Концепт за дигитална трансформација на општеството
Како предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување, а во насока на интензивирање на активностите за успешна дигитална трансформација на општеството, Владата на Република Северна Македонија на 21 март 2023 година го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството.
https://vlada.mk/node/32589
Концептот за дигитална трансформација на општеството цели кон темелни промени во начинот на функционирање на институциите и подобрување на нивната ефикасност како сервис на граѓаните. Се работи за кровен документ кој ги дефинира основните принципи кои треба да ја водат дигиталната трансформација на сите области на општеството, која ќе се постигне со соработка помеѓу владата, јавните институции, приватните компании, граѓанскиот сектор и академската заедница.
Основните принципи на овој Kонцепт се владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни изворници на податоци, „дигиталното е стандардно“ и принципот „само еднаш“, со кој податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица. Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информаци, една од клучните измени кои ги носи овој Концепт е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи.
Усвојувањето на Концептот ги следеше на транспарентност и инклузивност. Откако беше разгледан и одобрен од страна на Националниот совет за дигитална трансформација, со кој раководи Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, нацрт концептот беше објавен на ЕНЕР за широки јавни консултации со сите граѓани.
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=49
Со оглед на тоа што се работи за кровен документ, при креирање на политиките, стратегиските документи, но и законската регулатива, институциите треба да се водат од принципите за дигитална трансформација на општеството утврдени во Концептот.
Концепт за дигитална трансф... by Влада на Република Северна ...