120-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
12.02.2019 - 12:15
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (398.05 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Македонија, за период 1.01. - 30.06.2019 година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
1 Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ Кичево
2 Информација со Правилник за инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, со Предлог-одлука
3 Информација за моменталниот статус на административните и оперативните капацитети и предложените мерки за зајакнување на административните и оперативните капацитети на Државниот инспекторат за транспорт
4 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во катастарот на недвижностите ДП.Бр.03-893/18 (КО Велес)
5 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во катастарот на недвижностите.ДП.Бр.03-763/18 (КО Тетово)
6 Информација за јавните здравствени установи за кои се предлага Фондот за здравствено осигурување на Македонија да обезбедува средства за нивно функционирање со показатели за нивната финансиска состојба за 2018 година, со Предлог-одлука за утврдување на јавни здравствени установи кои вршат превентивни и одредени работи од примарна, специјалистичка-консултативна и болничка здравствена заштита за нивно целосно функционирање во 2019 година
7 Предлог-одлука за отстапување на нафтени деривати од задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати на Државниот студентски дом „Никола Карев“ - Охрид
8 Информација за престанок на важење на Одлуката за давање на трајно користење на недвижни ствари на општина Струмица
9 Информација за предлог мерки за уредување на имотно-правен однос со засегнатите деловни банки за имот од поранешен Завод за платен промет во Струга
10 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Нар - Гевгелија, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
11 Информација за реализација на активностите од Акциониот план за спроведување на националната Стратегија за индустриска сопственост 2016-2018
12 Информација за одржување на Првата седница на македонско- бугарската меѓувладина комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија
13 Информација за изготвување на Акциски план по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија
14 Информација со Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација - платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR)
15 Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт
16 Информација за подготовката на петнаесеттиот состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Европската унија и Република Македонија кој ќе се одржи на 12 март 2019 година во Скопје
17 Информација со акциски план за имплементација на мерките од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, за 2019 година
18 Информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции, со Предлог-решение
19 Предлог-одлука за поништување на Одлуката за давање согласност за пренос на концесија за експлоатација на минералната суровина - минерална вода на локалитетот “Горица“ с.Белчишта, општина Дебарца од Друштвото за трговија и услуги ЕВРОПОРЦ ДОО увоз-извоз с.Трубарево Скопје на Друштвото за производство, трговија и услуги ГОРИЧАНКА ДОО увоз-извоз Скопје
20 Предлог-одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија
21 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „DINAMIC FRONT IV/19-1“, во Сојузна Република Германија
22 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „GEOEX 19“, во Република Грузија
23 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Клиничка болница Штип
24 Барање за давање на автентично толкување на член 44 став 1 од Законот за стечај, поднесено од пратеникот Ивана Туфегџиќ
25 Статут на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (I Фаза)
26 Статут на Факултетот за исламски науки - Скопје
27 Иницијатива поднесена од Народниот правобранител доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.136/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 11 став 2 во делот: „на денот на влегување во сила на овој закон“, член 47 став 3 точка 2 во делот: „стекнато до денот на влегување во сила на овој закон“ и член 61 став 1 од Законот за денационализација
28 Иницијатива поднесена од адвокат Александра Илиева Милчова од Скопје, доставена до Уставен суд на Република Македонија под У.бр.135/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 17 став 1, 2 и 3, член 20 став 3 и 4, член 23 и член 25 ставови 3, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 190/2017)
29 Понуда од нотар Васил Кузманоски од Охрид за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.1812 за КО Велестово на КП бр.2686/1 на м.в. „Рача“
30 Известување од Извршител Гордан Станковиќ, за усна јавна продажба под И бр.930/2017 (10899/1)
31 Прашања и предлози /120/
32 Годишна програма за работа и Годишен финансиски план за 2019 година на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
33 Извештај за работата на Државниот испитен центар за 2018 година, со Финансиски извештај за 2018 година
34 Информација за изградба на пруга Куманово-Бељаковце, за период од 01.06.2018 до 31.12.2018 година
35 Информација за реконструкција на железничката пруга Ногаевци-Неготино, за период до 01.06.2018година до 31.12.2018 година
36 Информација за преземените активности во врска со реализацијата на активностите од Стратегијата за Роми во Република Македонија 2014-2020, односно националните акциски планови за периодот август-октомври, 2018 година
37 Предлог-одлука за формирање на Меѓуресорска работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
38 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за осигурување за експонатите од Националниот археолошки институт со музеј - Софија и од Народниот музеј Белград кои ќе бидат презентирани на изложбата „100 години Требениште“ во Националната установа Археолошки музеј на Македонија - Скопје
39 Информација во врска со потребата од склучување на нов Рамковен договор меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Veridos-GMBH
40 Информација за неможноста за целосно спроведување на акцискиот план за имплементација на модулот за пресметка на плата во институциите од јавниот сектор
41 Информација за преземање на потребни активности за доследна имплементација на начелото на делегирање на надлежност согласно Законот за општата управна постапка