Арифи во Брисел ја презентира Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2012

Заменик предеседателот на Владата Теута Арифи денеска во Брисел пред претставници на Европската комисија во Брисел ја презентираше Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2012 година.

Според вицепремиерката Арифи, денешната дискусија беше одлична можност за појаснување на темите  кои ќе бидат опфатени во претстојниот дијалог  на високо ниво меѓу Република Македонија и ЕУ, што ќе го водат  премиерот Николоа Груевски и еврокомесарот Штафан Филе и треба да почне на 15 март во Скопје. Националната стратегија ги опфаќа политичките критериуми, активностите и реформате  кои се преземаат во делот на јавната адмииистрација, во судството, дијалогот со преставниците на медиумите, економските критериуми, како и реформате поврзани со изборниот процес.

Преставниците на ЕК најмногу покажаа интерес за  економските реформи, како и за македонското учество во ИПА фондовите, односно капацитетите  за користење на ИПА средствата, како и во делот на иновациите и инвестициите во образованието, информираше Арифи.

Таа денеска ќе има и оделни среби со еврокомесарот Филе, со директорот на Директоратот за проширување Стефано Санино и со известувачот во сенка за Македонија во Европскиот парламент Едуард Кукан. За утре е најавено вицепремиеката Арифи да има обраќање на трибината организирана од страна на известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит.