Стратешки приоритети

Владата на Република Северна Македонија е силно посветена на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на државата, ја декларира својата силна политичка волја за реформско работење кое по остварената стратешка цел членство во НАТО, е фокусирано на заедничкитиот стратешки приоритет на Република Северна Македонија, членство во Европската Унија, обезбедување реална поделба на власта, функционирање на правната држава и градење на силни, професионални и отворени институции.

Владата, целосно почитувајќи го Уставот и меѓународните обврски на Република Северна Македонија, посветено работи на добри меѓусоседски и меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебно почитување и толеранција, внатрешна кохезија, справување со светската пандемија  на корона вирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, квалитетно здравство, модерно  образование, ефикасна правна држава и силни институции, како и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Северна Македонија. 

Стратешки приоритети на Владата се:

  • Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните;
  • Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија;
  • Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност;
  • Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот;
  • Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти;
  • Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување; и
  • Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

*Сите приоритети имаат еднакво значење.


Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија - 2024-2028 [преземи]

Програмата за работа на Владата има за цел да ги опише клучните приоритети на кои оваа Влада се посветува и начините на кои планира да ги воведе и спроведе реформите кои се од големо значење за сите граѓани, но и за државата. 


Програми на Владата за тековни години

Согласно Законот за Владата на Република Северна Македонија и Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија, секоја година се изработуваат едногодишни програми за работа на Владата, кои се во согласност со Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024 година, Методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија и стратешките приоритети на Владата.

Програмата за 2024 година е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2024 година на Владата на Република Северна Македонија содржани во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024 година.

Тековна програма: 

Стари програми:


Планови за реформски приоритети

Покрај програмите за работа, Владата има и планови за реализирање на клучни реформски приоритети или дефинирани стратешки цели. 

Тековни планови:

Завршени планови:


Стратешки план на Генералниот секретаријат

Стратешкиот план на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2021-2023 година содржи мерки и активности кои се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Генералниот секретаријат и на стратешките приоритети и цели на Владата на Република Северна Македонија.


Национални стратегии

Со цел брзо, ефикасно и темелно спроведување на политиките на Владата на Република Северна Македонија, една или повеќе институции можат да предложат национална стратегија за извесна политика пред Владата. Влада на Седница одлучува за усвојувањето на одредена национална стратегија, а по усвојувањето го известува Собранието на Република Северна Македонија за истата. 

Национални стратегии на Владата


Концепт и Патоказ за дигитална трансформација на општеството

Концептот за дигитална трансформација на општеството цели кон темелни промени во начинот на функционирање на институциите и подобрување на нивната ефикасност како сервис на граѓаните. Се работи за кровен документ кој ги дефинира основните принципи кои треба да ја водатдигиталната трансформација на сите области на општеството, која ќе се постигне со соработка помеѓу владата, јавните институции, приватните компании, граѓанскиот сектор и академската заедница. Врз основа на Концептот, развиен е и усвоен Патоказ за дигитална трансформација на општеството, со иницијативи и проекти мапирани согласно принципите на Концептот.


Акција 21 – за европски стандарди дома

„Акција 21 – за европски стандарди дома” се клучни проекти и програми за реализација во 2021 година, со цел имплементација на европските стандарди во општество.

Во „Акција 21“ вклучуваме 10 приоритети:

  1. Прочистувањето на правосудството
  2. Отчетна власт во борба против корупцијата
  3. Храбри чекори за заштита на природата
  4. Маска, дистанца и вакцина против КОВИД-19
  5. Канабисот - лек и огромен економски потенцијал
  6. Нова македонска енергетика
  7. Градиме и се поврзуваме
  8. Попис 2021 - најважната статистичка операција
  9. Стоп за дезинформациите
  10. Нови економски потенцијали