110-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
18.12.2018 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
https://vlada.mk/node/16171
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
1 Годишна сметка за работењето на МЖ Транспорт АД-Скопје за период од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година; Финансиски извештај со извештај на независнио ревизори, Годишен извештај за работењето на МЖ Транспорт АД-Скопје за период од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година, со предлог-одлуки
2 Информација за добивање согласност на Статутарна одлука за изменување на Статутот на Јавното претпријатие за државни патишта, со Предлог-одлука
3 Барање согласност за избор на овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ - Скопје во државна сопственост за 2018 година, со Предлог-одлука
4 Информација за избор на овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка за 2018 година и на Финансиските извештаи за 2018 година и ревидирање на Консолидираната годишна сметка за 2018 година и Консолидираните финансиски извештаи за 2018 година на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје со Акционерското друштво Градски трговски центар-Скопје за 2018 година, со Предлог-одлука
5 Предлог-одлука за давање на согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на надоместок за испорачана количина на вода за водоснабдување на Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје бр.0202-2992 од 02.10.2018 година донесена од Одбор на директори
6 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската Kомисија (20-та измена) (Царинска управа)
7 Информација за воведување на нов систем за евиденција на работното време и зголемена безбедност од проток на странки во институцијата набавен по пат на донација
8 Информација за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево” со Акциски план (статус: Октомври 2018)
9 Извештај за завршени преговори за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во заштита и спасување од природни и други катастрофи
10 Информација за давање на трајно користење на деловна зграда вон стопанство на ЕЛС Општина Василево, со Предлог-одлука
11 Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година
12 Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година
13 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г4-стоваришта КО Добри Дол, општина Сопиште, 
со Предлог-одлука
14 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со основна класа на намена А1-домување во станбени куќи КО Ракотинци, општина Сопиште, со Предлог-одлука
15 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена А4-времено сместување КО Сопиште вон град, општина Сопиште, со Предлог-одлука
16 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за Магистрален гасовод лот 2 делница Кавадарци-Битола
17 Информација за спроведени постапки за доделување на концесии на рибите за оргaнизирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони со Предлог-одлуки
18 Информација за продажба на недвижни ствари во Кочани сопственост на Република Македонија - корисник Министерство за финансии, со Предлог-одлука за продажба на недвижни ствари во Кочани
19 Информација со Предлог-одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија за општина Центар
20 Информација за Акционен план со предлог мерки за започнување на постапка за изработка на Нов Просторен План на Република Македонија
21 Информација за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија
22 Информација во врска со статусот на реализација на Договорите за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за Концесионерот НОРД ЕНЕРЏИ ГРУП Дооел експорт импорт Тетово за локацијата бр.103 Габровска река, Концесионерот СУПЕР НОУВА ЕНЕРГИ Дооел Тетово за локацијата бр.105 и 106 Одранска река и бр. 107 Беловишка река, како и Концесионерот ЕНЕРЏИ ЛУКС Дооел Штип за мхец реф. Бр. 349 Блатечка река
23 Информација во врска со статусот на реализација на Договорите за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за Концесионерот СУПЕР НОУВА ЕНЕРГИ Дооел Тетово за локацијата бр. 105 и 106 Одранска река, како и Концесионерот АНИ-ЕНЕРГЕТИК ДОО Тетово за мхец реф. Бр. 104 Габровска река
24 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел СУПЕР 8 - Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
25 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Винарска Визба Лозар - Битола со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
26 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Порта - Скопје со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
27 Предлог за поведување постапка за водење преговори за склучување на Спогодба за отворање односно реконструкција на гранични премини во Регионот на Преспанското Езеро со Нацрт текст на Спогодба
28 Информација со Акционен план за периодот 1 јануари - 31 декември 2019 година, за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија во Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена, Љубљана
29 Информација за реализирањето на Летниот камп „Ја сакам Македонија“ - 2018
30 Информација за правосилност на три одлуки на ЕСЧП во случаите Абединов против Република Македонија (А.бр.44027/16), Костурски против Република Македонија (А.бр.40411/15), Ајрули против Република Македонија (А.бр.2213/15), и за правосилноста на пресудата на ЕСЧП во случаите Макрадули против Република Македонија (А.бр.64659/11 и 24133/13), со Предлог-одлука
31 Информацијата за институционализација на Национални здравствени сметки во Република Македонија
32 Информација во врска со реализација на Проектот-Изградба на нов театар на место на Драмски театар во Скопје
33 Информацијата за состојбата со склучувањето на нов колективен договор за културата
34 Предлог-одлука за класификација на планските региони според степенот на развиеноста за период од 2018 до 2023 година
