Соопштение за јавност на Владата на Република Македонија

На барање на граѓаните, а со цел да се обезбедат можности за пријавување на штетата за сите лица кои претрпеа штета од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, Владата одлучи да го продолжи крајниот рок за пријавување на штетите.

Информираме дека краен рок за пријавување на настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е среда (7 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот.

Сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во среда, 7 септември 2016 година.  

Категорија: