93-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
09.10.2018 - 13:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (619.41 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Информација за Програмите на Унијата за 2017 година (Предлагач: Секретаријат за европски прашања)
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
1 Информација во врска со потребата од активности за успешна реализација на Проектот Ф/П 1674(2009) за домување на социјално ранливи групи
2 Информација за покренување на постапка за одржување на Годишно собрание на акционери на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост, со предлог-одлуки
3 Информација за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Македонија и Република Грција
4 Информација за потребата од донесување на Одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со Предлог - одлука
5 Информација за Предлог договор за доделување на државна помош на Друштво за производство и трговија ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Скопје
6 Информација за Предлог договор за доделување на државна помош на Друштво за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила ОДВ-Електрик ДООЕЛ с.Мислешево Струга
7 Информација за Предлог Анекс договор бр.1 кон Договорот за доделување на државна помош бр.13-288/1 од 09.02.2018 година, склучен со Друштвото за производство, трговија и услуги Џагатај Кабло Отомотив Електрик Системлери ДООЕЛ Илинден и Компанија Џагатај Кабло Санаји Ве Тиџарет А.Д.
8 Предлог-одлука за продажба на деловен простор во сопственост на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
9 Информација за можностите за воведување на кредитен производ за директна поддршка на кредитокорисници во рамките на Посебниот кредитен фонд (ПКФ)
10 Информација за декларацијата за посветеност кон доверба во официјалната статистика
11 Информација за состојбата со имотот распределен после завршување на стечајните постапки, со Табеларен преглед на недвижен и движен имот добиен од стечајни постапки
12 Предлог - одлука за изменување на Одлуката за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Македонија во Катастарот на недвижности (У.Бр. 504/18)
13 Финансиски извештај и Деловен извештај за периодот од 1.1.2017 до 31.12.2017 година на фондацијата од јавен интерес-Пексим Фондација
14 Информација за текот и прогресот на активностите во врска со барањето за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени дериватина општина Кратово, со Предлог-одлука
15 Информација за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување на Анекс бр. 2 кон Договорот за изградба на автопат, делница Миладиновци - Штип, со Предлог-закон
16 Информација за започнување на повеќегодишна јавна набавка на работи за изградба на водоводна мрежа за делот од Индустриска зона Визбегово, општина Бутел
17 Информација во врска со предложениот Директен договор помеѓу Владата на Република Македонија и Шпаркасе Банка АД Скопје за финансирање на малата хидроелектрична централа на концесионерот ЕНЕРГОРЕМОНТ-МЗТ-ХЕРЦ ДОО Битола
18 Информација во врска со со потпишување на Анекси на Договорите за концесија за склучување на предложениот Директен договор помеѓу Владата на Република Македонија и Стопанска банка АД Скопје за финансирање на малите хидроелектрични централи на концесионерот ВАРДАР ХИДРО ДОО
19 Информација за текот на преговори за пристапување кон спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки
20 Информација за Втора ревизија за преиспитување на трговската политика на Република Македонија согласно Механизмот на Светската трговска организација
21 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – вулкански туф на локалитетот “с.Отошница“ општина Ранковце
22 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – гранит на локалитетот “Градиште“ општина Штип
23 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – габро и серпентин на локалитетот “Богословец“ општина Свети Николе, со предлог – одлуки
24 Информација во врска со извршената евалуација од Јавниот повик за доделување на концесиjа за детални геолошки истражувања на минералнa суровинa 3/2018 (Службен весник на Република Македонија бр. 55/18), со Предлог - одлука
25 Информација за статусот на постапката за донесување на Методологија за утврдување на надоместок согласно Законот за водостопанство, со Предлог - методологија
26 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2–лесна и незагадувачка индустрија КО Зубовце, општина Врапчиште, со Предлог-одлука
27 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план за село Трстеник за изградба на објекти со намена А-домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Г-производство, дистрибуција и сервиси, Д-зеленило и рекреација, Е-инфраструктура КО Трстеник, општина Свети Николе, со Предлог-одлука
28 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија КО Челопек- вон г.р., општина Брвеница, со Предлог-одлука
29 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4-времено сместување КО Идризово, општина Гази Баба, со Предлог-одлука
30 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изградба на локален пат КО Градовци, општина Зелениково, со Предлог-одлука
31 Информација со образложен предлог за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на 24 мали хидроелектрични централи, со Предлог - одлука
32 Информација за потпишување на Меморандум за разбирање и соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Тетра Тек ЕЦ Инц. Арлингтон, САД и Друштво за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје
33 Информација во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд (март 2018 - октомври 2018)
34 Информација во врска со активностите кои ги презема Република Македонија кон Бернската Конвенција
35 Информација за предлог Анекс кон Договорот за доделување на државна помош на Друштво за производство, трговија и услуги ВИК Македонија ДООЕЛ с.Алинци, Прилеп- корисник Технолошко-индустриска развојна зона, со Предлог-Одлука
36 Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Австриската Сојузна Влада за размена и заемна заштита на класифицирани информации
37 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2018/900 на Советот од 25 јуни 2018 година за изменување на Одлуката 2013/184/ЗНБП за рестриктивните мерки против Мјанмар/Бурма, со Предлог – одлука
38 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметот пред Европскиот суд за човекови права Соња Талевска и Татјана Трпчевска против РМ, А.бр.11828/16
39 Информација за одржан четиринаесетти состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика помеѓу РМ и ЕУ во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација, на 28 ноември 2017 година, во Скопје
