Честитка од премиерот Груевски по повод католички Велигден

До: Д-р Киро Стојанов

Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија

Почитуван г. Стојанов,

На овој голем и радосен ден ми претставува чест во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам христијанскиот празник - Велигден.

Велигден е празник кој е длабоко вкоренет и почитуван меѓу христијаните, дел од традицијата на многу семејства.

Овој празник не потсетува на бесконечната божја милост за човекот. Пораката пратена од Христос подеднакво силно одекнува низ милениумите до денес, пренесувајќи ни го неговото учење за сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност кои треба да бидат белег и доблест во нашето дејствување на земјата. Целта и смислата на животот се исцрпува во живеењето во согласност со нашите заеднички христијански традиции и вредности, со безусловна љубов за Бога и за секој човек. Тоа е патот кон душевен и меѓучовечки мир и разбирање, пат на меѓусебно почитување, помагање и добрина.

 

            Посакувајќи Ви блажени празнични денови, спокој и бериќет на Вас и сите верници Ви го честитам големиот христијански празник Велигден!

 

            Нека е за многу години големиот празник !

 

            ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !

 

            Со почит,

Никола ГРУЕВСКИ