Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги врши работите што се однесуваат на:
• надворешните работи и надворешната политика на Република Македонија;
• воспоставувањето, развивањето и координирањето на односите, претставувањето и афирмирањето на Република Македонија на меѓународен план;
• заштита на интересите, правата и имотот на Републиката и нејзините државјани и на домашните правни лица во странство;
• координирањето и известувањето за политиката од надлежноста за која е основано;
• грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;
• организацијата и раководењето со дипломатските, конзуларните и други претставништва на Република Македонија, како и организирање на системот на врски со нив;
• склучувањето, ратификувањето и чувањето на меѓународните договори;
• определувањето и одбележувањето на државната граница;
• комуникацијата и соработката со странските дипломатски и конзуларни претставништва на странски држави и мисии на меѓународни организации во Република Македонија;
• акредитацијата на амбасадори, приемот на акредитивни писма, издавањето привилегии и имунитети на странски дипломатски претставништва и претставништва на меѓународни владини организации и други работи во врска со именувањето и отповикувањето на амбасадори на Република Македонија во странство;
• собирањето, проучувањето и грижата за странската и домашната документација од негова надлежност;
• следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи во Републиката;
• надворешнотрговското работење;
• подобрување на економските односи со странство;
• предлагање и спроведување мерки од областа на економските односи со странство, следење на меѓународните економски односи и мултилатералната, регионалната и билатералната соработка со други земји и организации и нивниот развој;
• креирање, спроведување, предлагање и подобрување на режимот на надворешната трговска политика, вклучувајќи мерки за заштита во надворешната трговија;
• усогласување на прописите на надворешнотрговската размена со прописите на Европската Унија и Светската трговска организација и на други мултилатерални институции и организации и нивно спроведување;
• склучување и следење на спроведувањето на меѓународните трговски договори и договори и
• врши други работи утврдени со закон.