Влада и министерства
Состав на 20. Влада на Република Северна Македонија
На 23 јуни 2024 година, Собранието ја избра новата Влада по предлог на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски.
По дводневна расправа за Предлог-програмата за работа на Владата и за нејзиниот состав, мнозинството пратеници ги изгласаа предлозите на мандатарот Мицкоски за министри во 20 ресори и за уште тројца министри без ресор.
Листа на министри:
- Министер за одбрана: Владо Мисајловски
- Министер за внатрешни работи: Панче Тошковски
- Министер за правда: Игор Филков
- Министер за односи меѓу заедниците: Иван Стоилковиќ
- Министер за надворешни работи и надворешна трговија: Тимчо Муцунски
- Министер за европски прашања: Орхан Муртезани
- Министер за финансии: Гордана Димитриеска Кочоска
- Министер за економија и труд: Бесар Дурмиши
- Министер за енергетика, рударство и минерални суровини: Сања Божиновска
- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство: Цветан Трипуновски
- Министер за здравство: Арбен Таравари
- Министер за образование и наука: Весна Јаневска
- Министер за социјална политика, демографија и млади: Фатмир Лимани
- Министер за локална самоуправа: Златко Перински
- Министер за култура и туризам: Зоран Љутков
- Министер за дигитална трансформација: Стефан Андоновски
- Министер за јавна администрација: Горан Минчев
- Министер за транспорт и врски: Александар Николоски
- Министер за животна средина и просторно планирање: Изет Меџити
- Министер за спорт: Борко Ристовски
- Министри без ресор: Љупчо Димовски, Шабан Салиу, Арбен Фетаи
(Ова е првична, работна верзија која ќе се надополнува).