Министерството за односи меѓу заедниците

Веб-страница: 
Е-пошта: 
cabinet@moz.gov.mk
Адреса: 
Филип Втори Македонски бр:11 1000 Скопје
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Јутуб канал: 

https://www.youtube.com/@mpsozmedia7562


Министерството за односи меѓу заедниците ги врши работите што се однесуваат на:

•    обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор,
•    обезбедување и реализација на финансиски средства потребни за успешно одвивање на процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор во рамките на Буџетот на Република Македонија и од донаторите,
•    обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор,
•    унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците како група на државјани на Република Северна Македонија, а која традиционално живеат на територијата на Република Северна Македонија, при што нејзините припадници имаат различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености и ги води желбата за заштита и негување на тие особености,
•    следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците,
•    гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на заедниците,
•    меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на односите меѓу заедниците,
•    други прашања што се однесуваат на односите меѓу заедниците,
•    следење на состојбата во односите помеѓу заедниците во Република Северна Македонија на национално ниво, по региони и во единиците на локалната самоуправа и изготвување извештаи и препораки до Владата на Република Северна Македонија, како и до Комитетот за односи меѓу заедниците,
•    промовирање и преземање на мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија,
•    давање на стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија,
•    давање на поддршка на Владата во обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната управа,
•    давање на поддршка во подготвувањето на методологија за донесување на акциони планови на Владата во областа на правичната застапеност при вработувањето и
•    врши и други работи утврдени со закон.

Во состав на Министерството за односи меѓу заедниците се:
•    Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците,
•    Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија.