За моментите на среќа – Вакцинирај се!

Кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“ е од исклучителен јавен интерес за потребата од масовна и успешна вакцинација за имунизација и за заштита на граѓаните од КОВИД-19.

Граѓаните мора да ги имаат точните, проверени, стручни информации за вакцините, сѐ со цел да се запре прогресот на пандемијата.

Кампањата „Вакцинирај се!“, има за цел да го сврти вниманието на граѓаните кон потребата да бидат внимателни кога до нив стигаат информации и вести кои не почиваат на вистина и на факти.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

Вакцините се единствениот начин да имаме извесна иднина. Да ја дигнеме на нозе економијата и да ги јакнеме работните места. Да ги одмориме лекарите, медицинските сестри и болничарите, за да можат да се вратат на својот редовен начин на работа.

Преку 1,2 милиони дадени дози кај нас (во моментот на отпочнување на оваа кампања), без посериозни компликации или несакани ефекти кај ниту еден граѓанин, се непобитен доказ за нивната безбедност.

За да го поттикнеме овој тренд дополнително и да ги охрабриме граѓаните да продолжат масовно да се вакцинираат, ја започнавме кампањата „Вакцинирај се“: 

  • За безгрижно детство и среќни училишни денови во пресрет на новата учебна и академска година;
  • За да се вратат артистите на сцените и за да ги поздравиме нивните остварувања и изведби со масовно присуство и долготрајни аплаузи, во безбедни средини;
  • За да се вратиме како публика во спортските арени за да ги славиме успесите на нашите спортски амбасадори; 
  • За да ги видиме повторно широките насмевки на лицата – без маски и за топлите прегратки што ни недостасуваат;
  • За да ги вратиме моментите на повторна дружба без ограничувања;
  • За да се собереме повторно околу нашето одложено секојдневие и околу традициите што ги негуваме.

Вакцинацијата е најсигурна заштита од вирусот и е единствениот начин да излеземе од пандемијата и да го вратиме назад животот во нова нормалност.

За моментите на среќа – Вакцинирај се!

Обраќање на премиерот Зоран Заев и на министерот за здравство, Венко Филипче на промоцијата на кампањата „Вакцинирај се“

 


Често поставувани прашања

Не, вакцинацијата против коронавирусот е доброволна.

Безбедноста е врвен приоритет и има многу причини да се вакцинирате:

  • Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе биде важна алатка која ќе помогне да се запре пандемијата. Носењето маски и социјалното дистанцирање помагаат да се намалат шансите да бидете изложени на вирусот или да го проширите на други, но овие мерки не се доволни. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Комбинацијата на вакцинирање и следењето на препораките на Министерството за здравство за да се заштитите себеси и другите, ќе понудат најдобра заштита од КОВИД-19. Запирање на пандемијата бара користење на сите алатки што ги имаме на располагање. Бидејќи експертите дознаваат повеќе за тоа како вакцинацијата против КОВИД-19 може да помогне во намалувањето на ширењето на болеста во заедниците, Министерството за здравство ќе продолжи да ги ажурира препораките за заштита.
  • Вакцинацијата против КОВИД-19 е побезбеден начин да се помогне во градењето заштита. КОВИД-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како КОВИД-19 ќе влијае на вас. И ако се разболите, може да ја пренесете болеста на пријателите, семејството и другите околу вас. Клиничките испитувања на сите вакцини мора прво да покажат дека се безбедни и ефикасни пред било која вакцина да биде одобрена за употреба, вклучително и вакцините против КОВИД-19. Инфекцијата со КОВИД-19 може да понуди одредена природна заштита, позната како имунитет. Тековните докази кажуваат дека реинфекцијата со вирусот што предизвикува КОВИД-19 е невообичаена во 90 дена по првичната инфекција. Сепак, експертите не знаат со сигурност колку трае оваа заштита, а ризикот од тешка болест и смрт од КОВИД-19 далеку ги надминува придобивките од природниот имунитет. Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе ви помогне да се заштитите со создавање на антитела (имунолошки систем) без да имате искуство со болеста. И природниот имунитет и имунитетот произведен од вакцина се важни делови на болеста КОВИД-19.
  • Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе биде важна алатка која ќе помогне да се запре пандемијата. Носењето маски и социјалното дистанцирање помагаат да се намалат шансите да бидете изложени на вирусот или да го проширите на други, но овие мерки не се доволни. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Комбинацијата на вакцинирање и следењето на препораките на Министерството за здравство за да се заштитите себеси и другите, ќе понудат најдобра заштита од КОВИД-19. Запирање на пандемијата бара користење на сите алатки што ги имаме на располагање. Бидејќи експертите дознаваат повеќе за тоа како вакцинацијата против КОВИД-19 може да помогне во намалувањето на ширењето на болеста во заедниците, МЗ ќе продолжи да ги ажурира препораките за заштита.
  •  

Прерано е да се знае дали вакцините против КОВИД-19 ќе обезбедат долгорочна заштита. Потребно е дополнително истражување за да се одговори на ова прашање. Сепак, охрабрувачки е што достапните податоци сугерираат дека повеќето луѓе кои се опоравуваат од КОВИД-19 развиваат имунолошки одговор, кој обезбедува барем одреден период на заштита од реинфекција – иако сè уште се истражува колку е силна оваа заштита и колку трае. Повеќето вакцини против КОВИД-19 што се користат се даваат во две дози.

Влијанието на вакцините против КОВИД-19 врз пандемијата ќе зависи од повеќе фактори како што се ефикасноста на вакцините; колку брзо се одобруваат, произведуваат и испорачуваат и колку луѓе се вакцинираат. Повеќето научници предвидуваат дека, како и повеќето други вакцини, вакцините против КОВИД-19 нема да бидат 100% ефикасни. Но од досегашните искуства гледаме дека вакнинацијата дава ефект. На пример во Израел, според нивна државна студија, се забележува 94% намалување на бројот на нови случаи.

Студиите покажуваат дека вакцините против КОВИД-19 се ефикасни во спречувањето да не се заразите со КОВИД-19. Експертите исто така сметаат дека примањето на вакцината против КОВИД-19 може да помогне да не се разболите сериозно, дури и ако се инфицирате со КОВИД-19. Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе ни помогне да се вратиме во нормала.

Вакцините против КОВИД-19 го ​​учат нашиот имунолошки систем како да го препознае и да се бори против вирусот што предизвикува КОВИД-19. Обично се потребни неколку недели по вакцинирањето за телото да создаде заштита (имунитет) од вирусот што предизвикува КОВИД-19. Тоа значи дека можно е некое лице да се зарази со КОВИД-19 веднаш по вакцинирањето. Ова се случува поради тоа што понекогаш, кај некои луѓе, кои веќе биле инфицирани со вирусот, се наоѓале во период на инкубација или дошле во контакт со вирусот веднаш по примање на првата доза, вакцината немала доволно време да обезбеди заштита.

Постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите додека не се вакцинирате. Дури и откако ќе се вакцинирате, важно е да продолжите да ги превземате сите превентивни мерки за заштита кои помагаат да се запре оваа пандемија (носење маски, миење раце, и држење дистанца од 1.5 метар), бидејќи секој ден учиме повеќе за тоа како вакцините против КОВИД-19 функционираат во реални услови.

За да разбереме како функционираат вакцините против КОВИД-19, најпрво треба да знаеме како организмот се бори против болеста. Кога микроорганизмите, како што е корона вирусот што предизвикува КОВИД-19, ги напаѓаат нашите тела, тие навлегуваат во организмот и се размножуваат. Оваа инвазија, наречена инфекција, е она што предизвикува болест. Нашиот имунолошки систем користи неколку алатки за борба против инфекцијата. Крвта содржи црвени и бели крвни клетки. Црвените крвни клетки носат кислород до ткивата и органите, додека белите или имунолошки клетки се борат против инфекцијата. Различни видови на бели крвни клетки се борат со инфекција на различни начини:

  • Макрофагите се бели крвни клетки кои ги голтаат и варат микроорганизмите, мртвите келтки или клетките кои се во фаза на умирање. Макрофагите оставаат зад себе делови од микроорганизмите наречени антигени. Телото ги идентификува антигените како опасни и ги стимулира антителата да ги напаѓаат.
  • Б-лимфоцитите се одбранбени бели крвни клетки. Тие ги произведуваат антителата кои ги напаѓаат деловите на вирусот оставени од макрофагите.
  • Т-лимфоцитите се друг вид на одбранбени бели крвни клетки. Тие ги напаѓаат клетки во телото кои веќе биле заразени.

Кога едно лице за првпат ќе се зарази со корона вирусот што предизвикува КОВИД-19, може да бидат потребни неколку дена или недели неговото тело да ги вклучи сите алатки во борбата против вирусот кои се потребни за да се победи инфекцијата. После инфекцијата, имунолошкиот систем на лицето го меморира она што го научил за тоа како да се заштити телото од таа болест односно организмот развил имунитет.

