10-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
18.02.2020 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка

Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион

1 Предлог - одлука за избор на овластен ревизор за финансиска ревизија на Годишната сметка за 2019 година на АД ТЕЦ Неготино, во државна сопственост
2 Информација за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5, со Предлог - oдлука
3 Информација со Акционен план за периодот 1 јануари – 31 декември 2020 година, за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена, Љубљана
4 Финансиски план за работењето на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта - Скопје ц.о. за 2020 година
5 Годишен извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2019 година
6 Извештај за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација
7 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел ТИНО - Охрид, со Предлог - решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
8 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Арена, Попова Шапка, со Предлог - решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
9 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Асист, Скопје, со Предлог - решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
10 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Парк Хотел, Скопје, со Предлог - решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
11 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Филипов, Кочани, со Предлог - решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
12 Информација со Предлог - oдлука за утврдување на работите на премерот во функција за запишување на недвижност во сопственост на Република Северна Македонија на КП бр.447/1 КО Струга
13 Информација за изменување на Одлуката за основање на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, со Предлог - одлука
14 Предлог - закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Република Србија
15 Предлог - одлука за воведување на рестриктивнa меркa согласно Одлуката (ЗНБП) 2019/1789 на Советот од 24 октомври 2019 година за изменување на Одлуката 2010/573/ЗНБП за рестриктивни мерки против водството на Транснистрискиот регион во Република Молдавија
16 Иницијатива поднесена од адвокат Сашко Панчев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.166/2019 за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор на Министерството за одбрана склучен помеѓу Независниот синдикат на одбраната и Министерството за одбрана од 11 ноември 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.238/2019)
17 Понуда од Нотар Маринчо Вељановски од Битола за продажба на недвижен имот со ИЛ. бр.92499 за КО Битола 4 на КП бр. 4211 викано мести/улица Козјак 76 А, ИЛ бр. 2384 за КО Битола 4 на КП бр.4211 викано место/улица Козјак
18 Понуда од Нотар Трајко Маркоски од Прилеп за продажба на недвижен имот со ИЛ.бр.38 за КО Дебреште на КП бр.6544 викао место/улица Село
19 Понуда од Нотар Николче Павловски од Ресен за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.8079 за КО Ресен на КП бр.3981 дел 2 викано место/улица Наум Василевски и Имотен лист бр.8053 за КО Ресен на КП бр.3981 дел 1 ул Наум Василевски
20 Понуда од Нотар Иљхам Исмани од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.9624 за КО Сарај на КП бр.12046 викано место/улица Сарај и Имотен лист бр.108 на КП бр.12046 викано место/улица Сарај
21 Известување од извршител Андреја Буневски за втора усна јавна продажба на недвижност што ќе се одржи на 19 февруари 2020 година
22 Прашања и предлози /10/
23 Информација со извештај за реализација на Програмата за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2019 година
24 Информација за активностите на Министерството за внатрешни работи за спречување на бесправната сеча на шуми во периодот од 01.07.2019 до 30.09.201
25 Информација за имплементација на Акциониот план за периодот 1 јануари – 31 декември 2019 година, за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин (вклучително и Одделението во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена, Љубљана и Загреб
26 Информација во врска со институционализација на пилот стручните тела за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и млади со попреченост во нова Служба за функционална проценка на деца и млади со попреченост при ЈЗУ „Здравствен дом“ - Скопје
27 Предлог - одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година