Министерот Алити дел од денешниот историски настан во Брисел

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на денешниот историски настан во Брисел, во седиштето на Европската Унија, како дел од владината делегација, на првата меѓувладина конференција со Европската унија што го отвора процесот за прием на Северна Македонија во Европската Унија.

Министерот истакна дека Северна Македонија со децении го чекаше овој историски ден, а по укинувањето на ветото на Бугарија, се овозможи да се започнат преговори за членство на земјата во ЕУ.

„Во Европа, во ова демократско општество одиме обединети како стебло и мултикултурно општество кое ги негува вредностите на демократијата, правдата и благосостојбата. Утринава Урсула фон дер Лајен истакна дека нашата земја наскоро ќе започне преговори со ЕУ за ФРОНТЕКС и други договори кои би го олесниле животот на граѓаните на Северна Македонија. 

Нашата работа и цел како Влада на Република Северна Македонија е да им го олесниме животот на граѓаните и особено е важно што во ова време на економска криза имаме толку добри вести“, рече министерот Алити.

Министерот порача дека, како дел од Европската унија, ние мора да работиме заедно за да обезбедиме мир, правда и благосостојба на сите граѓани, почитувајќи ги различностите по која било основа.