131-ва седница на Владата

Седницата се одржа на: 
23.04.2019 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (687.78 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Презентација за примена на начелото за делегирање при одлучување во управна постапка
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за период 1.01. - 30.06.2019 година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2019 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
1 Предлог-уредба за престанување на важењето на Уредбата за услугите кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги (Биро за јавни набавки)
2 Предлог-одлука за давање на согласност на Статутарната oдлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Национален парк Галичица Охрид
3 Барање за давање согласност за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Национален парк Маврово Маврови Анови, со Предлог-одлука
4 Информација за одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 во Република Македонија и формираната Мегуресорска работна група (оперативен тим) за преземање активности за реализација и имплементација на Системот за итни повици Е-112 во Република Македонија
5 Информација за склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерство за економија на Република Македонија и Министерство за трговија и индустрија на Република Косово во врска со контролата на стратешки стоки
6 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објекти за сместување од Хотел Атва Резиденс - Кичево, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
7 Информација во врска со поднесената тужба до Меѓународниот центар за инвестициски спорови во Вашингтон, САД од страна на инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина-бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, доделена на Друштвото за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје-во стечај
8 Информација во врска со состојбата на рудникот Казандол
9 Информација со Преддоговор за пренесување право на градење и уредување на меѓусебните права и обврски за градба на Друштво за градежништво, трговија и услуги ПРАГМАТИКА ДООЕЛ, Гостивар
10 Информација за предложено зголемување на контрибуциите на државите-членки кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности
11 Информација за PARP Проценката 2019 на Република Северна Македонија
12 Информација за напредок на имплементирање на Стратегискиот одбранбен преглед 2018
13 Информација за извршување на пресудата на ЕСЧП за видот и висината на материјалната штета во случајот Стојановски и други, А. бр. 14174/09 од 07.02.2019 која произлегува од констатираната повреда на правото на сопственост на апликантите со пресудата на ЕСЧП А. бр. 14174/09 од 23.10.2014
14 Информација за подготовка на петнаесеттиот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи на 14.05.2019 година во Брисел
15 Информација за работењето на Економско - социјалниот совет во 2018 година
16 Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија
17 Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП)2019/96 на Советот од 21 јануари 2019 година за изменување на Одлуката (ЗНБП)2016/849 за рестриктивни мерки против Демократска Народна Република Кореја
18 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на недвижни ствари на Основен суд Свети Николе
19 Статутарна одлука за изменување на - Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ( I Фаза)
20 Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2018 година
21 Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година
22 Финансиски план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година
23 Годишна програма на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година
24 Стратешки план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година
25 Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година
26 Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2018 година
27 Извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2018 година
28 Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2018 година
29 Барање за давање на автентично толкување на член 338 од Законот за трговските друштва, поднесено од пратеникот Агим Шаќири
30 Барање за давање на автентично толкување на член 65 став 5 од Законот за културата, поднесено од пратениците Невенка Стаменковска-Стојковски, Магдалена Манаскова и Ане Лашкоска
31 Иницијатива поднесена од адвокатите Ивица Димитриев и Мартин Насков од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.56/2019 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 197 став 7 од Законот за трговските друштва
32 Иницијатива поднесена од Светскиот Македонски Конгрес од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.62/2019 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 112 став 3 точка 2-а од Законот за банките („Службен весник на РМ“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 7/2019)
33 Иницијатива поднесена од адвокат Трајче Торов од Штип, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.3/2019 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 449 став 2 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009)
34 Понуда од нотар Анета Петровска Алексовска од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр. 12060 за КО Ѓорче Петров 1 Ново Село на КП бр.746
35 Кадровски прашања /131/
36 Прашања и предлози /131/
37 Извештај за работата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за 2018 година
38 Извештај за работата на Управниот одбор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за 2018 година
39 Известување за искористени нафта и нафтени деривати отстапени од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за месец Март 2019 година
40 Годишен извештај за работа на Државниот инспекторат за локална самоуправа за период 
Предлагач: Министерство за локална самоуправа
41 Извештај за извршувањето на потставките 412110 - Постојана резерва (непредвидливи расходи) и 413110 - Тековни резерви (разновидни расходи) од Буџетот на Република Македонија за периодот од 01 Јануари до 31 Декември 2018 година
42 Годишен извештај за работата на финансиската инспекција во јавниот сектор во 2018 година
43 Извештај за работата на Комисијата за разгледување на барања за добивање на дозвола за вршење на извоз - увоз, транзит, брокерски услуги и офсет на вооружување и воена опрема во 2018 година
44 Информација за можноста за вршење на периодични здравствени прегледи од страна на здравствени работници на корисниците во Дневните центри за деца и лица со пречки во развојот
45 Информација за организација на настан по повод одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа
46 Информација во врска со поканата за одржување на редовна седница на Собранието на акционери на „ЈУБМЕС Банка“ АД Белград закажана за 24.04.2019 година