27-ма седница на Владата

Седницата се одржа на: 
12.09.2017 - 02:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (351.5 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1  Барање на согласност за задолжување од Општина Липково
2 Извештај за работата на ЈП ХС “Злетовица“ Пробиштип за периодот од 01.01.2017 година до 31.03.2017 година
3 Финансиски извештај за работењето на ЈП „Македонијапат“ - Скопје, за период од 01.10 до 31.12.2016 година.
4 Годишен извештај за работењето на ЈП ,,Македонијапат"-Скопје за 2016 година, Финансов план за 2017 година, Годишна сметка за 2016 година, со Извештај од независен ревизор
5 Информација за користењето на нафта и нафтени деривати од задолжителните државни резерви на Р. Македонија, за реализација на Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта
6 Извештај за првото тромесечие за работење на ЈП за стопанисување со пасишта 01.01.2017-31.03.2017 година
7 Годишна сметка на Јавното претпријатие за државни патишта за 2016 година и Извештај за работењето на Јавното претпријатие за државни патишта за 2016 година,со Извештај на независниот ревизор
8 Информација и барање на согласност авторското дело (резба) да биде подарено и поставено во просториите на ИКАО во Монтреал
9 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината (Службен весник на Република Македонија бр.36/11) и Предлог-одлука за давање на согласност на Анекс договор бр.1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште склучен помеѓу Република Македонија – Влада на РМ како основач на ТИРЗ Скопје 1, застапувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Друштвото за производство на хидраулична опрема и услуги ВИТЕК Македонија ДОО Илинден заведен кај закуподавачот под број 07-276/1 од 29.03.2011 година, солемнизиран под ОДУ реден бр. 139/11
10 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината (Службен весник на Република Македонија бр.15/16 и бр.59/16) и Предлог-одлука за давање на согласност на Анекс договор бр.2 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште склучен помеѓу Република Македонија – Влада на РМ како основач на ТИРЗ Скопје 1, застапувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Друштвото за производство и трговија ХАЈ ТЕК АСЕМБЛИ ЦЕНТАР ДООЕЛ експорт – импорт Скопје, заведен кај закуподавачот под број 09-270/1 од 02.02. 2016 година
11 Информација во врска со Предлог–одлуката за одобрување на ревидираната Годишна сметка, финансиските извештаи и Годишниот извештај за работењето на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје за период 1.1.2016 година до 31.12.2016 година
12 Информација во врска со Предлог–одлуката за одобрување на консолидирана ревидирана Годишна сметка и консолидирани ревидирани финансиски извештаи на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост–Скопје со Акционерското друштво Градски трговски Центар-Скопје за период од 1.1.2016година до 31.12.2016 година.
13 Информација за тековната состојба и нивото на резервите на нафта и нафтени деривати
14 Годишен извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2016 година
15 Информација за спроведување анализа на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции.
16 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Македонија во Катастарот на недвижности ДП.Бр.03-772/16
17 Информација со предлог одлуки за продажба на движни ствари-патнички моторни возила
18 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Уставен суд на Република Македонија (Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ)
19 Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2017 година
20 Информација со Предлог-одлука за изменување на Одлуката за висината и начинот на плаќање на посебниот надоместок, видот и количеството на растенија, растителни производи и други објекти и предмети за кои се плаќа надоместокот, како и висината и начинот на плаќање на трошоците во областа на здравјето на растенијата
21 Информација за статус и потреба од обезбедување на дополнителни финансиски средства за проектот за изградба и реконструкција на железничка делница Битола – Кременица, како дел од кракот 10д на Kоридорот 10, со крак кон Индустриска зона Жабени
22 Информација за реализација на акцискиот план за изработка на проектна документација и имплементација на Проектот интелигентен транспортен систем на патиштата заклучно со 08.06.2017 година
23 Информација за прогрес на проектите за градба од План Б (Статус - Јуни 2017 година)
24 Информација за Просторниот план на Источниот Плански Регион 2013-2030 - Нацрт
25 Годишен извештај за работењето на Агенцијата за планирање на просторот во 2016 година
