Јавен oглас Бр.36/2025 за избор на 1 професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Институција која огласува:
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
01.04.2025
Врз основа на член 182 и 183 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/05, 25/07, 7/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15, 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 288/21, 288/21, 53/24 и 3/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.36/2025
- На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе избере 1 (еден) професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, со мандат од пет години, со можност за реизбор.
- Комисијата е составена од пет комисионери (членови) од кои еден е претседател.
- Двајца комисионери (членови) професионално ја вршат својата функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на работи во Комисијата, за што им следува надоместок.
- Комисионерите (членови) кои професионално ја вршат својата функција во Комисијата се со полно работно време и не може да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место или да добиваат друг надоместок освен платата како комисионери (членови) и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.
- Во однос на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос на претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата, се применува Законот за работните односи.
- За претседател односно комисионер (член) може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да има уверение за завршено високо образование;
- Да е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Да има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- Да не е член на органи на политичка партија;
- Да не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- Да не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- Да не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа.
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Уверение или диплома за завршено високо образование;
- Доказ дека е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- Доказ дека не е член на органи на политичка партија;
- Доказ дека не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- Доказ дека не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- Доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа.
- Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на 1 (еден) професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија“.
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.