
РЕФОРМИ - БРЗИ И КОРЕНИТИ ПРОМЕНИ ЗА ДРЖАВА ПО ЕВРОПСКИ ПРАВИЛА
- Усвоена е Стратегија за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017-2022 со Акциски план, преку широк консултативен процес и редовни консултации со Европската Комисија;
- Формиран е Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 - 2022, со кој претседава премиерот;
- Обезбедена е целосна институционална поддршка на работата на СЈО, во согласност со соодветните закони;
- Се формираше работна група за увид во АКМИС, со што директно се постапува по извештајот на Прибе;
- Со подготви и донесе Законот за амнестија, со што се пристапи кон надминување на состојбата во затворите;
- Законот за укажувачите беше подготвен и донесен во Собранието.
- Беше укинат Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност на судија, а се врати надлежноста на Судскиот совет на Република Македонија;
- Согласно Планот 3-6-9, во изминатиот период успешно заврши и подготовката на пакетот закони за воведување надворешен механизам со кој ќе се воведе контрола над полициските службеници;
- Законот за бесплатна правна помош со кој се овозможува сосема нов концепт и пристап до правдата беше доставен во владина и собраниска процедура;
- Беше формиран Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, со цел овозможување целосна имплементација на Законот за медијација;
- Го подобривме Законот за заштита од дискриминација за да ги заштитува сите;
- Воведовме флексибилно работно време и двосменско работење во службите на институциите кои издаваат лични документи, дозволи, лиценци и сл;
- Предложени и усвоени беа измени на Законот за административни службеници, со кои се поедноставува постапката за селекција и вработување, се овозможува побрзо напредување во кариерата, како и намалување на притисокот врз вработените;
- На почетокот на 2018 година усвоивме нова Стратегија за реформи во јавната администрација (2018-2022), преку широк консултативен процес, со учество на претставници од јавниот сектор, но и невладини организации, комори и синдикати;
- Ја зајакнавме довербата во полицијата и нејзиниот имиџ како заштитник и пријател на граѓаните;
- Започнавме со реализација на проектот „Маалски полицаец“;
- Спроведовме проект за подобрување на условите во полициските станици;
- Набавивме нови униформи за полицијата и дрегери;
- Спроведовме реформа на системот на следење на комуникациите;
- Ја зајакнавме внатрешната контрола и отпочнавме со проект за воспоставување надворешен независен механизам за контрола;
- Ги зајакнуваме капацитетите за борба против организираниот криминал и корупција.
- Започнавме со реформирање на УБК, со цел Управата да се деполитизира и да ја врати својата суштинска задача (разузнавањето и контраразузнавањето во интерес на државата);
- Ги зајакнуваме капацитетите за справување со тероризам и со насилен радикализам;
- Ги подобривме условите за служба и ги зголемивме платите на целокупниот персонал во Армијата за 10%;
- Воведовме измени во критериумите за прием на питомци на Воена академија, со цел да се избегне политизираност и пристрасност;
- Спроведовме конкурс за прием на професионални војници за потребите на АРМ, со што ќе ја зголемиме борбената готовност и ќе ги подобриме капацитетите на АРМ;
- Се приклучивме кон Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната, за да ги зајакнеме нашите одбранбени образовни институции, пред се Воената Академија;
- Ги намаливме расходите за службени патувања и репрезентации за 7 милиони денари;
- Создадовме систем за пријавување родова дискриминација и вознемирување во АРМ;
- Спроведовме обука за градење интегритет на највисокото раководство во Министерството за одбрана;
- Развиваме нов Долгорочен план за развој на одбраната, за период 2019-2028, како и ревидиран План за опремување и модернизација на АРМ;
- Организиравме фер локални избори на кои граѓаните слободно се изјаснија;
- Создадовме демократски медиумски амбиент преку укинување на владиното рекламирање, за да се оневозможи политичко влијание врз медиумите и пропаганда преку купување медиумски простор со трошење на парите на граѓаните;
- Обезбедуваме демократски комуникациски сервис, со единствен и еднаков пристап кон сите медиуми, без повластувања и ексклузиви, каде што новинарот е на прво место и сите поставени прашања се одговараат навремено и квалитетно;
- Развиваме протоколи за јавни комуникации и јавна комуникациска стратегија, наместо трошење милиони евра за владини реклами и пропаганда;
- Организиравме отворени дебати за измени на законите за медиуми, аудио и аудио визуелни медиумски услуги и за можностите за поддршка на печатените медиуми;
- Спроведуваме активна транспарентност со редовно објавување дневни редови и записници од владините седници;
- Воведовме пракса на објавување и ажурирање на 21 документ од јавен интерес од страна на министерствата и другите институции, со цел унапредување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
- За да ја зголемиме отчетноста кон граѓаните, објавуваме информации за службените трошоци на министрите, замениците министри и државните секретари;
- Ги декласифициравме сите информации за службени патувања, репрезентации и за договорите за доделување државна помош;
- Со измени во законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможивме бесплатно давање информации од јавен карактер на сите баратели на информации на УСБ или преку е-маил;
- Обезбедивме бесплатни услуги од Централниот регистар и Агенцијата за катастар на недвижности за истражувачко новинарство;
- Го зголемивме рокот за коментирање на ЕНЕР од 10 на 20 дена. Секој граѓанин има поголема можност да учествува во создавањето на законските решенија;
- Започнавме со изработка на Адресар на граѓански организации кој ќе овозможи целосно инклузивен и неселективен пристап од страна на институциите во соработката со граѓанските организации;
- Спроведовме серија консултативни средби со граѓански и медиумски организации за досега спроведените активности во рамки на Агендата за транспарентност, а сите предлози за нејзино унапредување се земени предвид при преземање на идни чекори;
- Формиран е Национален ИКТ совет кој во моментот спроведува проценка за ИТ инфраструктурата/ вработеноста на ИТ кадарот во администрацијата (во сите 1299 институции);