмалку на 2 м2 а со далечинскиот управувач ќе управува негувател или воспитувач.
Секој ученик задолжително ќе има обележано своја клупа и столче, поставени на растојание од најмалку 2 метри.  

Чистењето на училниците ќе се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот. 

Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици запазена дистанца и помош од негователот. 
Тоалетите ќе бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто ќе се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Холовите, скалите и останатите заеднички простории ќе се чистат најмалку два пати во една смена, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.

Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, ќе се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

Часовите, секогаш кога ќе дозволуваат временските услови, ќе се реализираат во училиштен двор запазувајќи ги сите препораки и мерки за заштита и превенција од Ковид 19.

Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
Училиштето ќе воведе систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите.

Просториите задолжително ќе  се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
За време на наставата прозорецот во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен. Во училницата ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

Директорот на основното училиште изготви распоред на лица одговорни за спроведување на протоколите.
Учениците доаѓаат и одат на училиште, со организиран превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ќе ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците. 

За потребите на учениците од интернатот (9 ученици) и учениците од продолжен престој (2 ученици) во училишната кујна ќе биде приготвен еден топол оброк во текот на денот. Трпезаријата каде што ќе се служи оброкот за интернатките ученици е со површина од 100м2  и во неа ќе бидат послужени  и појадок, ужина и вечера во облик на ланч пакет.

Секој ученик ќе седи на посебна маса. Учениците од продолжен престој својот топол оброк ќе го добиваат уредно спакуван во кутиии за една употреба.
За училишната кујна и трпезарија се грижи готвачот.

Учениците кои доаѓаат само на редовна настава оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница како и за време на настава кога наставникот ќе зборува и кога децата меѓусебно треба да зборуваат за целите на часот,  ќе ги тргнат маските имајќи предвид дека тоа се деца со оштетен слух и голем дел од нив читаат од уста, но притоа ќе се запази минималната дистанца од 1.5 м.

Со оглед на тоа што во нашата инсистуција учат ученици со оштетен слух, говор и глас тимот на училиштето ја разгледува можноста за набавка на одобрени од комисијата за здравство прозирни маски за побезбедна и полесна комуникација на учениците и наставниците.
Забрането е разменување храна и пијалоци како и носење на храна од дома. Забрането е разменување на прибор за јадење помеѓу учениците, се користат чаши и прибор за јадење за една употреба.

Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
Користењето на спортската сала и други простории ќе бидат користени од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки 

Преминувањето низ заедничките простории ќе се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.

Влегување на други лица ќе се избегнува (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

Индивидуалните рехабилитациони третмани ќе продолжат преку реализирање индивидуален третман за учениците со кои посетуваат настава во Заводот ,,Кочо Рацин,, - Битола, по изготвен распоред во согласност со протоколите дадени од МОН и протоколите за заштита и превенција од Ковид 19, во кабинетите за слушно-говорни вежби, логопедски, психолошки, ортооптичко-плеоптички, сензорна соба и биофидбек терапија. Пред влегување во кабинетот се врши задолжителна дезинфекција на рацете на ученикот. Третманите ќе траат 30 минути согласно дадените насоки и препораки. По завршување на третманот ќе се врши задолжителна дезинфекција на просторијата и материјалите за работа.

Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 ќе се почитуваат препораките во комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината и до Министерството за образование и наука.

Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и  веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, ќе се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.

Наставниот процес во училиштето ќе се одвива во две смени период од 07:30 часот до 15.30 часот, во две смени (прва смена 7.30 – 11.00, и втора смена од 11.15 до 15.30)
Продолжениот престој за учениците од одделенска настава  ќе се реализира од 11.00 – 13.00 часот, а ќе бидат опфатени 8 ученици со уредно потпишани изјави, поделени во две училници.

Во училиштето ќе продолжи да функционира ученичкиот дом кој работи пет дена во неделата (од понеделник до петок). Во него поради подобра заштина на учениците ќе бидат сместени вкупно 4 ученици во две спални соби со над два кревети. Во едната спална соба има 6 кревети а ќе бидат сместени 2 ученика а во другата спална соба има 8 кревети и таму ќе бидат сместени 2 ученика. Секоја од спалните соби е со површина од 28,4 м2 и во секоја од спалните ќе бидат сместени по два ученика на растојание од 5 метри. 

Родителот/старателот ќе има обврска кон училиштето да достави изјава:

  • За избор на Модел на настава кој ќе ја следи неговото дете во учебната 2020/21 година. 
  • За придржување до планот и протоколите за одржување на настава во училиштето во учебната година 2020/2021

Доколку член од семејството има симптоми кои се карактеристични за Ковид 19, во најбрз можен рок ќе го извести училиштето и ученикот ќе го продолжи воспитно – образовниот процес од домашни услови (електронско учење)
Училиштето за влез и излез на учениците го става во функција единствениот влез на училишната зграда и изготви распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и ќе го истакне на видни места во училиштето.  
На влезот од училиштето, во ходниците и училниците ќе се постават едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце. 
Родителите/старателите ги испраќаат учениците до организираниот такси превоз кој ги носи до влезот на училиштето (при превозот ќе се почитуваат протоколите од 75% во возило).
На влезот од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство.
Негователот во училиштето при влез на учениците во училишната зграда ја мeри телесната температура на учениците со безконтактен топломер, а во случај на покачена телесна температура (над 37.4°). Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и  веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште и време на престојот во училиште задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице и/или визир, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца. Вработените во училишптето задолжително носат работна облека.

Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.
На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37,4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

Наставата во училница се изведува со најмногу до 2–3 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од најмалку 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето. 
При настава со учење на далечина работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност.
Доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на настава повеќе од пет дена, наставникот со стручната служба во училиштето реализира посета на ученикот во неговиот дом и спроведува разговор со родителот за неопходноста од задолжително и редовно следење на наставата.

За извршената посета и разговор со родителот/старателот се составува белешка.
За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошките мерки утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование.
За учениците според ИОП и согласно наставните планови и програми се изработуваат едукативни материјали кои ќе се достават до родителите на индивидуални средби во училиштето каде и родителите ќе добијат насоки и упатства за изработка на материјалите. 
За учениците од подалечните места на живеење чии што родители нема да можат да доаѓаат во училиштето, наставниците едукатвните материјали ќе ги копираат и принтаат во училиштето, а уредно спакувани во плик ќе им бидат испратени по пошта или ќе бидат пренесени со превоз во нивниот дом.

Поради специфичноста на учениците ќе се изработуваат и ресурси со развојно – едукативни содржини.
Активностите на училиштето се објавуваат и на веб страната на училиштето согласно изработениот распоред за развојно-едукативни содржини за учениците од ПОУ "Маца Овчарова“.  Освен за учениците и нивните родители ресурсите се достапни и за пошироката јавност.  

Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците. 
За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците. 

Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето ќе се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.

Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, ќе се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето располага со листа за сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

Секој ученик ќе има свој прибор за работа и наставно дидактички материјали, кои во текот на денот нема да ги разменува со друго дете.
Секој ученик ќе има свои дидактички материјали и нема да биде дозволена размена се додека не се изврши дезинфекција на истите. Дидактичкиот материјал ќе се дезинфицира во кофи со дезинфекционо средство во секоја училница посебно.
Секој ученик задолжително ќе има обележано своја клупа и столче, поставени на растојание од најмалку 1,5 метар  

Чистењето на училниците ќе се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот. 
Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици запазена дистанца и помош од негователот. 
Тоалетите ќе бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто ќе се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Холовите, скалите и останатите заеднички простории ќе се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.

Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, ќе се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

Часовите, секогаш кога ќе дозволуваат временските услови, ќе се реализираат во училиштен двор запазувајќи ги сите препораки и мерки за заштита и превенција од Ковид 19.
Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

Училиштето ќе воведе систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите.
Просториите задолжително ќе  се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
За време на наставата прозорецот во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен. Во училницата ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

Директорот на основното училиште изготви распоред на лица одговорни за спроведување на протоколите.

Учениците доаѓаат и одат на училиште, со организиран превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ќе ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.

Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците. 

За потребите на учениците од интернатот (4 ученици) и учениците од продолжен престој (8 ученици) во училишната кујна ќе биде приготвен еден топол оброк во текот на денот. Трпезаријата каде што ќе се служи оброкот за интернатките ученици е со површина од 35м2  и во неа ќе бидат послужени  и појадок, ужина и вечера во облик на ланч паќет. Секој ученик ќе седи на посебна маса. Учениците од продолжен престој својот топол оброк ќе го добиваат уредно спакуван во кутиии за една употреба.
За училишната кујна и трпезарија се грижи готвачот.

