119-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
07.02.2019 - 20:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (402.88 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Информација за судскиот предмет 19П4-939/18 и можноста за спогодбено решавање и исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда
2 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања
3 Предлог-закон за вршење на сметководствени работи
4 Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за ревизија
5 Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година
6 Информација за реализација на I фаза - водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица” за општините Штип, Свети Николе, Карбинци, и Лозово
7 Информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштво за производство, трговија и услуги АГРОЦЕНТАР ДВА ДООЕЛ Кочани со Предлог-одлука
8 Информација за предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија, со Предлог-одлука за започнување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија
9 Предлог-закон за класифицирани информации
10 Нотарска тарифа за измени на Нотарската тарифа, со Предлог-одлука за давање согласност
11 Предлог-програма за обезбедување на средства за уредување и одржување на индивидуалните гробови и заеднички гробници на паднати борци во Антифашистичката војна и другите национално ослободителни војни на Македонија погребани на територијата на Република Македонија
12 Информација за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2019 година, со Предлог-одлука
13 Информација за давање согласност за покачување на платите на вработените на Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
14 Информација за склучување на Анекс на посебен колективен договор заради зголемување на платата на дел од вработените во Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје
15 Предлог-oдлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2019 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
16 Предлог-одлука за утврдување на дополнителна помош како мерка за исплата за продадено винско грозје
17 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на општина Крушево
18 Предлог-одлука за проширување на концесијата за експлоатација на минерална суровина - мермер на Акционерското друштво за производство и преработка на мермер ФИМАР БАЛКАН АД Скопје на локалитетот „Галабовец - Нови Присад“, општина Прилеп
19 Предлог-одлука за давање на согласност за пренос на акции во Трговското друштво за производство и истражување ЛАРИН МРАМОР КОМПАНИ експорт-импорт АД Скопје
20 Предлог-одлука за давање на согласност за пренос на удел во Друштвото за откопување, преработка и трговија со мермери БЕЛМАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
21 Предлог-одлука за продолжување на мандатот на Јакуп Реџепи, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, со седиште во Чикаго
22 Предлог-одлука за доделување на средства на Државниот студентски дом „Доне Божинов“ - Пробиштип
23 Предлог-одлука за доделување на средства за реализирање на студиските програми за 2019 година за Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
24 Предлог-одлука за доделување на средства за реализирање на студиските програми за 2019 година на Факултетот за Исламски науки - Скопје
25 Барање за давање на автентично толкување на член 10 став 2 точка 2) алинеа 3 од Законот за судска служба, поднесено од пратеникот Александар Кирацовски
26 Кадровски прашања /119/
27 Прашања и предлози /119/
28 Информација за располагање со недвижниот имот Шик Јелак АД Тетово во стечај
29 Информација за започнување постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство преку формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем на Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR), со Предлог-одлука