30-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
27.03.2020 - 13:30
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (265.73 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Информацијата за извршени инспекциски надзори согласно Заклучок на Владата од седницата, одржана на 13.3.2020 година, со Извештај за 26 и 27.3.2020 година - сумарен
1 Записник од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 27 март 2020 година
2 Предлог-уредба со законска сила за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија
3 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа за време на вонредна состојба
4 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба
5 Информација за регионалните и ЕУ активности со цел олеснување на транспортот и трговијата на стоки по појавата на пандемијата со КОВИД-19 и за прифаќање на Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија
6 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за заштита и спасување за време на вонредна состојба
7 Информација за потребата од известување до Генералниот секретар на Советот на Европа за отстапување на Република Северна Македонија од одредени членови на Европската конвенција за човекови права, согласно чл.15 од Конвенцијата, а како последица на пандемијата COVID-19
8 Прашања и предлози /30/
9 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа за време на вонредна состојба
10 Предлог-уредба со законска сила за примената на Законот за јавните претпријатија за време на вонредна состојба
11 Информација во врска со можностите на Министерството за локална самоуправа за учество на конкретни активности согласно планот на Министерството за здравство за справување со состојбата од настанатата епидемија