35 Предлог-одлука за времено укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Македонија за странски државјани носители на важечка британска, американска и канадска виза
36 Предлог-одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Македонија
37 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање на Дигитален форум за информатичко комуникациски технологии и Предлог-решение за назначување на членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии
38 Барање на Селим Мачани за прием во државјанство на РМ, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
39 Извештај за работата на Регулаторната комисија за домување за периодот од 01 јануари до 30 јуни 2018 година
40 Програма за работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2018 година, Извештај за реализирани активности за 2017 година и Финансиски извештај за 2017 година
41 Статут на Првиот приватен универзитет - ФОН (Прв приватен Универзитет - ФОН)
42 Статут на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија - ЕФТА, Скопје
43 Статут на Меѓународниот Универзитет во Струга и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на МУС
44 Иницијатива поднесена од адвокат Стевица Јосифовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.121/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 8 од Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на Република Македонија“ бр.187/2013, 201/2014 и 215/2015)
45 Понуда од нотар Тана Топалоска од Охрид, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.80244 за КО Охрид 4 на КП бр.3165 место викано Дебело поле
46 Известувањето од извршител Гордан Станковиќ за налог за извршување врз недвижност под И бр.930/2017 и Заклучок за определување на проценител кој ќе врши процена на недвижност (врз основа на член 176 став 1 од Законот за извршување ) (10484/1)
47 Известување од извршител Гордан Станковиќ за заклучок за определување на проценител кој ќе врши процена на недвижност (врз основа на член 176 став 1 од Законот за извршување ) под И бр.930/2017 (10651/1)
48 Известување од Извршител Гордан Станковиќ, за усна јавна продажба под И бр.930/2017 (10899/1)
49 Известување од Извршител Благоја Каламатиев, за усна јавна продажба под И бр.298/2010
50 Известување од извршител Зоран Петревски од Скопје, за втора усна јавна продажба под И бр.37/2018
51 Кадровски прашања /110/
52 Прашања и предлози /110/
53 Информација со анализа на рангот на Република Македонија кај индикаторот „Услови за прекугранично тргување“ со Предлог-мерки согласно препораките на извештајот Doing Business 2018 на Светска банка
54 Информација за работата на Државниот пазарен инспекторат од 1.1.2018 до 30.9.2018 по области со Предлог-мерки за сузбивање на сивата економија
55 Информација за потреба од обезбедување на средства за генерален ремонт на 4 електро и 4 дизел локомотиви
56 Tримесечен извештај за работењето на Mакедонски железници - Tранспорт AД - Скопје за период 01.01. - 31.03.2018 година
57 Tримесечен извештај за работењето на Mакедонски железници - Tранспорт AД - Скопје за период 01.04. - 30.06.2018 година
58 Тромесечен финансиски извештај за работењето на АД „Македонска пошта“ - Скопје, за периодот I-III 2018 година
59 Известување за искористени нафта и нафтени деривати отстапени од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за месец АВГУСТ 2018 година
60 Известување за искористени нафта и нафтени деривати отстапени од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за месец СЕПТЕМВРИ 2018 година
61 Известување за искористени нафта и нафтени деривати отстапени од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за месец ОКТОМВРИ 2018 година
62 Информацијата по конечниот извештај на овластениот Државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста за 2017 година на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со Акциски план за надминување на неправилностите нотирани во Ревизорскиот извештај
63 Годишен извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија за 2017 година
64 Годишен извештај во врска со реализација на Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година
65 Информација за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година со Финален извештај за самооценување
66 Информација во врска со утврдување коефициент за пресметување плата на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија.ДП.Бр.03-867/18
67 Предлог-закон за управните спорови
68 Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2018 година (Министерство за транспорт и врски)
69 Информација за статусот на распределбата на средствата од фондот Banayou Trust
70 Предлог-програма за изменување на Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2018 година
71 Предлог-програма за изменување на Националната годишна програма за јавно здравје на Република Македонија за 2018 година
72 Предлог-програма за изменување на Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година
73 Предлог-програма за изменување на Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2018 година
74 Програма за изменување на Програмата за интеграција на лицата на кои им е признаено правото на азил во Република Македонија за 2018 година
75 Информација за изменување и дополнување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година
76 Информација за реализација на проектот за користење на услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зима 2019 година
77 Информација за набавка на опрема и услуги за модернизација на критичната инфраструктура на Глобалниот комуникациско - информатички систем во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија преку Програмата за меѓународна продажба на воена опрема - (Foreign Military Sales - FMS) на Владата на Соединетите Американски Држави
78 Информација за Француското интернационално училиште - Скопје (ЕФИС)
79 Информација во врска со Националната стратегија на Република Македонија за соработка со дијаспората 2018-2023