Влада и министерства

Владата на Република Северна Македонија е носител на извршната власт во Република Северна Македонија и е составена од Претседател на Владата, заменици на Претседателот и министри. Владата е избрана од Собранието на Република Северна Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најчесто по парламентарни избори.

Актуелниот состав на Владата е одбран на 30 август 2020 година, по предвремените парламентарни избори од јули, 2020 година. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат за состав на Владата од претседателот Стево Пендаровски. Собранието со 62 гласа „за“, 51 „против“ ја изгласа Владата на Зоран Заев

Мандатот на Владата е да ги реализира политичките определби предвидени во Програмата за работа на Владата 2020-2024. Надлежностите на Владата можете да ги прочитате тука. Владата има и повеќе комисии, за чија работа можете да прочитате тука. Програмата за работата на Владата на Република Северна Македонија во периодот 2020-2024 може да ја прочитате тука.

Претседател на Влада на Република Северна Македонија е Зоран Заев. Претседателот на Владата има 4 заменици:

  1. Прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците - Артан Груби
  2. Заменик на Претседателот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси - Љупчо Николовски
  3. Заменик на Претседателот за економски прашања - Фатмир Битиќи
  4. Заменик на Претседателот за европски прашања - Никола Димитров


Актуелен состав на Владата

Зоран Заев – Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Артан Груби – прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Љупчо Николовски – Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси
Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
Никола Димитров – Заменик на Претседателот за европски прашања
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Бојан Маричиќ – министер за правда
Фатмир Бесими – министер за финансии
Крешник Бектеши – министер за економија
Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Горан Милевски – министер за локална самоуправа
Ирена Стефоска – министерка за култура
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање
Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

Претходни состави на Владата

Мандатот на Владата е да ги реализира политичките определби предвидени во Програмата за работа на Владата 2017-2020.

Зоран Заев – Претседател на Владата
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Драган Тевдовски – министер за финансии
Никола Димитров – министер за надворешни работи
Рената Дескоска – министерка за образование и наука
Горан Сугарески – министер за транспорт и врски
Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика
Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација
Садула Дураки – министер за животна средина и просторно планирање
Крешник Бектеши – министер за економија
Билен Саљији – министер за правда
Сухјел Фазлиу – министер за локална самоуправа
Арбен Таравари – министер за здравство
Роберт Алаѓозовски – министер за култура
Кочо Анѓушев – министер без ресор и вицепремиер за економски прашања
Бујар Османи – министер без ресор и вицепремиер за евроинтеграции
Хазби Лика – вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците
Едмонд Адеми – министер без ресор
Роберт Поповски – министер без ресор
Аднан Ќахил – министер без ресор
Самка Ибраимовски – министер без ресор
Зоран Шапуриќ – министер без ресор
Зорица Апостолска – министер без ресор

Оливер Спасовски – Претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија
Радмила Шекеринска – министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана
Бујар Османи – министер без ресор во Владата
Мила Царовска – министерка без ресор во Владата
Никола Димитров – министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи
Наќе Чулев – министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи
Садула Дураки – министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
Нина Ангеловска – министерка која ќе раководи со Министерството за финансии
Венко Филипче – министер кој ќе раководи со Министерството за здравство
Рената Дескоска – министерка која ќе раководи со Министерството за правда
Горан Сугарески – министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски
Крешник Бектеши – министер кој ќе раководи со Министерството за економија
Трајан Димковски – министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дамјан Манчевски – министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација
Рашела Мизрахи – министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика
Арбер Адеми – министер кој ќе раководи со Министерството за образование и наука
Горан Милевски – министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа
Хусни Исмаили – министер кој ќе раководи со Министерството за култура
Насер Нуредини – министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање
Роберт Поповски – министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност
Едмонд Адеми – министер без ресор задолжен за дијаспора
Музафер Бајрам – министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите
Зорица Апостолска – министерка без ресор задолжена за странски инвестиции
Бардул Даути – министер без ресор задолжен за странски инвестиции
Елвин Хасан – министер без ресор задолжен за странски инвестиции
Хисен Џемаили – министер без ресор задолжен за странски инвестиции


Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е основана на 2-ри февруари, 2002 година, со цел да му помага на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности, а кои произлегуваат од Уставот, Законот и Деловникот за работа на Владата.

Прочитај повеќе


Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Генералниот секретаријат е стручна служба на Владата која обезбедува логистичка и стручна поддршка на: Владата во целина, на Претседателот на Владата, неговите заменици и министрите, а со цел за законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата. Основан е во 2000 година со Законот за Владата. Со Генералниот секретаријат раководи генерален секретар, помогнат од заменик генерален секретар.

Генерален секретар на Владата е д-р Драги Рашковски. Негов заменик е Тахир Хани.


Секретаријати на Владата

Владата има два секретаријати, кои се основани како посебни стручни служби, чија цел е да обезбедат стручна поддршка и координација на работата на органите на државната управа и на другите органи и институции.

Секретаријат за европски прашања

Секретаријат за законодавство


Служба за општи и заеднички работи

Службата врши општи работи и услуги за потребите на Претседателот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, министерствата и органите во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија и Уставниот суд на РСМ.

Повеќе за нивната работа прочитајте тука.


Национални координатори

Владата на Република Северна Македонија има именувано повеќе национални координатори, со специфични задачи и мандати за кои можете да прочитате тука.

Национални координативни тела

Владата на Република Северна Македонија има именувано национални координативни тела, со специфични задачи и мандати за кои можете да прочитате тука.


Самостојни управни органи

Согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа формирани се 4 самостојни органи и 3 управни организации, кои одговараат пред Владата на Република Северна Македонија.

Самостојни органи:

  1. Агенција за млади и спорт
  2. Агенција за иселеништво
  3. Агенција за храна и ветеринарство
  4. Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи

Управни организации:

  1. Геолошки завод на Република Северна Македонија
  2. Државен архив на Република Северна Македонија
  3. Државен завод за статистика