Учениците кои доаѓаат само на редовна настава оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница.

Забрането е разменување храна и пијалоци како и носење на храна од дома. Забрането е разменување на прибор за јадење помеѓу учениците, се користат чаши и прибор за јадење за една употреба.

Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.

Користењето на спортската сала, сензорна соба и други простории ќе бидат користени од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки 

Преминувањето низ заедничките простории ќе се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.

Влегување на други лица ќе се избегнува (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

Сервисните услуги во училиштето ќе продолжат преку реализирање индивидуален логопедски третман за учениците со говорна патологија кои посетуваат настава во редовните основни училишта во Велес и за учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ кои имаат потреба од индивидуален третман ќе се изведуваат третмани по изготвуваат распоред во согласност со протоколите дадени од МОН и протоколите за заштита и превенција од Ковид 19. 

Родителите кои доаѓаат како придружба на своето дете ќе го донесат и предадат детето на третман на влезот од училиштето, а потоа во зависност од временските услови ќе го чекаат детето во училишниот двор или во просторијата наменета за родители. Пред влегување во кабинетот се врши задолжителна дезинфекција на рацете на ученикот и мерење на телесната температура со безконтактен термометар. Логопедскиот третман ќе трае 30 минути согласно дадените насоки и препораки. По завршување на третманот ќе се врши задолжителна дезинфекција на просторијата и материјалите за работа.

Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 ќе се почитуваат препораките во комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и  веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, ќе се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.

  • Воспитно- образовниот процес во училиштето се одвива во две смени, едната смена наставниот процес во период од 07:45 часот до 11:20 часот, а воспитно-образовната работа со интернатски сместените ученици во период од 14:00 до 16:30 часот.
  • Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите 2 влеза на училишната зграда. Учениците пристигаат во две групи: Првата група (15 ученици) стигнува организирано во 7:30 и го користи влез еден, втората група (7ученици) пристигнуваат поединечно со радио такси и го користат влез број два.
  • Протокот на ученици и вработени во и надвор од училиштето се одвива по строго контролиран ред, со поставени ознаки со кои се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 1,5 метар при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  • За контролиран влез и излез во/ од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба (лице од технички персонал и негувател), со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метар.
  • На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставени едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце. 
  • Родителите/ старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/ старателите/ образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/ прекривка на лицето.
  • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник и негувател, кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
  • На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување вомини бусот  и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37,5°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки.
  • Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во училиште и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/ покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
  • Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  • На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37,5°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
  • На учениците кои организирано патуваат пред влезот во комбето им се мери телесна температура со безконтактен топломер од страна на превозникот. На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37,5°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
  • Наставата во училница се изведува со сите ученици од паралелката и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Нашите паралелки најмногу имаат 7 ученици, а најмалку имаат тројца. Според тоа може да се реализира наставата непречено.
  • Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик- ученик и наставник- ученик од најмалку 1,5 метри.
  • Наставниците ќе  избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца од 1,5 метри.
  • Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците. 
  • Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. 
  • Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето. 
  • Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците. 
  • За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/ наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците. 
  • Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени, (тоа се просториите на училниците, логопедскиот кабинет, спортската сала, занималната, кујната, трпезаријата)
  • Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот. 
  • Употребата на тоалетите се организира на следниот начин:истовремено најмногу двајца ученици, за редот и дисциплината во тоалетите се грижат хигиеничар и негувателка (негувателката која се грижи за децата со памперс и физички потешкотии).
  • Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто бидејќи се користат 24\ 7, училниците се чистат пред почетокот на наставата по завршување на наставата и по завршување на попладневните воспитно-образовни активности. Спалните соби се чистат наутро и после секое користење.
  • Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето.
  • Во училиштето се ограничува бројот на лица кои истовремено можат да ја користат соблекувалната- една негувателка- еден ученик.
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
  • За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
  • Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
  • Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/ старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците. 
  • Учениците кои патуваат носат оброк/ храна од дома, учениците кои се интернатски сместени добиваат оброк во училиштето, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.
  • Учениците оброкот донесен од дома го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница. Интернатските сместени ученици оброкот го консумираат во училишната трпезарија со запазување на протоколите на заштита. Учениците кои се несамостојни во хранењето (двајца), оброкот донесен од дома го консумираат со помош на негувателката во просториите на трпезаријата. 
  • Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
  • Користењето на спортската сала, логопедски кабинет  и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
  • Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
  • Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
  • Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти- епидемични мерки како што се проверка на вода за  потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и носење заштитна маска/ прекривка и заштитници за обувките.
  • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД- 19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД- 19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
  • Ако ученик развие симптоми на КОВИД- 19 додека е во училиште, стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/ прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
  • Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
  • ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ИНТЕРНАТОТ ВО ПОУ,,Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-  НОВО СЕЛО
  • На влезот на интернатот се поставуваат едукативно– информативни материјали за заштита на здравјето на учениците, се пставуваат средства за дезинфекција за раце и обувки;
  • Просториите од интернатот/ спалните се дезинфицираат секое утро по напуштање од страна на децата и остануваат затворени до легнување. Постелнина секојдневно ќе се проветрува и истата ќе се менува двапати неделно;
  • Во училиштето има 10 (десет) спални соби,  секоја со 20 m2,  во секоја спална има по 3 кревети и ќе бидат сместени по две деца. Во просториите на интернатот се забранува влез на неовластени лица, влегуваат само негувателка и чистачка;
  • Техничкиот перонал/ негувателки при влезот во просториите на интернатот задолжително ги дезинфицираат рацете и обувките;
  • При пресоблекување на дете негувателките задолжително носат заштитна облека која се користи само во просториите на интернатот, истата е за една употреба и се фрла после користење. После секое дете се врши дезинфекција на соблекувалната;
  • Во училиштето постои соба за изолација која секој ден ќе се дезинфицира. Во оваа просторија ќе се изолира секое дете кое ќе покаже симптоми на настинка, грип, покачена температура, КОВИД- 19 и ќе се постапи според постоечките протоколи.
  • Личната хигиена ќе се одржува под надзор на негувателка, капење и туширање на секое дете во интернатот најмалку два пати неделно, а по потреба и повеќе пати.

ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА КУЈНА/ ТРПЕЗАРИЈА ВО ПОУ,,Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” НОВО СЕЛО

  • На влезот на кујната/ трпезарија се поставуваат едукативно– информативни материјали за заштита на здравјето на учениците, се пoставуваат средства за дезинфекција за раце и обувки;
  • Просториите од  кујната/ трпезарија се дезинфицираат пред и после секоја употреба;
  • Во просториите на кујната се забранува влез на неовластени лица, влегуваат готвач и садомијачка. Во просториите на трпезаријата за време на појадок и ручек на интернатски сместените деца  влегува еден дежурен наставник и негувателка, за време на вечера во просториите на трпезаријата се присутни воспитувач и негувател.
  • При подготовка на храната готвачот носи заштитна облека за еднократна употреба. Готвачот не смее со работна униформа да ја напушти работната просторија во текот на работното време.
  • На секоја маса ќе седат најмногу по двајца ученици.
  • Работното време на училиштето е од  07:00 до 22:00 часот пропишано во куќниот ред на училиштето.
  • Прифаќањето на учениците со училишниот автобус кој максимално ги задоволува стандардите за заштита и почитување на мерките започнува во 07:00 часот со првата група на ученици (на релација од училиште до с. Идризово и назад)до 07:40 и втора група од училиште 07:45 часот  до с. Горно Оризари и назад до 08:15 часот).
  • Враќањето на учениците е по обратен редослед почнувајќи од 12: 15 до 14:00 часот.
  • Наставниот процес во ПОУ „Иднина“ Скопје  ќе се одвива во една смена и тоа во период од 08:30 до 12:10 часот.
  • Работното време на наставниот кадар е од 07:30 до 14:00 часот.
  • Работно време на Стручната служба е од 07:30 до 15:30 часот.
  • Работното време на административно – техничка служба е во различен интервал од 07:00 до 08:00 часот  и заминување од 15:00 до 16:00 часот.
  • Приемот  на учениците ќе се реализира во три групи пропишан во Планот за организација со однапред определен распоред на доаѓање и одење.
  • Посебното основно училиште „Иднина“ Скопје има просторни и ресурсни капацитети за реализација на наставата во една смена. Училниците, кабинетите и помошните простории, просторно ги задоволуваат пропишаните мерки и нивната квадратура е дадена во табелата за простор од Планот за организација на воспитно -  образовен процес за учебната 2020/2021 година. 
  • Во една училница односно паралелка ќе има присутни од 1 до 6 ученика со можност за одржување на растојание од 1,5 м помеѓу секој ученик. За секоја паралелка  исто така  има изготвено табела со податоци за бројот на ученици за физичко присуство во Планот за организација. 
  • Чуварска служба (1 чувар) во училиштето е со работно време од 14:00 до 21:00 часот од понеделник до петок и сабота од 08:00 до13:00 часот.Недела училиштето не работи.
  • Наставниот процес во подрачните паралелки ќе се одвива исто така во една смена и простор кој ги задоволува условите за реализација и почитување на мерките за заштита и растојание од 1,5м согласно протоколот во училиштето во кои се наоѓаат.(ООУ „25 Мај“ Скопје – Општина Гази Баба (2 ученика со физичко присуство), ООУ„ Ѓерѓ Кастриот Скендербег – Општина Арачиново (2 ученика со физичко присуство),  ООУ„Гоце Делчев Општина Илинден ( 2 ученика со физичко присуство), ООУ „Кочо Рацин“ Општина Петровец (1 ученик со физичко присуство).
  • Училиштето за влез и излез на учениците ќе го користи главниот влез на училиштето според приложениот распоред за пристигнување на групите во различно и во планот определено време. Планот  ќе е истакнат на видно место во Училиштето.
  • Протокот на ученици и вработени во и надвор од училиштето ќе се одвива по строго контролиран ред, ќе бидат поставени ознаки со кои ќе се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 1,5 метар при чекање ред на учениците пред и внатре во Училиштето. 
  • Контролираниот влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, ќе се организира според  планот за дежурства на наставници, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метар според следниов план:
     
