План за економски раст
ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ
Владата на Република Северна Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.
Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции - Службен весник број 83/2018, број 98/19, број 124/19 и број 178/21, усвоен од Собранието на Република Северна Македонија, додека мерките од третиот столб се спроведуваат преку имплементација на Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од Планот за економски раст.
Во продолжение можете да го преземете Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и правилниците за доделување на финансиска поддршка и исплата на финансиска поддршка.
- Закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции Сл. 178/2021 (ВО СИЛА) (македонски / албански)
- Закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции Сл. весник 98/2019 и 124/2019 (македонски / албански)
- Закон за финансиска поддршка на инвестициите Сл. весник 83/2018 (македонски / албански / англиски)
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Рокот за поднесување на барање за доделување на финансиска поддршка (склучување на нов договор) е 31 мај секоја година.
Барањето за доделување на финансиска поддршка се поднесува до надлежните органи:
- Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот - за инвестициски проекти НАДВОР од технолошко индустриски развојни зони, и
- Дирекција за технолошко индустриски развојни зони - за инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони
Правилник за формата содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребна документација (Сл.весник на Република Северна Македонија бр.104/22 година)
Барање за доделување на финансиска поддршка (Формулар за аплицирање во word)
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Рокот за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка е:
- 31 август секоја година – за корисниците чии Договори за финансиска поддршка се во согласност со одредбите на Законот за финансиска поддршка на инвестиции од 2021 година
- 15 ноември секоја година - за корисниците чии Договори за финансиска поддршка се во согласност со одредбите на Законот за финансиска поддршка на инвестиции од 2019 година
- 30 јуни секоја година - за корисниците чии Договори за финансиска поддршка се во согласност со одредбите на Законот за финансиска поддршка на инвестиции од 2018 година
Барањето за исплата на финансиската поддршка се поднесува до надлежните органи:
- Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот - за инвестициски проекти НАДВОР од технолошко индустриски развојни зони, и
- Дирекција за технолошко индустриски развојни зони - за инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони.
Правилник за формата и содржината на барањето за исплата на финансиската поддршка, потребната документација, видовите на оправданите инвестициски трошоци и начинот на спроведување на исплатата на финансиска поддршка (Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.251/21)