40 Информација за одржаниот дванаесетти состанок и подготовка на тринаесеттиот состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Република Македонија и Европската унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 18 и 19 октомври 2018 година во Брисел
41 Предлог стратегија на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020
42 Информација за потребата од подготовка за измени и дополнувања на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и/или други соодветни закони
43 Информација за подготовка за измена и дополнување на Законот за девизно работење
44 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за мрежата на здравствени установи
45 Предлог-програма за изменување на Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно мрежата на здарвствени установи 2015-2018
46 Информација во врска со Акциски план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) 2018- 2023, со Акциски план
47 Информација за меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Швајцарија претставувана од Швајцарската Агенција за развој и соработка переку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија за реализација на проектот Образование за вработување во Македонија (Е4Е@мк) Фаза I (01.03.2018-28.02.2022)
48 Информација за потребата од изработка на Национална стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот
49 Предлог - одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на општина Конче
50 Предлог - одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп и склучување на договор за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на непосредна спогодба на Друштво за производство, трговија и услуги МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје
51 Предлог–одлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот “Лепа Страна “, с. Сразмалино, општина Лозово
52 Предлог–одлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот “Метленик“, општина Босилово
53 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар на Воспитно-поправен дом “Тетово“
54 Предлог- одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за внатрешни работи
55 Предлог - одлука за утврдување на работи од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Македонија (КП бр.10337)
56 Предлог - одлука за утврдување на работи од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Македонија (КП бр.10248)
57 Предлог - одлука за утврдување на работи од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Македонија (КП бр.10236)
58 Предлог - одлука за утврдување на работи од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Македонија (КП бр.10240)
59 Предлог-одлука за висината на надоместокот на претседателот и членовите за работата во Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации
60 Барање за давање на автентично толкување на членот 22, став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа и прецизирање на Барањето, поднесено од претседателот на Советот на Општина Карпош
61 Барање за давање на автентично толкување на членот 96-к став 1 од Кривичниот законик, поднесено од пратеникот Зекир Рамчиловиќ
62 Финансиски извештај за работењето на ЈП „Македонијапат“ - Скопје, за период од 04 до 30.06.2018 година
63 Барање за давање на автентично толкување на член 25 став 1 од Законот за катастар на недвижности, поднесено од пратеникот Јован Митрески
64 Иницијатива поднесена од Елена Крстаноска од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.98/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2016)
65 Иницијатива поднесена од Александра Илиева Милчова адвокат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.94/2018, за поведување на постапка за оценување на уставноста на Член 8 став 1 во делот:„исплата на плати од дневен пазар“ и став 2 во делот:„преку трансакциска сметка“ од Законот за исплата на платите во Република Македонија, („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1994, 62/1995, 33/1997, 50/2001, 26/2002, 46/2002, 37/20058, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 97/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013, 139/2014 и 147/2015)
66 Понуда од нотар Ирфан Јонузовски од Скопје за купопродажба на недвижен имот во Скопје, со Имотен лист бр.361 за КО Ѓорче Петров 5-Лепенец на КП БР.1652
67 Понуда од нотар Ристо Самарџиев од Кавадарци за купопродажба на недвижен имот во Кавадарци со Имотен лист бр.359 за КО Сирково на КП бр.679
68 Кадровски прашања (93)
69 Прашања и предлози (93)
70 Информација за финансирање на изградбата на парк на ветерни електрани Миравци, со инсталирана моќност од 14 MW
71 Извештај за работењето на ЈП Стрежево Битола, во период од 004.2018 до 30.06.2018
72 Финансиски извештај за работењето на ЈП „Македонијапат“ - Скопје, за период од 04 до 30.06.2018 година
73 Тримесечен финансиски извештај на ЈП “Агро Берза“ Скопје за период јануари-март 2018 година
74 Тримесечен финансиски извештаја ЈП “Агро Берза“ Скопје за период април-јуни 2018 година
75 Шестмесечен извештај за работа на директорот на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за период 01.01.2018- 30.06.2018 година
76 Информација за статусот на реализација на преостанатите барања и иницијативи на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“- сите пет циклуси на посети на компании
77 Предлог-програма за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година
78 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредба за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018 година
79 Информација за подготовка на Република Македонија во однос на последиците од БРЕГЗИТ со фокус на трговските и економските односи, на билатерално и мултилатерално ниво, и на ниво на Европска Унија
80 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје Јасен - Скопје
81 Информација за барање одобрение од Владата на Република Македонија за промена на динамиката на реализација и/или плаќање на обврските од склучените договори за вршење стручно-технички надзор при изведба на градежни работи за рехабилитација на 13 (тринаесет) училишта во Република Македонија за Дел 1,4,5,6,7,8,9,10,11,12 и 13 по оглас за јавна набавка бр.40/2017
82 Предлог - одлука за доделување на средства за тековно работење на Државниот студенски дом „Пелагонија“ - Скопје
83 Предлог - одлука за доделување на средства за тековно работење на Државниот студенски дом „Скопје“ - Скопје
84 Информација за потребата од изменување и дополнување на Законот за државните награди
85 Информација во врска со реализацијата на Проектот Изградба на културно-образовен центар во Тетово, со нов театар и библиотека