  • 2 лица (негувател и дежурен наставник) пред влезот на училиштето, 
  • 2  дежурни наставници во главниот хол на училиштето и 
  • 2 дежурни наставници кои ќе ги спроведуваат учениците до нивните училници каде истите ги прифаќаат одделенските односно предметните наставници.
     
  • На влезот од училиштето ќе е поставена бариера за дезинфекција на обувки, на повеќе места во ходниците и во секоја училница ќе се поставени едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во Училиштето, соодветно визуелно прилагодени за нашите ученици и средства за дезинфекција на раце, со визуелно упатство за употреба. 
  • Родителите/старателите ќе ги испраќаат учениците до назначениот влез, освен за родителите/старателите/лични асистенти на учениците кои во наодот и мислењето имаат наведено потреба од придружник со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.
  • Придружникот ќе престојува во првиот хол на влезот, кој е адаптиран на новонастанатата состојба и на истиот ќе му биде овозможен влез со задолжително почитување на пропишаните мерки, само во исклучителни ситуации.
  • На влезот од училиштето учениците ќе ги пречекува дежурен наставник и негувател, кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно ќе му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
  • На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, ќе им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и ќе се врши дезинфекција на рацете и обувките. Родителот ќе чека додека се измери температура и доколку температурата е зголемена (над 37.4°) се враќаат на родителот,  со препораки истиот да преземе соооветни здравствени мерки.
  • Вработените во Училиштето и учениците при влегување во истото, за време на престојот во Училиште и за време на наставата, задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
  • Вработените при влезот во Училиштето задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  • На сите вработени ќе им се мери телесна температура пред влезот на Училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот ќе се упатува кај матичен лекар.
  • На учениците пред влезот на училиштето, негувателот ќе им  мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во Училиштето и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат во Училиште. Ученикот ќе се враќа на училиште по добиена лекарска потврда за добра општа здравствена состојба.
  • За секој вработен и секој ученик секојдневно ќе се води  температурна листа.
  • Наставата во училница ќе се изведува со најмногу 6(шест)  ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и помеѓу учениците.
  • Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри.
  • Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително да запазуваат физичка дистанца од 1.5 метри.
  • Учениците од една паралелка ќе престојуваат во една просторија, се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците. 
  • Сервисните услуги ќе се реализираат индивидуално во кабинетите по 2 наставни часа со еден ученик со еден час пауза за дезинфекција на просторот и предметите и проветрување и потоа уште 2 наставни часа со друг ученик индивидуално. Учениците опфатени во еден ден се од исто одделение, во посебно опремен кабинет за таа намена и истата ќе ја користи само еден наставник.
  • Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата ќе се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. За престој на отворено постои определен распоред по групи на ученици.
  • Првиот ден од наставата ќе започне со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во Училиштето и истата активност се повторува секојдневно.
  • Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во Училиштето и меѓу учениците. 
  • За време на наставата со учениците задолжително ќе е присутен класниот раководител/одделенски наставник и ќе се грижи за почитување на физичката дистанца меѓу учениците, а за време на одморите за тоа ќе е одговорен дежурниот наставник.  Учениците за време на одморите ќе престојуваат во училишните дворови, по групи, во различно определено време, а доколку временските услови не дозволуваат престој на отворено, учениците ќе престојуваат во претходно определена просторија наменета за тоа.
  • Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето ќе се изведуваат со употреба на видео-конференциска врска.
  • Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, ќе се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја група деца, а најмалку два пати на ден. Училиштето има дефинирано листа на сите површини кои треба редовно да бидат дезинфицирани.
  • Чистењето на училниците ќе се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси, според упатство на производителот. 
  • Употребата на тоалетите ќе се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот ќе треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре), а при посета на тоалет ученикот ќе е придружуван од негувателот.
  • Тоалетите ќе треба да бидат функционални, заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто ќе се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Холовите, скалите, помошните просториие и останатите заеднички простории ќе се чистат почесто и по потреба, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
  • Просториите задолжително ќе се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
  • За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, ќе се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
  • Директорот на основното училиште ќе определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и вооедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
  • Учениците кои ќе доаѓаат со придружба од родител/старател/образовен/личен асистент, со организиран или јавен превоз ќе се водат по детално објаснетиот во План за организација на наставата.
  • Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците. 
  • Оброкот што ќе го обезбедува Училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејќи сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.
  • Учениците оброкот ќе го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница. 
  • Учениците ќе ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
  • Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
  • Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици во Училиштето.
  • Испораките за потребите на Училиштето ќе ја преземаат надлежните, вработени во Училиштето на влезот на истото, а влез внатре во Училиштето ќе е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за  потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките, пред или по завршување на наставата.
  • Доколку во Училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето ќе се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот ќе воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности Училиштето ќе достави извештај до Општината, а Општината до Министерството за образование и наука. Начинот на постапување во ваква ситуација е наведен во алгоритамот.
  • Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија прилагодена за таква намена со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот. Ученикот ќе се изнесува на помошен излез наменет за употреба само при ваква ситуација.
  • Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.

1. Оперативен план

1.1. Основни безбедносни мерки

  • Наставата за учениците од прво до четврто одделение ќе се одвива во 2 смени , првата смена започнува во 8.00ч а, завршува во 10.25ч, а втората смена започнува во 11.00ч и завршува во 13.30ч
  • Наставата за учениците од петто до деветто одделение ќе се одвива во една смена 8.00ч до 12.00ч поради фактот што се работи за мал број на ученици за кои се обезбедени просторни услови и услови за почитување на сите превентивни и заштитни мерки од овој протокол
  • Распоредот на ученици во училница ќе се одржува на минимум 1.5 метри секогаш кога е тоа можно
  • Можно е редефинирање на употребата на одредени простории во училиштето, доколку постои потреба за тоа (сала за физичко обр., менза,), за да се добие поголем функционален простор за примена на мерките за заштита според протоколот. Паралелно ќе се користи максимално училишниот двор, детското адаптирано игралиште и спортското игралиште за одржување на часови секогаш кога дозволуваат временските услови.
  • Наставниот кадар и сите вработени во училиштето  ќе одржуваат физичка дистанца  од најмалку 1.5 метри и задолжително ќе носат заштитна опрема.
  • Сите знаци и препораки ќе бидат јасно изложени на училишните ѕидови (во ходниците и училниците), во однос на миење раце, физичка дистанца, носење заштитна маска, не споделување на сопствени предмети или храна. 
  • За учениците од аутистичниот спектар на нарушување и оние со потешкотии во вербалната комуникација училиштето ќе  користи специјално изготвени протоколи со визуелна поддршка со цел поблиску да ги објасни правилата за безбеден престој во училиште
  • За сите протоколи кои ќе се спроведуваат во училиштето, персоналот ќе биде навремено известен и подготвен  пред почеток на учебната година.
  • Секој ученик кој ќе посетува настава со физичко присуство, е вклучен со претходно доставена Согласност од родител/ старател
  • Доколку родителот/ старателот не сака неговото дете да ја следи наставата со физичко присуство, поднесува изјава до училиштето дека ученикот ќе следи настава со учење од далечина и редовно ќе дава повратни информации за работата на детето во домот
  • Училиштето определува едно одговорно лице за контакт со Центар за јавно здравје

1.2. Оперативни активности пред настава, за време на настава и по заминување од училиште

1.2.1. Пристигнување со сопствен превоз 

  • Родителите-старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивниот влез во училиштето освен за родителите на оние ученици кои имаат потреба од придружба, со задолжително носење на заштитна опрема, без непотребно задржување во училишната зграда.

