Премиерот Заев во чест на жртвите од Холокаустот, положи венец, присуствуваше на молитва и засади дрвце на мирот во Ерусалим со порака: Никогаш да не се повтори, просперитет за сите

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зораз Заев, придружуван од владината делагација со којашто е во Израел денеска беше во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот.


Премиерот Заев положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот и присуствуваше на молитвата за загинатите, меѓу кои и деца.


-Длабоко ме допреа сеќавањата, низ `се што видовме и дожиеавме при нашата посета на Меморијалниот центар. Никогаш да се повтори ова, никому во светот, е пораката што ја напиша премиерот Заев во отворената Книга на сеќавањата.


Претседателот на Владата, Заев потоа засади дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.


-Се сеќаваме на минатото за да `не потсетува постојано колку е важно да бидеме хумани. Споделувањето `не прави уште поблиски. Дрвцето што го засадувам овде е во чест на спокој и просперитет на сите граѓани во светот, рече премиерот Заев.


Претседателот на Владата, Заев, оцени дека официјалната посета на делегацијата од Република Македонија на Израел е нов прозорец во соработката меѓу двете држави.


Активностите на премиерот Заев продолжија со обраќање на Израелскиот совет за надоврешни работи, а попладнево тој ќе се обрати и на Бизнис форумот што го организранизира Владата на Република Македонија.