Министерот Роберт Поповски на работна средба со претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска, на 21 мај 2018 година, ќе одржи работен состанок со претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на кој ќе ја презентира Алатката за отчетност на службените трошоци на носителите на јавни функции.

После работниот состанок кој ќе се одржи во просториите на ЗЕЛС, во 12:30 часот Поповски и Шилегов ќе дадат изјави за медиумите.

Календар Влада: 
Понеделник, Мај 21, 2018 - 12:30 to 13:30