1.2.2. Пристигнување со организиран училишен превоз (сопствен автобус)

  • Пред секое поаѓање на автобусот ќе се врши задолжителна дезинфекција и проветрување на истиот.
  • Автобусот ќе ги превзема учениците од точно одредени локации.
  • Во училишниот автобус седењето  ќе биде организирано така да има  најмалку 1 метар растојание меѓу децата. Доколку постои можност, прозорците на автобусот ќе  се остават отворени.
  • Пред влез во автобусот дежурнинот наставник ќе ја мери телесната температура на секој ученик со безконтактен топломер, која не смее да изнесува повеќе од 37 целзиусови степени и ќе врши дезинфекција на рацете.
  • Дежурниот наставник мора да обезбеди физичко растојание на учениците од 1,5-2м при влез во автобусот и при напуштање на автобусот.
  • Во автобусот секогаш има одреден број на заштитни маски , доколку некој од учениците од одредена причина не ја носи својата заштитна маска 
  • Секој ученик при влегување во училишниот автобус мора да носи заштитна маска, доколку ученикот нема заштитна маска, дежурниот наставник му укажува на лицето кое го придружува.
  • Седењето во автобусот ќе биде со претходно обележани места.
  • Се забранува јадење, пиење, грицкање во автобусот.
  • По завршување на турата ќе се врши задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  • За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.
  • Враќањето на учениците со училишниот автобус ќе се одвива по истиот протокол како и за прифаќање на истите.

1.3. Протокол за регулирање на влезот на учениците и вработените во училиштето

  • Училиштето поседува еден влез адаптиран со пристапна рампа во училишната зграда кој ќе се користи за прифаќање на учениците од страна на дежурен наставник и влез на вработените. 
  • Пред влезот во училиштето ќе бидат обележани места за одржување физичка дистанца од 1.5 метри. 
  • На влезната врата во училиштето ќе има поставена бариера за дезинфекција (средство за дезинфекција на рацете и обувките) и ќе се спроведува безконтактно мерење на телесна температура. 
  • На сите вработени им се мери телесната температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура над 37 целзиусови степени истиот се испраќа кај матичен лекар и не му се дозволува влез во училиштето.
  • На влезот во училиштето учениците ќе ги пречекуваат 2 (двајца) дежурни наставници кои ќе се грижат за безбедноста  и трансферот на учениците до училница.
  • Сооддветниот одделенски или предметен наставник ќе ги пречекува учениците пред училиниците со цел да го минимзираат ризикот за непочитување на потребната физичка дистанца.
  • На влезот од училиштето, училниците и ходниците се поставуваат визуелни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедноста на сите во училиштето.
  • За време на приемот на учениците , одморите на поставен видео бим ќе бидат прикажувани мултимедијални содржини- социјални приказни за носење на маска, одржување на хигиена и потребна дистанца 
  • Посетителите и родителите ги најавува или лице назначено од установата.
  • Се забранува поздравување со физички контакт

1.4. Протокол за одржување наставен час во училница

  • Наставниот час трае 30 минути
  • Учениците од секоја паралелка треба ќе престојуваат во една просторија, и нема да се реализира  кабинетска настава
  • Учениците во училницата ќе бидат распоредени на растојание од  1,5-2м по еден ученик во клупа со задолжително носење на заштитна маска 
  • Во училницата наставникот ги почитува стандардните мерки за заштита  ( држи дистанца од 1,5-2м и задолжително носи заштитна маска)
  • За време на наставниот час училницата се проветрува
  • Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на учениците и наставниците се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден.
  • Контролата на дезинфекцијата ќе се врши со помош на претходно изработени чек листи.
  • Во училницата е поставено средство за дезинфекција кое се користи при влегување во училницата и по потреба
  • Учениците од една паралелка ќе престојуваат во една просторија односно ќе се избегнува кабинетска настава.
  • Доколку ученикот има неодложна потреба да го напушти часот, ќе биде прифатен од дежурниот наставник/негователот и при повторно враќање ќе врши дезинфекција на рацете.
  • Секој ученик ќе поседува сопствен прибор за работа при што наставникот ќе врши надзор да не дојде до споделување на материјалите помоѓу учениците.
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час по пристигнување и заминување на учениците.
  • За време на наставага во училницата доколку дозволуваат временските услови се оставаат отворени прозорците на училницата.
  • Ќе се практикува наставниците и учениците да поминуваат што повеќе време на отворено.
  • Во училишниот двор се адаптираат катчиња за учење на отворено кои ќе се користат по однапред изготвен распоред 

1.5. Протокол за спроведување мал/голем одмор

  • Големиот одмор е во траење од 15 минути, а малите одмори во времетрање од 5 минути.
  • Со започнување на големиот одмор учениците излегуваат од училницата заедно со својот наставник држејќи растојание и се движат во насока на означениот излез и влез од училиштето
  • Преминувањето низ заедничките простории го организира дежурниот наставник по скалест распоред со цел намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт (близок контакт) на учениците од една паралелка со учениците од другите паралелки, со родителите/старателите на други ученици и другите вработени.
  • Учениците со ограничена мобилност имаат можност одморот да го поминат во училишниот хол или во своите училници со заедно со своите наставници.
  • За редот и однесувањето на учениците за време на големиот одмор се грижат дежурните наставници 
  • За времетраењето на одморите не е дозволено групирање на учениците 
  • По завршување на големиот одмор учениците задолжително вршат дезинфекција на обувките и рацете.
  • За време на големиот одмор се врши проветрување и дезинфекција на училницата и во истата учениците не влегуваат додека трае големиот одморот
  • Доколку ученикот има неодложна потреба да го напушти часот, дежурниот наставник / негувателот го спроведува и при повторно враќање во училница врши дезинфекција на рацете
  • За движењето на учениците за време на настава и малите одмори  како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците, дежурниот наставник и негувателот. 

1.6. Протокол за исхрана на учениците-    

  • Училишните оброци ќе се обавуваат во училница во присуство на наставникот
  • Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца. Учениците задолжително  пред секој оброк ги дезинфицираат рацете, земаат храна и седнуваат на своето место каде се вади маската се јаде и по завршениот оброк се става маската, се отстранува отпадот во корпа за отпадоци со капак и повторно се врши дезинфекција на рацете и работната површина. 
  • Во просторијата задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
  • Задолжително  да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
  • Зачестено проветрување на просторијата (пожелно во текот на оброкот) и задолжително во текот на паузите помеѓу доаѓањето на одделенијата
  • За време на оброкот строго се забранува групирање на ученици или наставници

1.7. Протокол за реализација  на електронско учење од  далечина

  • Овој протокол ќе биде реализиран со комбинација на неколку едукативни платформи и дигитални апликации. Националната веб платформа Едуино,  Google classroom, креирање платформа на Google Drive и употреба на други  алтернативни средства за електронска комуникација (viber, messenger, zoom). Националаната платформа за учење на далечина, овозможува двонасочна интеракција и комуникација на наставникот и ученикот.
  • Едукативни материјали (презентации, наставни листови, корисни линкови поврзани со наставните содржини, апликации, линкови од националната веб-платформата) согласно наставните планови и програми и во  разумен временски период од денот т.е. од 08.30-16.00 часот од понеделник до петок ќе се споделуваат со учениците. 
  • Поради специфичноста на учениците ќе се изработуваат и ресурси со развојно – едукативни содржини.
  • При реализација на наставата со овој модел, наставникот треба да испрати линк од видео содржина од базата на ЕДУИНО на учениците навремено пред да се реализира часот за да се подготват учениците. Исто така, наставникот може да ја користи и платформата на своето училиште за поставување на наставни материјали, или да препорача користење на наставни материјали од други платформи.
  •     Активностите ќе ги опфаќаат сите развојни аспекти на личноста на учениците и се користат како дополнителна поддршка за организација на слободното време во домот при реализација на електронско учење.
  •     Работниот ден на ученикот за настава од далечина ќе трае од 3 до 5 часа дневно, во зависност од возраста и видот на попреченост на учениците и одмор од десетина минути по секој наставен час или активност. Наставниот час ќе трае од 30 до 40 минути.
  •     Учениците кои не се во можност поради технички причини (компјутер, таблет или интернет) да ја следат наставата онлајн, ќе превземаат претходно изготвени печатени материјали од наставникот/ класниот раководител.

1.8.Проверка на знаењата на учениците

  •  Проверката на знаења на учениците кои ја следеле наставата со физичко присуство и учење од далечина се реализира со физичко присуство во училиштето, на секое тромесечие, по однапред утврден распоред на паралелки, број на ученици во паралелка и времетраење на проверката, според насоките дадени од БРО.
  • Училиштето изготвува распоред за проверка на знаењата на учениците, најдоцна две недели пред предвидените термини и истиот го објавува на веб-страната на училиштето и на Националната платформа за учење на далечина.
  • По завршување на процесот на проверка на знаењата на учениците, наставникот/ класниот раководител, по електронски пат го известува родителот/ старателот за постигнатиот успех на неговото дете, утврден на Одделенски и Наставнички совет.

2. Протокол за  наставниците и стручна служба

  • Училиштето води евиденција на дневна основа за присуството на наставниците
  • Работното време за наставниците започнува  во 7,30ч, а завршува во 15.30ч и истите се придржуваат до пртоколот  5.3. од овој документ.
  • Сите вработени задолжително носат заштитна маска
  • Дежурните наставници ги прифаќаат пристигнатите ученици и ги спроведуваат до предметните и одделенските наставници.
  • Врши често проветрување на училницата 
  • На одморите дежурните наставници и техничкиот персонал мораат да внимаваат дали учениците носат маски, држат дистанца и одржуваат лична хигиена кај пунктовите за лична хигиена
  • Наставниците ( во предметна настава наставникот кој држи последен час)  ги испраќаат учениците до просториите за продолжен престој.
  • Наставниците од предметна настава ги згрижуваат учениците до заминување на последниот ученик.
  • Наставниците од одделенска настава (прва смена) ги прифаќаат учениците во почнувајќи од 7:30 часот согласно протоколите за работа.
  • Наставниците од одделенска настава (втора смена) започнуваат со работа во 11:00 часот согласно протоколите за работа. 
  • Вработените со хронични заболувања (респираторани, кардиоваскуларни, малигни, дијабетес, имунодефициенција и др) кои можат да бидат изложени на поголем ризик за развој на потешки форми на заболување од ковид19 ќе бидат распоредени на активности кои не бараат чест контакт со други лица.
  • Доколку во улилиштето има наставници со хронични болести ќе се избере комбиниран модел на настава и ќе се прилагоди распоредот на часови соодветно на неговите потреби. Тие наставници ќе ја реализираат наставната програма од далечина. 
  • Секој наставник е должен да подготвува соодветни наставни единици и како наставни материјали да ги доставува до соодветната креирана база на самото училиште.
  • Реализацијата на наставата, отсуствата на учениците се евидентира во е-дневник и во дневникот на паралелката.

3. Задолженија на технички персонал

  • Работното време на техничкиот персонал започнува во 6.00ч  доаѓа  и ги подготвува сите простории во училиштето до 7,30ч
  • Задолжително е носење на заштитна маска
  • Да внимаваат да не влезе ниту еден ученик без маска
  • Додека влегуваат учениците техничкиот персонал мора да биде на својот спрат
  • За време на часовите се врши чистење и дезинфекција на ходниците и тоалетите
  • За време на одмори се проветрува училницата а за голем одмор се чистат/дезинфицираат училниците
  • Техничкиот персонал ќе врши чистење/дезинфекција на училниците во време кога учениците не ја користат училницата.
  • Се грижат за пунктовите за хигиена во ходниците
  • По завршување на наставата просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот

4. Протокол за вршење дезинфекција на училишниот објект

Со цел заштита на здравјето на учениците, вработените, родителите и посетителите на училиштето се предвидува редовна дезинфекција на училниците, ходниците, тоалетите, фискултурната сала, канцеларии и  останати простории:

  • Дезинфекцијата на сите простории се врши секојдневно со помош на пумпа со дезинфекционо средство кое делува на вируси;
  • На сите влезови на училиштето е поставен сунѓер натопен со дезинфекциски раствор за дезинфекција на чевли;
  • Во сите ходници, училници,  канцеларии, помошни простории и тоалети  е поставено средство/гел за дезинфекција на раце и корпа со капак за отпадоци (маски, ракавици);
  • За време на големиот одмор сите ученици задолжително ги напуштаат училниците  се  празнат корпите и се врши  дезинфекција на  просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини) ;
  • По големиот одмор се чистат и дезинфицираат тоалетите  и ходниците со ,средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на кваки површини) ;
  • Техничкиот персонал се грижи за пунктовите за дезинфекција.
  • Дезинфекција на ходниците се врши по завршувањето на големиот одмор;
  • Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто додека учениците се на настава и по завршувањето на секоја училишна активност.
  • Дезинфекција на тоалетите се врши по завршувањето на големиот одмор;
  • Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број на ученици.
  • Тоалетите треба да бидат функционални за овозможување услови за почесто миење раце и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведено чистење и дезинфекција.
  • Дезинфекција на фискултурната сала се врши после секој час;
  • Дезинфекција на наставничката канцеларија се врши по завршувањето на големиот одмор;
  • По завршување на наставата задолжително се врши дезинфекција на подовите, клупите и столчињата во сите училници со средство кое делува на вируси просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини);
  • По завршување на работниот ден задолжително се врши дезинфекција на на целокупниот внатрешен дел на објектот (училници, ходници, канцеларии и останати простории) со средство кое делува на вируси;
  • Дезинфекцијата ја спроведува техничкиот персонал за кое води евиденција за чистење и за дезинфекција;
  • Дежурниот наставник за време на одморите во секој ходник врши надзор на начинот на употреба на дезинфекционите средства и дава упатства на учениците;

5. Потокол за оддржување на состаноци на наставничкиот кадар и родителски средби

  • Меѓусебното споделување на инфомации и работните состаноци во училиштето ќе се одржуваат со употреба на видеконференциска врска.
  • Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвиваат преку телефон или преку некоја онлајн апликација што ја користат родителите и наставниците. Доколку е нопходно да се организира родителска средба организирана од одделенскиот/те наставник/ци или класниот раководител треба да се одржи со мали групи родители/старатели, за да се почитува потребната физичка дистанца, а наставниците и родителите/старателите треба да носат заштитни маски.

6. Протокол за регулирање на завршувањето на наставата и заминување од училиште

  • По завршување на наставата учениците и наставниците треба да ја напуштат училницата спрема правецот на движење согласно просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учениците од 1,5-2м.
  • Во ходниците треба да има обележан правец на движење кон излезот
  • По завршување на наставата одделенскиот наставник ги спроведува учениците согласно протоколите до просториите за дневен престој или на дежурниот наставник за заминување дома со сопствен или училишен превоз
  • Напуштање на училниците се организира по скалест распоред  прво излегуваат учениците од училницата која е најблиску до излезот а потоа од другата училница и така натаму.
  • Учениците задолжително треба да носат заштитни маски
  • Да се направи проветрување на просторијата
  • По завршување на наставата просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини)
  • Отпадоците ( заштитни маски и др. ) се фрлаат во корпа за отпадоци со капак која е задолжителна во просторијата

7. Протокол при појава на симптоми на КОВИД-19 кај ученици и вработени

  • Сите вработени секој ден ќе ја мерат телесната температура пред доаѓање на работа.
  • Во случај на зголемена телесна температура нема да доаѓаат на работа и телефонски ќе го известат матичниот лекар и директорот.
  • Во училиштето има определена просторија за изолација за ученици/ вработени со симптоми на КОВИД- 19.
  • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД- 19 или лице кое имало контакт со лице заболено со КОВИД- 19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска, а директорот треба да воспостави комуникација со центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За превземените активности училиштето доставува извештај до МОН.
  • Ако ученик развие симптоми на КОВИД- 19 додека е во училиште, наставникот/ стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија за изолација во присуство на здолжено одговорно лице, со задолжително носење на заштитна маска, ракавици и наметка и веднаш ги известува родителите/ старателите кои во најкраток временски период ќе го земат детето и да извршат консултација со матичен лекар.
  • Доколку се утврди дека ученик е заболен со КОВИД- 19, се следат протоколите од Министерство за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со центарот за јавно здравје за понатамошно постапување со паралелката во која припаѓа ученикот.

