Панче Тошковски

Функција: 
Министер за внатрешни работи
Е-пошта: 
#
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Панче Тошковски е искусен адвокат и политичар. Тој е роден на 14 јуни 1982 година во Велес. Со долгогодишно искуство во правната област и јавниот сектор, Тошковски е познат по својата посветеност на правото и јавната администрација.

Тошковски завршува високо образование на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со диплома за правник. Потоа го продолжува своето образование како магистрант по кривично право и криминологија на истиот факултет. Покрај тоа, Тошковски положил адвокатски и правосуден испит, како и испит за проценка на недвижен имот.

Неговата професионална кариера започнува во 2006 година како приправник во Основниот Суд Скопје 2. Во 2008 година, пак, започнува да работи како адвокатски приправник, а од 2011 до 2024 година работи и како адвокат во своја сопствена канцеларија во Скопје.

Во периодот од 2008 до 2011 година, Тошковски работи како советник во Министерството за транспорт и врски. Во 2024 година, пак, Панче Тошковски е назначен за министер за внатрешни работи, каде што продолжува да работи на унапредување на безбедноста и правната сигурност во државата.

Тошковски е активен учесник на различни обуки и семинари, вклучувајќи тука и обуки за менаџмент вештини, лидерство и стратегиско планирање, како и управување со организациона структура.

Тошковски течно говори англиски јазик.