Министерство за одбрана
![](https://vlada.mk/sites/default/files/styles/ministerstva_logo/public/img/ministerstvo/ministry_of_defence.png?itok=s9AU3EHm)
Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:
• остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија;
• планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
• организирањето и подготвувањето за одбрана;
• организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
• надзорот од негова надлежност и
• врши други работи утврдени со закон.
Согласно Законот за одбрана, член 20, Министерството за одбрана подготвува стратегија за одбрана, врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката, го организира и подготвува системот на одбраната и предлага мерки за негов развој и усовршување.