Министерство за внатрешни работи

Веб-страница: 
Е-пошта: 
kontakt@moi.gov.mk
Телефон: 
+389 2 3117 222
Адреса: 
„Димче Мирчев“ број 9, Скопје
Фејсбук страница: 

Министерството за внатрешни работи ги врши работите што се однесуваат на:

  • остварување на системот на државната и јавната безбедност;
  • пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
  • државјанството и патните исправи за премин на државната граница;
  • движењето и престојот во граничниот појас;
  • контролата на преминување на државната граница, како и определени работи во врска со утврдувањето и решавањето на граничните инциденти и другите повреди на границата;
  • престојот и движењето на странците;
  • производството, прометот, складирањето и заштитата од запаливи течности, гасови, експлозиви и други опасни материјали и превозот на овие материјали;
  • укажувањето на помош при елементарни непогоди и епидемии;
  • набавувањето, поседувањето, носењето и контролата на обележувањето на оружјето и муницијата;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.