Министерство за одбрана

Веб-страница:
Е-пошта:
kabinetMO@mod.gov.mk
Телефон:
02 3282 042 / 02 3282 097
Адреса:
„Орце Николов“ бр. 116, Скопје
Министер:
Фејсбук страница:
Твитер профил:
Јутуб канал:
Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:
- остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија;
- планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Северна Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
- организирањето и подготвувањето за одбрана и за цивилна заштита;
- организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
- организирањето и подготвувањето на набљудување и известување, врски за раководење и криптозаштита;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.
Согласно Законот за одбрана, член 20, Министерството за одбрана подготвува стратегија за одбрана, врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката, го организира и подготвува системот на одбраната и предлага мерки за негов развој и усовршување.