Премиерот Заев, вицепремиерите Анѓушев и Османи ќе говорат на трибината „#МладиМКЕУ - можности без граници“

Петок, 18 мај 2018 година, со почеток во 15:00 часот, на летната тераса во х. Дрим - Струга, ќе се одржи јавен настан - трибина со наслов „#МладиМКЕУ - можности без граници“ на која говорници ќе бидат претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи.

На настанот, освен обраќањата на говорниците ќе има и отворена дискусија со публиката во врска со можностите од влезот на Република Македонија во Европската Унија, кои се отвораат за младите и нивните перспективи.

Календар Влада: 
E premte, Maj 18, 2018 - 15:00 to E shtunë, Maj 19, 2018 - 17:45