Јавен повик бр. 03/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП Национална Радиодифузија

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
01.04.2025

Врз основа на член 10 и член 13 од Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска Радиодифузија, („Службен весник на Република Македонија”бр. 6/1998, 98/00, 48/09 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 152/19), а в.в. со член 17 став 1 , член 17- а став 1, и член 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 89/22, 274/22 и 208/24) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К бр. 03/2025

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално –  финансиското работење на

 Јавното претпријатие Национална Радиодифузија Скопје

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk  и на веб страницата на Јавното претпријатие Национална Радиодифузија Скопје,  https://jpnrd.gov.mk/   објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 6 (шест) члена на Управниот одбор и 5 (пет) члена на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во јавното претпријатие.

  1. За член на управниот одбор на Јавното претпријатие Национална Радиодифузија Скопје, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на електротехничките науки, правото или економијата,
  4. Да има над пет години работно искуство, со посебни знаења од областа на радиодифузијата и електронските комуникации;

 

  1. За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие Национална Радиодифузија Скопје може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование,
  4. Да имаат над пет години работно искуство и да поседуваат знаења и искуство од дејноста на финансиското и сметководственото работење.

 

  1. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Образец за пријавување;
  2. Кратка биографија;
  3. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  4. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува, 
  5. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  6. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство за соодветно место за кое се пријавува (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија)
  7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен  одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие Национална Радиодифузија Скопје - со назнака за позицијата за која се аплицира.
  2. Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија.
  3. При именувањето на членовите на Управниот/ Надзорниот одбор ќе се има во  предвид соодветната застапеност на припадниците на заедниците.
  4. Членовите на Управниот/Надзорниот одбор не можат да имаат лично, или преку трето лице или по која било основа интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со Јавното претпријатие, кои би можеле да имаат какво било влијание на нивната независност и непристрасност во одлучувањето во Јавното претпријатие.
  5. За член на Управниот/Надзорниот одбор не може да биде избран претседателот и член на Владата на Република Северна Македонија, претседателот и член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, лице вработено во радиодифузна организација или во државни органи, членови на раководствата на политичките партии, како и лица кои имаат удели, акции или други економски интереси во радиодифузните организации.
  6. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5  дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  7. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.
  8. Краен датум за пријавување е 1.4.2025 година.
  9. Кандидатите кои аплицираат за членови и на управен и на надзорни одбори за контрола на материјално - финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава со комплет документација за секоја позиција за која аплицираат. 
  10. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пропратни документи: