Министерство за финансии
Веб-страница:
Е-пошта:
finance@finance.gov.mk
Телефон:
02 3255 300
Адреса:
„Даме Груев“, број 12, Скопје
Министер:
Фејсбук страница:
Твитер профил:
Инстаграм профил:
Министерството за финансии ги врши работите што се однесуваат на:
- изготвувањето и извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија и на завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија;
- трезорскиот систем;
- управување со јавен долг;
- макроекономската политика и политиката за развој на националната економија;
- подготвувањето и следењето на макроекономските биланси;даночниот систем и даночната политика;
- царинскиот систем;
- системот на банките и штедилниците и други финансиски институции;
- системот на девизното работење;
- системот на сметководството, ревизијата и платниот промет;
- меѓународни финансиски односи и соработка со ЕУ;
- јавна внатрешна финансиска контрола;
- фискална децентрализација;
- игрите на среќа;сопственоста и други имотно-правни односи;
- стоковните резерви;
- надзорот од негова надлежност и врши други работи утврдени со закон.