7.1. Постапка при појава на ученик позитивен на КОВИД-19

  • Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/ матичен лекар на ученикот ги известува родителите/ старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот
  • Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението во кои престојува позитивниот ученик), со цел превземање понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата
  • Институтот за јавно здравје го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на ученикот, а врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот
  • Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот- Мој термин
  • Назначеното одговорно лице во училиштето ги обезбедува следните податоци: име и презиме, возраст на ученик, адредса и место на живеење (одделение во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/ старателите; список на ученици со име и презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родители/ старатели од одделението во кој ученикот престојувал во училиштето и податоци за наставникот (име и презиме, возраст, адреса и телефонски број) кој го води одделението; дополнително, список на други наставници или вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик
  • Списокот со контакти на потврдениот ученик ги доставува до Епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ
  • Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД- 19 во училиштето (меѓу учениците и вработените), со тоа што учениците од одделението во кое престојува позитивното дете, како блиски контакти задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ
  • За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето и превземените мерки, го известува Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ
  • Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето
  • Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за образование и наука за појава на нов потврден случај на КОВИД-19 во училиштето
  • Ученикот позитивен на КОВИД- 19 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствена состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира
  • Родителите/ старателите на детето позитивно на КОВИД-19 како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ

7.2. Постапка во случај на ученик за кој е докажано дека е негативен на КОВИД- 19

  • Ученикот кој бил сомнителен на КОВИД-19, а за кој е докажано со ПЦР тестирање дека е негативен на КОВИД-19, продолжува да го посетува училиштето и наставата со приложена потврда од матичниот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште

8. Социјална дистанца 

  • Дежурниот наставник мора да обезбеди физичко растојание на учениците од 1,5-2м при влез во автобусот и при напуштање на автобусот.
  • Седењето во автобусот ќе биде со предходно обележани места.
  • Пред влезот во училитето ќе бидат обележани места за оддржување физичка дистанца од 1.5 метри. 
  • Пред започнување на наставата  наставниците  да стојат пред училниците во ходниците а дежурните наставници пред влезовите треба да проверуваат  учениците од предметна и одделенските наставници настава дали држат физичка дистанца од 1,5-2м.
  • Учениците во училницата ќе присуствуваат на растојание од 1,5-2м и секој ќе седи сам во клупа
  • Во училницата наставникот ги почитува стандардните мерки за заштита и ќе држи дистанца од 1,5-2м
  • За движењето на учениците за време на настава како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците
  • За време на одморите учениците излегуваат од училницата заедно со својот наставник држејќи растојание и се движат во насока на означениот излез и влез од училиштето
  • За редот и однесувањето на учениците за време на одморите се грижат дежурните наставници 
  • За време на траењето на одморите се забранува групирање на учениците и вработените
  • За движењето на учениците за време на одморите  како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците, дежурниот наставник и негувателот.
  • Преминувањето низ заедничките простории треба да го организира дежурниот наставник така што додека учениците и наставниците од една паралелка преминуваат во исто време учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, при тоа укажувајќи  им ан учениците да не ги допираат површините и предметите кај што се движат.
  • Учениците  влегуваат во училницата во која се одржува настава придржувајки се на поставените насоки за движење
  • За движењето на учениците како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците, дежурниот наставник и негувателот.

8.1. Носење на заштитна маска

  • Родителите-старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето со задолжително носење на заштитна опрема.
  • Секој ученик при влегување во училишниот автобус мора да носи заштитна маска.
  • Во училиштето учениците, родителите/старателите и сите вработени согласно препораките дадени од Министерството за здравство ќе ги почитуваат стандардните мерки за заштита и задолжително ќе носат заштитна маска во сите простории на училиштето.

9. Деца со хронични или ретки болести

  • Родителите/ старателите на деца со респираторни, хронични и/ или ретки болести имаат право да одлучат дали нивните деца ќе присуствуваат на наставата во училиште или да следат настава со учење од далечина од дома. 
  • Доколку родителот/ старателот се одлучи за настава во училиште т.е со физичко присуство, наставата ќе се одвива согласно според протоколите за заштита од COVID 19. Барањето родителот го поткрепува со медицинска документација и потврда од матичен лекар. 
  • Родителите/ старателите на деца со респираторни, хронични и/или ретки болести кои што ќе  изберат да следат настава со учење од далечина од дома, за нив  наставниците ќе  подготвуваат наставни содржини, материјали за учење, презентации, објавување на веб страната на училиштето, користење на едукативни алатки предложени од МОН и БРО.
  • За учениците кои во своите семејства  немаат технички услови и пристап до интернет, училиштето ќе обезбеди печатење на потребните наставни содржини и ќе ги достави до родителот.

10. Поддршка за вработените – стручен кадар и персонал

  • Во согласност, со дадените препораки, извршени се сите потребни подготовки за враќање на работа на сите вработени и начинот на нивно делување, штом училиштето ќе започне со реализација на својата воспитно – образовна дејност.
  •  Почитувајќи ги  сите  законски регулативи, кои се однесуваат на нивниот работен ангажман, и во самиот  протокол, вклучивме и информации кои се однесуваат на правата и обврските на секој вработен во училиштето.
  •  Училиштето има спроведено  анализа со колкав број на вработени располагаме, дали некој од нив има хронична болест, се со цел да процениме како секој вработен да биде вклучен во целост, и да се изготви список на расположлив персонал, како и план за дежурства и за замени, доколку се појави потреба.
  •  Протоколот ги содржи следниве податоци:

10.1.Подготовки за враќање на работното место во училиштето

Персоналот е подготвен за работа во новонастанатите услови, целосно е информиран за сите мерки за заштита, и истите е должен да ги почитува, да ги применува и да контролира како и дали истите се спроведуваат од страна на сите учесници во воспитно – образовниот процес.

10.2.  Дадени насоки за делување

Персоналот целосно е запознаен со своето работно време, со своите работни задолженија, со сите промени, особено засилените дежурства и потребата од поголема проверка дали целосно се изведуваат сите препораки и мерки за зголемена заштита.Истотака пред почетокот на учебната 2020/2021 година целосно е подготвен за изведување на воспитно – образовниот просец по комбинираниот модел  т.е  со физичко присуство и со електронско учење на далечина.

10.3. Потреби за професионален равој

Со цел покреативна изведба на наставниот процес, а воедно прилагодено и на новонастанатите услови, во текот на летниот распуст, нашиот кадар посети голем број на вебинари и он лајн обуки кои нудеа нови и креативни решенија за изведување на електронското учење на далечина, како и курсеви за користење на нови и разновидни платформи за двонасочна комуникација наставник – ученик.
Тимот за професионален развој на наставниот кадар, во текот на учебната 2020/2021 година има спроведено анализа, кои компетенции додатно треба да се развиваат, и истие ќе бидат спроведени согласно потребите на целокупниот стручен кадар, а се со цел унапредување на самиот воспитно – образовен процес.

10.4. Социјално – емоционална благосостојба

Имајќи ја предвид целокупната ситуација со пандемијата и како истата влијае врз социјалниот и емоционалниот живот, нашиот стручен тим со својата поддршка им стои на располагање на сите вработени, со цел одржување, јакненење и развивање на социјално – емоционалната благосостојба на вработените.
Овие податоци ќе бидат користени за усогласување на нашите тековни потреби со ресурсите со кои располагаме и со приоритетите во дадената област.
Со ова ќе се согледа севкупниот потенцијал, врз основ на кој ќе ги развиваме и нашите понатамшни акциони планови, со цел максимално да се искористат компетенциите на нашите вработени.
Последователно, извршивме и финансикса анализа, што се ќе ни биде потребно за побезбедно, како и покреативно реализирање на целокупниот воспитно- образовен процес.

11. Поддршка на семејствата и учениците (едукативна и психо-социјална)

Во периодот на изведување на наставата во вонредни услови ( Ковид 19), вработените во училиштето ќе бидат во постојана комуникација со родителите/старателите на учениците и на истите ќе им биде пружена соодветна едукативна и психо-социјална поддршка.
Акцентот ќе биде ставен на јасна и постојана комуникација за тоа што да очекуваат семејствата за време и пред повторното враќање во училиштето.
Комуникацијата ќе се изведува на неколку начини кои ќе соодветствуваат со условите и можностите на семејствата на учениците: 

  • Електронски ( веб страна, социјални медиуми, едукативни платформи  и сл)
  • Телефонски
  • Лично
  • Семејствата и учениците потребната поддршка и информации за Ковид 19, како и протоколите за реализирање на наставата, ќе ги добиваат преку
  • Едукативна обука за мерки и превенција на Ковид 19
  • Едукативни печатени материјали  ( летоци, визуелни средства)
  • Едукативни предавања за успешно користење на алатки и начини за учење од далечина
  • Стручниот тим (Социјален работник, психолог, логопед и специјален едукатор и рехабилитатор) ќе бидат достапни во секое време за советување и поддршка , преку индивидуални или групни советодавни / терапевтски средби при кои целосно ќе се почитуваат потребните превентивни и заштитни мерки.

                                                                                     

  • Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 08:30 часот до 20:00 часот.
  • Наставата се одвива во една смена, бидејќи има 5 ученици, по еден во во II, V, VII, VIII, IX одделение. Секој ученик е во посебна училница за време на наставата.
  • Во занималните, ходниците и училниците се поставени едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и носење на маска/прекривка на лицето и држење дистанца.
  • Преку денот има одредено дежурен наставник, кој се грижи за почитување на сите мерки за претпазливост од страна на учениците.
  • Наутро, на учениците  им се мери телесната температура. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се пријавува на медицинскиот персонал и останува во соба ,а се преземаат потребните соодветни здравствени мерки.
  • Вработените во училиштето и ученицитез а време на престојот во училниците за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носа заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
  • Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  • На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
  • Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри.
  • Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца од 1.5 метри.
  • Повторно во кабинет се влегува во попладневната смена со претходно чистење и дезинфекција по истиот протокол.
  • Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. 
  • Вработените правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето. 
  • Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.
  • За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.
  • Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето се изведуваат со употреба заштитни маски и одржување потребна дистанца.
  • Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
  • Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот. 
  • Употребата на тоалетите е организирана и спроведена од страна на неговател со почитување на сите пропоси и мерки за заштита.
  • Тоалетите се функционални и овозможуваат услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистати се вод и евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со сретсво кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите чилишни активности..
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
  • За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
  • Сите вработениводат сметка и ја контролираат и следат состојбата на учениците и во секој момент им помагаат во со објаснување и подршка за работи кои не се јасни, имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
  • Учениците оброците ѓи консумираат во трпезариа во која  се почитуваат мерките за заштита со потребна дистанца.
  • Учениците ги мијат рацете пред и појадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвори кога рацете  изгледаат валкани и секогаш со помош од персонал. 
  • Секој ученик е сам во соба, бидејќи институцијата има доволен број спални соби. Користењето на собите во интернатот е  задолжено е индивидуално,без големо групирање. Во занималните просторот е поголем и може да се присутни до 10 лица, но со задолжително држење дистанца и носење маски.
  • Се избегнува влегување на други а лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште,ако има потреба тоа се прави со помош на вработените и под колнтрола за спроведување на заштитните мерки.
  • Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата со задолжително почитување на мерката за дезинфекцијана  рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
  • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19,лицето ќе се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот ќе воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
  • Ако ученик (корисник) развие симптомина КОВИД-19 наставникот ѓи информира здравствените  вработени и се изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува матичниот лекар на ученикот.
  • Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.

ПРОТОКОЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС  СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

  • Подготовка на ученикот за присуство на настава.
  • Хигиената на ученикот е на високо ниво. Ученикот секој ден  е облечен во чиста облека,по потреба преку днот се менува облеката и повеке пати..
  • Дезинфекција на раце и обувки при влегување во нституцијата( училиштето), на главниот влез на училиштето  задоително за сите вработени
  • Мерење на температурата на секој вработен при влез во институцијата.
  • Задолжително носење на заштитна маска на лицето за сите  вработени
  •  Будење на ученикот и извршување  на основноте хигиенски процедури (миење, облекување и сл.)
  • Мерење на температура на секој ученик-корисник - наутро.
  • Доколку корисникот (ученикот има температура или било каков друг проблем се повикува медицинската сестра и се преземат сите потребни интервенции 
  • По потреба корисникот (ученикот) останува во собата или се изолира ,а  по потреба се преземаат активности за останатите корисници и персонал по укажувања на матичниот лекар и СЈЗ ако има потреба 
  • Обавување на оснвна хигиена и дезинфекција на рацете пред јадење.
  • Носење на на корисникот (ученикот) на појадок и 
  • Прифаќање на ученикот од наставникот  во училницата со користење маска и одредно растојание во текот на часот
  • Дежурен наставник се грижи за време на одморот учениците да одржуваат потребно растојание.
  • За време на аголемиот одмор се дезинфицираат учиниците и отвараат прозорите за да се проветри, а на учениците се врши потребна хигиена или дезинфекција на рацете
  • По завршување на наставата се врши основна хигиена на корисникот за дезинфекција на рацете и се носи на ручек.
  • По ручекот со обавување на хигиена на рацете и евентуални тоалетни потреби корисникот(ученикот) оди на пладневен одмор.
  • По пладневниот одмор ученикот извршува основна хигиена и лична потреба и  добива  ужина.
  • Слободното време попладне го минува со другите ученици во занимална под надзор на дежурен наставник и со спроведување на сите мерки за превенција и заштита од КОВИД 19 кои се и погоре наведени и соодветни активности согласно програма за настани и воннаставни активности како и слободни активности почитувајќи ја и желбата на ученикот за органозирање на слободното време.
  • Почитување на протоколот за седење во просториите
  •  Избегнување на физички контакт 
  • Пред вечерата извршување на хигиена и одење на вечера.
  • До раните вечерни часови корисникот слободно по желба го користи останатото време под надзор на персоналот кој е на работа.
  • Припрема и одење на спиење.
  • Ако има потреба преку денот некој корисник-ученик да биде носен во Струмица се спазуваат сите мерки за транспорт,дистанца  и носење заштитна маска.
  • При влез на лице од надвор се пополнива листа со потребни податоци и фактичка состојба.

Протокол за постапување во училиштето при реализација на наставата

  1. Наставниот процес во училиштето се реализира во период од 08:00 часот до 13:00 часот.
  2. Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја паралелка и го истакнува на видни места во училиштето.
  3. На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето. 
  4. На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство.
  5. Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребно растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  6. На сите вработени и на сите ученици при влезот во училиштето им се мери телесна температура и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот, односно ученикот се упатува кај матичен лекар.
  7. На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобус и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки.
  8. Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски/покривка на лицето за сите вработени и ученици во училиштето.
  9. Сите вработени и ученици задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку  1,5 метар.
  10. На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.
  11. Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  12. Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
  13. Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
  14. Учениците доаѓаат и си заминуваат од училиште сами, во придружба на родител/старател/образовен или личен асистент (за учениците со посебни образовни потреби), со организиран и со јавен превоз. 
  15. Учениците и вработените во училиштето го почитуваат протоколот за превоз на патници во јавниот сообраќај (линк до протоколот).
  16. Забранет е влез за родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително почитување на мерката за физичка дистанца и носење на маска/прекривка за лице.
  17. Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците. 
  18. Наставата во училница се изведува со најмногу до 8 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Во текот на наставата наставникот користи методи и техники на визуелизација и употреба на знаковен јазик соодветни на способностите и потребите на  секој ученик.
  19. За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети кој го истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.
  20. Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите (во погоните, хигиенско-санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата).
  21. Договорите за практична обука и учење преку работа кај работодавачите се дополнуваат со одредени одредби, кои ја регулираат реализацијата на обуката во услови на пандемија од Ковид-19.
  22. Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на ученици од различни паралелки за што училиштето однапред подготвува распоред (пр. За време на 1 наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
  23. Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре) и тоа за време на наставните часови за што учениците се благовремено информирани.
  24. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  25. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  26. Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.
  27. Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.  
  28. Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.
  29. Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.
  30. Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
  31. Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
  32. Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности се доставува извештај до Министерството за образование и наука.
  33. Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и  веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
  34. Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД -  19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
  35. Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.

