54-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
17.05.2020 - 10:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (3.64 MB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
1 Информација за трет сет економски мерки за ревитализирање и рестарт на економијата во услови на COVID-19
2 Предлог - уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба
3 Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба
4 Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност во време на вонредна состојба
5 Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба
6 Информација во врска со справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет игри на среќа на територијата на Република Северна Македонија
7 Предлог - уредба за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година
8 Информација во врска со Доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија
9 Информација во врска со потребата од издавање на писмо без приговор или no objection letter за Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор во Република Северна Македонија
10 Предлог - уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба
11 Предлог - уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба
12 Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за време на вонредна состојба
13 Информација за барање согласност за реализација на постапка за јавна набавка на мебел за потребите на ЈОУДГ Павлина Велјанова-Кочани
14 Прашања и предлози /54