План 18

Во усвоените заклучоци од Советот на ЕУ од 26.06.2018, а потврдени од Европскиот совет на 28.06.2018 година е нагласена важноста да продолжи напредокот во имплементацијата на Итните реформски приоритети и испорачувањето дополнителни одржливи резултати, во областа на: правосудството, безбедносните и разузнавачките служби,  реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, со цел да се задржи реформскиот моментум што ќе биде одблиску следено од страна на Европската комисија. Напредокот во овие области ќе биде рефлектиран во редовниот Годишен извештај на ЕК, а ќе има влијание и врз  одлуката за определување датум за отпочнувањето на преговорите за членство во Унијата.

Планот е поделен на четирите клучни реформски области согласно заклучоците на Советот на ЕУ. На почетокот накратко е образложен фокусот на предложените активности, поврзани со соодветните цели, кои што се очекува да бидат остварени најдоцна до феврури 2019.

За секоја од активностите предвиден е соодветен индикатор, институции носители и институции учесници. 
Секретаријатот за европски прашања ќе продолжи да ја следи реализацијата на краткорочните приоритети предвидени во НПАА, согласно препораките/забелешките дадени од Европската Комисија во редовниот Годишен извештај.


Преземи го План 18