 

ПРОТОКОЛ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕНИЧКИОТ ДОМ 

1. ЗАЕДНИЧКИ ПРОСТОРИИ

  • На соодветни места на влезот и излезот на ученичкиот дом да бидат закачени информативни постери во врска со мерките на претпазливост што треба да се преземат за заштита од КОВИД-19.
  • Пред влезната врата на домот да биде поставена дезинфекциона бариера за обувки, како и пулт за дезинфекција на раце во холот и лице задолжено за мерење на температура на лица кои влегуваат во домот.
  • Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
  • Корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластична кеса за собирање на отпадоци од користени маски и друга заштитна опрема, да бидат видно означени и поставени на повеќе места во домот.
  • Во занималните да бидат присутни по најмногу 4 ученика на 10  м2, кои задолжитено ќе носат маски/визир.
  • Во текот на попладневните активности при подготовка на учениците за настава ќе се користат методи и техники на визуелизација и употреба на знаковен јазик соодветни на способностите и потребите на  секој ученик.
  • При посета на библиотека и при земањето на книга да биде присутен само еден ученик.
  • -Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број  раце (на пр.ограда на скали, прекинувачи, рачки, чешми во мијалните и др.).
  • Низ ходниците на ученичкиот дом забрането е групирање на учениците, а во надворешниот дел –дворот на домот, можат да се групираат максимум до 5 ученици кои задолжително ќе носат заштитни маски и ќе одржат меѓусебно растојание.
  • По 21:00 часот се забранува секакво групирање во целокупниот простор на ученичкиот дом.

2. СОБИ

  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција во собите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  • Во собите на учениците постојано ќе има средство за дезинфекција на рацете.
  • Се додека е можно,на учениците да не им се дозволи никакво менување на собите.
  • Во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
  • Мебелот по можност во собите треба да се уреди на начин што ќе се обезбеди физичко растојание помеѓу учениците кои ќе бидат сместени во собите или да се постават паравани.
  • Во собата можат да бидат присутни единствено учениците кои се сместени – престојуваат во истата, освен тоа, во собите строго се забранува секаков вид на групирање на ученици.
  • Собите треба да бидат соодветно и редовно проветрувани.
  • Во собите се забранува внесување на било какви прехранбени производи, освен вода
  • Приборот (чаша, шише) да се употребува исклучиво за лична употреба за секој ученик. Строго се забранува употреба на еден ист прибор од страна на повеќе ученици
  • Постелнината да се менува на 7 дена
  • Во тоалетите ќе се користи исклучително течен сапун кој постојано ќе се дополнува од страна на ученичкиот дом.
  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на дезинфекциони средства.
  • Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

3.ЧИТАЛНА

  • Начинот на седење на учениците во читалната не треба да биде лице в лице, туку треба да се претпочита вкрстено седење. Треба да се внимава да има физичка оддалеченост помеѓу поединците.
  • Учениците кои ќе бидат присутни во читалната  задолжително да носат заштитни маски-визири.
  • На учениците не треба да им се дозволува да консумираат пијалоци и храна, освен вода во просториите на читалните каде истовремено ќе можат да присуствуваат 4 ученици во простор од 10 м2.
  • Учениците треба да бидат предупредени за одржување на физичко растојание во текот на евентуално заедничко учење.
  • Во читалните постојано ќе има средство за дезинфекција на рацете.
  • Читалната треба да бидат соодветно и редовно проветрувана.
  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во читалната со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
  • На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција на читалната со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • За време на пандемијата, во ученичките домови не смеат да се примаат гости и посетители од надвор. 

4. АДМИНИСТРАТИВЕН ДЕЛ

  • Вработените во администрацијата на ученичкиот дом постојано ќе носат заштитна опрема .
  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција на бироата и просторот во административните канцеларии со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  • На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција на административниот дел со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Редовно одржување на тоалетите во административниот дел со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на дезинфекциони средства.
  • Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
  • Канцеларите треба да бидат соодветно и редовно проветрувани.
  • -Административните работници да одржуваат меѓусебно физичко растојание.

5. МЕНЗА И КУЈНА

  • Вработените во кујна постојано да носат заштитна опрема како заштитни маски и заштитни ракавици и зачестено да одржуваат хигиена на раце.
  • Вработените во кујна треба да носат и дополнителна заштитна опрема,како што се штитови за лице.
  • Поради севкупната безбедност во Домот, вработените во кујна кои работат во смени при доаѓањето на работа не треба да бидат во контакт со другата смена.
  • Масите во трпезаријата треба да бидат за максимум за 4 ученици на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса треба да изнесува најмалку 1 метар,а учениците да бидат на растојание од најмалку 1,5 метар.
  • На местото каде што се дели храната, на подот да се постават ознаки со кои се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците  за време на делење на храната.
  • На секоја маса на мензата да има средство за дезинфекција на рацете.
  • Дезинфицирање на трпезариските маси и столици пред секој оброк и по завршување на истиот.
  • Целиот прибор што се користи за време на јадењето, треба да се мие на најмалку 60 степени после секоја употреба.
  • Приборот за јадење да биде во најлонска обвивка или во салфетка.
  • Приборите за заедничка употреба како соларници, шишиња за масло и оцет и т.н. потребно е да се отстранат и истите производи на учениците да им се делат спакувани за една употреба.
  • Лебот да се дели на спакуван начин.
  • Задолжително редовно вршење на дезинфекција на масите, столиците и просторот во кујната и мензата со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  • На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција на кујната и мензата со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Мензата треба да биде соодветно и редовно проветрувана.

6. ВОСПИТУВАЧИ

  • Во текот на денот воспитувачот прави 2-3 пати проверка на општата здравствена состојба на учениците и одржувањето на општата хигиена во собите.
  • Разговорите со учениците да  се обавуваат на места каде што може да се одржува социјална дистанца.
  • Разговорите да се водат со не повеке од 3-4 ученика помеѓу кои ќе има социјална дистанца 1,5 – 2 метри со носење на заштитни маски. 
  • Воспитувачот изработува распоред за користење на занималните во Домот и просториите каде што се одржуваат слободните ученички активности (секции).
  • Во текот на воспитно-образовните занимања воспитувачот да одржува растојание од учениците не помало од 2 метра. 
  • Во просторијата каде се одржуваат занимања може да има најмногу 4 ученици на 10 м2. 
  • Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со родителите за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон , видео комуникација преку вибер , е-маил,  заеднички ZOOM  состанок со родителите на учениците во воспитната група  (според можностите на родителите). 
  • Воспитувачот може да одржува и индивидуални средби со родителите во Домот со претходна најава од страна на родителот со почитување на препораките за заштита од КОВИД 19. 
  • Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со класните раководители за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон ,видео комуникација преку вибер, присуство на Наставнички совет преку ZOOM, е-маилови  и други слични апликации (според можностите на воспитувачите и училиштата). 
  • Воспитувачот е должен да го извести раководното лице (директорот) на Домот за сите промени кои ќе ги воочи кај ученикот.  
  • Доколку се јават било какви здравствени промени на учениците , се известуваат надлежните здравствени институции, а се известуваат и родителите на сите ученици од собата. Се постапува според насоките на лекарите од Институтот за јавно здравје. 

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите вработени, ученици / родители / старатели на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред Домот и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во ученичкиот дом.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во ученичкиот дом еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од Домот.
  • Не се задржувајте повеќе од потребното време во Домот.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал)
  • Доколку во ученичкиот дом се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности се доставува извештај до Министерството за образование и наука.
     
  • Наставнo-воспитниот процес во училиштето се реализира во период од 07:00 часот до 20:00 часот, наставниците коишто започнуваат од првиот час се должни во училиштето да пристигнат во периодот од 7 до 7 и 30 часот. Комисијата препорачува наставата да се  реализира со мал број на деца во различни смени, со целосно почитување на Протоколите дадени од МОН, спецификата на нашето училиште овозможува одење во една смена, од причина што училиштето располага со 3 училишни згради, во кои може да се покрие просторно капацитетот на паралелките што го имаме. Во однос на бројот на учениците во паралелка, истиот според законот не изнесува повеќе од 6 ученици, а училниците се доволно пространи со цел да се запази наложената дистанца.
  • Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја паралелка и го истакнува на видни места во училиштето.
  • На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето,истите материјали се изготвени и на Брајово писмо со помош на Брајовиот печатар со кој располагаме како ресурс во училиштето.
  • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува негувателка или останатиот технички персонал, кој поради ковид ситуацијата не е во можност да ја извршува својата примарна дејност, негувателките или останатиот технички персонал се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство.
  • Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребно растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето, дел од ознаките ќе бидат одбележани со соодветна боја (жолта) автентична з