26 Информација за склучување на договор за соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme), спроведувана од страна на Свисконтакт (Swisscontact), подружница во Скопје и Владата на Република Македонија во врска со соработка на проектот „Ангажман на сениор експерти за развој на мали и средни претпријатија во Македонија“, со Предлог-Договор за соработка
27 Информација за тринаесеттиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Унија одржан на 04 април 2017 година во Скопје
28 Информација за одржаниот четиринаесетти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската унија и Република Македонија, на 29 јуни 2017 година во Брисел
29 Информација во врска со потребата од отворање нов граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Србија, помеѓу населените места с.Лојане и с.Миратовце
30 Информација за моделот и законската рамка за воспоставување на надворешен механизам за контрола на работата на вработените во Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и затворската полиција
31 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2017/905 на Советот од 29 мај 2017 година за спроведување на Одлука 2010/788/ЗНБП за рестриктивни мерки против Демократска Република Конго, со Предлог-одлука
32 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2017/734 на Советот од 25 април 2017 година за изменување на Одлука 2013/184/ЗНБП за рестриктивни мерки против Мијанмар/Бурма, со Предлог – одлука
33 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Oдлуката (ЗНБП) 2017/917 на Советот од 29 мај 2017 година за изменување на Одлука 2013/255/ЗНБП за рестриктивни мерки против Сирија, со Предлог – одлука
34 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на еден предмет пред Европскиот суд за човекови права Јосифовски против РМ, А.бр. 29911/15
35 Предлог упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес
36 Предлог упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборниот процес
37 Предлог - одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на општина Аеродром
38 Извештај за работата на Регулаторната комисија за домување за периодот од 01 јануари до 30 јуни 2017 година
39 Предлог-закон за издавање на вредносни бонови – ваучери
40 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Македонија, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 50-а став 2 од Законот за вршење на земјоделска дејност (Службен весник на република Македонија бр.11/2002, 89/2008, 116/2010,53/2011 и 39/2016)
41 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Македонија, за поведување на постапка за оценување на уставноста на делот: ,,министерот за трговија’’ од членовите: 6 став 2, 7 став 2, 9 став 2, 10 став 1, 11 став1, 12 став 5, 13 став 2, 14 ставовите 2 и 3, 16 став 1, 18 ставовите 1 и 2 и 25 став 2, делот ,, Министерството за трговија’’ од членовите 8 став 3, 11 став 2, 12 став 7 и 17, делот ,,Законот за стандардизација’’ од член 12 став 3 од Законот за контрола на квалитетот на земјоделските и прехрамбените произоди во надворешно- трговскиот промет („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/1998 и 13/1999)
42 Иницијатива поднесена од Никола Источки, адвокат од Ресен, доставена до Уставниот суд на Република Македонија, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 4 став 3 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/2014 и 53/2016)
43 Понудата од нотар Џеват Бучи од Скопје за купопродажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.93356 за КО Чаир
44 Кадровски прашања /27/
45 Прашања и предлози /27/
46 Информација во врска со реализацијата на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Радовиш“ (статус: јуни 2017) “
47 Информација во врска со реализацијата на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Струмица“ (статус: јуни 2017)
48 Информација со анализа за причините и можните причинители на високо ниво на загадување на воздухот во Република Македонија во летниот период
49 Информација за реализација на проектот „Изработка на потребните документи за воспоставување на интегриран самоодржлив систем за управување со отпад во Скопскиот, Југозападниот, Вардарскиот и Пелагонискиот Регион“
50 Информација за квалитет на воздухот во Република Македонија за месец јули 2017 година
51 Информација со акциски план во врска со реализација на проектот “Техничка помош за реформа на јавните комунални претпријатија за управување со водoснабдување, собирање и третман на отпадните води во Град Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и Куманово”
52 Информација за здравствената состојба на шумите во Република Македонија за 2016 година
53 Информација за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци–Штип и патна делница Кичево-Охрид заради склучување на Анекс кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци - Штип
54 Информација за состојбата во АД Електрани на Македонија
55 Информација за надминување на состојбата во Друштвото Фабрика за шински возила ВЕЛЕС ДООЕЛ Велес (Колска Велес)