Телото чува неколку Т-лимфоцити, наречени мемориски клетки, кои брзо стапуваат во акција ако телото повторно се сретне со истиот вирус. Кога ќе се откријат познатите антигени, Б-лимфоцитите произведуваат антитела за да ги нападнат. Експертите сè уште учат колку долго овие мемориски клетки го штитат лицето од вирусот што предизвикува КОВИД-19.

ASTRAZENECA / OXFORD

  • Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот
  • Препорачана возраст над 18 години
  • Потребни се две дози, втората доза 4-12 недели по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: во клиничките студии докажана е ефикасност од 63.09% за превенција на инфекција со САРС-Ков2, резултатите од реалната пракса се охрабрувачки, само по првата доза 85% се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.
  • Безбедност: повеќе од 25 илјади индивидуи беа вклучени во клиничките тестирања
  • Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакција
  • Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата

PFIZER/BIONTECH COMIRNATY

  • мРНА вакцина која дава инструкции на организмот за создавање на протеин карактеристичен за вирусот САРС-Ков2
  • Препорачана возраст: над 12 години
  • Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: клиничките студии покажаа висока ефикасност до 94% превенција од САРС-Ков2 инфекција, податоците од вакцинацијата ширум светот ја потврдуваат ефикасноста од клиничките студии
  • Безбедност: вакцината е безбедна повеќе од 40 илјади индивидуи беа вклучени во клиничките тестирања
  • Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се почести по примање на втората доза
  • Оваа вакцина може да даде и алергиска реакција не треба да се администрира на лица алергичнина полиетилен гликол (PEG) или сродни молекули, бидејќи PEG е една од состојките.
  • Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и траат до два дена по примање на вакцината

SINOPHARM

  • Инкативиран САРС-Ков2 вирус
  • Препорачана на возраст над 18 години
  • Потребни се две дози, втората доза од 21-28 дена по првата доза
  • 86% ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 100% ефикасна за превенција на тешка болест
  • Се дава мускулно во рамо
  • Безбедност – Повеќе од 43 милиони дози се дадени до 21 февруари во светот
  • Најчести несакани ефекти: болка на местот на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули
  • Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата

SINOVAC

  • Тип на вакцина: Инактивиран САРС-Ков2 вирус
  • Препорачана возраст: над 18 години
  • Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
  • Високо ефикасна за превенција на тешка болест
  • Се дава мускулно во рамо
  • Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, замор
  • Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата

SPUTNIK V

  • Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот
  • Препорачана на возраст над 18 години
  • Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: Ефикасноста на Спутник В наспроти КОВИД-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В
  • Безбедност: Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.
  • Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.
  • Препораки за вакцинација против КОВИД-19 за пациентите со ревматски автоимуни и воспалителни болести - преземи тука.
  • Препораки за вакцинација против КОВИД-19 за пациентите со малигни хематолошки болести - преземи тука.
  • Препораки за вакцинација против КОВИД-19 за пациенти со миелом - преземи тука.

Како и другите респираторни заболувања, инфекцијата со КОВИД-19 може да предизвика умерени симптоми вклучително: течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои лица може да се јави потешка клиничка слика, односно може да дојде развој на пневмонија или тешкотии во дишењето.

Да, КОВИД-19 предизвикува респираторнo заболувањe и може да се пренесе од човек на човек, обично по близок контакт со заболен, на пример дома, на работно место или во здравствена установа.

Луѓето кои живеат или патуваат во област каде што циркулира КОВИД-19 може да бидат изложени на ризик од инфекција.

Треба да се направат дополнителни истражувања за да се дадат прецизни информации за тоа како КОВИД-19 влијае врз луѓето. Според достапните податоци, постарите лица и лицата со претходно постоечки заболувања (дијабет, срцеви заболувања и др.) имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми.

Новиот коронавирус е респираторен вирус кој примарно се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Важно е сите да практикуваат добра лична хигиена. На пример, кога кивате или кашлате користете марамче за една употреба и веднаш фрлете го, а доколку немате марамче покријте ги устата и носот со раката свиткана во лактот. Исто така, многу е важно луѓето редовно и темелно да ги мијат рацете со сапун и вода или со дезинфициенси базирани на алкохол.

Сѐ уште не е познато колку долго преживува КОВИД-19 на површини, иако првичните информации сугерираат дека вирусот може да преживее неколку часа. Едноставни средства за дезинфекција можат да го уништат вирусот, со што веќе не е можно да зарази луѓе.

Според моментално достапните податоци, се смета дека е можно лицата заразени со КОВИД-19 да бидат заразни и пред да развијат симптоми на болест. Сепак, вирусот најчесто го шират лица кои имаат симптоми.


Почеток на кампањата за вакцинација [23.08.2021]